Back to Languages

Macedonian - Chapter 31 - Luqman

Translation by Macedonian Scholars — Permalink

Verse 1 — Surah Luqman 31:1

Елиф-лам-мим

Verse 2 — Surah Luqman 31:2

Ова се ајети на мудрата Книга

Verse 3 — Surah Luqman 31:3

упатство и милост за тие што ќе прават добри дела

Verse 4 — Surah Luqman 31:4

на тие кои намазот (молитвата) ќе го извршуваат и зекат ќе даваат и кои во оној свет цврсто ќе веруваат

Verse 5 — Surah Luqman 31:5

таквите се на Упатството од Господарот свој и тие ќе успеат

Verse 6 — Surah Luqman 31:6

Има луѓе кои купуваат залуден говор, за, не знаејќи, од Аллаховиот пат да одвраќаат и за предмет на исмејување да го земаат. Нив ги чека срамно страдање

Verse 7 — Surah Luqman 31:7

Кога на некој од нив ајетите Наши му се кажуваат, тој вообразено главата ја врти, како да не ги чул, како да е глув – затоа навести му понижувачко страдање

Verse 8 — Surah Luqman 31:8

На тие што ќе веруваат и што добри дела ќе прават, навистина им припаѓаат градините на уживањето

Verse 9 — Surah Luqman 31:9

во нив вечно ќе престојуваат – ветувањето Аллахово е вистинито, а Тој е Силен и Мудар

Verse 10 — Surah Luqman 31:10

Небесата кои вие ги гледате без столбови ги создаде, а по Земјата планини неподвижни распореди за да не ве тресе, и по неа животни од сите видови распространи. Ние од небото спуштаме дожд и правиме од него да растат разновидни благородни растенија

Verse 11 — Surah Luqman 31:11

Тоа е Аллаховото создавање; а покажете ми што, освен Него, создале другите? Ништо! Многубошците се во вистинска заблуда

Verse 12 — Surah Luqman 31:12

А Ние на Лукман195 мудрост му даривме: „Биди Му благодарен на Аллах! Кој е благодарен, го прави тоа во своја корист, а кој е неблагодарен – па, Аллах навистина е Независен и за благодарност Достоен.“

Verse 13 — Surah Luqman 31:13

Кога Лукман му рече на синот свој, советувајќи го: „О, синко мој, не сметај други за рамни на Аллах, ширкот (политеизмот) е, навистина, голема неправда.“

Verse 14 — Surah Luqman 31:14

Ние му наредивме на човекот да им биде послушен на родителите свои. Мајката го носи, а нејзиното здравје трпи, и го дои во текот на две години. Биди Ми благодарен Мене и на родителите свои, кај Мене сите ќе се вратат

Verse 15 — Surah Luqman 31:15

А ако те наговараат Мене друг да Ми припишуваш за рамен, за кој ти ништо не знаеш, ти не слушај ги и кон нив, на овој свет, примерно однесувај се, а следи го патот на тој што искрено Ми се обраќа; потоа кај Мене ќе се вратите и Јас ќе ве известам за тоа што го правевте

Verse 16 — Surah Luqman 31:16

„О, синко мој, направеното добро и зло, тешко и колку зрно од синап, било да е во карпата или на небото или во земјата, Аллах на виделина ќе го изнесе, бидејќи Аллах ги знае најскриените нешта, Тој е Сезнајниот

Verse 17 — Surah Luqman 31:17

„О, синко мој, извршувај го намазот (молитвата) и барај да се прават добри дела, а од лошите одвраќај и стрпливо поднесувај го тоа што ќе те снајде - тоа навистина спаѓа во вистинските постапки

Verse 18 — Surah Luqman 31:18

И, одгорделивост, него врти одлуѓето лицето свое инеоди поземјата надмено, бидејќи Аллах не го сака ни горделивиот ни фалбаџијата

Verse 19 — Surah Luqman 31:19

Во одот биди одмерен, а гласот свој намали го; навистина најодвратниот глас е рикањето на магарето!“

Verse 20 — Surah Luqman 31:20

Како не гледате дека Аллах ви овозможил да го користите сето тоа што постои на небесата и на Земјата и дека дарежливо ве опсипува со Својата благодат, и видливата и невидливата? А има луѓе кои расправаат за Аллах без никакво знаење, без никакво упатство и без Книгата што дава светлина

Verse 21 — Surah Luqman 31:21

А кога им се вели: „Следете го тоа што Аллах ви го објавува!“ – одговараат: „Не, ние го следиме тоашто сме гозапомниле од предците наши.“ Зарем и тогаш кога шејтанот ги повикува на страдање во Огнот распламтен

Verse 22 — Surah Luqman 31:22

Тој што сосема ќе Му се предаде на Аллах, а и прави добри дела, се фатил за најцврстата врска. На Аллах Му припаѓа крајниот исход на работите

Verse 23 — Surah Luqman 31:23

А тој што не верува, па, нека не те загрижува неверувањето негово. Нам сите ќе ни се вратат и Ние ќе ги известиме за тоа што го правеле; На Аллах, навистина, Му се познати мислите сечии

Verse 24 — Surah Luqman 31:24

Ние им даваме краткотрајно да уживаат, а потоа ќе ги втурнеме во неиздржливо страдање

Verse 25 — Surah Luqman 31:25

А да ги запрашаш: „Кој ги создаде небесата и Земјата?“ – сигурно ќе кажат: „Аллах!“ – а ти кажи: „Фален нека е Аллах!“ – само што мноштвото од нив не знае

Verse 26 — Surah Luqman 31:26

Аллахово е сè што е на небесата и на Земјата! Аллах навистина е Независен и за благодарност Достоен

Verse 27 — Surah Luqman 31:27

Да се сите стебла на Земјата пера, а морето мастило, со помош на уште седум мориња, не би завршиле Аллаховите зборови; Аллах е навистина Силен и Мудар

Verse 28 — Surah Luqman 31:28

Создавањетонаситевасивашетооживување,истоекакосоздавањето и оживувањето на еден човек; Аллах, навистина, сè слуша и сè гледа

Verse 29 — Surah Luqman 31:29

Зарем не гледаш дека Аллах ја воведува ноќта во денот и го воведува денот во ноќта, и дека ги потчинил Сонцето и Месечината - секој се движи до одреден рок - и Аллах добро го знае тоа што го правите

Verse 30 — Surah Luqman 31:30

Тоа е затоа што Аллах е Вистина, а оние на кои тие, покрај Него, им се молат, се невистина, и затоа што Аллах е Возвишен и Голем

Verse 31 — Surah Luqman 31:31

Зарем не гледаш дека бродовите со Аллаховата милост по морето пловат за да ви покаже некои од доказите Свои? Тоа се, навистина, поуки за сите стрпливи и благодарни

Verse 32 — Surah Luqman 31:32

А кога бран, како облак, ќе ги прекрие, Му се молат на Аллах искрено верата исповедајќи Му ја; а штом Тој до копно ги донесе, еден дел од нив умерено се држи. А доказите Наши само предавникот, неблагодарниот ги негира

Verse 33 — Surah Luqman 31:33

О, луѓе, плашете се од Господарот свој и стравувајте од Денот кога родителот на детето свое нема да може ни малку да му помогне, ниту пак детето ќе може на својот родител барем малку да му помогне! Аллаховата закана е вистинита, па никако нека не ве залажува животот на овој свет и шејтанот нека не ве заведе од Аллах

Verse 34 — Surah Luqman 31:34

Само Аллах знае кога Крајот на светот ќе настапи, само Тој го спушта дождот и само Тој знае што е во матките, а човекот не знае што ќе заработи утреичовекот не знае вокоја земја ќеумре; Аллах навистина сè знае и за сè е известен