Back to Languages

Macedonian - Chapter 14 - Ibrahim

Translation by Macedonian Scholars — Permalink

Verse 1 — Surah Ibrahim 14:1

Елиф-лам-ра. Ова е Книга која ти ја објавуваме за луѓето, со волјата на нивниот Господар, да ги изведеш од темнините на светлина, на патот на Силниот и за благодарност Достојниот

Verse 2 — Surah Ibrahim 14:2

Аллах, Кому Му припаѓа тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата. А тешко на неверниците од ужасното страдање

Verse 3 — Surah Ibrahim 14:3

кои животот на овој свет повеќе го сакаат од оној свет и кои од Аллаховиот пат одвраќаат и настојуваат да го прикажат како погрешен! Тие се во голема заблуда

Verse 4 — Surah Ibrahim 14:4

Ние не сме пратиле ниту еден Пратеник кој не зборувал на јазикот на народот свој, за да му објасни. А Аллах го остава во заблуда тој кого Тој сака и го упатува на Вистинскиот пат тој кого Тој сака; Тој е Силен и Мудар

Verse 5 — Surah Ibrahim 14:5

И Муса го испративме со доказите Наши: Изведи го народот свој од темнините на светлина и потсети го на Аллаховите денови! Тоа се, навистина, докази за секој што е трпелив и благодарен

Verse 6 — Surah Ibrahim 14:6

И кога Муса му рече на народот свој: „Сетете се на Аллаховата благодат кога ве спаси од фараоновите луѓе кои со најтешки маки ве мачеа, кои машките деца ви ги колеа, а женските во живот ги оставаа - тоа ви беше големо искушение од Господарот ваш

Verse 7 — Surah Ibrahim 14:7

ИкогавашиотГосподаробјави:„Акобидетеблагодарни,Јаснавистина уште повеќе ќе ви дадам; но ако бидете неблагодарни, казната Моја навистина ќе биде строга.“

Verse 8 — Surah Ibrahim 14:8

И Муса уште рече: „Ако бидете неблагодарни и вие и сите други на Земјата, па Аллах навистина не е зависен од никого и тој е Единиот достоен за благодарност.“

Verse 9 — Surah Ibrahim 14:9

Зарем до вас не дојде веста за тие пред вас, за народот на Нух, и за Ад, и за Семуд, и за тие по нив? – Само Аллах ги знае! Пратениците нивни им носеа докази, но тие рацете на устите ги ставаа, говорејќи: „Ние не веруваме во тоа што по вас се испраќа и ние многу се сомневаме во тоа во што нè повикувате!“

Verse 10 — Surah Ibrahim 14:10

Пратениците нивни говореа: „Зарем може да се сомнева во Аллах, Создателот на небесата и на Земјата? Тој ве повикува за да ви прости некои од вашите гревови и за да ве остави до одредениот рок.“ Тие одговорија: „Вие сте луѓе како и ние; сакате да нè одвратите од тие кои нашите предци ги обожувале, па донесете ни видливо чудо!“

Verse 11 — Surah Ibrahim 14:11

„Ние сме луѓе како вас,“ – им говореа Пратениците нивни, - „но, Аллах го дава пратеништвото само на тие Свои робови на коишто Тој сака; ние не можеме да ви донесеме чудо без Аллаховата волја, а верниците само на Аллах нека се потпираат

Verse 12 — Surah Ibrahim 14:12

Зошто да не се потпреме на Аллах кога Тој на патиштата по кои одиме нè упатил? Ние сосематрпеливо ќе ги поднесуваме маките накоиќе бидеме подложени, а тие што се потпираат, нека се потпрат само на Аллах!“

Verse 13 — Surah Ibrahim 14:13

Неверниците им говореа на Пратениците свои: „Или ќе бидете во нашата вера или ќе ве протераме од нашата земја!“ А на Пратениците Господарот нивен им објавуваше: „Ние неправедниците сигурно ќе ги уништиме

Verse 14 — Surah Ibrahim 14:14

и по нив на земјата вас ќе ве населиме. Тоа ќе биде за тие што од полагањето сметка пред Мене ќе се плашат и што од Мојата закана стравуваат.“

Verse 15 — Surah Ibrahim 14:15

И Пратениците помош бараа, па секој арогантен инаетчија настрада

Verse 16 — Surah Ibrahim 14:16

Пред него џехеннемот ќе биде и тој со одвратна течност полн ќе биде

Verse 17 — Surah Ibrahim 14:17

Ќе се мачи да ја проголта, но никако нема да може да ја проголта и смртта од сите страни ќе му приоѓа, но тој нема да умре; него тешко страдање ќе го чека

Verse 18 — Surah Ibrahim 14:18

Делата на неверниците кај Господарот нивен наликуваат на пепел кој виорот при ветровитиот ден горазнесува; нема да можат да очекуваат никаква награда за делата што ги правеле, тоа е тешка заблуда

Verse 19 — Surah Ibrahim 14:19

Зарем не гледаш дека Аллах небесата и Земјата мудро ги создаде. Ако сака, вас ќе ве отстрани и нови созданија ќе донесе

Verse 20 — Surah Ibrahim 14:20

Тоа на Аллах не Му е тешко

Verse 21 — Surah Ibrahim 14:21

И сè ќе излезе пред Аллах, па тие што биле измачувани ќе им речат на главешините свои: „Ние бевме ваши следбеници, можете ли барем малку Аллаховата казна да ни ја олесните?“ „Да нè упатеше Аллах нас,“ – ќе одговорат тие – „и ние ќе ве упатевме вас. Да се жалиме или да трпиме, сеедно ни е, нема да имаме повеќе спас.“

Verse 22 — Surah Ibrahim 14:22

Икогасèќебидерешено,шејтанотќерече:„Аллахвистинитоветување ви даде, а јас своите ветувања ги проневерив; но јас никаква власт над вас немав, само ве повикував и вие ми се одѕвивавте; затоа не корете ме мене, туку самите себе, ниту јас можам на вас да ви помогнам, ниту вие можете да ми помогнете на мене. Јас немам ништо со тоа што претходно ме изедначувавте со Него.“ Неправедните сигурно ги чека болно страдање

Verse 23 — Surah Ibrahim 14:23

А тие што веруваа и што правеа добри дела, ќе бидат внесени, со волјата на Господарот нивен, во џеннетските градини низ кои реки ќе течат и во нив вечно ќе останат, во нив ќе се поздравуваат со селам

Verse 24 — Surah Ibrahim 14:24

Зарем не гледаш како Аллах наведува пример – убавиот збор како убаво дрво: коренот му е цврсто во земјата, а гранките кон небото

Verse 25 — Surah Ibrahim 14:25

Тој плодот свој го дава со дозвола од Господарот свој, а Аллах на луѓето им ги наведува примерите за да земат поука

Verse 26 — Surah Ibrahim 14:26

А лошиот збор е како лошо дрво: на искорнатото дрво на површината на земјата му нема опстанок

Verse 27 — Surah Ibrahim 14:27

Аллах со постојани зборови верниците ги зацврстува и на овој и на оној свет, а неверниците во заблуда ги остава; Аллах прави што сака

Verse 28 — Surah Ibrahim 14:28

Зарем не ги гледаш тие што наместо со благодарност за Аллаховите благодати, со неблагодарност возвратија и својот народ во куќата на пропаста го донесоа

Verse 29 — Surah Ibrahim 14:29

во џехеннемот, во кој ќе горат, а тоа е ужасно престојувалиште

Verse 30 — Surah Ibrahim 14:30

и Му измислија на Аллах соперници, за да заведуваат од Неговиот пат? Кажи: „Уживајте, сигурно ќе завршите во огнот!“

Verse 31 — Surah Ibrahim 14:31

Кажи им на верниците, на робовите Мои, намазот (молитвата) да го извршуваат и да даваат и тајно и јавно дел од тоа што ние им го даруваме, пред да настапи Денот во кој нема да има трговија ни пријателства

Verse 32 — Surah Ibrahim 14:32

Аллах е Создателот на небесата и на Земјата; Тој го спушта дождот од небото и прави со негова помош да се раѓаат плодови со кои се храните; и ви дава да имате корист од бродовите коипловатпоморето со Негова волја, и ви дава да имате корист од реките

Verse 33 — Surah Ibrahim 14:33

и ви дава да имате корист од Сонцето и од Месечината, кои постојано се движат, и ви дава да имате корист од ноќта и денот

Verse 34 — Surah Ibrahim 14:34

и ви дава од сето тоа што од Него го барате, и кога би ги броеле Аллаховите благодати, не би можеле да ги наброите. Човекот е навистина неправеден и неблагодарен

Verse 35 — Surah Ibrahim 14:35

А кога Ибрахим рече: „Господару мој, направи го овој град безбеден и сочувај ме мене и синовите мои од тоа да обожуваме кипови

Verse 36 — Surah Ibrahim 14:36

Тие, Господару мој, многу луѓе на погрешен пат навеле. Тој што ќе ме следи мене е од мојата вера, а тој што ќе биде против мене, па Ти навистина простуваш и Милостив си

Verse 37 — Surah Ibrahim 14:37

Господару наш, јас некои мои потомци населив во котлина во која ништо не се сее, кај Твојот Свет Храм, Господару наш, намазот (молитвата) да го извршуваат; затоа стори срцата на некои луѓе да копнеат по нив и снабди ги со разни плодови за да бидат благодарни

Verse 38 — Surah Ibrahim 14:38

Господару наш, Ти навистина знаеш што криеме, а што во јавност покажуваме. На Аллах ништо не Му е скриено ни на Земјата ни на небото

Verse 39 — Surah Ibrahim 14:39

„Благодарноста Му припаѓа на Аллах што на стари години ми ги подари Исмаил и Исхак; Господарот мој навистина ги прима молбите

Verse 40 — Surah Ibrahim 14:40

Господару мој, дај ми јас и потомците мои да го извршуваме намазот (молитвата); Господару мој, ти услишај ја молбата моја

Verse 41 — Surah Ibrahim 14:41

Господару наш, прости ми мене, и на родителите мои и на сите верници – на Денот кога ќе се полага сметка (за делата)!“

Verse 42 — Surah Ibrahim 14:42

А ти никако немој да мислиш дека Аллах не внимава на тоа што го прават насилниците! Тој само им попушта до Денот кога очите ќе им останат отворени

Verse 43 — Surah Ibrahim 14:43

и кога брзајќи со кренати глави, погледите ќе им бидат вкочанети, а срцата ќе им бидат празни

Verse 44 — Surah Ibrahim 14:44

Ти опоменувај ги луѓето со Денот кога казната ќе им дојде, кога тие што правеле насилство ќе велат: „Господару наш, остави нè уште само кратко време, ќе се одѕвиеме на Твојот повик и ќе ги следиме Пратениците!“ „А зарем претходно не се колневте дека нема да одите на оној свет

Verse 45 — Surah Ibrahim 14:45

Исенаселивте вокуќите на тие штоконсебеси си сторија насилство, а ви беше познато како постапивме со нив, и примери ви наведувавме.“

Verse 46 — Surah Ibrahim 14:46

И тие своите интриги ги подготвуваат, а Аллах знае за нивните интриги, само што нивните интриги не можат планини да покренат

Verse 47 — Surah Ibrahim 14:47

Немој ни да помислиш дека Аллах нема да го исполни ветувањето Свое кон Пратениците Свои – Аллах е навистина Силен и Строг

Verse 48 — Surah Ibrahim 14:48

На Денот кога Земјата ќе биде заменета со друга земја, а и небесата, и кога сите ќе излезат пред Аллах, Единиот и Семоќниот

Verse 49 — Surah Ibrahim 14:49

тој ден ќе ги видиш грешниците поврзани во заеднички окови

Verse 50 — Surah Ibrahim 14:50

Кошулите од катран ќе им бидат, а огнот нивните лица ќе ги обвиткува

Verse 51 — Surah Ibrahim 14:51

За Аллах секого според заслугата да го казни, Аллах навистина брзо сметките ќе ги израмни

Verse 52 — Surah Ibrahim 14:52

Ова е известување за луѓето, за со него да бидат опоменати и за да знаат дека е само Тој еден Бог, и за обдарените со разум да земат поука