Back to Languages

Macedonian - Chapter 21 - Al-Anbiya

Translation by Macedonian Scholars — Permalink

Verse 1 — Surah Al-Anbiya 21:1

На луѓето им се ближи Часот на полагањето на нивната сметка, а тие безгрижни, не внимаваат на тоа

Verse 2 — Surah Al-Anbiya 21:2

И не им доаѓа ниту една нова опомена од Господарот нивен на која, слушајќи ја, не ѝ се потсмеваат

Verse 3 — Surah Al-Anbiya 21:3

со расеани срца. А злосторниците шепотат: „Дали е овој нешто друго освен човек како и вие? Зарем ќе ја следите магијата, а гледате дека е?!“

Verse 4 — Surah Al-Anbiya 21:4

„Господарот мој знае,“ - рече тој- „што се зборува на небото и на Земјата; Тој сè слуша и сè знае!“

Verse 5 — Surah Al-Anbiya 21:5

Тие дури и велат: „Тоа се само збунети соништа; тој го измислува (Куранот); тој е поет; нека ни донесе некакво чудо како и претходните Пратеници!“

Verse 6 — Surah Al-Anbiya 21:6

Ниту еден град кој Ние пред нив сме го уништиле не поверува во чудо, па зарем овие ќе поверуваат

Verse 7 — Surah Al-Anbiya 21:7

И пред тебе само луѓе праќавме на коишто им објавуваме, затоа прашајте ги учените луѓе ако вие не знаете

Verse 8 — Surah Al-Anbiya 21:8

Ние не сме ги создале како тела кои живеат без храна, ниту пак тие беа бесмртни

Verse 9 — Surah Al-Anbiya 21:9

Потоа ветувањето им го исполнувавме, и нив, и тие кои сакавме, ги спасувавме, а тие што негираа ги уништувавме

Verse 10 — Surah Al-Anbiya 21:10

Ние ви ја објавуваме Книгата во којашто е славата ваша, па зошто не се опаметите

Verse 11 — Surah Al-Anbiya 21:11

А колку насилнички населби имаше кои Ние ги уништивме и по кои други народи подигнавме

Verse 12 — Surah Al-Anbiya 21:12

И штом силата Наша ќе ја почувствуваа, од нив ќе се разбегаа

Verse 13 — Surah Al-Anbiya 21:13

„Не бегајте, вратете се на уживањата ваши и на домовите ваши, можеби некој нешто ќе ве праша.“

Verse 14 — Surah Al-Anbiya 21:14

„Тешко нам,“ - ќе велеа - „ние, навистина, бевме насилници“

Verse 15 — Surah Al-Anbiya 21:15

И ќе лелекаа така сè додека не ги направевме, како жито пожнеано, неподвижни

Verse 16 — Surah Al-Anbiya 21:16

Ние не ги создадовме небото и Земјата и тоа што е меѓу нив, за забава

Verse 17 — Surah Al-Anbiya 21:17

Да сакавме да се забавуваме, ќе се забавувавме така како што Ни доликува, но Ние тоа не го правиме

Verse 18 — Surah Al-Anbiya 21:18

туку со вистината ја потиснуваме лагата, вистината ја гуши и лагата исчезнува; а тешко вам поради тоа што за Него го изнесувате

Verse 19 — Surah Al-Anbiya 21:19

Негово е тоа што е на небесата и на Земјата! А тие176 што се кај Него не одбиваат да Му бидат покорни, и не се заморуваат

Verse 20 — Surah Al-Anbiya 21:20

Го слават и ноќе и дење, не се истоштуваат

Verse 21 — Surah Al-Anbiya 21:21

Зарем киповите, кои тие од земја ги прават, ќе ги оживеат мртвите

Verse 22 — Surah Al-Anbiya 21:22

Да управуваа други богови со Земјата и небесата, а не Аллах, ќе се побркаа. Па нека е возвишен Аллах, Господарот на Аршот, од тоа што Му го припишуваат

Verse 23 — Surah Al-Anbiya 21:23

Тој нема да биде прашан за тоа што го прави, а тие ќе бидат прашани

Verse 24 — Surah Al-Anbiya 21:24

Зарем покрај Него да земаат други богови?! Кажи: „Дајте го вашиот доказ!“ Овој Куран е опомена, а и претходните Книги се опомена за тие што биле пред мене. Меѓутоа, повеќето од нив не ја знаат Вистината, па се вртат

Verse 25 — Surah Al-Anbiya 21:25

Пред тебе ниту еден Пратеник не испративме, а да не му објавевме: „Нема бог освен Мене, затоа Мене обожувајте Ме!“

Verse 26 — Surah Al-Anbiya 21:26

Тие велат: „Семилосниот си зелдете!“ Возвишен нека е Тој! Амелеците се само робови почитувани

Verse 27 — Surah Al-Anbiya 21:27

Тие не зборуваат сè додека Тој не им одобри и постапуваат така како што Тој ќе им нареди

Verse 28 — Surah Al-Anbiya 21:28

Тој знае што правеле и што ќе прават, и тие ќе се заземаат само за тој од кого Тој ќе биде задоволен, а и тие самите, од страв кон Него, се плашат

Verse 29 — Surah Al-Anbiya 21:29

А ако некој од нив би рекол: „Јас сум, освен Него, бог!“, би го казниле со џехеннем, бидејќи Ние така ги казнуваме насилниците

Verse 30 — Surah Al-Anbiya 21:30

Зарем не знаат неверниците дека небесата и Земјата беа една целина, па Ние ги распарчивме, и дека Ние од вода сè живо создаваме? Па зарем нема да веруваат

Verse 31 — Surah Al-Anbiya 21:31

Ние по Земјата неподвижни планини разместивме за таа да не ги потресува, па по нив премини и патеки направивме за тие да стигнуваат каде што сакаат

Verse 32 — Surah Al-Anbiya 21:32

А небото го направивме заштитен свод, а тие од Неговите знаци се вртат

Verse 33 — Surah Al-Anbiya 21:33

И Тој е Тој што ги создаде ноќта и денот, и Сонцето и Месечината, и сите тие во вселената пловат

Verse 34 — Surah Al-Anbiya 21:34

И Ние ниту на еден човек пред тебе не му дадовме вечност; ако ти умреш, зарем тие довека ќе живеат

Verse 35 — Surah Al-Anbiya 21:35

Секое живо суштество смртта ќе ја вскуси! Ние ве ставаме на искушение и во добро и во зло и Нам ќе ни се вратите

Verse 36 — Surah Al-Anbiya 21:36

Кога неверниците ќе те здогледаат, само те исмејуваат: „Дали е тоа тој што вашите божества ги хули?“

Verse 37 — Surah Al-Anbiya 21:37

Човекот е создаден да брза.177 Ќе ви ги покажам Јас вам доказите Свои, затоа Не ме брзајте

Verse 38 — Surah Al-Anbiya 21:38

Тие велат: „Кога веќе еднаш ќе биде тоа ветување, ако вистината ја говорите?“

Verse 39 — Surah Al-Anbiya 21:39

А да знаат неверниците дека тогаш нема да можат да го оттргнат Огнот од лицата свои и грбовите свои, и дека никој нема да може да им пружи помош

Verse 40 — Surah Al-Anbiya 21:40

туку дека ненадејно ќе им дојде и ќе ги изненади, и дека нема да можат да го спречат и дека нема време да им се даде

Verse 41 — Surah Al-Anbiya 21:41

И пред тебе Пратениците ги исмеваа, па тие кои им се исмејуваа ги стигна токму тоа за што се исмејуваа

Verse 42 — Surah Al-Anbiya 21:42

Кажи: „Кој, освен Семилосниот, ноќе и дење ќе ве штити? Никој!“ Но сепак тие од Опомената на Господарот свој се вртат

Verse 43 — Surah Al-Anbiya 21:43

Зарем нивните божества, а не Ние, ќе ги одбранат? Та тие самите себеси не можат да си помогнат, и никој од Нашата казна не ќе може под закрила да ги земе

Verse 44 — Surah Al-Anbiya 21:44

Ние на овие, а и на предците нивни, им дадовме да уживаат сè додека животите им траеја. А зарем тие не гледаат дека Ние во земјата нивна доаѓаме и дека од краевите нивни ја намалуваме, па како тие би биле победници

Verse 45 — Surah Al-Anbiya 21:45

Кажи: „Јас веопоменувам со Објавата!“ - но, глувите не слушаат повик кога биваат опоменувани

Verse 46 — Surah Al-Anbiya 21:46

А само делче од казната на Господарот твој ги допре, сигурно ќе повикаат: „Тешко нас, навистина самите на себеси неправда си сторивме!“

Verse 47 — Surah Al-Anbiya 21:47

Ние на Судниот ден терезиите178 на правдата ќе ги поставиме, па никому неправда нема да му биде направена: ако нешто биде тешко дури и колку зрно синап, Ние за тоа ќе казниме или ќе наградиме. А доста е тоа што Ние за сметките ќе испрашуваме

Verse 48 — Surah Al-Anbiya 21:48

Ние на Муса и на Харун им дадовме Фуркан179, светло и опомена за богобојазните

Verse 49 — Surah Al-Anbiya 21:49

за тие кои од Господарот свој ќе стравуваат и кога никој не ги гледа, и кои од Часот на оживувањето ќе стравуваат

Verse 50 — Surah Al-Anbiya 21:50

И ова е благословената Опомена која ја објавуваме, па зарем вие да ја негирате

Verse 51 — Surah Al-Anbiya 21:51

Ние уште претходно на Ибрахим разумност му дадовме и добро го познававме

Verse 52 — Surah Al-Anbiya 21:52

Кога тој на својот татко и на својот народ им рече: „Какви се овие кипови кои дење и ноќе ги обожувате?“

Verse 53 — Surah Al-Anbiya 21:53

тие одговорија: „И нашите предци ги обожуваа.“

Verse 54 — Surah Al-Anbiya 21:54

„И вие сте, а и предците ваши беа, во очигледна заблуда.“ - рече

Verse 55 — Surah Al-Anbiya 21:55

„Го зборуваш ли ти тоа сериозно или само се шегуваш?“ - запрашаа тие

Verse 56 — Surah Al-Anbiya 21:56

„Не,“ - рече - „Господарот ваш е Господар на небесата и на Земјата. Тој нив ги создал, и јас сум ви сведок за тоа

Verse 57 — Surah Al-Anbiya 21:57

Се колнам во Аллах, јас навистина на вашите кипови ќе им наштетам откако ќе се оддалечите.“

Verse 58 — Surah Al-Anbiya 21:58

И тој ги испокрши во парчиња, освен најголемиот, за нему да му се обратат

Verse 59 — Surah Al-Anbiya 21:59

„Кој им гостори ованабоговите наши?“ - повикаа тие - „Тој навистина е насилник.“

Verse 60 — Surah Al-Anbiya 21:60

„Чувме едно момче како зборува против нив,“ - рекоа - „името му е Ибрахим.“

Verse 61 — Surah Al-Anbiya 21:61

„Донесете го, луѓето да го видат,“ - рекоа - „за да посведочат.“

Verse 62 — Surah Al-Anbiya 21:62

„Дали ти го стори ова со боговите наши, о, Ибрахиме?“ – запрашаа

Verse 63 — Surah Al-Anbiya 21:63

„Тоа го стори најголемиот од нив; прашајте ги ако знаат да зборуваат.“ - рече тој

Verse 64 — Surah Al-Anbiya 21:64

И тие се прибраа, пасамите си рекоа: „Вие сте, навистина, насилници!“

Verse 65 — Surah Al-Anbiya 21:65

Потоа главите ги наведнаа и рекоа: „Ти знаеш дека тие не зборуваат!“

Verse 66 — Surah Al-Anbiya 21:66

„Па зошто тогаш, наместо Аллах, ги обожувате тие кои не можат да ви користат ниту од вас некаква штета да отстранат?“ - запраша тој

Verse 67 — Surah Al-Anbiya 21:67

„Тешко вам и на тие кои, наместо Аллах, ги обожувате! Зошто не се опаметите?“

Verse 68 — Surah Al-Anbiya 21:68

„Запалете го и на боговите ваши помогнете им, ако сакате тоа да го направите!“ - повикаа

Verse 69 — Surah Al-Anbiya 21:69

„О, огну!“ - раковме Ние - „Стани ладен и спас за Ибрахим!“

Verse 70 — Surah Al-Anbiya 21:70

И сакаа да му сковаат завера, но Ние ги направивме најголеми губитници

Verse 71 — Surah Al-Anbiya 21:71

И го спасивме и него и Лут, во земјата која за луѓето ја благословивме

Verse 72 — Surah Al-Anbiya 21:72

и му го подаривме Исхак, и Јакуб како внук, и сите ги направивме добри

Verse 73 — Surah Al-Anbiya 21:73

и ги направивме водачи за да упатуваат според заповедта Наша, и им објавивме да прават добри дела, и намаз (молитва) да извршуваат, и зекат да даваат, и само Нас нè обожуваа

Verse 74 — Surah Al-Anbiya 21:74

И на Лут мудрост и знаење му дадовме, и од градот, во кој жителите негови одвратни работи правеа, го изведовме, тоа навистина беше народ развратен и зол

Verse 75 — Surah Al-Anbiya 21:75

и во милоста Наша го внесовме; тој е навистина од добрите

Verse 76 — Surah Al-Anbiya 21:76

И спомни го Нух– когаво дамнешно време повика, па Мусеодѕвавме, и него и неговото семејство од голема казна ги спасивме

Verse 77 — Surah Al-Anbiya 21:77

и од народот, кој невистинити ги сметаше доказите Наши, го заштитивме. Тоа беа лоши луѓе, па сите ги потопивме

Verse 78 — Surah Al-Anbiya 21:78

И спомни ги Давуд и Сулејман, кога судеа за посевот што во ноќта нечии овци го испасле, и Ние бевме сведоци на судењето нивно

Verse 79 — Surah Al-Anbiya 21:79

и направивме Сулејман да проникне во тоа, а на двајцата мудрост и знаење им дадовме. И ги потчинивме планините и птиците за со Давуд, на Аллах да Му заблагодаруваат: Ние бевме кадарни тоа да го направиме

Verse 80 — Surah Al-Anbiya 21:80

И го научивме да изработува панцири за вас, за да ве штитат во борбата со непријателот, па зошто не сте благодарни

Verse 81 — Surah Al-Anbiya 21:81

А на Сулејман, силен ветер му потчинивме, по негова заповед дуваше кон земјата која ја благословивме; а Ние сè добро знаеме

Verse 82 — Surah Al-Anbiya 21:82

и шејтани некои, заради него да нуркаат, а правеа и други работи, и над нив Ние бдеевме

Verse 83 — Surah Al-Anbiya 21:83

И на Ејјуб, кога Господарот свој Го повика: „Мене неволја ме снајде, а Ти си од милостивите, Најмилостивиот“

Verse 84 — Surah Al-Anbiya 21:84

му се одѕвавме и неволјата која го снајде му ја тргнавме, и му го вративме, со милоста Наша, семејството негово, и со нив уште толку, и да им биде поука на тие што Нам ни се покорни

Verse 85 — Surah Al-Anbiya 21:85

И спомни ги Исмаил и Идрис и Зулкифл180, а сите тие беа трпеливи

Verse 86 — Surah Al-Anbiya 21:86

И ги внесовме во милоста Наша, тие навистина беа меѓу добрите

Verse 87 — Surah Al-Anbiya 21:87

И спомни го Зуннун181, кога гневен отиде и помисли дека нема да го усмртиме, па потоа во темнините тажно замоли: „Нема бог освен Тебе, Славен си! Јас, навистина, бев од тие што си сторија насилство!“

Verse 88 — Surah Al-Anbiya 21:88

Па му се одѕвавме и од тешкотијата го спасивме; ета така Ние ги спасуваме верниците

Verse 89 — Surah Al-Anbiya 21:89

И (спомни го) Зекеријја, кога Го повика Господарот свој: „Господару мој, не оставај ме сам, а Ти си Најдобриот Наследник!“ Па ние му се одѕвавме и му го подаривме Јахја и му ја излечивме жената

Verse 90 — Surah Al-Anbiya 21:90

Тие се трудеа што повеќе добри дела да направат и Ни се молеа и во надеж и во страв, и кон Нас беа понизни

Verse 91 — Surah Al-Anbiya 21:91

А (спомни ја) и таа182 што ја сочува девственоста своја, во неа живот вдахнавме, и неа и синот нејзин доказ за светот ги направивме

Verse 92 — Surah Al-Anbiya 21:92

Навистина оваа ваша вера е една вера, а Јас Сум ваш Господар, па Мене обожувајте Ме

Verse 93 — Surah Al-Anbiya 21:93

И тие меѓу себе во верата се разделија, а сите Нам ќе ни се вратат

Verse 94 — Surah Al-Anbiya 21:94

Кој ќе прави добри дела, а при тоа ќе биде и верник, трудот нема да му биде лишен од награда, бидејќи Ние сигурно сме го забележале

Verse 95 — Surah Al-Anbiya 21:95

А не е допуштено жителите на кој било град, кој Ние сме го уништиле, да се вратат

Verse 96 — Surah Al-Anbiya 21:96

И кога ќе се отворат Јеџуџ и Меџуџ и кога низ сите стрмнини итајќи ќе се спуштаат

Verse 97 — Surah Al-Anbiya 21:97

и ќе се приближи Вистинската закана, тогаш погледите на неверниците ќе се вкочанат. „Тешко нас, ние кон ова рамнодушни бевме, ние самите себеси неправда си сторивме!“

Verse 98 — Surah Al-Anbiya 21:98

И вие и тие кои, покрај Аллах, ги обожувате, ќе бидат гориво во џехеннемот, а во него навистина ќе влезете

Verse 99 — Surah Al-Anbiya 21:99

Тие да се богови, не би влегле во него, и сите во него вечно ќе престојуваат

Verse 100 — Surah Al-Anbiya 21:100

Во него пригушено ќе издишуваат, во него ништо радосно нема да чујат

Verse 101 — Surah Al-Anbiya 21:101

А на тие на кои уште претходно убава награда им ветивме, тие од него далеку ќе бидат

Verse 102 — Surah Al-Anbiya 21:102

Бучењето негово нема да го чујат, и вечно во тоа што душите им го посакуваат ќе уживаат

Verse 103 — Surah Al-Anbiya 21:103

нема да ги загрижува најголемиот ужас, туку мелеците ќе ги дочекаат: „Еве, ова е вашиот Ден, ветен на вас!“

Verse 104 — Surah Al-Anbiya 21:104

Тој Ден, кога ќе ги свиткаме небесата како што се свиткува лист хартија, така како што првиот патод ништо создадовме, така повторно од ништо ќе создадеме, тоа е ветувањето Наше, Ние навистина тоа ќе го сториме

Verse 105 — Surah Al-Anbiya 21:105

Ние во Зебурот, по Опомената, напишавме дека Земјата Моите добри робови ќе ја наследат

Verse 106 — Surah Al-Anbiya 21:106

Во ова, навистина, има порака за луѓето кои го обожуваат Аллах

Verse 107 — Surah Al-Anbiya 21:107

а тебе само како милост на световите те пративме

Verse 108 — Surah Al-Anbiya 21:108

Кажи: „Мене ми се објавува дека вашиот Бог е Еден Бог, па само Нему бидете Му предани!“

Verse 109 — Surah Al-Anbiya 21:109

А ако тие се свртат, ти кажи: „Јас сите вас, без разлика, ве опоменав, а не знам дали е блиску или далеку Тоа што ви се ветува

Verse 110 — Surah Al-Anbiya 21:110

Тој ги знае гласно изговорените зборови, го знае и тоа што го криете

Verse 111 — Surah Al-Anbiya 21:111

а јас не знам да не ви е тоа искушение и пружање уживање уште за извесно време

Verse 112 — Surah Al-Anbiya 21:112

Господару мој, пресуди така како што заслужиле!“ - рече тој - „А Господарот наш, Семилосниот, е Тој кај Кого треба да се бара помош против тоа што вие го изнесувате.“