Back to Languages

Macedonian - Chapter 34 - Saba

Translation by Macedonian Scholars — Permalink

Verse 1 — Surah Saba 34:1

Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Чие е сето тоа на небесата и сето тоа на Земјата! Благодарноста Му припаѓа и на оној свет! Тој е Мудар и Сезнаен

Verse 2 — Surah Saba 34:2

Тој знае што влегува во земјата, а што излегува од неа, и што се спушта од небото, а што на него се искачува; Тој е Милостив и Простувач

Verse 3 — Surah Saba 34:3

А неверниците велат: „Часот на оживувањето нема да ни дојде!“ Кажи: „Ќе дојде, секолнам во Господарот мој, Кој го знае итоаштое скриено, сигурно ќе ви дојде.“ – Нему не може ништо, ниту колку една ронка, ни на небесата ни на Земјата да Му избега, и не постои ништо, ни помало ни поголемо од тоа што не е во јасната Книга

Verse 4 — Surah Saba 34:4

да ги награди тие што веруваат и што прават добри дела, нив ги чека прошка и благородно снабдување

Verse 5 — Surah Saba 34:5

а да ги казни со најболно страдање тие кои против доказите Наши се борат, одвраќајќи од нив

Verse 6 — Surah Saba 34:6

На тие на кои им е дадено знаење гледаат дека тоа што ти се објавува од Господарот твој е вистина и дека води на Патот на Силниот и Благодарниот

Verse 7 — Surah Saba 34:7

додека тие што не веруваат велат: „Сакате ли да ви го покажеме човекот кој ве известува дека, когасосемаќесераспаднете, навистина, повторно создадени ќе бидете

Verse 8 — Surah Saba 34:8

Изнесува ли тој лаги за Аллах или е луд?“ Ниту едното ниту другото, туку тие што не сакаат да веруваат во оној свет на мака ќе бидат и во голема заблуда се

Verse 9 — Surah Saba 34:9

Каконе ги гледаат неботои Земјата, тоаштое пред нив итоаштоепод нив?! Кога би сакале, во земја би ги втерале, или парчиња небо на нив би срушиле. Тоа е, навистина, поука за секој роб кој се кае

Verse 10 — Surah Saba 34:10

Ние на Давуд Нашата благодат му ја укажавме: „О, планини и вие птици, повторувајте ја заедно со него благодарноста!“ – и железото му го омекнавме

Verse 11 — Surah Saba 34:11

Прави широки панцири и умерен биди во врзувањето на алките, чесно плети ги и чинете добро, бидејќи Јас гледам што правите вие

Verse 12 — Surah Saba 34:12

А на Сулејман – ветрот (му го потчинивме), наутро преминуваше растојание од еден месец и навечер растојание од еден месец; и сторивме од изворите растопен бакар да му тече и џинните, по волја на Неговиот Господар, пред него да работат; а кога некој од нив би откажал послушност на наредба Наша, ќе сторевме огнено страдање да почувствува

Verse 13 — Surah Saba 34:13

Тие му изработуваа што и да посакаше; храмови и споменици, и садови како цистерни и котли неподвижни. „Работете и бидете благодарни, о Давудови чеда!“ – А малкумина се благодарни меѓу робовите Мои

Verse 14 — Surah Saba 34:14

А кога одредивме да умре, црвот кој го беше изгризал стапот негов – ги предупреди дека умрел, и кога тој падна, џинните сфатија дека не би биле во срамна мака доколку го знаеа гајбот (невидливото)

Verse 15 — Surah Saba 34:15

Жителите на Саба имаа доказ во местото во коешто живееја: две градини, оддесно и одлево. „Јадете од снабдувањето на Господарот свој и бидете Му благодарни; ова е убав крај и ова е Господарот Кој многу простува!“

Verse 16 — Surah Saba 34:16

Но тие станаа неблагодарни, па на нив поплава пуштивме и им ги заменивме градините нивни со други градини со горчливи плодови и со тамариск и со малку див лотус

Verse 17 — Surah Saba 34:17

Ги казнивме така затоа што беа неблагодарни, а дали ние казнуваме некој друг освен неверникот, неблагодарникот

Verse 18 — Surah Saba 34:18

А меѓу нив и градовите кои ги благословивме изградивме видливи населби и им ја одредивме потребната оддалеченост. „Патувајте низ нив, и ноќе и дење, безбедни!“

Verse 19 — Surah Saba 34:19

Но тие рекоа: „Господару наш, направи го растојанието поголемо при патувањата наши!“ – и си сторија насилство кон себеси, и Ние сторивме само за нив да се раскажува, а нив ги раселивме. Во тоа навистина има знаци за секој стрплив и благодарен

Verse 20 — Surah Saba 34:20

А Иблис се увери дека за нив исправно мислеше, и тие го следеа него, освен неколкумина верници

Verse 21 — Surah Saba 34:21

над кои никаква власт немаше; Ние сакавме да укажеме на тој што верува во оној свет, а кој во него се сомнева. – А Господарот твој е Заштитник на сè

Verse 22 — Surah Saba 34:22

Кажи: „Викнете ги тие кои, покрај Аллах, за богови ги сметате. Тие ништо не поседуваат, ни колку една ронка, ни на небесата ни на Земјата; тие во нив немаат никаков удел и Тој нема од нив никаква помош.“

Verse 23 — Surah Saba 34:23

КајНегоќеможедасезаземазанекогосамотојкомуТојќемудопушти. И кога од срцата нивни стравот ќе исчезне, тие ќе запрашаат: „Што рече Господарот ваш?“ – „Вистината!“ – ќе одговорат, Тој е Возвишен и Голем

Verse 24 — Surah Saba 34:24

Прашај: „Кој ве снабдува и од небо и од земја?“ и одговори: „Аллах! Дали сме тогаш ние или вие на Вистинскиот пат, или во очигледна заблуда?“

Verse 25 — Surah Saba 34:25

Кажи: „Вие нема да одговарате за гревовите кои ние ќе ги направиме, ниту ние ќе одговараме за тоа што вие ќе го направите.“

Verse 26 — Surah Saba 34:26

Кажи: „Господарот наш ќе нè собере и тогаш праведно ќе ни пресуди, Тој е Праведниот Судија, Сезнајниот.“

Verse 27 — Surah Saba 34:27

Кажи: „Покажете ми ги тие кои Нему Му ги сметате за еднакви!“ Ги нема; постои само Аллах, Силниот и Мудриот

Verse 28 — Surah Saba 34:28

Ние те пративме на целото човештво, радосни вести да им носиш и да ги опоменуваш, но повеќето луѓе не знаат

Verse 29 — Surah Saba 34:29

и велат: „Кога веќе ќе биде тоа ветување, ако вистината ја зборувате?“

Verse 30 — Surah Saba 34:30

Кажи: „Денот ви е веќе одреден, не можете ниту за еден миг да го одложите или да го забрзате.“

Verse 31 — Surah Saba 34:31

А тие што не веруваат велат: „Ние нема да веруваме во овој Куран ниту во Книгите пред него!“ А кога само би видел кога силниците пред Господарот свој ќе бидат задржани и кога ќе почнат меѓусебно да разговараат: „Да не бевте вие, ние сигурно ќе бевме верници.“ – ќе им речат тие што беа угнетени на тие што беа вообразени

Verse 32 — Surah Saba 34:32

„А зарем ние од упатството ве одвративме откако на него ви беше укажано? Не, самите си бевте злосторници.“ – ќе им речат вообразените на угнетените

Verse 33 — Surah Saba 34:33

„Не беше така,“ – ќе им одговорат угнетуваните на вообразените – „туку дење и ноќе интриги подготвувавте кога од нас баравте да не веруваме во Аллах и други за еднакви да Му сметаме.“ И сите ќе ја прикријат тагата кога ќе ја видат казната, а Ние на вратовите на неверниците синџири ќе им ставиме; зарем ќе бидат казнети поинаку освен според тоа што го правеа

Verse 34 — Surah Saba 34:34

Ние во ниту една населба опоменувач не пративме, а да не рекоа тие кои на раскошен живот беа навикнати: „Ние не веруваме во тоа што е испратено по вас!“

Verse 35 — Surah Saba 34:35

и да не говореа: „Имаме повеќе богатство и деца; ние нема да бидеме казнети!“

Verse 36 — Surah Saba 34:36

Кажи: „Господарот мој му дава обилно снабдување на тој што сака, но и скусува, но, повеќето луѓе не знаат

Verse 37 — Surah Saba 34:37

Ниту богатствата ваши, ниту децата ваши ќе ве направат блиски до Нас; само тие што ќе веруваат и што ќе прават добри дела ги очекува повеќекратна награда за тоа што го работеле, и тие во високите одаи ќе бидат безбедни

Verse 38 — Surah Saba 34:38

А тие што ќе се трудат на доказите Наши да им се спротивстават, одвраќајќи од нив, тие ќе бидат казнети.“

Verse 39 — Surah Saba 34:39

Кажи: „Господарот мој дава обилно надоместување кому сака од робовите Свои, а кому сака ускратува; што и да дадете, Тој тоа ќе го надокнади, Тој најдобро снабдува.“

Verse 40 — Surah Saba 34:40

А на Денот кога сите ќе ги собере, па мелеците ќе ги запраша: „Дали овие вас ве обожуваа?“

Verse 41 — Surah Saba 34:41

тие ќе одговорат: „Возвишен нека си, Ти си Господарот наш, а не тие! Тие џинните ги обожуваа и повеќето од нив веруваа во нив.“

Verse 42 — Surah Saba 34:42

Тој Ден едни на други нема да можете ниту да си користите, ниту да си наштетите, а Ние на тие кои кон себе се огрешија ќе им кажеме: „Вкусете го страдањето во Огнот кој го негирате!“

Verse 43 — Surah Saba 34:43

Кога Нашите јасни ајети им се кажуваат, тие велат: „Овој човек само сака да ве одврати од тоа што вашите предци го обожуваа“, и говорат: „Ова не е ништо друго, туку измислена лага!“ А тие што не веруваат кога им доаѓа Вистината зборуваат: „Ова не е ништо друго туку јасна магија!“

Verse 44 — Surah Saba 34:44

А Ние не им дадовме никакви книги за да ги изучуваат, и Ние, пред тебе, не пративме некој кој би ги опоменувал

Verse 45 — Surah Saba 34:45

Аи тие пред нив Пратениците залажни ги сметаа, аовие непостигнаа ни десетина од тоа што на тие им го дадовме, па сепак Пратениците Мои за лажни ги сметаа, и каква само беше казната Моја

Verse 46 — Surah Saba 34:46

Кажи: „Јас ви советувам само едно: станете искрено кон Аллах, двајца по двајца, или еден по еден, па потоа размислете дека другарот ваш не е опседнат. Тој само ве опоменува пред тешкото страдање.“

Verse 47 — Surah Saba 34:47

Кажи: „Каква било награда да побарам од вас, нека ви остане вам, мене Аллах ќе ме награди, Тој е сведок за сè.“

Verse 48 — Surah Saba 34:48

Кажи: „Господарот мој ја праќа Вистината, Тој е Познавач на скриените нешта.“

Verse 49 — Surah Saba 34:49

Кажи: „Дојде Вистината, а лагите исчезнаа!“

Verse 50 — Surah Saba 34:50

Кажи: „Ако заталкам, ќе заталкам на своја штета, а ако сум на Вистинскиот пат, тоа е поради тоа што Господарот мој ми го објавува; Тој, навистина, сè слуша и блиску е.“

Verse 51 — Surah Saba 34:51

А само да ги видиш кога страв ќе ги зафати – нема да можат да избегаат; одблизу ќе бидат зграпчени

Verse 52 — Surah Saba 34:52

и кога ќе кажат: „Веруваме во Вистината!“ А од каква корист ќе им биде кога животот на Земјата беше и помина

Verse 53 — Surah Saba 34:53

Тие претходно не веруваа во неа, го зборуваа тоа што не е познато, што е далеку од Вистината

Verse 54 — Surah Saba 34:54

и помеѓу нив и тоа што ќе го сакаат ќе биде поставена препрека како што претходно беше направено со на нив сличните, бидејќи сите тие, навистина, многу се сомневаа