Back to Languages

Macedonian - Chapter 27 - An-Naml

Translation by Macedonian Scholars — Permalink

Verse 1 — Surah An-Naml 27:1

Та–син. Ова се ајети од Куранот и Книгата јасна

Verse 2 — Surah An-Naml 27:2

упатство и радосна вест за верниците

Verse 3 — Surah An-Naml 27:3

кои намазот (молитвата) го извршуваат и зекат даваат и кои во оној свет цврсто веруваат

Verse 4 — Surah An-Naml 27:4

На тие што не веруваат во оној свет, Ние им ги прикажуваме како убави постапките нивни – па тие талкаат

Verse 5 — Surah An-Naml 27:5

нив ги чека злобна казна, а на оној свет ќе бидат сосема изгубени

Verse 6 — Surah An-Naml 27:6

а ти, навистина, го примаш Куранот од Мудриот и Сезнајниот

Verse 7 — Surah An-Naml 27:7

Кога Муса му рече на семејството свое: „Видов оган, ќе ви донесам оттаму вест некаква, или ќе ви донесам разгорен оган за да се загреете.“

Verse 8 — Surah An-Naml 27:8

некој, кога му се приближи, го повика: „Нека се благословени тие што се наоѓаат на местото на кое е огнот и тие околу него, и нека е славен Аллах, Господарот на световите

Verse 9 — Surah An-Naml 27:9

„О, Муса, Јас сум Аллах, Силниот и Мудриот

Verse 10 — Surah An-Naml 27:10

Фрли го својот стап!“ Пакогаго виде дека се движи како да е брза змија, тој се оддалечи и не се врати. „О, Муса, не плаши се! Пратениците кај Мене не треба од ништо да се плашат

Verse 11 — Surah An-Naml 27:11

а на тој што грев ќе направи, а потоа злото со добро дело ќе го замени, навистина ќе му простам и милостив ќе бидам

Verse 12 — Surah An-Naml 27:12

Стави ја раката своја во пазувите свои, ќе се појави бела, но нема да биде болна – ќе биде едно од деветте знаци за фараонот и за народот негов; тие се навистина народ грешен, непослушен

Verse 13 — Surah An-Naml 27:13

И кога знаците Наши јасно им дојдоа, тие рекоа: „Ова е вистинска магија!“

Verse 14 — Surah An-Naml 27:14

И тие, неправедни и арогантни, ги негираа, но во себе веруваа дека се вистински, па погледај како завршија интригантите

Verse 15 — Surah An-Naml 27:15

На Давуд и Сулејман знаење им дадовме и тие говореа: „Му благодариме на Аллах Кој нè одликуваше над многуте верници, робови Свои!“

Verse 16 — Surah An-Naml 27:16

И Сулејман го наследи Давуд и рече: „О, луѓе, дадено ни е да ги разбираме птичјите гласови и сешто ни е дадено; ова е навистина вистинска благодат!“

Verse 17 — Surah An-Naml 27:17

И му се собраа на Сулејман војските негови, џинните, луѓето и птиците, беа собирани па водени

Verse 18 — Surah An-Naml 27:18

и кога стигнаа до долината на мравките, една мравка рече: „О, мравки, влегувајте во живеалиштата свои за да не ве прегази Сулејман и војските негови, а тоа и да не го забележат!“

Verse 19 — Surah An-Naml 27:19

И Тој се насмеа гласно на зборовите нејзини и рече: „Господару мој, вдахни ми да бидам благодарен на благодатта Твоја, која ми ја укажа мене и на родителите мои, и да правам добри дела за задоволството Твое, и внеси ме, со милоста Своја, меѓу добрите робови Свои!“

Verse 20 — Surah An-Naml 27:20

И Тој изврши смотра на птиците, па рече: „Зошто не го гледам Пупунецот, отсутен ли е

Verse 21 — Surah An-Naml 27:21

Ако не ми донесе разумно оправдување, со тешка казна ќе го казнам или ќе го заколам!“

Verse 22 — Surah An-Naml 27:22

Не помина многу време, а тој дојде, па рече: „Го дознав тоа што ти не го знаеш, од Саба ти носам поверлива вест

Verse 23 — Surah An-Naml 27:23

Видов една жена како владее и дека сè и сешто ѝ е дадено, а има и величествен престол

Verse 24 — Surah An-Naml 27:24

видов дека таа и народот нејзин на Сонцето му се клањаат, а не на Аллах. Шејтанот им ги прикажал убави постапките нивни и од Вистинскиот пат ги одвратил, па тие не знаат да гонајдат Вистинскиот пат

Verse 25 — Surah An-Naml 27:25

за да Му се клањаат на Аллах, Кој го обелоденува тоа што е скриено на небесата и на Земјата и Кој го знае тоа што го криете и тоа што јавно го изнесувате

Verse 26 — Surah An-Naml 27:26

Аллах е, нема друг бог освен Него, Господарот на Аршот величествен

Verse 27 — Surah An-Naml 27:27

„Ќе видиме,“ - рече Сулејман - „дали ја зборуваш вистината или не

Verse 28 — Surah An-Naml 27:28

Однеси го ова мое писмо, па фрли им го, а потоа оддалечи се малку од нив и погледни што ќе ти одоговорат!“

Verse 29 — Surah An-Naml 27:29

„О, големци,“ - рече таа - „мене ми е доставено едно писмо вредно за почит

Verse 30 — Surah An-Naml 27:30

Сигурно е од Сулејман и сигурно е: „Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот

Verse 31 — Surah An-Naml 27:31

Не правете се поголеми од мене, туку дојдете да ми се покорите.“

Verse 32 — Surah An-Naml 27:32

„О, големци,“ - рече таа - „советувајте ме што треба во овој случај да сторам; јас без вас ништо не сакам да одлучам!“

Verse 33 — Surah An-Naml 27:33

„Ние сме многу силни и храбри,“ - рекоа тие - „но ти наредуваш. Па, размисли што ќе наредиш!“

Verse 34 — Surah An-Naml 27:34

„Кога царевите ќе освојат некој град,“ - рече таа - „тие го разоруваат, а неговите угледни жители ги прават понижени; ете, така постапуваат

Verse 35 — Surah An-Naml 27:35

Ќе им испратам еден подарок и ќе видам со што гласниците ќе се вратат.“

Verse 36 — Surah An-Naml 27:36

И кога гласникот излезе пред Сулејман, овој му рече: „Зарем со богатство мене да ме придобиете? Тоа што Аллах мене ми го дал е подобро од тоа што вам ви дал. Вие му се радувате на тоа што ви се дава

Verse 37 — Surah An-Naml 27:37

Врати се кај нив! Ние ќе донесеме војски на кои нема да може да им се спротивстават и ќе ги протераме од Саба понижени и покорени

Verse 38 — Surah An-Naml 27:38

О, големци, кој од вас ќе ми го донесе нејзиниот престол, пред да ми дојдат како муслимани.“

Verse 39 — Surah An-Naml 27:39

„Јас ќе го донесам,“ - рече Ифрит, еден од џинните - „пред да станеш од своето место, јас сум за тоа силен и доверлив“

Verse 40 — Surah An-Naml 27:40

„А јас ќе го донесам“ - рече тој што го имаше знаењето од Книгата - „пред да трепнеш со окото“. И кога Сулејман виде дека престолот е веќе пред него поставен, извика: „Ова е благодат од Господарот мој, Кој ме искушува дали благодарен или неблагодарен ќе бидам. А кој е благодарен – во своја корист е благодарен, а кој е неблагодарен – па Господарот мој е Независен и Благороден

Verse 41 — Surah An-Naml 27:41

„Смени го изгледот на нејзиниот престол да видиме дали ќе го препознае или не!“

Verse 42 — Surah An-Naml 27:42

И кога таа дојде, ѝ беше кажано: „Дали е ваков престолот твој?“ „Како да е тој!“ - извика таа. „А нам пред неа ни беше дадено знаењето, и ние сме муслимани.“

Verse 43 — Surah An-Naml 27:43

А за да не верува исправно, неа ја спречија тие кои таа покрај Аллах ги обожуваше

Verse 44 — Surah An-Naml 27:44

„Влези во дворецот!“ ѝ беше кажано. Кога таа го погледна, помисли дека е длабока вода, па го крена фустанот, разоткривајќи ги своите нозе. „Овој дворец е поплочен со сјајно стакло!“ - рече тој. „Господару мој!“ - извика таа - „Јас си сторив насилство на себеси и во друштво на Сулејман, Му се предавам на Аллах, Господарот на световите!“

Verse 45 — Surah An-Naml 27:45

А на Семуд му го пративме братот негов, Салих: „Само Аллах обожувајте Го!“ – а тие се поделија во две групи кои меѓусебно се препираа

Verse 46 — Surah An-Naml 27:46

„О, народе мој,“ - им говореше тој - „зошто го барате злото, пред доброто? Зошто не барате прошка од Аллах, за да ви се укаже милоста?“

Verse 47 — Surah An-Naml 27:47

„Ние те сметаме тебе и тие што се со тебе за кобен предзнак!“ - рекоа тие. „Вашиот кобен предзнак е кај Аллах,“ - рече тој - „вие сте народ кој е ставен на искушение.“

Verse 48 — Surah An-Naml 27:48

Во градот имаше деветмина кои по земјата, не ред, туку неред правеа

Verse 49 — Surah An-Naml 27:49

„Заколнете се во Аллах,“ - рекоа - „дека во ноќта него и семејството негово ќе го убиеме, а тогаш на неговиот најблизок крвен сродник ќе му кажеме: ,Ние не присуствувавме на убиството на семејството негово, ние, навистина, вистината ја говориме.“

Verse 50 — Surah An-Naml 27:50

И смислуваа сплетки, па и Ние, но тие тоа не го чувствуваа

Verse 51 — Surah An-Naml 27:51

па погледни каква беше последицата на сплеткарењето нивно: ги уништивме сите – и нив и народот нивен

Verse 52 — Surah An-Naml 27:52

Ете ги куќите нивни, пусти се поради неправдата која ја правеа – тоа е навистина поука за народот кој знае

Verse 53 — Surah An-Naml 27:53

а ги спасивме тие штоверуваа икоиод Аллах сеплашеаиод гревовите се чуваа

Verse 54 — Surah An-Naml 27:54

И Лут го пративме, кога му рече на народот свој: „Зошто правите разврат, јавно, едни пред други

Verse 55 — Surah An-Naml 27:55

Зарем, навистина, со страст им приоѓате на мажите, наместо на жените? Вие сте навистина народ кој не знае.“

Verse 56 — Surah An-Naml 27:56

А одговорот на нарадот негов, гласеше: „Избркајте го семејството на Лут од вашиот град, тие се чисти и невини луѓе!“

Verse 57 — Surah An-Naml 27:57

И Ние го спасивме него и семејството негово, сите, освен сопругата негова. Ние одредивме таа да остане со тие кои казната ќе ја искусат

Verse 58 — Surah An-Naml 27:58

и пуштивме врз нив камен дожд, а страшен ли дожд за тие што беа предупредени

Verse 59 — Surah An-Naml 27:59

Кажи: „Благодарноста Му припаѓа на Аллах инека е мир надробовите Негови кои Тој ги одбрал!“ Кој е подобар: Аллах или тие кои Нему Му ги здружуваат

Verse 60 — Surah An-Naml 27:60

Тој Кој небесата и Земјата ги создаде и Кој од небото ви спушта дожд со чија помош Ние даваме да позеленат градините прекрасни, невозможно е вие да направите да израснат дрвјата нивни. Зарем покрај Аллах постои друг бог?! Не постои, но тие се народ кој други со Него изедначуваат

Verse 61 — Surah An-Naml 27:61

Тој Кој Земјата за живеалиште ја направи и низ неа реки спроведе и на неа стабилни планини постави и две мориња прегради. Зарем покрај Аллах постои друг бог?! Не постои, туку повеќето од нив не знаат

Verse 62 — Surah An-Naml 27:62

Тој Кој на човекот кој е во неволја, кога ќе Му се обрати, му се одѕива, и Кој злото го отстранува и Кој на Земјата едни со други ве сменува. Зарем покрај Аллах постои друг бог?! Колку малку размислувате

Verse 63 — Surah An-Naml 27:63

Тој Кој во темнините, на копното и на морето, патот ви го покажува и Кој ветровите како радосна вест пред милоста Своја ги испраќа. Зарем покрај Аллах постои друг бог?! Аллах е високо над тие кои Му ги здружуваат

Verse 64 — Surah An-Naml 27:64

Тој Кој од ништо создава сè, Кој тоа повторно ќе го направи, и Кој снабдувањето од небо и од земјата ви го дава. Зарем покрај Аллах постои друг бог?! Кажи: „Докажете ако ја зборувате вистината!“

Verse 65 — Surah An-Naml 27:65

Кажи: „Никој, освен Аллах, ни на небото ни на Земјата, не го знае гајбот; и тие не знаат кога ќе бидат оживеани.“

Verse 66 — Surah An-Naml 27:66

Зарем тие за оној свет знаат нешто? Ништо! Тие се сомневаат во него, тие се слепи спрема него

Verse 67 — Surah An-Naml 27:67

Неверниците велат: „Зарем кога ќе станаме земја, и ние и предците наши, навистина оживеани ќе бидеме

Verse 68 — Surah An-Naml 27:68

Ова уштеодамна ни севетува, инам ина предците наши, аовасесамо измислици на древните народи

Verse 69 — Surah An-Naml 27:69

Кажи: „Патувајте по светот и видете како завршиле злосторниците!“

Verse 70 — Surah An-Naml 27:70

И не тагувај поради нив и нека не ти биде тешко во душата поради сплетките нивни

Verse 71 — Surah An-Naml 27:71

„Кога, веќе еднаш, ќе се оствари тоа ветување, ако Вистината ја говорите?“ - прашуваат тие

Verse 72 — Surah An-Naml 27:72

Кажи: „Сигурно ќе ве стигне нешто од тоа што го избрзувате!“

Verse 73 — Surah An-Naml 27:73

А Господарот твој е неизмерно добар кон луѓето, но повеќето од нив не се благодарни

Verse 74 — Surah An-Naml 27:74

Господарот твој добро го знае тоа што градите нивни го кријат и тоа што јавно го изнесуваат

Verse 75 — Surah An-Naml 27:75

Нема ништо скриено ни на небото ни на Земјата, а да не е во Книгата јасна

Verse 76 — Surah An-Naml 27:76

Овој Куран на синовите Израилови најмногу им кажува за тоа за што не се согласуваат

Verse 77 — Surah An-Naml 27:77

и тој е, навистина, упатство и милост на верниците

Verse 78 — Surah An-Naml 27:78

Господарот твој по правдата Своја ќе им пресуди; Тој е Силниот и Сезнајниот

Verse 79 — Surah An-Naml 27:79

затоа потпри се на Аллах, затоа што ти, навистина, ја следиш Јасната Вистина

Verse 80 — Surah An-Naml 27:80

Ти не можеш мртвите да ги повикуваш ни глувите да ги довикуваш кога со грбовите ќе се завртат

Verse 81 — Surah An-Naml 27:81

ниту можеш слепите од заблудата нивна да ги одвратиш; можеш само да ги повикаш тие кои во зборовите Наши веруваат. Тие се предани

Verse 82 — Surah An-Naml 27:82

И кога ќе дојде времето тие да бидат казнети, Ние ќе направиме од земјата да излезе едно животно коеќе им каже дека луѓетоводоказите Наши не биле уверени

Verse 83 — Surah An-Naml 27:83

А на Денот кога од секој народ ќе собереме куп од тие што доказите Наши ги негираа – тие ќе бидат собирани па приведувани

Verse 84 — Surah An-Naml 27:84

и кога ќе дојдат, Тој ќе запраша: „Дали вие доказите Мои ги негиравте не размислувајќи за нив, или што правевте?“

Verse 85 — Surah An-Naml 27:85

И нив ќе ги стигне казна затоа што беа насилници, па нема да можат ни збор да изустат

Verse 86 — Surah An-Naml 27:86

Зарем не видоа дека ноќта ја направивме за во неа да одморат, а денот видлив?! Тоа се, навистина, докази за народот кој верува

Verse 87 — Surah An-Naml 27:87

А на Денот кога во рогот ќе се дувне, па смртно ќе се преплашат и тие на небесата и тие на Земјата, освен тие кои Аллах ќе ги поштеди, сите понизно ќе Ми дојдат

Verse 88 — Surah An-Naml 27:88

Ти ги гледаш планините и мислиш дека се неподвижни, а тие се движат192 како што се движат облаците, тоа е дело на Аллах, Кој сè совршено создал; Тој навистина го знае тоа што го правите

Verse 89 — Surah An-Naml 27:89

Тие штоќенаправат добро дело, ќедобијат големанаграда занего иод стравот на Судниот ден ќе бидат поштедени

Verse 90 — Surah An-Naml 27:90

а тие што ќе нанесуваат зло, во Огнот на глава ќе бидат турнати. „Па зарем вие се казнувате, освен за тоа што го правевте?“

Verse 91 — Surah An-Naml 27:91

Јас примив заповед да Го обожувам само Господарот на овој град кој Тој го направи свет – а сè Му припаѓа Нему – и наредено ми е да Му бидам послушен

Verse 92 — Surah An-Naml 27:92

и Куранот да го кажувам; Тој што ќе оди по Вистинскиот пат на Вистинскиот пат е за свое добро, а на тој што е во заблуда, ти кажи му: „Јас само опоменувам.“

Verse 93 — Surah An-Naml 27:93

И кажи: „Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Тој знаците Свои ќе ви ги покаже, па вие ќе ги познаете!“ А Господарот твој не e немарен кон тоа што го правите