Back to Languages

Macedonian - Chapter 2 - Al-Baqarah

Translation by Macedonian Scholars — Permalink

Verse 1 — Surah Al-Baqarah 2:1

Елиф-лам-мим

Verse 2 — Surah Al-Baqarah 2:2

Оваа Книга5, во која нема сомнеж, е Упатство за богобојазните

Verse 3 — Surah Al-Baqarah 2:3

За тие што веруваат во гајбот6 (невидливото), го извршуваат намазот7 (молитвата) и даваат од тоа со што Ние8 ги снабдуваме

Verse 4 — Surah Al-Baqarah 2:4

и за тие што веруваат во тоа што ти е објавено тебе и во тоа што е објавено пред тебе, и коишто цврсто веруваат во оној свет

Verse 5 — Surah Al-Baqarah 2:5

Тоа се тие што се упатени од Господарот свој и тоа се тие што се спасени

Verse 6 — Surah Al-Baqarah 2:6

На тие што не веруваат навистина им е сеедно дали ти ќе ги опоменуваш или нема да ги опоменуваш, тие не веруваат

Verse 7 — Surah Al-Baqarah 2:7

Аллах ги запечатил срцата нивни и ушите нивни, а пред очите нивни има перде, и ним им следува голема казна

Verse 8 — Surah Al-Baqarah 2:8

Има луѓе коишто велат: „Веруваме во Аллах и во другиот свет“ - а не се верници

Verse 9 — Surah Al-Baqarah 2:9

Тие мислат дека ги мамат Аллах и тие што веруваат, иако, нечувствувајќи го тоа, самите себеси се мамат

Verse 10 — Surah Al-Baqarah 2:10

Во срцата нивни се наоѓа болест и Аллах им ја зголемува болеста. Нив ги чека болно страдање поради тоа што лажеа

Verse 11 — Surah Al-Baqarah 2:11

И кога ќе им се каже: „Не правете безредие на Земјата!“, одговараат:„Ние само воспоставуваме ред!“

Verse 12 — Surah Al-Baqarah 2:12

Зарем така? Тие, навистина, се вистински интриганти! А за тоа не се ни свесни

Verse 13 — Surah Al-Baqarah 2:13

Кога ќе им се каже: „Верувајте како што веруваат овие луѓе“, тие одговараат: „Зарем да веруваме како што веруваат малоумните?“ А навистина тие самите се малоумни, а тоа не го ни знаат

Verse 14 — Surah Al-Baqarah 2:14

Кога ќе ги сретнат тие што веруваат, велат: „Веруваме!“, а штом останат насамо со своите шејтани (ѓаволи), велат: „Ние сме со вас. Ние само се потсмеваме.“

Verse 15 — Surah Al-Baqarah 2:15

Аллах на нив им сепотсмева и ги остава да талкаат во своето безверие

Verse 16 — Surah Al-Baqarah 2:16

Тоа се тие кои ја прифатија заблудата наместо Упатството! Но нивната трговија не им донесе добивка и тие не се упатени

Verse 17 — Surah Al-Baqarah 2:17

Слични се на тие што ќе запалат оган и кога огнот ќе им ја осветли околината, Аллах ќе им ја одземе светлината и ќе ги остави во мрак, па ништо не гледаат

Verse 18 — Surah Al-Baqarah 2:18

Глуви, неми и слепи се тие! И никако да се повратат (кон Вистинскиот пат)

Verse 19 — Surah Al-Baqarah 2:19

Или сe слични на тие што за време на силниот порој од небото, каде што се темнините, татнежот и молњите поради громовите, ги ставаат прстите во уши плашејќи се од смртта! А Аллах ги опфаќа неверниците

Verse 20 — Surah Al-Baqarah 2:20

Само што не ги заслепи молњата: кога и да им светне, тие ќе тргнат, а штом ќе останат во мрак, застануваат! А да сака Аллах би им ги одзел и слухот и видот! Аллах навистина може сè

Verse 21 — Surah Al-Baqarah 2:21

О, луѓе, обожувајте Го Господарот ваш Кој ве создаде и вас и тие пред вас, за да бидете богобојазни

Verse 22 — Surah Al-Baqarah 2:22

Кој Земјата постела, а небото кров ви ги направи; Кој од небото ви го спушта дождот и со него создава плодови, снабдување за вас. Затоа не припишувајте Му здруженик на Аллах, знаејќи го тоа

Verse 23 — Surah Al-Baqarah 2:23

Аакосесомневате вотоашто Сме мугообјавиле на Својот роб, тогаш, донесете вие едно поглавје слично на тоа; повикајте ги и божествата ваши, ако вистината ја зборувате

Verse 24 — Surah Al-Baqarah 2:24

Па, ако не го направите тоа, а нема да го направите, тогаш чувајте се од огнот кој е подготвен за неверниците, чиешто гориво луѓето и камењата ќе бидат

Verse 25 — Surah Al-Baqarah 2:25

А израдувај ги тие што веруваат и што прават добри дела дека ним имприпаѓаат џеннетските10 (рајските) градини низ кои реки течат! Кога и да бидат снабдени од градините со некаков плод, велат: „Со ова и претходно бевме снабдени.“, а им беа давани само слични на нив! Во градините само чисти жени ќе имаат и во нив вечно ќе престојуваат

Verse 26 — Surah Al-Baqarah 2:26

Навистина Аллах не се срами за пример да ја наведе мушичката или нешто поситно од неа; тие што веруваат знаат дека тоа е Вистината од Господарот нивен; а тие што не веруваат велат: „Што сака Аллах со овој пример?“ Со ова Тој многумина во заблуда остава, а многумина на Вистинскиот пат ги упатува, а во заблуда ги остава само развратниците

Verse 27 — Surah Al-Baqarah 2:27

Тие што го прекршуваат заветот кон Аллах откако е даден, го прекинуваат тоа што Аллах го наредил да се одржува и прават неред на Земјата. Тие се губитници

Verse 28 — Surah Al-Baqarah 2:28

Како можете во Аллах да не верувате вие, кои бевте мртви, а Тој ве оживеа, а потоа ќе ве усмрти, и потоа пак ќе ве оживее, а потоа Нему ќе Му бидете вратени

Verse 29 — Surah Al-Baqarah 2:29

Сè што е на Земјата Аллах го создаде за вас; потоа кон небото се насочи и како седум небеса го уреди. Тој знае сè

Verse 30 — Surah Al-Baqarah 2:30

И кога Господарот твој им рече на мелеците11 (ангелите): „Јас на Земјата ќе поставам намесник!“, тие запрашаа: „Зарем на Земјата ќе го поставиш тој што на неа неред ќе шири и крв ќе пролева?! А ние Те величаме, заблагодарувајќи Ти, и Те почитуваме како што Тебе Ти доликува!“ Тој одговори: „Јас го знам тоа што вие не го знаете!“

Verse 31 — Surah Al-Baqarah 2:31

И Тој гоподучи Адем12 со сите имиња, апотоа ги изнесе пред мелеците и рече: „Кажете Ми ги имињата нивни, ако ја кажувате вистината!“

Verse 32 — Surah Al-Baqarah 2:32

„Славен биди!“, рекоа тие, „Ние го знаеме само тоа за што Ти нè подучи! Само Ти си Зналецот и Мудриот!”

Verse 33 — Surah Al-Baqarah 2:33

„О, Адеме,“, рече Тој, „кажи им ги имињата нивни!“ И кога тој им ги кажа нивните имиња, Аллах рече: „Зарем не ви кажав дека само Јас ги знам тајните на небесата и на Земјата и дека само Јас го знам тоа што вие го покажувате и тоа што го криете?“

Verse 34 — Surah Al-Baqarah 2:34

И кога им кажавме на мелеците: „Поклонете му се на Адем со сеџда13!“, тие сите се поклонија освен Иблис14, кој одби, се вообрази и стана неверник.“

Verse 35 — Surah Al-Baqarah 2:35

И Ние рековме: „О, Адеме, ти и твојата жена живејте во џеннетот и јадете од него од каде што сакате, но не приближувајте се до ова стебло, па со тоа неправда да си сторите!“

Verse 36 — Surah Al-Baqarah 2:36

Но, шејтанот ги намами да сторат грев и ги изведе од местото каде што живееја!“ – „Слезете!“ - им рековме Ние. „Едни на други ќе бидете непријатели до одреденото време! Земјата ќе биде ваше живеалиште и уживање некое време!“

Verse 37 — Surah Al-Baqarah 2:37

И Адем прими некои зборови од Господарот свој, па Тој му прости; Тој навистина простува и Милостив е

Verse 38 — Surah Al-Baqarah 2:38

И Ние рековме: „Слезете однего сите! Од Мене ќе ви доаѓа Упатството; и тие што ќе го следат Упатството Мое, ниту ќе стравуваат, ниту ќе тагуваат!”

Verse 39 — Surah Al-Baqarah 2:39

А тие што нема да веруваат и кои ајетите Наши ќе ги негираат, жители на Огнот ќе станат и во него вечно ќе останат

Verse 40 — Surah Al-Baqarah 2:40

О, синови Израилови, сететесенаблагодатите Моикои ви ги подарив, и исполнете го заветот што Ми го дадовте, па и Јас ќе го исполнам заветот што ви го дадов! И плашете се само од Мене

Verse 41 — Surah Al-Baqarah 2:41

Верувајте во тоа што го објавив потврдувајќи го тоа што вие го имате и не бидете првите кои не веруваат во тоа! Не продавајте ги Моите зборови за ниска цена и плашете се само од Мене

Verse 42 — Surah Al-Baqarah 2:42

И не мешајте ја вистината со невистината криејќи ја вистината, иако знаете

Verse 43 — Surah Al-Baqarah 2:43

И намаз (молитва) извршувајте и зекат15 давајте; и со тие кои го извршуваат намазот и вие извршувајте го

Verse 44 — Surah Al-Baqarah 2:44

Зарем од другите барате да прават добри дела, а при тоа себеси се заборавате, а вие Книгата ја читате?! Зар нема да се опаметите

Verse 45 — Surah Al-Baqarah 2:45

Барајте помош со трпеливоста и со намазот (молитвата). Тоа е навистина тешко, освен за послушните

Verse 46 — Surah Al-Baqarah 2:46

кои се убедени дека ќе се сретнат со Господарот свој и дека Нему ќе Му се вратат

Verse 47 — Surah Al-Baqarah 2:47

О, синови Израилови! Сетете се на благодатите Мои кои ви ги подарив и за тоа што над другите светови ве одликував

Verse 48 — Surah Al-Baqarah 2:48

И плашете се од Денот кога никој за никого нема да може ништо да направи; кога ничие посредување нема да биде примено, кога од никого откуп нема да се прими и кога на луѓето никој нема да им излезе на помош

Verse 49 — Surah Al-Baqarah 2:49

И кога ве спасивме од луѓето на фараонот кои со најтешки маки ве мачеа: машките деца ви ги колеа, а женските во живот ги оставаа - тоа ви беше големо искушение од Господарот ваш

Verse 50 — Surah Al-Baqarah 2:50

И кога поради вас морето го раздвоивме и ве спасивме, а луѓето на фараонот пред ваши очи ги потопивме

Verse 51 — Surah Al-Baqarah 2:51

И кога одредивме средба со Муса16, вие потоа четириесет ноќи обожувавте теле, правејќи си самите себеси неправда

Verse 52 — Surah Al-Baqarah 2:52

Потоа, и покрај сè, ви простивме за да бидете благодарни

Verse 53 — Surah Al-Baqarah 2:53

И кога на Муса му дадовме Книга и упатство за разликување на вистината од невистината, за да одите по Вистинскиот пат

Verse 54 — Surah Al-Baqarah 2:54

И кога Муса му рече на народот свој: „Народе мој, вие навистина самите себеси неправда си сторивте прифаќајќи го телето; затоа на Создателот свој покајте Му се и престапниците кои се меѓу вас со смрт казнете ги! Тоа е подобро кај Создателот ваш, па ќе ви прости. Тој го прима покајанието и Милостив е

Verse 55 — Surah Al-Baqarah 2:55

И кога вие рековте: „Муса, ние нема да ти веруваме сè додека Аллах јасно не Го видиме!“ - па, молња ве удри додека гледавте

Verse 56 — Surah Al-Baqarah 2:56

а потоа по смртта ваша ве оживеавме, за да бидете благодарни

Verse 57 — Surah Al-Baqarah 2:57

И Ние од облаците ладовина ви направивме, и мана и потполошки ви испраќавме: „Јадете ги убавите јадења со кои ве снабдивме!“ Тие Нам не ни наштетија, туку самите себеси неправда си сторија

Verse 58 — Surah Al-Baqarah 2:58

И кога рековме: „Влезете во овој град и јадете колку што сакате; влезете низ портата извршувајќи сеџда и кажете: ,Прошка!‘, па ќе ви ги простиме гревовите ваши, а на тие што прават добри дела ќе им дадеме и повеќе од тоа.“

Verse 59 — Surah Al-Baqarah 2:59

Тогаш неправедните го заменија со друг Зборот кој им беше даден, па Ние на неправедните казна од небото им спуштивме, затоа што грешеа

Verse 60 — Surah Al-Baqarah 2:60

И кога Муса за народот свој молеше за вода, Ние рековме: „Удри со стапот свој по карпата!“ Од неа дванаесет извори протекоа и секое племе знаеше од кој извор ќе пие! „Јадете и пијте од Аллаховото снабдување и не чинете зло по Земјата правејќи неред.“

Verse 61 — Surah Al-Baqarah 2:61

Икогарековте: „Муса, ние неможемеповеќе една иста храна да јадеме. Затоа замоли Го Господарот свој да ни подари од тоа што земјата раѓа: зеленчук и краставици, пченица, леќа и кромид!“ Тој рече: „Зарем тоа што е подобро да го замените со тоа што е полошо? Одете во некоја земја, ќе го имате тоа што го барате!“ И понижувањето и бедата на нив паднаа и гневот на Аллах насебегонавлекоа, затоаштово Аллаховите докази не веруваа и затоа што веровесниците невини ги убиваа, затоа што непослушни беа и сите граници на злото ги преминуваа

Verse 62 — Surah Al-Baqarah 2:62

Тие што веруваа, и тие што беа евреи17, христијани и Сабијци18, а веруваа во Аллах и во другиот свет и правеа добри дела - навистина ги очекува награда од Господарот нивен; и за нив нема страв и тие нема да тагуваат

Verse 63 — Surah Al-Baqarah 2:63

И кога од вас заветот го зедовме и над вас планината Тур ја кренавме: „Силно прифатете го тоа што ви го дадовме и нека ви е на ум тоа што е во Книгата, за да се сочувате од казната!“

Verse 64 — Surah Al-Baqarah 2:64

Потоа вие отстапивте, и да не беше Аллаховата добрина и милост кон вас, вие навистина ќе страдавте

Verse 65 — Surah Al-Baqarah 2:65

Вам ви е веќе познато што им се случи на тие што за саботата влегоа во грев, па Ние им рековме: „Бидете мајмуни презрени!“

Verse 66 — Surah Al-Baqarah 2:66

Тоа го направивме како опомена за современиците и за нивните поколенија, а поука за богобојазните

Verse 67 — Surah Al-Baqarah 2:67

И кога Муса му рече на народот свој: „Аллах навистина ви наредува да заколете крава!“, тие го запрашаа: „Дали се шегуваш со нас?“, а Муса им одговори: „Да не даде Аллах да бидам од незналците“

Verse 68 — Surah Al-Baqarah 2:68

Рекоа: „Замоли Го Господарот свој во наше име да ни објасни каква треба да биде кравата!“ „Тој вели“ - одговори тој - „дека кравата не смее да биде ни стара, ни млада, туку помеѓу тоа, средна возраст, па сторете го тоа што од вас се бара!“

Verse 69 — Surah Al-Baqarah 2:69

„Замоли Го Господарот свој“ - рекоа тие – „да ни објасни каква боја треба да биде!“ „Тој вели“ – рече тој – „дека таа, кравата, треба да биде светложолта боја, да им се допадне на тие што ќе ја видат“

Verse 70 — Surah Al-Baqarah 2:70

„Замоли Го Господарот свој“ - рекоа тие - „да ни објасни каква уште треба да биде, бидејќи нам кравите ни изгледаат слични, а ние неа, ако Аллах сака, сигурно ќе ја пронајдеме“

Verse 71 — Surah Al-Baqarah 2:71

„Тој вели“ – рече тој – „кравата не смее да биде исцрпена од орање на земјата и од наводнување на посевите; треба да биде без никаква мана и без никаков белег“. „Е, сега ја опиша како што треба!“ – рекоа, па ја заклаа, и тоа едвај го сторија

Verse 72 — Surah Al-Baqarah 2:72

И кога убивте еден човек, па околу него почнавте да се препирате, Аллах даде на виделина да излезе тоа што го скривте

Verse 73 — Surah Al-Baqarah 2:73

Па Ние рековме: „Удрете го (мртвиот) со некој нејзин дел!“ – ете така Аллах мртвите ги враќа во живот и ви ги покажува доказите Свои, за да сфатите

Verse 74 — Surah Al-Baqarah 2:74

Но срцата ваши, после тоа, станаа тврди како камен, или уште потврди! А има камења од кои реки избиваат; има камења кои пукаат и од кои вода излегува, а навистина има и такви кои од страв пред Аллах се рушат. А Аллах не го занемарува тоа што вие го правите

Verse 75 — Surah Al-Baqarah 2:75

Зарем вие се надевате дека тие (евреите) ќе ви поверуваат, иако некои од нив Аллаховиот говор го слушаа, за, откако го сфатија, свесно да го искриват

Verse 76 — Surah Al-Baqarah 2:76

Кога ќе ги сретнат верниците, тие велат: „Веруваме!“, а штом ќе останат сами едни со други, велат: „Зарем ќе им го кажувате тоа што Аллах на вас ви го објавил, па тоа да им биде обвинение против вас пред Господарот ваш? Зарем нема да се опаметите?“

Verse 77 — Surah Al-Baqarah 2:77

А зарем тие не знаат дека Аллах го знае и тоа што го кријат и тоа што го покажуваат

Verse 78 — Surah Al-Baqarah 2:78

Некои од нив се неписмени и не знаат за Книгата, туку само измислици. Тие само измислуваат

Verse 79 — Surah Al-Baqarah 2:79

А тешко на тие кои со своите раце пишуваат книга, а потоа велат: „Ова е од Аллах.“, со цел незначителна корист да извлечат. И тешко ним за тоа што нивните раце го пишуваат и тешко ним што на тој начин заработуваат

Verse 80 — Surah Al-Baqarah 2:80

Тие велат: „Огнот нема да нè допира повеќе од неколку дена.“ Кажи: „Дали добивте ветување од Аллах за тоа – бидејќи Аллах нема да го прекрши ветувањето Свое – или за Аллах го кажувате тоа што не го знаете?“

Verse 81 — Surah Al-Baqarah 2:81

А не е така! Бидејќи тие што ќе прават зло и гревовите нивни ќе ги стигнат од сите страни, тие жители на џехеннемот20 (пеколот) ќе бидат и во него вечно ќе останат

Verse 82 — Surah Al-Baqarah 2:82

А тие што ќе веруваат и што ќе прават добри дела – тие ќе бидат жители на џеннетот и во него вечно ќе престојуваат

Verse 83 — Surah Al-Baqarah 2:83

И кога од синовите Израилови зедовме завет дека само Аллах ќе Го обожувате, и на родителите и на ближните и на сирачињата и на сиромашните добри дела ќе им чините, а на луѓето убави зборови ќе им говорите; и дека намазот (молитвата) ќе ја извршувате и зекат ќе давате, вие потоа, освен малкумина од вас, се изопачивте и заветот го изневеривте

Verse 84 — Surah Al-Baqarah 2:84

И кога од вас зедовме завет дека крв едни на други нема да пролевате и дека меѓусебно од домовите ваши нема да се прогонувате, вие тоа го прифативте и посведочивте

Verse 85 — Surah Al-Baqarah 2:85

Потоа, вие сепак едни со други сеубивате, апоединци одвас одродниот крај ги прогонувате, помагајќи се против нив со грев и насилство, па ако ви дојдат како заробеници, вие ги откупувате. А забрането ви е да ги прогонувате! Зарем во едниот дел на Книгата верувате, а другиот го негирате?! Тие од вас кои тоа го прават, на овој свет само понижување може да ги стигне, ана Судниот Ден нанајтешки маки ќе бидат ставени! Аллах не пропушта да внимава на тоа што го правите

Verse 86 — Surah Al-Baqarah 2:86

Тоа се тие кои на животот на овој свет му дале предност над животот на оној свет; затоастрадањето нема да им сеолесни, ниту некој ќе им помогне

Verse 87 — Surah Al-Baqarah 2:87

И Ние на Муса Книга му дадовме, и после него еден по друг Пратеници праќавме, а на Иса21, синот Мерјемин22, јасни докази му дадовме и со Џибрил23 го помогнавме! И кога и да ви го донесеше тоа, некој од Пратениците, што не им годеше на душите ваши, вие се вообразувавте, па едните за лага ги клеветевте, а другите ги убивавте

Verse 88 — Surah Al-Baqarah 2:88

Тие велат: „Нашите срца се во обвивки.“ А не е така, туку Аллах нив ги проколнал заради неверувањето, затоа што малкумина од нив веруваат

Verse 89 — Surah Al-Baqarah 2:89

А кога од Аллах им доаѓа Книга, која ја потврдува вистинитоста на тоа што го имаат – а отпорано бараа помош против неверниците – кога им доаѓа тоа што им е познато, тие во тоа не сакаат да веруваат! Па Аллаховото проклетство нека ги стигне неверниците

Verse 90 — Surah Al-Baqarah 2:90

Бедно е тоа за што се продадоа: да не веруваат во тоа што Аллах го објавува, поради злоба што Аллах од добрината Своја дава кому Тој сака од робовите Свои; И навлекоа врз себе гнев по гнев! А на неверниците им припаѓа срамно страдање

Verse 91 — Surah Al-Baqarah 2:91

А кога ќе им се каже: „Верувајте во тоа што Аллах го објавува!“, тие одговараат: „Ние веруваме само во тоа што нам ни е објавено.“, и не сакаат да веруваат во тоа што им се објавува по нив, а тоа е Вистината која потврдува дека е вистинито и тоа што тие го имаат. Кажи: „Па зошто поранешните Аллахови веровесници ги убивавте, ако бевте верници

Verse 92 — Surah Al-Baqarah 2:92

И Муса ви донесе јасни докази, и покрај сè, во негово отсуство, телето го прифативте чинејќи така неправда

Verse 93 — Surah Al-Baqarah 2:93

И кога од вас заветот го зедовме и над вас планината Тур ја кренавме:„Цврсто прифатете го тоа што ви го даваме и слушајте!“ - тие одговорија: „Слушаме, но нема да послушаме!“ – бидејќи срцата нивни, заради неверувањето нивно, сè уште беа опиени од телето. Кажи: „Лошо е тоа на што вашето верување ве наведува, ако воопшто сте верници“

Verse 94 — Surah Al-Baqarah 2:94

Кажи: „Ако кај Аллах е џеннетот обезбеден само за вас, а не и за останатиот свет, тогаш вие смртта посакајте ја, ако вистина зборувате“

Verse 95 — Surah Al-Baqarah 2:95

А никогаш нема да ја посакаат, заради тоа што го прават, а Аллах добро ги познава насилниците

Verse 96 — Surah Al-Baqarah 2:96

И сигурно ќе видиш дека повеќе копнеат за животот од останатите луѓе, па дури и од идолопоклониците; секој од нив би сакал да живее илјада години, а и да живее толку, тоа од казната не би го оддалечило! Аллах добро го гледа тоа што тие го прават

Verse 97 — Surah Al-Baqarah 2:97

Кажи: „Кој му е непријател на Џибрил?“, а тој, со Аллахова волја, тебе Куранот на срцето ти го става, потврдувајќи ја вистинитоста на тоа претходно, како патоказ и радосна вест за верниците

Verse 98 — Surah Al-Baqarah 2:98

Кој Му е непријател на Аллах и на мелеците Негови и на Пратениците Негови и на Џибрил и на Микаил24 – па, Аллах навистина им е непријател на тие што не веруваат

Verse 99 — Surah Al-Baqarah 2:99

А Ние тебе јасни докази ти објавуваме, во кои единствено тешките грешници не сакаат да веруваат

Verse 100 — Surah Al-Baqarah 2:100

Зарем секој пат кога некоја обврска ќе преземат, некоја група од нив ја отфрла, бидејќи повеќето не веруваат

Verse 101 — Surah Al-Baqarah 2:101

А кога од Аллах им дојде Пратеник25, потврдувајќи дека е вистинито тоа што веќе го имаат, дел од тие на кои Книгата им е дадена Аллаховата Книга зад грб ја отфрлија, како да не знаат

Verse 102 — Surah Al-Baqarah 2:102

Иго следат тоаштошејтаните завладеењето на Сулејман26 го кажуваа. А Сулејман не беше неверник, туку неверници се шејтаните кои ги подучуваат луѓето за магиите во Вавилон, на Харут и Марут, а тоа не им беше објавено на двајцата мелеци. Тие двајца никого не поучуваа сè додека не му кажеа: „Ние само искушуваме, а ти немој да бидеш неверник!“ И луѓето од нив двајца учеа како мажот од жената да го разведат, но тие не можеа на никого без одобрение од Аллаховата волја да му наштетат. Го учеа тоа што ќе им наштети и од што нема да имаат корист, иако знаеја дека тој што таа вештина ќе ја стекне, на другиот свет никаква среќа нема да има. А навистина е бедно тоа за што се продадоа, само кога тие би знаеле

Verse 103 — Surah Al-Baqarah 2:103

А да веруваат и да се плашат, наградата од Аллах многу подобра би им била, само кога би знаеле

Verse 104 — Surah Al-Baqarah 2:104

О, верници, не велете: „Раина!“27, туку кажете „Унзурна!“28 и слушајте. А на неверниците болна казна им припаѓа

Verse 105 — Surah Al-Baqarah 2:105

Следбениците на Книгата кои не веруваат, а ни идолопоклониците, не сакаат од Господарот ваш какво било добро да ви се објави. А Аллах милоста Своја ја дарува кому Тој сака; Аллах е неизмерно добар

Verse 106 — Surah Al-Baqarah 2:106

Ние ниту еден ајет не менуваме, ниту пак во заборав го оставаме, а подобар или сличен на него да не донесеме! Зарем ти не знаеш дека Аллах може сè

Verse 107 — Surah Al-Baqarah 2:107

Зарем ти не знаеш дека власта и на небесата и на Земјата Му припаѓа на Аллах и дека, освен Аллах, ни заштитник ни помошник немате

Verse 108 — Surah Al-Baqarah 2:108

Зарем да барате од својот Пратеник како што претходно бараа од Муса?! А кој своето верување ќе го замени со неверување, тој заталкал од Вистинскиот пат

Verse 109 — Surah Al-Baqarah 2:109

Многумина од Следбениците на Книгата би сакале, поради својата пакост, по вашето верување да ве вратат во неверување, иако вистината им стана јасна! Но вие простете им и преминете преку тоа, додека Аллах својата одлука не ја донесе. Аллах навистина е Семоќен

Verse 110 — Surah Al-Baqarah 2:110

И намаз (молитва) извршувајте и зекат давајте, а за доброто кое засебе ќе го дадете, кај Алах ќе го најдете. Аллах навистина гледа што правите

Verse 111 — Surah Al-Baqarah 2:111

Тие велат: „Во џеннетот нема да влезе никој освен тој што ќе биде евреин или христијанин!“ Тоа се нивните пусти желби! Кажи: „Дајте свој доказ, доколку вистината ја зборувате!“

Verse 112 — Surah Al-Baqarah 2:112

Но, не е така! Тој што ќе Му биде предаден на Аллах и ќе прави добри дела, го очекува награда кај Господарот негов; таквите од ништо нема да се плашат, ниту пак за нешто ќе тагуваат

Verse 113 — Surah Al-Baqarah 2:113

Евреите велат: „Христијаните не се на Вистинскиот пат.“, а христијаните велат: „Евреите не се на Вистинскиот пат.“, а тие Книгата ја читаат! Така говорат тие што не знаат. Аллах на Судниот ден ќе им пресуди за тоа за што не се согласуваа

Verse 114 — Surah Al-Baqarah 2:114

Има ли поголем насилник од тој којшто забранува во Аллаховите џамии името Негово да се спомнува и којшто работи на тоа истите да се срушат? Таквите би требало, во нив, само со страв да влегуваат. Тие на овој свет ќе доживеат понижување, а на другиот свет ги чека голема казна

Verse 115 — Surah Al-Baqarah 2:115

На Аллах Му припаѓаат и истокот и западот; каде и да се свртите, таму е Аллаховото лице. Аллах е навистина неизмерно добар и Тој знае сè

Verse 116 — Surah Al-Baqarah 2:116

Неверниците велат: „Аллах си зел дете за себе.“ Возвишен нека е Тој! Напротив, Нему Му припаѓа сè што е на небесата и на Земјата и Нему сè Му се покорува

Verse 117 — Surah Al-Baqarah 2:117

Тој е Создателот на небесата и на Земјата, а кога нешто ќе одлучи, Тој само ќе каже: „Биди!“ – и тоа бива

Verse 118 — Surah Al-Baqarah 2:118

А тие што не знаат велат: „Аллах би требало со нас да разговара или некаков доказ да ни даде!“ Така, скоро со исти зборови, говореа и тие пред нив, а и срцата им се слични! А Ние доказите им ги објаснуваме на луѓето што цврсто веруваат

Verse 119 — Surah Al-Baqarah 2:119

Ние теиспративме со Вистината, радосни вести иопомена да донесеш, а ти нема да бидеш прашан за тие што ќе бидат во џехеннемот

Verse 120 — Surah Al-Baqarah 2:120

Ни евреите, ни христијаните, нема да бидат задоволни од тебе сè додека не ја следиш нивната вера. Кажи: „Само Аллаховиот пат е Вистински пат!“ А кога би ги следел желбите нивни, покрај знаењето кое си го добил, никој не би можел да те заштити од Аллах, ниту да ти помогне

Verse 121 — Surah Al-Baqarah 2:121

Тие на коишто сме им ја објавиле Книгата, па ја читаат вистинито и исправно, тоа се тие што веруваат во неа. А тие што нема да веруваат во неа, тоа се сигурни губитници

Verse 122 — Surah Al-Baqarah 2:122

О, синови Израилови, сетете се на благодатта Моја која ви ја подариви што над останатите луѓе ве одликував

Verse 123 — Surah Al-Baqarah 2:123

И плашете се од Денот кога никој за никого нема да може ништо да стори, когаод никого откуп нема да се прими, кога никому заземањето нема да му користи и кога никој нема да им помогне

Verse 124 — Surah Al-Baqarah 2:124

А кога Ибрахим29 беше ставен во искушение со неколку зборови од Господарот негов, па тој потполно ги изврши, Аллах рече: „Ќе направам ти да им бидеш предводник на другите луѓе“. „И некои од моите потомци?“ – запраша тој. – „Ветувањето Мое не ги опфаќа насилниците“. – му одговори

Verse 125 — Surah Al-Baqarah 2:125

И Каба30 прибежиште и сигурно место за луѓето ја направивме.31„Местото на кое стоеше Ибрахим нека ви биде простор зад кој намаз (молитва) ќе извршувате!“ – И на Ибрахим и Исмаил32 им наредивме:„Храмот Мој исчистете го за тие што ќе го обиколуваат, кои тука ќе престојуваат и руку33 и сеџда ќе извршуваат.“

Verse 126 — Surah Al-Baqarah 2:126

А кога Ибрахим замоли: „Господару мој, направи го ова место безбедно престојувалиште и снабди ги со плодови жителите негови, тие меѓу нив кои ќе веруваат во Аллах и оној свет!“ – Тој рече: „На тој што нема да верува, ќе му дадам одредено време да ужива, а потоа ќе го присилам во пеколниот оган да влезе. А тоа е грозно престојувалиште!“

Verse 127 — Surah Al-Baqarah 2:127

И додека Ибрахим и Исмаил темелите на Каба ги ѕидаа, молеа:„Господару наш, прими го ова од нас, бидејќи Ти, навистина, сè слушаш и сè знаеш

Verse 128 — Surah Al-Baqarah 2:128

Господару наш, направи нè нас двајца да Ти бидеме предани муслимани, и нашите потомци да Ти бидат предани, покажи ни ги обредите наши и прости ни, бидејќи Ти го примаш покајувањето и Милостив си

Verse 129 — Surah Al-Baqarah 2:129

Господару наш, испрати им Пратеник, еден помеѓу нив, кој ајетите Твои ќе им ги кажува и за Книгата и за мудроста ќе ги научи и ќе ги исчисти, бидејќи Ти си навистина Силниот и Мудриот!“

Verse 130 — Surah Al-Baqarah 2:130

Верата на Ибрахим ја одбегнува само тој што не е достоен на себеси! Ние него го одбравме на овој свет, а и на оној свет ќе биде меѓу добрите

Verse 131 — Surah Al-Baqarah 2:131

Кога Господарот негов му рече: „Биди послушен!“ – тој одговори: „Јас сум Му послушен на Господарот на световите!“

Verse 132 — Surah Al-Baqarah 2:132

И Ибрахим, како и Јакуб34, тоа им го остави во аманет на своите синови: „Синови мои, Аллах ви ја одбра вистинската вера, и никако не умирајте поинаку туку само како муслимани!“

Verse 133 — Surah Al-Baqarah 2:133

Дали бевте присутни кога на Јакуб смртниот час му дојде и кога синовите свои ги праша: „Кого, откако ќе умрам, ќе го обожувате?“– „Ќе Го обожуваме“ – одговорија – „твојот Бог, Богот на твоите предци, Ибрахим и Исмаил и Исхак. Единиот Бог! И ние Нему Му се покоруваме!“

Verse 134 — Surah Al-Baqarah 2:134

Тој народ поминал; нему му припаѓа тоа што го заслужил, а вам тоа што ќе го заслужите, и вие нема да бидете прашани за тоа што тие го работеле

Verse 135 — Surah Al-Baqarah 2:135

Тие велат: „Бидете евреи или христијани, и ќе бидете на Вистинскиот пат!“ Ти кажи: „Не, ние сме во верата на Ибрахим, кој исправно веруваше; тој никого за рамен на Аллах не Му припишуваше.“

Verse 136 — Surah Al-Baqarah 2:136

Кажете: „Ние веруваме во Аллах, и во тоа што ни се објавува, и во тоа штомубеше објавено на Ибрахим, ина Исмаил, ина Исхак35, ина Јакуб, и на внуците; и во тоа што му е дадено на Муса, и на Иса, и во тоа што им е дадено на веровесниците од Господарот нивен; ние не правиме никаква разлика меѓу нив и ние само Нему Му се покоруваме.“

Verse 137 — Surah Al-Baqarah 2:137

Па, ако веруваат во тоа во што вие верувате, на Вистинскиот пат се; а ако главите ги свртат, тогаш тие се далеку од Вистинскиот пат и Аллах од нив сигурно ќе те заштити, бидејќи Тој сè слуша и сè знае

Verse 138 — Surah Al-Baqarah 2:138

Држете се за Аллаховата вера! Зарем има поубава вера од Аллаховата? Ние само Него Го обожуваме

Verse 139 — Surah Al-Baqarah 2:139

Кажи: „Зарем со нас расправате за Аллах, кога Тој е и наш и ваш Господар? Нам ни припаѓаат нашите дела, а вам вашите дела! А ние сме искрени кон Него

Verse 140 — Surah Al-Baqarah 2:140

Како можете да зборувате дека Ибрахим, Исмаил, Исхак, Јакуб, и внуците нивни биле евреи или христијани?“ Кажи: „Знаете ли подобро вие или Аллах?“ Зарем некој е понеправеден од тој што го крие сведоштвото за вистината од Аллах? А Аллах внимава на тоа што го правите“

Verse 141 — Surah Al-Baqarah 2:141

Тој народ беше и исчезна; нему му припаѓа тоа што го заслужил, а навас тоа што ќе го заслужите, и вие нема да бидете прашани за тоа што тие го работеле

Verse 142 — Surah Al-Baqarah 2:142

Некои малоумни луѓе ќе речат: „Што ги одврати од киблата36 нивна кон која се насочуваа?“ Кажи: „Аллахови се и истокот и западот; Тој го упатува на Вистинскиот пат кого Тој сака“

Verse 143 — Surah Al-Baqarah 2:143

И така ве направивме средишна заедница, за да им бидете сведоци на останатите луѓе, и за Пратеникот да ви биде сведок вам. И Ние ја сменивме киблата кон која претходно се насочуваше37 само за да укажеме на тие што го следат Пратеникот и на тие што не веруваат, бидејќи тоа навистина им беше тешко на сите, освен на тие на кои Аллах им укажал на Вистинскиот пат. Аллах нема да дозволи да пропадне верувањето ваше.38 А Аллах кон луѓето е навистина многу Благ и Милостив

Verse 144 — Surah Al-Baqarah 2:144

Ние гледаме како со копнеж гледаш кон небото и Ние сигурно ќе направиме да се насочуваш кон киблата кон која сакаш; па, сврти го затоа лицето свое кон Месџидил Харам39! И кај и да сте, лицата свои свртете ги на таа страна. Навистина, тие на коишто им е дадена Книгата знаат дека тоа е вистина од Господарот нивен. А Аллах не е немарен кон тоа што тие го прават

Verse 145 — Surah Al-Baqarah 2:145

И кога ти би им ги донел сите докази на тие на коишто им е дадена Книгата, тие пак нема да ја прифатат твојата кибла, како што ни ти нема да ја прифатиш нивната кибла, ниту пак некој ќе прифати нечија кибла. А кога би ги следел нивните желби, откако веќе ти дојде знаењето, тогаш ти сигурно би бил неправеден

Verse 146 — Surah Al-Baqarah 2:146

Тие на коишто им ја дадовме Книгата го познаваат (Мухаммед) како што синовите свои ги познаваат, но некои од нив навистина свесно вистината ја прикриваат

Verse 147 — Surah Al-Baqarah 2:147

Вистината е од Господарот твој, па затоа никако не биди од тие што се сомневаат

Verse 148 — Surah Al-Baqarah 2:148

Секој има свој правец кон кој се насочува, па натпреварувајте се во правењето добри дела! Каде и да сте, Аллах ќе ве собере. Аллах навистина може сè

Verse 149 — Surah Al-Baqarah 2:149

И на секое место на кое ќе се најдеш, ти лицето свое во правец на Светиот Храм сврти го; тоа навистина е Вистината од Господарот твој; Аллах не го занемарува тоа што го правите

Verse 150 — Surah Al-Baqarah 2:150

И од секое место на кое ќе се најдеш, ти лицето свое кон Светиот Храм сврти го! И каде и да се наоѓате, вие лицата свои кон него (Светиот Храм) свртете ги, за луѓето да немаат што да ви приговорат, освен тие меѓу нив кои чинат неправда. Не плашете се од нив, туку плашете се од Мене, за благодатта Своја кон вас да ја потполнам и за да бидете на Вистинскиот пат

Verse 151 — Surah Al-Baqarah 2:151

Ние ви испративме еден од вас како Пратеник, за Нашите ајети да ви ги кажува, да ве исчисти и за Книгата и за мудроста да ве подучи, и за тоа што не го знаевте да ве научи

Verse 152 — Surah Al-Baqarah 2:152

Па, сеќавајте се на Мене, и Јас ќе се сетам на вас. И заблагодарувајте Ми и не бидете неверници

Verse 153 — Surah Al-Baqarah 2:153

О, верници, барајте за себе помош во трпеливоста и во намазот (молитвата)! Аллах навистина е на страната на трпеливите

Verse 154 — Surah Al-Baqarah 2:154

И не велете за тие што загинале на Аллаховиот пат: „Мртви се!“ Не, тие се живи, но вие тоа не го знаете

Verse 155 — Surah Al-Baqarah 2:155

Ние ќе ве ставаме на искушение, малку со страв и со глад, и со губење на имотите, животите и посевите ваши. А ти израдувај ги трпеливите

Verse 156 — Surah Al-Baqarah 2:156

тие кои, кога ќе ги снајде некаква неволја, само велат: „Ние сме Аллахови и Нему ќе Му се вратиме“

Verse 157 — Surah Al-Baqarah 2:157

Ним им припаѓаат благословите од Господарот нивен и милоста; тие се на Вистинскиот пат

Verse 158 — Surah Al-Baqarah 2:158

Саффа и Мерва40, навистина, се Аллахови обредни места. Затоа тој што ќе ја посети Каба за аџилак41 или умра42, не прави никаков престап ако ги обиколи. А тој што доброволно ќе направи некое добро дело, па, Аллах е навистина Благодарен и знае сè

Verse 159 — Surah Al-Baqarah 2:159

Тие што ќе ги кријат јасните докази коишто Ние ги објавивме, и Вистинскиот пат откако на луѓето во Книгата им го означивме, Аллах ќе ги проколне, а ќе ги проколнат и тие што проколнуваат

Verse 160 — Surah Al-Baqarah 2:160

Исклучок ќе бидат тие што ќе се покајат и што ќе се поправат, и што тоа јавно ќе го исполат; на таквите Јас ќе им простам, бидејќи Јас сум Тој што го прима покајанието и Милостив сум

Verse 161 — Surah Al-Baqarah 2:161

На тие што не веруваат и што ќе умрат како неверници, им следи проклетството од Аллах, од мелеците и од сите луѓе

Verse 162 — Surah Al-Baqarah 2:162

Во него вечно ќе останат, а страданието нивно нема да се намалува, ниту ќе им се одложува

Verse 163 — Surah Al-Baqarah 2:163

А вашиот Бог е еден Бог. Нема друг бог освен Него, Семилосниот, Милостивиот

Verse 164 — Surah Al-Baqarah 2:164

Во создавањето на небесата и на Земјата, во менувањето на ноќта и денот, во бродот кој по морето плови натоварен со корисен товар за луѓето и во дождот што Аллах го спушта од небото, па така во живот ја враќа земјата по нејзиното мртвило, по која расеал секакви живи суштества, и во промената на ветровите и во облаците кои лебдат помеѓу небото и Земјата – навистина има знаци за тие што разбираат

Verse 165 — Surah Al-Baqarah 2:165

Има луѓе кои наместо Аллах обожуваат идоли, ги сакаат како што Аллах се сака! Но вистинските верници уште повеќе Го сакаат Аллах! А само кога би знаеле насилниците - кога ќе ја доживеат казната, ќе видат дека само на Аллах сетамоќ Му припаѓа идека Аллах стравотно казнува

Verse 166 — Surah Al-Baqarah 2:166

Кога тие што беа следени ќе се откажат од своите следбеници и кога врските што ги врзувале ќе бидат прекинати и тие казната ќе ја искусат

Verse 167 — Surah Al-Baqarah 2:167

тогаш нивните следбеници ќе извикаат: „Да можеме само за еден момент да се вратиме44, па и ние да се откажеме од нив како што и тие се откажаа од нас!“ Ете, така Аллах ќе им ги прикаже нивните дела, погубни за нив, и тие од огнот нема да излезат

Verse 168 — Surah Al-Baqarah 2:168

О, луѓе, јадете од тоа што е на Земјата, што е дозволено и убаво. И не следете ги шејтановите стапки бидејќи тој ви е очигледен непријател

Verse 169 — Surah Al-Baqarah 2:169

Тој ве тера на грев и разврат, и за Аллах да го зборувате тоа што не го знаете

Verse 170 — Surah Al-Baqarah 2:170

А кога ќе им се каже: „Следете го тоа што го објавил Аллах!“ Тие одговараат: „Не, туку ќе го следиме тоа на што ги затекнавме нашите предци.“ Зарем и тогаш кога нивните предци ништо не сфаќаа, ниту пак на Вистинскиот пат беа

Verse 171 — Surah Al-Baqarah 2:171

Тие што не сакаат да веруваат се слични на тој што вика, но и самиот не слуша ништо освен повик и лелек. Тие се глуви, неми и слепи – тие ништо не сфаќаат

Verse 172 — Surah Al-Baqarah 2:172

О, верници, јадете од добрата храна со која ве снабдивме и бидете Му благодарни на Аллах, ако навистина само Него Го обожувате

Verse 173 — Surah Al-Baqarah 2:173

Тој навистина ви ги забранува: мршата, крвта, свинското месо и тоа што е заклано во нечие друго име, а не во Аллаховото. А на тој што ќе биде приморан без своја волја и алчност, тогаш не е негов грев. Аллах навистина простува и Милостив е

Verse 174 — Surah Al-Baqarah 2:174

Навистина, тие што го кријат тоа што Аллах во Книгата го објавил и тоа го продаваат за евтина цена – тие во стомаците свои само оган натрупуваат; на Судниот ден Аллах нема ниту да им се обрати, ниту ќе ги исчисти; нив ги чека болна казна

Verse 175 — Surah Al-Baqarah 2:175

Тоа се тие коинаместо Вистинскиот пат, заблудата ја избраа, анаместо прошка, казна заслужија; а колку се само тие трпеливи за Огнот

Verse 176 — Surah Al-Baqarah 2:176

Тоа е така затоа што Аллах ја објави Книгата со Вистината, а тие што не се согласуваат за Книгата, навистина се во голема неслога

Verse 177 — Surah Al-Baqarah 2:177

Добродетелството не е во тоа да ги вртите вашите лица кон исток и запад, туку добродетели се тие кои веруваат во Аллах, во оној свет, во мелеците, во книгите, во веровесниците, и тие што од имотот свој, иако им е мил, им даваат на роднините, на сирачињата, на сиромашните, на патниците, на питачите, и за откуп од ропство, и тие што намазот (молитвата) ја извршуваат и зекат даваат, и кои кога ќе ги преземат обврските свои ги исполнуваат, и тие што се издржливи во немаштијата и во болеста, и за време на борба. Тоа се тие што се искрени и тоа се тие што се богобојазни

Verse 178 — Surah Al-Baqarah 2:178

О, верници! Ви се пропишува одмазда за убиените: слободен за слободниот, роб за робот и жена за жената. А тој за кого од неговиот брат ќе се даде некаков откуп, нека врати со добро, а и тој нека покаже добродетелство.45 Тоа е олеснување од Господарот ваш, и милост. А кој и после тоа ќе изврши насилство, ќе има болна казна

Verse 179 — Surah Al-Baqarah 2:179

Во одмаздата ви е животот, о, вие обдарени со разум, за да бидете богобојазни

Verse 180 — Surah Al-Baqarah 2:180

Кога некому од вас смртта ќе му се приближи, па зад себе остава имот, пропишано ви е, како вид на добродетелство, на родителите и на блиските тестамент да им оставите, што е обврска за богобојазните

Verse 181 — Surah Al-Baqarah 2:181

Тој што тоа ќе го измени откако чул како гласи, гревот навистина паѓа на тие што менуваат; а Аллах навистина слуша и знае

Verse 182 — Surah Al-Baqarah 2:182

Па кој се плаши за оставителот на тестаментот дека направил грешка или грев, па тоа соодветно помеѓу нив го среди, не згрешил. Аллах, навистина, простува и Милостив е

Verse 183 — Surah Al-Baqarah 2:183

О, верници! Ви се пропишува пост, како што им е пропишан и на тие пред вас, за да бидете богобојазни

Verse 184 — Surah Al-Baqarah 2:184

Одреден број денови; а за тој од вас што е болен или пак патува – да го испости истиот број денови. На тие што тешко го поднесуваат, откуп им е да нахранат еден сиромашен. А кој доброволно даде и повеќе, тоа подобро е за него. А да знаете, подобро ви е да постите

Verse 185 — Surah Al-Baqarah 2:185

Во месецот рамазан46 започна објавувањето на Куранот, кој е патоказ за луѓето, јасен доказ за Вистинскиот пат и разликување на доброто од злото. Кој одвас ќе биде домавотој месец, нека пости, акој ќе биде болен или ќе биде на пат, нека ги испости истиот број денови. Аллах сака да ви олесни, а не да имате потешкотии, одреден број денови да испостите и Аллах да Го величате заупатството кое ви го даде, иблагодарни да бидете

Verse 186 — Surah Al-Baqarah 2:186

А кога робовите Мои ќе те прашаат за Мене, Јас сум, сигурно, блиску: се одѕивам на молбата на молителот кога ќе Ме замоли. Затоа, нека се одѕвијат тие на Мојот повик и нека веруваат во Мене, за да бидат на Вистинскиот пат

Verse 187 — Surah Al-Baqarah 2:187

Ви се дозволува во ноќите на постот да имате однос со сопругите свои; тиесевашаоблека,авиестенивнаоблека.Аллахзнаедекавибешетешко, па го прифати вашето покајание и ви прости. Затоа сега состанувајте се со нив и копнејте за тоа што Аллах веќе ви го одредил. Јадете и пијте сè додека не бидете во можност да го разликувате белиот конец од црниот конец во мугрите, а потоа надополнете го постот сè до ноќта. Со жените не смеете да имате однос додека сте во итикаф во џамиите. Тоа се Аллаховите граници и не приближувајте им се! Така Аллах им ги објаснува на луѓето прописите Свои, за да бидат богобојазни

Verse 188 — Surah Al-Baqarah 2:188

Не трошете го имотот едни на други на нечесен начин, давајќи им дел на судиите за на грешен начин и свесно, дел од имотот на луѓето да си присвоите

Verse 189 — Surah Al-Baqarah 2:189

Те прашуваат за младите месечини. Кажи: „Тоа им се ознаки на луѓето за време и за аџилак.“ Не е добродетелство да влегувате во куќите од задната страна, туку добродетел е тој што е богобојазен.47 Во куќите влегувајте од вратите нивни и плашете се од Аллах за да успеете

Verse 190 — Surah Al-Baqarah 2:190

И борете се на Аллаховиот пат против тие што се борат против вас, но не преминувајте ги границите! Аллах, навистина, не ги сака тие што ги пречекоруваат границите

Verse 191 — Surah Al-Baqarah 2:191

И убивајте ги каде и да ги сретнете, и прогонете ги од каде што тие вас ве прогонија. А идолопоклонството е полошо од убивањето! И не борете се со нив кај Светиот Храм, додека тие таму не ве нападнат. Ако ве нападнат, тогаш убивајте ги! Таква е казната за неверниците

Verse 192 — Surah Al-Baqarah 2:192

А ако престанат, па Аллах, навистина, простува и Милостив е

Verse 193 — Surah Al-Baqarah 2:193

И борете се против нив сè додека не исчезне идолопоклонството и додека Аллаховата вера да може слободно да се исповеда. Па ако престанат, тогаш непријателството престанува, а единствено против насилниците останува

Verse 194 — Surah Al-Baqarah 2:194

Светиот месец е за свет месец, а и во светите месеци вреди одмаздата: на тие што ќе ве нападнат возвратете им со иста мерка и плашете се од Аллах, и знајте дека Аллах е на страната на богобојазните

Verse 195 — Surah Al-Baqarah 2:195

И трошете го имотот на Аллаховиот пат, и самите себеси во пропаст не доведувајте се, и правете добро; Аллах, навистина, ги сака добродетелите

Verse 196 — Surah Al-Baqarah 2:196

Аџилакот и умрата заради Аллах извршете ги!49 А ако бидете спречени, тогаш курбаните кои ќе ви се најдат при рака заколете ги, а главите свои, додека курбаните нестигнат доместото свое, не бричете ги! А ако некој меѓу вас се разболи или главоболка го мачи, со пост, со милостина или со курбан нека се искупи! Кога ќе бидете безбедни, кој ќе изврши умра со аџилакот нека заколе курбан до кој ќе може да дојде! А тој што не може да го најде, нека пости три дена во деновите на аџилакот, и седум дена откако ќе се врати, односно, полни десет дена. Тоа е за тој чиешто семејство не е присутно во Светиот Храм. И плашете се од Аллах и знајте дека Тој жестоко казнува

Verse 197 — Surah Al-Baqarah 2:197

Аџилакот е во познатите месеци;50 тој што ќе се обврзе дека во нив ќе изврши аџилак не смее да има однос со сопругата, ниту нешто лошо да прави, ниту да се препира во текот на аџилакот. А за доброто кое ќе го сторите Аллах знае. Снабдете се за на пат, а најдоброто снабдување е богобојазноста. И плашете се од Мене, о, вие со разум обдарени

Verse 198 — Surah Al-Baqarah 2:198

Не ви е грев од Господарот свој да барате некое добро.51 А кога ќе тргнете од Арефат52, спомнувајте Го Аллах кај Мешарил Харам53; спомнувајте Го, бидејќи Тој ве упати, а претходно бевте во заблуда

Verse 199 — Surah Al-Baqarah 2:199

Апотоатргнете од каде штотргаат иостанатите луѓеибарајте прошка од Аллах. Аллах навистина простува и Милостив е

Verse 200 — Surah Al-Baqarah 2:200

А кога ќе завршите со обредите ваши, спомнувајте Го Аллах како што ги спомнувате предците ваши, па и повеќе од тоа! Има луѓе што велат: „Господару наш, дај ни Ти нам на овој свет!“ Тие од добрата на оној свет нема ништо да имаат

Verse 201 — Surah Al-Baqarah 2:201

А има и такви што велат: „Господару наш, дај ни добро на овој и на оној свет и сочувај нè од казната во огнот!“

Verse 202 — Surah Al-Baqarah 2:202

Ним им припаѓа наградата која ја заслужија! Аллах навистина брзо ги израмнува сметките

Verse 203 — Surah Al-Baqarah 2:203

И спомнувајте Го Аллах во одредените денови!54 А на тој што ќе побрза, па ќе го стори тоа во два дена, не му е грев, како што не му е грев ни на тој што подолго ќе остане, доколку е богобојазен. И плашете се од Аллах и знајте дека пред Него сите ќе бидете оживеани

Verse 204 — Surah Al-Baqarah 2:204

Има луѓе чиишто зборови за животот на овој свет те одушевуваат и кои се повикуваат на Аллах како сведок за тоа што е во срцата нивни, а тие се најлути противници

Verse 205 — Surah Al-Baqarah 2:205

Штом некој од нив се сврти одтебе, тргнува по Земјата неред да прави, уништувајќи ги посевите и добитокот. А Аллах не сака неред

Verse 206 — Surah Al-Baqarah 2:206

И кога ќе му се рече: „Плаши се од Аллах!“, тој тогаш се гордее со грешењето. Па доволен му е џехеннемот, а тој навистина е грозно живеалиште

Verse 207 — Surah Al-Baqarah 2:207

Има луѓе кои се жртвуваат тежнеејќи кон Аллаховото задоволство. А Аллах е милостив кон робовите Свои

Verse 208 — Surah Al-Baqarah 2:208

О, верници, влезете во исламот потполно и не одете по стапките на шејтанот; тој ви е, навистина, отворен непријател

Verse 209 — Surah Al-Baqarah 2:209

А ако скршнете, откако ви дојдоа јасни докази, тогаш знајте дека Аллах е Силен и Мудар

Verse 210 — Surah Al-Baqarah 2:210

Чекаат ли тие да им дојде Аллах вотемнините наоблаците, имелеците, и да биде крај на сè?! А на Аллах сè Му се враќа

Verse 211 — Surah Al-Baqarah 2:211

Прашај ги синовите Израилови колку јасни докази им дадовме! А тие што ја заменуваат благодатта Аллахова откако веќе им дојде, па Аллах, навистина, стравично казнува

Verse 212 — Surah Al-Baqarah 2:212

Животот на овој свет им е разубавен на неверниците и тие им се потсмеваат на верниците. А на Судниот ден, тие што се плашеле од Аллах, ќе бидат над нив! А Аллах снабдува кого сака, без сметка

Verse 213 — Surah Al-Baqarah 2:213

Сителуѓесочинувааедназаедница,паАллахгипраќашеверовесниците да донесуваат радосни вести и опомена, и по нив ја праќаше Книгата со Вистината, за по неа да им се суди на луѓето за она за што тие не се согласуваа. А повод за несогласувањето беше меѓусебната завист, токму од страната на оние на кои им е дадена (Книгата), и тоа кога веќе им дојдоа јасни докази; и потоа Аллах, по волјата Своја, ќе ги упатеше верниците да ја сфатат вистина за она за што не се согласуваа. А Аллах го упатува на вистинскиот пат тој кого Тој сака

Verse 214 — Surah Al-Baqarah 2:214

Зарем мислите дека ќе влезете во џеннетот, а сè уште не сте го искусиле тоа што го искусија тие што пред вас беа и исчезнаа? Нив сиромаштија и болест ги снаоѓаше, и толку беа вознемирувани што и Пратеникот и тие што со него веруваа, велеа: „Кога веќе ќе дојде Аллаховата помош?!“ Ете, Аллаховата помош е навистина блиску

Verse 215 — Surah Al-Baqarah 2:215

Те прашуваат што да даваат: Кажи: „Имотот кој ќе го давате нека им припадненародителитеинароднините,насирачињата,насиромашните, и на патниците; а за доброто кое го правите Аллах сигурно знае!“

Verse 216 — Surah Al-Baqarah 2:216

Ви се пропишува борба, иако не ви е по волја! Можеби не сакате нешто, а тоа е добро за вас; можеби сакате нешто, а тоа е лошо за вас! Аллах знае, а вие не знаете

Verse 217 — Surah Al-Baqarah 2:217

Те прашуваат за светиот месец, за војувањето во него. Кажи: „Војувањето во него е голем грев; но неверувањето во Аллах и одвраќањето од Неговиот пат и од Светиот Храм и прогонувањето на неговите жители од него е уште поголем грев кај Аллах.“ А идолопоклонството е поголем грев од убивањето! Тие непрекинато ќе се борат против вас, за да ве одвратат од верата ваша, доколку можат. А тие меѓу вас кои од верата ќе отпаднат и како неверници ќе умрат - нивните дела ќе бидат поништени и на овој и на оној свет. Жители на Огнот ќе бидат и во него вечно ќе останат

Verse 218 — Surah Al-Baqarah 2:218

Тие штоверуваат иштоќесеиселатиќесеборат на Аллаховиот пат, тие се надеваат на Аллаховата милост. А Аллах простува и Милостив е

Verse 219 — Surah Al-Baqarah 2:219

Те прашуваат за виното и за коцкањето. Кажи: „Во двете има штета, а и користи за луѓето, само што гревот од нив е поголем од користа нивна.“ И те прашуваат што да даваат (милостина). Кажи: „Вишокот!“ Ете, така Аллах ви ги објаснува прописите за да размислите

Verse 220 — Surah Al-Baqarah 2:220

и за овој и за оној свет. И те прашуваат за сирачињата. Кажи: „Да им се помогне на нив е добро!“ А ако живеете заедно со нив, па тие се ваши браќа! Аллах ја знае разликата меѓу расипникот и добродетелот! Да сакаше Аллах, можеше да ви го пропише и тоа што ви е тешко! Тој е, навистина, Силен и Мудар

Verse 221 — Surah Al-Baqarah 2:221

Не женете се со идолопоклоничките сè додека не станат вернички; навистина, робинката-верничка е подобра од идолопоклоничката, макар и да ви се допаѓа. Не мажете вернички за идолопоклоници сè додека не станат верници; навистина, робот-верник е подобар од идолопоклоникот, макар и да ви се допаѓа. Тие повикуваат во Огнот, а Аллах со волјата Своја повикува кон џеннет и простување, и им ги објаснува знаците Свои на луѓето, за да се потсетуваат

Verse 222 — Surah Al-Baqarah 2:222

И те прашуваат за месечниот циклус. Кажи: „Тоа е непријатност.“ Затоа немојте да имате интимни односи со сопругите за време на нивниот месечен циклус, и не приоѓајте им сè додека не се искапат! А кога ќе се искапат, приоѓајте им така како што Аллах ви наредил! – Аллах навистина ги сака тие што се каат и ги сака тие што се чистат

Verse 223 — Surah Al-Baqarah 2:223

Сопругите ваши се ниви ваши, а вие приоѓајте им на нивите ваши како што сакате! А подгответе нешто и за душите свои! И плашете се од Аллах и знајте дека ќе се сретнете со Него! А ти израдувај ги вистинските верници

Verse 224 — Surah Al-Baqarah 2:224

И заклетвата во Аллах нека не ви биде препрека да правите добро, од Аллах да сеплашите илуѓето да ги помирувате. А Аллах сè слуша и сè знае

Verse 225 — Surah Al-Baqarah 2:225

Аллах нема да ве казни ако се заколнете ненамерно, но ќе ве казни ако под заклетва направите нешто намерно. А Аллах простува и Благ е

Verse 226 — Surah Al-Baqarah 2:226

Тие што ќе се заколнат дека нема да им се приближуваат на сопругите свои, ќе почекаат четири месеци!55 Па ако им се вратат на жените, Аллах, навистина, простува и Милостив е

Verse 227 — Surah Al-Baqarah 2:227

А ако одлучат да се разделат, па, Аллах, навистина, сè слуша и знае

Verse 228 — Surah Al-Baqarah 2:228

Разведените жени нека чекаат три свои месечни циклуси;56 и не им е допуштено да го кријат тоа што Аллах го создал во матките нивни, ако веруваат во Аллах и оној свет! Мажите нивни имаат право, додека тие чекаат, да ги повратат, ако сакаат што било да поправат.57 Тие (жените) имаат исто толку права колку и должности, по тоа што е познато. А мажите имаат предност над нив за еден степен! А Аллах е навистина Силен и Мудар

Verse 229 — Surah Al-Baqarah 2:229

Разводот може да биде двапати, по што или великодушно задржете ги или на убав начин развод дадете им! А вам не ви е допуштено да земате што било од тоа што сте им го подариле, освен ако двајцата се плашат дека Аллаховите прописи нема да ги извршуваат. А ако стравувате дека двајцата Аллаховите прописи нема да ги извршуваат, тогаш не прават грев таа да сеоткупи.58 Тоа се Аллаховите граници, пане пречекорувајте ги! А тие што Аллаховите граници ги пречекоруваат, тие сенеправедни

Verse 230 — Surah Al-Baqarah 2:230

А ако повторно ја разведе,59 после тоа таа не му е допуштена сè додека не се омажи за друг маж. Па ако овој ја разведе, тогаш не е грев двајцата повторно заедно да бидат, ако мислат дека Аллаховите прописи ќе ги извршуваат. Тоа се Аллаховите граници кои Тој им ги објаснува на луѓето кои знаат

Verse 231 — Surah Al-Baqarah 2:231

Кога ќе ги разведете сопругите, па тие ќе го исполнат својот разводен рок, тогаш или на убав начин задржете ги или широкоградно отпремете ги. Инезадржувајте ги нанесувајќи им штета, атој штотака ќе постапи, себеси насилство си сторил! Не играјте си со Аллаховите прописи и сетете се на Аллаховата благодат кон вас, и што ви ги објавил Книгата и мудроста со коишто ве советува. Плашете се од Аллах и знајте дека Аллах знае сè

Verse 232 — Surah Al-Baqarah 2:232

А кога ќе ги разведете сопругите ваши и тие ќе го исполнат својот разводен рок, не пречете им тие повторно да се омажат за своите сопрузи, кога ќе се сложат дека убаво ќе живеат. Со ова се советуваат тие меѓу вас кои веруваат во Аллах и во оној свет. Тоа ви е почисто и почестито. А Аллах знае, а вие не знаете

Verse 233 — Surah Al-Baqarah 2:233

Мајките нека ги дојат децата свои полни две години, доколку сакаат доењето да биде потполно. Таткото на детето е должен според својата можност да го храни и да го облекува на примерен начин. Никој нека не се задолжува над можностите свои: мајката не смее да трпи штета заради детето свое, а ниту таткото заради детето свое! И наследникот има слични обврски.60 А ако тие двајцата, на убав начин и со договор, одлучат детето да го одбијат, не се грешни! А ако посакате на децата свои доилка да им најдете, не правите грев кога ќе го предадете тоа што на убав начин сакате да го дадете. Плашете се од Аллах и знајте дека Аллах добро гледа што правите

Verse 234 — Surah Al-Baqarah 2:234

Сопругите се должни да чекаат четири месеци и десет дена по смртта на своите сопрузи. И кога тие ќе го исполнат пропишаниот рок, вие не сте одговорни за тоа што тие, по прописот, ќе го направат. А Аллах добро го знае тоа што го правите

Verse 235 — Surah Al-Baqarah 2:235

И не е грев ако на тие жени им дадете до знаење дека ќе ги запросите, или ако тоа во душите ваши го криете. Аллах знае дека за нив ќе размислувате, но потајно ништо не им ветувајте, туку само чесно говорете им. И не решавајте се за брак пред да истече пропишаното време за чекање; и имајте на ум дека Аллах знае што има во душите ваши, пасочувајте сеод Него, и знајте дека Аллах простува идека е Благ

Verse 236 — Surah Al-Baqarah 2:236

Не е грешно ако се разведете од сопругите пред да стапите во однос со нив, или пред да им ги одредите венчалните дарови. И широкоградо дарувајте ги со дар, според прописите: богатиот според својата положба, а сиромавиот според својата; тоа е должност за тие што сакаат добро дело да направат

Verse 237 — Surah Al-Baqarah 2:237

А ако се разведете пред да стапите во однос со нив, а веќе сте им одредиле венчални дарови, тие ќе задржат половина од тоа што сте го одредиле, освен ако не се откажат или ако не се откаже тој што одлучува за склопувањето на бракот61; а доколку вие се откажете (од даровите) - тоа е поблизу до богобојазноста! И не заборавајте да бидете добри едни кон други! Аллах навистина гледа што правите

Verse 238 — Surah Al-Baqarah 2:238

Чувајте го намазот (молитвата), особено средниот намаз, и пред Аллах понизно стојте

Verse 239 — Surah Al-Baqarah 2:239

А ако стравувате од нешто, тогаш клањајте одејќи или јавајќи! А кога сте на сигурно, спомнувајте Го Аллах така како што Тој ве научи на тоа што вие не го знаевте

Verse 240 — Surah Al-Baqarah 2:240

На тие меѓу вас на кои смртта им се приближува, а кои зад себе ги оставаат сопругите – треба со тестамент, за една година однапред, издршка да им обезбедат, а тие (жените) да не се оддалечуваат од домот. А ако самите го напуштат, вие не сте грешни за тоа што тие со себе, според прописите, ќе го сторат. А Аллах е Силниот и Мудриот

Verse 241 — Surah Al-Baqarah 2:241

На разведените жени им припаѓа отпремнина во склад со прописот и тоа е обврска за богобојазните

Verse 242 — Surah Al-Baqarah 2:242

Така Аллах ви ги објаснува Своите прописи, за да размислите

Verse 243 — Surah Al-Baqarah 2:243

Зарем не знаеш за тие што поради стравот од смртта избегаа од својата земја – а беа илјадници, па Аллах им рече: „Умрете!“, а потоа ги оживеа. Аллах е, навистина, добар кон луѓето, а повеќето луѓе се неблагодарни

Verse 244 — Surah Al-Baqarah 2:244

И борете се на Аллаховиот пат и знајте дека Аллах сè слуша и сè знае

Verse 245 — Surah Al-Baqarah 2:245

Кој е тој кој на Аллах доброволно заем ќе Му даде, па Тој многукратно да му врати? Аллах ускратува и обилно дава, и Нему ќе Му се вратите

Verse 246 — Surah Al-Baqarah 2:246

Зарем не знаеш дека прваците на синовите Израилови после Муса на својот веровесник62 му рекоа: „Испрати ни крал за да се бориме на Аллаховиот пат!“ „Можеби вие нема да се борите, ако ви биде пропишана борбата?“ – речетој. „Зошто да несебориме на Аллаховиот пат,“ – рекоа - „а ние од земјата наша сме прогонети и од синовите наши одвоени?“ А кога им се пропиша борбата, тие, освен малкумина, избегаа! А Аллах добро ги знае тие што неправедно постапуваа

Verse 247 — Surah Al-Baqarah 2:247

„Аллах ви го прати Талут за владетел.“ – им рече нивниот веровесник. „Како може тој да ни биде владетел кога ние сме подостојни од него за да владееме? Нему не му е дадено ниту големо богатство“. – рекоа тие. „Аллах го избра него за да владее со вас“. – рече тој - „и со големо знаење и со телесна сила го обдари! Аллах дава власт кому Тој сака! Аллах е неизмерно добар и Сезнаен“

Verse 248 — Surah Al-Baqarah 2:248

„Знак на неговата власт“ – им рече веровесникот нивен - „ќе биде ковчегот кој ќе ви пристигне и ќе го носат мелеци, а во него ќе има спокој за вас од Господарот ваш и остаток од тоа што Муса и Харун63 го оставија.64 Тоа, навистина, ви е знак, ако сте верници!“

Verse 249 — Surah Al-Baqarah 2:249

И кога Талут со војската излезе, рече: „Аллах ќе ве стави на искушение покрај една река, па кој ќе се напие од неа, не е мој, а кој нема да се напие, тој е мој, освен ако со дланката зафати голтка.“ И тие, освен малкумина од нив, се напија од реката. И кога ја прејдоа, тој и тие кои заедно со него веруваа,рекоа:„НиеденеснеможемедаизлеземенакрајсоЏалут(Голијат) и војската негова!“ Но, тие што цврсто веруваа дека ќе Го сретнат Аллах, рекоа: „Колку пати малубројните групи ги совладувале многубројните групи, со Аллахова волја!“ А Аллах е на страната на трпеливите

Verse 250 — Surah Al-Baqarah 2:250

И кога излегоа пред Џалут и војската негова, рекоа: „Господару наш, вдахни ни издржливост и зацврсти ги нозете наши и помогни ни против народот кој не верува!“

Verse 251 — Surah Al-Baqarah 2:251

И тие, со Аллахова волја, ги поразија, а Давуд65 го уби Џалут, и Аллах му даде власт и мудрост, и го научи за тоа што Тој сакаше. А да не ги сузбива Аллах луѓето едни со други, на Земјата, навистина, неред би настанал! Но, Аллах е добар за сите светови

Verse 252 — Surah Al-Baqarah 2:252

Тоа се Аллаховите знаци кои Ние тебе вистинито ти ги кажуваме. А ти, навистина, си еден од Пратениците

Verse 253 — Surah Al-Baqarah 2:253

Некои од тие Пратеници ги одликувавме едни над други. Со некои од нив Аллах зборуваше, а некои за повеќе степени ги издигна. А на Иса, синот Мерјемин, јасни докази му дадовме и со Џибрил го поддржавме. Да сакаше Аллах, тие по нив немаше меѓусебно да се убиваат, кога јасни докази веќе им дојдоа, но тие не се согласуваа: некои од нив веруваа, а некои негираа. А да сакаше Аллах, тие немаше меѓусебно да се убиваат! Но Аллах прави што Тој сака

Verse 254 — Surah Al-Baqarah 2:254

О, верници, дајте дел од тоа со што Ние ве снабдуваме, пред да дојде Денот кога нема да има ни откупи, ниту пријателства, ниту посредништва! А неверниците се навистина неправедни

Verse 255 — Surah Al-Baqarah 2:255

Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател! Не Го обзема ни дремка ни сон! Негово е тоа што е на небесата и на Земјата! Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?! Тој знае што било пред и што ќе биде по нив, и тие не можат да опфатат од Неговото знаење, освен колку што Тој сака! Неговиот Курсиј66 ги опфаќа и небесата и Земјата, и Нему не Му е тешко да ги одржува! Тој е Севишниот, Величествениот

Verse 256 — Surah Al-Baqarah 2:256

Нема присилба кон верата, Вистинскиот пат јасно се разликува од заблудата! Тој што не верува во тагутот67, а верува во Аллах, се држи за најцврстата врска, којашто нема да се прекине! А Аллах сè слуша и сè знае

Verse 257 — Surah Al-Baqarah 2:257

Аллах е заштитник на верниците, ги изведува од темнините на светлина, а на неверниците заштитници им се тагутите, тие ги втеруваат од светлината во темнините; Тоа се жителите на Огнот и во него вечно ќе останат

Verse 258 — Surah Al-Baqarah 2:258

Зарем не знаеш за тој што се препираше со Ибрахим за Господарот негов, кога Аллах царство му даде? Кога Ибрахим рече: „Мој Господар е Тој кој дава живот и смрт“., тој одговори: „Јас оживувам и усмртувам!“ „Аллах прави Сонцето да изгрева од исток,“ – рече Ибрахим - „па ти направи да излезе од запад!“ И неверникот се збуни. А Аллах навистина не ги упатува насилниците на Вистинскиот пат

Verse 259 — Surah Al-Baqarah 2:259

Или затој кој поминувајќи крај еден град кој беше дотемели разрушен и пуст, повика: „Како Аллах ќе ги оживее овие што умреле?“ А Аллах го направи мртов стотина години, а потоа го оживеа и го запраша: „Колку остана?“ - „Ден или дел од денот“. – одговори. „Не!“ - рече Тој - „остана стотина години. Погледни ја храната своја и пијалакот свој, не се расипале! А погледни го и магарето свое, да те направиме доказ за луѓето, а погледни ги и коските, како ги составуваме, а потоа со месо ги обложуваме“. И кога нему му стана јасно, тој повика: „Јас знам дека Аллах може сè!“

Verse 260 — Surah Al-Baqarah 2:260

А кога Ибрахим рече: „Господару мој, покажи ми како ги оживуваш мртвите!“ – Тој рече: „Зарем не веруваш?” – „ Секако дека верувам,“ – одговори тој - „но, за да ми се смири срцево“. – „Земи четири птици“ – рече Тој – „и исечи ги, па делови од нив стави на секое ритче! По повикај ги, ќе ти дојдат итајќи! Знај дека Аллах е Силен и Мудар.“

Verse 261 — Surah Al-Baqarah 2:261

Примерот на тие што имотот свој го трошат на Аллаховиот пат е сличен со тој што ќе посее зрно од кое никнуваат седум класа и во секој клас по стотина зрна. А Аллах зголемува кому Тој сака! Аллах е неизмерно добар и Сезнаен

Verse 262 — Surah Al-Baqarah 2:262

На тие што го трошат имотот свој на Аллаховиот пат, а тоа што ќе го потрошат да не го пропратат со приговарање и навредување, им припаѓа награда од Господарот нивен! За нив нема страв, ниту пак ќе тагуваат

Verse 263 — Surah Al-Baqarah 2:263

Добриот збор и прошката се повредни од милостината пропратена со навредување. А Аллах е независен од секого и Благ е

Verse 264 — Surah Al-Baqarah 2:264

О, верници, не ги расипувајте своите милостини со приговарања и навреди, како што тоа го прави тој што го троши својот имот за да се покаже пред луѓето, а не верувајќи во Аллах и во другиот свет! Примерот негов е како примерот за мазната карпа на која има земја, па ќе ја погоди пороен дожд и ќе ја оголи! Тие нема да добијат никаква награда за тоа што го направиле. А Аллах не ги упатува на Вистинскиот пат луѓето што не веруваат

Verse 265 — Surah Al-Baqarah 2:265

Тие што го трошат својот имот со желба за Аллаховото задоволство и сигурни се во наградата за тоа, наликуваат на градина на висорамнина на која паѓа обилен дожд, па дава двојно поголем род; ако нема обилен дожд, тогаш има ситна роса! А Аллах добро гогледа тоаштого правите

Verse 266 — Surah Al-Baqarah 2:266

Дали некој од вас би сакал да поседува градина полна со палми и грозје, под која реки течат и во која има секакви плодови, а да остарел и да има слаби деца, па тогаш преку неа огнен виор да наиде и таа да изгори?! Така Аллах ви ги објаснува знаците Свои, за да размислите

Verse 267 — Surah Al-Baqarah 2:267

О, верници, давајте одубавите работи штосте ги стекнале, иодтоашто Ние од Земјата сме ви го извеле! Не издвојувајте готоаштоне вреди за да го дадете, кога ни вие тоа не би го примиле, освен со затворени очи! И знајте дека Аллах е независен и достоен за благодарност

Verse 268 — Surah Al-Baqarah 2:268

Шејтанот ве плаши со сиромаштво и ве наведува на зло, а Аллах ви ветува прошка инаграда од Него; Аллах енеизмерно добар и Сезнаен

Verse 269 — Surah Al-Baqarah 2:269

Тој дарува мудрост кому сака, а тој на кого мудроста му е дадена, дадено му е големо добро! А само обдарените со разум поуката ја прифаќаат

Verse 270 — Surah Al-Baqarah 2:270

За сè што ќе потрошите или ќе се заветите – Аллах, сигурно, знае! А на насилниците им нема помагач

Verse 271 — Surah Al-Baqarah 2:271

Убаво е ако јавно давате милостина, но подобро е за вас да ја давате на сиромашните кога никој не гледа, и Тој ќе ги покрие вашите лоши дела! А Аллах добро знае што правите

Verse 272 — Surah Al-Baqarah 2:272

Не е до тебе нивното упатство, затоа што Аллах го изведува на Вистински пат оној кого Тој сака. Доброто што го давате е ваше, давајте само со желба за Аллаховото лице! А тоа што од имотот ќе го дадете на другите ќе ви биде потполно надокнадено и нема да ви биде направена неправда

Verse 273 — Surah Al-Baqarah 2:273

Милостината им припаѓа на сиромашните кои се истоштени на Аллаховиот пат, па не можат да заработуваат, па тој што не знае мисли дека себогати поради нивната скромност ивоздржливост! Ќе ги познаеш по нивниот изглед, затоа што тие не им додеваат на луѓето просејќи. А за тоа што од добрата на другите ќе им дадете, Аллах, сигурно, знае

Verse 274 — Surah Al-Baqarah 2:274

Тие што даваат од имотот свој, ноќе и дење, тајно и јавно, им припаѓа наградата од Господарот нивен! За нив нема страв, ниту пак ќе тагуваат

Verse 275 — Surah Al-Baqarah 2:275

Тие што се хранат од каматата нема да се кренат, освен како тој кого допирот на шејтанот го избезумил. Тоа е затоа што велеа: „Каматата е иста како и трговијата“. А Аллах ја дозволил трговијата, а ја забранил каматата. На тој до кого ќе стигне поуката од Господарот негов, па се оттргне од тоа, му припаѓа тоа што претходно го стекнал, а неговиот случај Му е препуштен на Аллах. А тие кои тоа повторно ќе го сторат, ќе бидат жители на Огнот, каде вечно ќе останат

Verse 276 — Surah Al-Baqarah 2:276

Аллах ја уништува каматата, а ги намножува милостините. Аллах не сака ниту еден неверник, грешник

Verse 277 — Surah Al-Baqarah 2:277

Тие што веруваат и прават добри дела, и намазот (молитвата) го извршуваат, и зекат даваат, ги чека награда кај Господарот нивен. За нив нема страв, ниту пак ќе тагуваат

Verse 278 — Surah Al-Baqarah 2:278

О, верници, плашете се од Аллах и откажете се од тоа што останало од каматата, ако сте верници

Verse 279 — Surah Al-Baqarah 2:279

Ако не го сторите тоа, ви се навестува војна од Аллах и од Неговиот Пратеник! А ако се покаете, ви припаѓаат главнините од имотите ваши; ниту некого ќе оштетите, ниту ќе бидете оштетени

Verse 280 — Surah Al-Baqarah 2:280

А ако должникот е во неволја, тогаш причекајте додека му биде полесно; а уште подобро за вас ќе биде ако долгот го дадете како милостина, да знаете

Verse 281 — Surah Al-Baqarah 2:281

И плашете се од Денот кога сите кај Аллах ќе бидете вратени, а потоа секому тоа што го заслужил ќе му се исплати! Никому неправда нема да му биде направена

Verse 282 — Surah Al-Baqarah 2:282

О, верници, запишете кога еден од друг позајмувате до одреден рок. И еден писар помеѓу вас тоа праведно нека го напише и писарот нека не се воздржува да напише така како што Аллах го подучил! Тој нека пишува, а должникот нека му кажува! Нека се плаши од Аллах, Господарот свој, и нека не изостави ништо од тоа! А ако должникот е умно ограничен или слаб, или ако не е во состојба да говори, тогаш нека диктира неговиот старател и тоа праведно! И земете двајца сведоци меѓу вас, па ако не најдете двајца мажи, тогаш еден маж и две жени од кои сте задоволни како сведоци. Ако едната од двете нешто погрешно каже, другата нека ја потсети. Сведоците треба да се одѕвијат на секој повик. Нека не ви биде мака тоа да го запишете со рок на враќање, било да е долгот мал или голем! Тоа ви е поисправно кај Аллах и при сведочењето посилно, иза да несесомневате подобро, освен акостанувазбор засекојдневна трговија која ја извршувате меѓу вас, бидејќи тогаш не е грев ако тоа не го запишете! Земете сведоци и кога склучувате купопродажни договори, и нека не биде оштетен ни писарот ни сведокот! А ако го сторите тоа, тогаш тоа е ваш грев! И плашете се од Аллах и Аллах ќе ве подучи. Аллах добро знае сè

Verse 283 — Surah Al-Baqarah 2:283

Ако сте на пат, и не најдете писар, тогаш нека се земе залог. А ако еден на друг нешто си доверите, тогаш на тој што му е доверено, нека го исполни тоа и нека се плаши од Аллах, Господарот свој! И не сокривајте го сведочењето, бидејќи срцето на тој што ќе го ускрати, ќе биде грешно! А Аллах добро знае што правите

Verse 284 — Surah Al-Baqarah 2:284

Аллахово е сè што е на небесата и на Земјата! Го покажувале вие тоа што е во душите ваши или го криеле, Аллах за тоа ќе ве праша, па ќе му прости на тој што сака, а ќе го казни тој што сака! Аллах е Семоќниот

Verse 285 — Surah Al-Baqarah 2:285

Пратеникот верува во тоа што му се објавува од Господарот негов, и верниците, секој од нив верува во Аллах, и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во Пратениците Негови: „Ние не правиме поделба меѓу Пратениците Негови“. И велат: „Слушаме и се покоруваме. Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе Ти се вратиме“

Verse 286 — Surah Al-Baqarah 2:286

Аллах никого не оптоварува преку неговите можности; во негова корист е доброто кое го стекнал, а на негова штета е злото кое го стекнал! „Господару наш, не казнувај нè ако заборавиме или ако нешто не сакајќи направиме! Господару наш, не товари нè со товарот кој си им го натоварил на тие пред нас! Господару наш, не оптоварувај нè со тоа за кое немаме сила! Избриши ни ги гревовите наши, прости ни и смилувај ни се! Ти си нашиот Господар, па помогни ни против народот кој не верува!“