Back to Languages

Macedonian - Chapter 4 - An-Nisa

Translation by Macedonian Scholars — Permalink

Verse 1 — Surah An-Nisa 4:1

О, луѓе плашете се од Господарот свој, Кој од еден човек ве создаде, од кого жената како пар негов ја создаде, а од нив двајца многу мажи и жени расеа! Плашете се од Аллах, со Чие име едни со други се замолувате и роднинските врски чувајте ги! Аллах, навистина, бдее над вас

Verse 2 — Surah An-Nisa 4:2

И на сирачињата имотите нивни дајте им ги, лошото како добро не подметнувајте им го и имотите нивни со имотите ваши не трошете ги, бидејќи тоа, навистина, е голем престап

Verse 3 — Surah An-Nisa 4:3

Ако се плашите дека нема да бидете праведни кон сирачките, тогаш женете се со жените што ви се дозволени, со по две, со по три, и со по четири! А ако се плашите дека нема да бидете праведни, тогаш само со една, или со тие што се во ваша сопственост! Така најлесно ќе се сочувате од неправдата

Verse 4 — Surah An-Nisa 4:4

И со драго срце, на сопругите венчалните дарови дајте им ги; па ако тие по своја волја ви подарат нешто од тоа, во тоа со пријатност и угодност уживајте

Verse 5 — Surah An-Nisa 4:5

И на малоумните не им го давајте имотот кој Аллах ви го доверил на управување, туку со него хранете ги и облекувајте ги, и убави зборови зборувајте им

Verse 6 — Surah An-Nisa 4:6

И проверувајте ги сирачињата сè додека не стасаат за брак, а ако се уверите дека се зрели, тогаш, врачете им ги имотите нивни! И не трошете ги расипнички и во брзање, додека не пораснат! Кој е богат нека се воздржи, а кој е сиромашен нека троши толку колку што е неопходно. А кога ќе им ги врачувате имотите нивни, сторете го тоа во присуство на сведоци, бидејќи доста е тоа што ќе полагате сметка пред Аллах

Verse 7 — Surah An-Nisa 4:7

На мажите им припаѓа дел од тоа што го оставиле родителите и роднините, и на жените им припаѓа дел од тоа што го оставиле родителите и роднините. Било да е многу или малку, делот е пропишан

Verse 8 — Surah An-Nisa 4:8

А ако при распределбата присуствуваат роднини, сираци и сиромашни, снабдете ги од тоа и убав збор кажете им

Verse 9 — Surah An-Nisa 4:9

И нека се плашат, како кога самите зад себе би оставиле нејаки деца за кои стравуваат, а од Аллах нека се плашат и нека ја зборуваат само вистината

Verse 10 — Surah An-Nisa 4:10

Навистина, тие што неправедно ги трошат имотите на сираците, во своите стомаци ставаат оган и тие во огнот ќе горат

Verse 11 — Surah An-Nisa 4:11

Аллах во врска со вашите деца ви налага на машкото да му припадне колку и на две женски деца.84 А ако има повеќе од две женски, на нив им припаѓаат две третини одтоаштогооставил, аакоесамо една, нејзе ѝ припаѓа половина. А на родителите, на секој посебно му припаѓа шестина од тоа што го оставил, ако има дете. А ако нема дете, а го наследат само родителите, тогаш на неговата мајка ѝ припаѓа третина. А ако има браќа, тогаш на неговата мајка ѝ припаѓа шестина откако ќе се изврши пораката која ја оставил или откако ќе се подмири долгот. Вие не знаете кој ви е поблизок според користа, родителите ваши или синовите ваши. Тоа е Аллахова заповед! А Аллах, навистина, сè знае и Мудар е

Verse 12 — Surah An-Nisa 4:12

А вам ви припаѓа половина од тоа што ќе го остават сопругите ваши, ако немаат дете; а ако имаат дете, тогаш ви припаѓа четвртина од тоа што го оставиле откако ќе се изврши пораката која ја оставиле или откако ќе се подмири долгот. А ним им припаѓа четвртина од тоа што вие ќе го оставите, ако немате дете; а ако имате дете, ним им припаѓа осмина од тоа што сте го оставиле откако ќе се изврши пораката која ќе ја оставите или откако ќе се подмири долгот. А ако мажот или жената немаат ни родители ни дете, а имаат брат или сестра, тогаш секој од нив двајца ќе добие шестина; а ако бидат повеќе, тогаш заеднички ќе учествуваат во третината откако ќе се изврши пораката која е оставена или откако ќе се подмири долгот, не оштетувајќи никого со тоа. Тоа е порака од Аллах! А Аллах сè знае и Благ е

Verse 13 — Surah An-Nisa 4:13

Тоа се Аллаховите прописи, тој што им се покорува на Аллах и на Неговиот Пратеникот, Тој ќе го воведе во џеннетските градини, под кои реки течат и во кои вечно ќе остане. Тоа е голем успех

Verse 14 — Surah An-Nisa 4:14

А тој што нема да им биде покорен на Аллах и на Неговиот Пратеник, и што преку границите Негови ќе преминува, Тој ќе го фрли во Огнот во кој вечно ќе остане. Нему му припаѓа срамна казна

Verse 15 — Surah An-Nisa 4:15

Кога некоја од сопругите ваши ќе стори прељуба, побарајте против нив тоа да го посведочат четворица од вас, па ако посведочат, држете ги во куќите сè додека смртта не ги стигне или додека Аллах не им најде некој пат

Verse 16 — Surah An-Nisa 4:16

А ако, пак, двајцата тоа го направат, тогаш, прекорете ги, а ако се покајат и ако се поправат, тогаш, оставете ги на мира, бидејќи Аллах, навистина, ги прима покајанијата и Милостив е

Verse 17 — Surah An-Nisa 4:17

Аллах го прима покајанието само од тие што кога ќе сторат некое лошо дело од незнаење, а веднаш потоа ќе се покајат. На нив Аллах ќе им прости, а Аллах сè добро знае и Мудар е

Verse 18 — Surah An-Nisa 4:18

Залудно им е покајанието на тие коишто прават лоши дела сè додека не им се приближи смртта, па тогаш велат: „Сега навистина се каам!“, ниту пак за тие што ќе умрат како неверници. На нив болна казна им подготвивме

Verse 19 — Surah An-Nisa 4:19

О, верници, забрането ви е сопругите да ги наследувате (како предмети) без нивна желба и да им причинувате тешкотии со намера од нештата што им ги дарувавте за себе да си присвоите освен доколку сторат јасен грев. Со нив убаво живејте! А ако почувствувате непожелност кон нив, можно е да не сакате нешто во коешто Аллах дал големо добро

Verse 20 — Surah An-Nisa 4:20

Ако сакате едната сопруга да ја замeните со друга, и на едната од нив сте ѝ дале богати дарови, неземајте ништо одтоа. Зарем тоасоклевета да го земете и да направите очигледен грев

Verse 21 — Surah An-Nisa 4:21

Како би можеле тоа да ѝ го одземете, кога еден со друг сте биле интимни и кога тие од вас цврста обврска зеле

Verse 22 — Surah An-Nisa 4:22

И не женете се со жените со кои се женеле вашите татковци после тоа што било; тоа би бил разврат, гнасен и лош пат

Verse 23 — Surah An-Nisa 4:23

Ви се забрануваат: мајките ваши, и ќерките ваши, и сестрите ваши, исестрите на татковците ваши, и сестрите на мајките ваши, и ќерките од браќата ваши и од сестрите ваши, и помајките ваши што ве доеле, и сестрите ваши по млеко, и мајките на жените ваши, и паштерките ваши коисеподвашазакрила оджените ваши сокоисте имале брачни односи, - но ако со нив не сте имале брачни односи, тогаш не правите грев! - и жените на вашите родени синови, и две сестри одеднаш да ожените, освен тоашто било претходно! Аллах навистина простува и Милостив е

Verse 24 — Surah An-Nisa 4:24

И мажените жени, освен тие што ќе ги заробите, што ви е Аллахов пропис! А останатите ви се дозволени, ако сакате венчални дарови да им дадете и со нив да се ожените, а не да правите блуд! А на сопругите ваши, сокоисте имале брачни односи, дадете им ги нивните венчални дарови како што е пропишано. И не правите грев ако за одреден венчален дар, со нив се нагодите. Аллах, навистина, сè знае и Мудар е

Verse 25 — Surah An-Nisa 4:25

А тој меѓу вас кој не е доволно богат да се ожени со слободна верничка – ете му ги тие во ваша сопственост, робинките ваши, вернички - а Аллах најдобро знае какво е верувањето ваше - едни од други сте. И женете се со нив со согласност на сопственикот нивен, и дајте им ги венчалните дарови како што е вообичаено, ако се чедни, а ако не се прељубнички, ниту тајни љубовнички. А ако тие како мажени сторат блуд, нека бидат казнети со половична казна пропишана за слободните жени. Тоа е за тој од вас што се плаши од блуд, а подобро ви е да се воздржите, бидејќи Аллах простува и Милостив е

Verse 26 — Surah An-Nisa 4:26

Аллах сака да ви објасни и да ве упати на патиштата по кои одеа тие пред вас и да ви прости. А Аллах сè добро знае и Мудар е

Verse 27 — Surah An-Nisa 4:27

Аллах сака да ви прости, а тие кои по страстите свои се водат сакаат далеку од Вистинскиот пат да скршнете

Verse 28 — Surah An-Nisa 4:28

Аллах сака да ви олесни, а човекот е создаден како слабо суштество

Verse 29 — Surah An-Nisa 4:29

О, верници, едни од други на недозволен начин имотите не присвојувајте ги, освен со трговија и со взаемна согласност, и самите себеси не се убивајте! Аллах е навистина Милостив кон вас

Verse 30 — Surah An-Nisa 4:30

Тој што тоа неправично и насилно ќе го стори, Ние во Огнот ќе го фрлиме, бидејќи тоа за Аллах е лесно

Verse 31 — Surah An-Nisa 4:31

Ако ги избегнувате големите гревови кои ви се забранети, Ние ќе ги покриеме вашите лоши дела и ќе ве воведеме во прекрасно место

Verse 32 — Surah An-Nisa 4:32

И не го посакувајте тоа со што Аллах некои од вас ги одликувал над останатите: на мажите им припаѓа награда за тоа што ќе го сторат, а на жените награда за тоа што тие ќе го сторат. И молете Го Аллах за Неговото изобилство! Аллах, навистина, сè добро знае

Verse 33 — Surah An-Nisa 4:33

За сè сме одредиле наследници засетотоаштоќегооставатродителите и роднините. На тие со кои сте врзани со договор, дајте им го нивниот дел! Аллах е навистина сведок на сè

Verse 34 — Surah An-Nisa 4:34

Мажите се надредени над жените затоа што Аллах ги одликувал едните над другите и затоа што тие ги трошат имотите свои. Поради тоа честитите жени се послушни и за време на отсуството на сопругот го чуваат тоа што Аллах одредил да се чува. Тие за чијашто непослушност се плашите, посоветувајте ги, а потоа напуштете ги постелите нивни, па и удрете ги! Ако ви станат послушни, против нив ништо не правете! Аллах е навистина Возвишен и Голем

Verse 35 — Surah An-Nisa 4:35

А ако се плашите од раздор помеѓу нив двајца, тогаш испратете еден посредник од неговото, а еден посредник од нејзиното семејство. Ако тие сакаат помирување, Аллах ќе ги смири, бидејќи Аллах знае сè и е известен за сè

Verse 36 — Surah An-Nisa 4:36

И обожувајте Го Аллах и ништо не Му здружувајте! А на родителите праветеимдобро,инароднините,инасирачињата,инасиромашните, и на блискиот сосед и на далечниот сосед, и на пријателот, и на патникот, и на тој што е во ваша сопственост! Аллах, навистина, не ги сака горделивите и фалбаџиите

Verse 37 — Surah An-Nisa 4:37

Тоа се тие коисе скржави и им заповедаат на другите да бидат скржави и кои го кријат тоа што Аллах од изобилството Свое им го дарил, а Ние на неверниците им подготвивме срамна казна

Verse 38 — Surah An-Nisa 4:38

И тие што ги трошат имотите свои за да се покажат пред луѓето, а во Аллах во оној свет не веруваат! А на кого шејтанот му е пријател, тој му е лош пријател

Verse 39 — Surah An-Nisa 4:39

А што ќе им биде ако во Аллах и во Судниот ден веруваат и ако од тоа што Аллах им го дал даваат, кога Аллах за нив знае сè

Verse 40 — Surah An-Nisa 4:40

Аллах нема ни тронка неправда да стори. Тој доброто дело ќе го умножи и уште од Себе голема награда ќе даде

Verse 41 — Surah An-Nisa 4:41

А што ќе биде, кога од секој народ ќе доведеме сведок, а тебе ќе те доведеме како сведок против овие народи

Verse 42 — Surah An-Nisa 4:42

На тој ден тие што не веруваа и што против Пратеникот се креваа, ќе посакаат земјата над нив да е порамнета, а од Аллах нема да можат ниту еден збор да сокријат

Verse 43 — Surah An-Nisa 4:43

О, верници, не пристапувајте на намаз (молитва) пијани сè додека не бидете свесни што изговарате, ниту кога сте џунуб86, освен ако сте на поминување87, сè додека не се искапете. А ако сте болни, или сте на пат, или после извршена физиолошка потреба, или ако сте биле во допир со жените88, а не најдете вода, тогаш со дланките чистата земја допрете ја и лицата ваши и рацете ваши допрете ги.89 Аллах, навистина, поминува преку гревовите и простува

Verse 44 — Surah An-Nisa 4:44

Зарем не гледаш како тие на кои им е даден дел од Книгата ја купуваат заблудата и сакаат и вие од Вистинскиот пат да скршнете

Verse 45 — Surah An-Nisa 4:45

Аллах најдобро ги познава вашите непријатели; Аллах е доволен Заштитник и Аллах е доволен Помагач

Verse 46 — Surah An-Nisa 4:46

Од евреите има такви кои ја извртуваат смислата на зборовите велејќи: „Слушаме, но не се покоруваме!“ и „Слушај, да не те чуеме!“ и„Раина“, превртувајќи со јазиците свои и хулејќи ја верата! А да кажат: „Слушаме и се покоруваме!“ и „Слушај!“ и „Погледни нè!“ – за нив би било подобро и поисправно! Но, поради неверувањето нивно Аллах ги проколна и малку кој од нив веруваат

Verse 47 — Surah An-Nisa 4:47

О, вие накои ви е дадена Книгата, поверувајте вооваштогообјавуваме потврдувајќи го тоа што веќе го имате, пред да ги избришеме цртите на лицето и пред да ги вратиме назад, или пред да ги проколнеме како што ги проколнавме тие кои не ја почитуваа саботата. А Аллаховата заповед мора да се изврши

Verse 48 — Surah An-Nisa 4:48

Аллах нема да прости ако нешто Му се здружува, а ќе прости сè освен тоа кому Тој сака! А тој што на Аллах Му припишува здруженик, тој прави клевета и голем грев

Verse 49 — Surah An-Nisa 4:49

Зарем не ги гледаш тие кои се сметаат себеси за чисти од гревови? Меѓутоа, Аллах чисти од гревови кого сака и никому нема, ни колку една тронка, неправда да му се направи

Verse 50 — Surah An-Nisa 4:50

Погледни како измислуваат лага за Аллах! А тоа за Аллах е доволно како јасен грев

Verse 51 — Surah An-Nisa 4:51

Зарем не гледаш како оние на кои им е даден еден дел од Книгата во киповите и во тагутот веруваат, а за незнабошците велат: „Тие се на поисправниот пат од верниците“

Verse 52 — Surah An-Nisa 4:52

Нив Аллах ги проколнал, а на тој кого Аллах го проколнал нема да му најдеш никој кој би му помогнал

Verse 53 — Surah An-Nisa 4:53

Кога тие би имале каков било удел во власта, на луѓето ништо не би им дале

Verse 54 — Surah An-Nisa 4:54

или би им завидувале на луѓето на кои Аллах од изобилието Свое им дарил. А Ние на Ибрахимовите потомци Книга и мудрост им дадовме, и голема власт им подаривме

Verse 55 — Surah An-Nisa 4:55

Па имаше од тие што веруваа, а имаше и такви што од тоа одвраќаа! А џехеннемот им е доволен како оган вжарен

Verse 56 — Surah An-Nisa 4:56

Тие што не веруваат во Доказите Наши Ние, сигурно, во оган ќе ги фрлиме, па кога кожите ќе им се испечат, ќе им ги замениме со други кожи, за да ја осетат вистинската казна! А Аллах е Силниот и Мудриот

Verse 57 — Surah An-Nisa 4:57

А тие што веруваат и што прават добри дела, Ние ќе ги воведеме во џеннетските градини под кои реки течат. Таму вечно ќе останат и во нив чисти жени ќе имаат, и во дебела ладовина ќе ги внесеме

Verse 58 — Surah An-Nisa 4:58

Аллах ви наредува доверливите работи да им ги давате на тие што се достојни за нив, а кога на луѓето им судите - праведно да судите. Аллаховиот совет навистина е прекрасен и Аллах навистина сè слуша и сè гледа

Verse 59 — Surah An-Nisa 4:59

О, верници, покорувајте Му се на Аллах и покорувајте му се на Пратеникот и на вашите претпоставени. А ако не се сложувате во нешто, обратете им се на Аллах и на Пратеникот, ако верувате во Аллах и во оној свет! Тоа е подобро и последиците се поубави

Verse 60 — Surah An-Nisa 4:60

Зарем не ги гледаш тие што тврдат дека веруваат во тоа што ти се објавува тебе и во тоа што е објавено пред тебе, како сакаат пред тагутот да им се суди, иако им е наредено да не веруваат во него? А шејтанот сака само во голема заблуда да ги наведе

Verse 61 — Surah An-Nisa 4:61

И кога ќе им се каже: „Прифатете го тоа што Аллах ви го објавува и прифатете го Пратеникот!“ - ги гледаш лицемерите како од тебе сосема се свртуваат

Verse 62 — Surah An-Nisa 4:62

А што ли ќе биде кога ќе ги погоди некаква неволја поради делата на рацете нивни, па ќе ти дојдат колнејќи се во Аллах: „Ние само сакавме да сториме добрина и среќа.“

Verse 63 — Surah An-Nisa 4:63

Аллах добро знае што има во срцата нивни, затоа ти не осврнувај се на нивните зборови и советувај ги, и кажи им го тоа што ќе ги трогне

Verse 64 — Surah An-Nisa 4:64

А Ние ниту еден Пратеник неиспративме, освен за да мусепокорувате со Аллаховото одобрение. А да ти дојдат когасамите себеси насилство ќе си сторат и да Го замолат Аллах да им прости, па и Пратеникот да замоли за нив, ќе видат дека Аллах, навистина, го прима покајанието и дека е Милостив

Verse 65 — Surah An-Nisa 4:65

И се колнам во Господарот твој, тие нема да бидат верници сè додека во меѓусебните спорови за судија тебе не те прифатат, а потоа во душите свои ни малку тешкотија да не почувствуваат за тоа што си го одредил и додека сосема не се покорат

Verse 66 — Surah An-Nisa 4:66

А да им пропишавме Ние: „Самите себеси убивајте се!“ или „Иселете се од родните места!“, малкумина од нив би го сториле тоа! А кога би постапиле така како што им се советува, би им било подобро и би биле поцврсти во верата

Verse 67 — Surah An-Nisa 4:67

И тогаш Ние, сигурно, голема награда би им дале

Verse 68 — Surah An-Nisa 4:68

и на Вистинскиот пат би ги упатиле

Verse 69 — Surah An-Nisa 4:69

Тие што им се покорни на Аллах и на Пратеникот, ќе бидат во друштвото на веровесниците, праведниците, шехидите и добрите луѓе, на кои Аллах Својата милост им ја дарил. А тоа е прекрасно друштво

Verse 70 — Surah An-Nisa 4:70

Таа благодат е од Аллах, а доволно е тоа што Аллах сè знае

Verse 71 — Surah An-Nisa 4:71

О, верници, бидете внимателни и во борба одете во групи или сите одеднаш

Verse 72 — Surah An-Nisa 4:72

Меѓу вас има и такви кои сигурно ќе се колебаат, и кои, ако ве погоди некаква неволја, ќе кажат: „Аллах милоста Своја ми ја укажал што не бев со нив!“

Verse 73 — Surah An-Nisa 4:73

А ако ви се случи добро од Аллах, тој сигурно, како меѓу вас и него да немало никакво пријателство, ќе рече: „Камо среќа да бев со нив, голем плен ќе добиев!“

Verse 74 — Surah An-Nisa 4:74

Па затоа на Аллаховиот пат нека се борат верниците против тие што животот на овој свет го купуваат за оној свет, бидејќи кој ќе се бори на Аллаховиот пат, па макар да загине или победи, Ние сигурно со голема награда ќе го наградиме

Verse 75 — Surah An-Nisa 4:75

Што ви е, зошто не се борите на Аллаховиот пат за немоќните, мажите, жените и децата кои велат: „Господару наш, избави нè од овој град чиишто жители се насилници, одреди ни од Тебе заштитник и дај ни од Тебе помагач!“

Verse 76 — Surah An-Nisa 4:76

Верниците се борат на Аллаховиот пат, а неверниците на патот на тагутот. Затоа борете се против шејтановите штитеници, бидејќи шејтановото лукавство е навистина слабо

Verse 77 — Surah An-Nisa 4:77

Зарем не ги виде тие на коишто им беше речено: „Подалеку од борба, туку намаз (молитва) извршувајте и зекат давајте!“ А кога им се пропиша борба,90 одеднаш некои од нив се уплашија од луѓето, како што се плашат од Аллах, или уште повеќе, и рекоа: „Господару наш, зошто ни пропиша борба? Барем да ни го одложеше тоа на одредено време!“ Кажи: „Уживањето на овој свет е кратко, а оној свет е подобар за богобојазните!“ А никому од вас нема неправда да му се стори

Verse 78 — Surah An-Nisa 4:78

Каде и да сте, смртта ќе ве стигне, па дури да сте и во кулите високи! Ако ги снајде нешто добро, тие велат: „Ова е од Аллах!“, а ако ги снајде нешто лошо, велат: „Ова е од тебе!“ Кажи: „Сè е од Аллах!“ Па што им е на овие луѓе?! Како да не разбираат што им се зборува

Verse 79 — Surah An-Nisa 4:79

Доброто кое ќе ти се случи е од Аллах, а лошото кое ќе те снајде е од тебе! Ние те испративме како пратеник на сите луѓе, а Аллах е доволен сведок

Verse 80 — Surah An-Nisa 4:80

Кој ќе му се покори на Пратеникот, Му се покорил и на Аллах; а кој главата ќе ја сврти, па Ние не те пративме да им бидеш чувар

Verse 81 — Surah An-Nisa 4:81

Лицемерите велат: „Се покоруваме!“, а кога ќе се тргнат од тебе, тогаш некои од нив во ноќта смислуваат нешто спротивно на тоа што ти го зборуваш! Аллах го запишува тоа што тие ноќе го смислуваат. Ти сврти се од нив и надевај се на Аллах, бидејќи Аллах е доволен како Заштитник

Verse 82 — Surah An-Nisa 4:82

А зошто тие не го проучуваат Куранот? Бидејќи, да е од некој друг, а не од Аллах, тие во него би нашле многу противречности

Verse 83 — Surah An-Nisa 4:83

Кога ќе им дојде нешто што се однесува до безбедноста или стравот, тие тоа го разгласуваат. А да го препуштат тоа на Пратеникот или на претпоставените свои, тоа сигурно од нив би го дознале тие што тоа го испитуваат. А да не е Аллаховата добрина кон вас и милоста Негова, вие сигурно, освен малкумина, шејтанот би го следеле

Verse 84 — Surah An-Nisa 4:84

Затоа бори се на Аллаховиот пат, не задолжувајќи никого освен себеси, а верниците поттикнувај ги! Можеби Аллах ќе ја сопре силата на неверниците, бидејќи Аллах е посилен и казните Негови се построги

Verse 85 — Surah An-Nisa 4:85

Кој ќе се залага за добро, и тој ќе има удел во тоа, а кој ќе се зазема за зло, и тој ќе има удел во тоа. А Аллах бдее над сè

Verse 86 — Surah An-Nisa 4:86

Когасопоздрав ќе бидете поздравени, сопоубав однего отпоздравете, или поздравот возвратете го, бидејќи Аллах навистина сè пресметува

Verse 87 — Surah An-Nisa 4:87

Аллах, освен Кого друг бог нема, сигурно ќе ве собере на Судниот ден, во тоа воопшто нема сомнеж! А чиј говор е повистинит од Аллаховиот

Verse 88 — Surah An-Nisa 4:88

Зошто се раздвојувате кога се во прашање лицемерите кои Аллах ги врати во неверство поради тоа што самите го заслужиле! Зарем сакате на Вистинскиот пат да ги упатите тие кои Аллах во заблуда ги оставил? А кого Аллах во заблуда ќе го остави, ти никогаш нема на Вистинскиот пат да го упатиш

Verse 89 — Surah An-Nisa 4:89

Тие би сакале и вие да не верувате како што тие не веруваат, па да бидете еднакви. Затоа не прифаќајте ги како пријатели додека не се иселат заради Аллах! А ако го свртат грбот, тогаш фаќајте ги и убивајте ги каде и да ги најдете, и ниту еден од нив како пријател и помагач не прифаќајте

Verse 90 — Surah An-Nisa 4:90

Освен тие штоќесезасолнат кај некое племесокое вие имате договор, или тие што ќе дојдат кај вас, бидејќи им е тешко да се борат против вас и против родот свој. А да сака Аллах, би ги свртел против вас, па тие би се бореле против вас! Ако тие ве остават на мира и не се борат против вас, туку ви понудат мир, тогаш Аллах не ви дава пат против нив

Verse 91 — Surah An-Nisa 4:91

Вие ќе наидувате и на тие кои сакаат да бидат безбедни и од вас и од народот свој, па кога и да бидат повикани во идолопоклонство, тие се враќаат во претходната состојба! Ако тие не се тргнат од вас и не ви понудат мир и ако не престанат да војуваат против вас, тогаш фаќајте ги и убивајте ги каде и да ги стигнете. Ние против нив ќе ви дадеме јасен доказ

Verse 92 — Surah An-Nisa 4:92

Верник не може да убие верник освен само по грешка, а кој убие верник по грешка, тој мора да ослободи од ропство еден роб верник, и да предаде крвнина на неговото семејство, освен ако тие му ја простат. Ако тој припаѓа на народ кој е ваш непријател, а верник е, тој мора да ослободи еден роб верник! А ако припаѓа на народ со кој сте во сојуз, мора да даде крвнина на неговото семејство и да ослободи од ропство еден роб верник. Доколку не најде, мора да пости два месеца еден по друг, покајувајќи Му се на Аллах! А Аллах сè знае и Мудар е

Verse 93 — Surah An-Nisa 4:93

Тој што намерно ќе убие верник, казната му е џехеннемот во кој вечно ќе остане! Аллах врз него гневот Свој ќе го спушти и ќе го проколне и голема казна ќе му подготви

Verse 94 — Surah An-Nisa 4:94

О, верници, кога ќе појдете во борба на Аллаховиот пат, сè добро проверете и на тој што ќе ве поздрави со селам91 не велете: „Ти не си верник!“ – копнеејќи по минливите добра на овој свет, бидејќи кај Аллах има добра во изобилство! И вие бевте такви претходно, па Аллах ви ја подари Својата милост! Затоа, сè добро проверете, зашто Аллах е навистина известен за тоа што го правите

Verse 95 — Surah An-Nisa 4:95

Верниците кои не се борат, освен тие што се неспособни за борба, не се еднакви со тие кои на Аллаховиот пат се борат со имотите свои и со животите свои! Тие што се борат вложувајќи ги имотите свои и животите свои Аллах ги одликувал за степен над тие што не се борат, и Аллах на сите им ветува убава награда! Аллах ги одликувал борците над тие што не се борат со голема награда

Verse 96 — Surah An-Nisa 4:96

Од Него се степените, прошката и милоста, зашто Аллах простува и Милостив е

Verse 97 — Surah An-Nisa 4:97

Кога мелеците ќе им ги земаат душите на грешниците, ќе прашаат: „Што се случило со вас?“ „Бевме немоќни на Земјата!“ – ќе одговорат. „Зарем Аллаховата Земја не е пространа и зарем не можевте некаде да се иселите?“ – ќе им кажат тие. Затоа нивното престојувалиште ќе биде џехеннемот, а тој е ужасно живеалиште

Verse 98 — Surah An-Nisa 4:98

Освен за немоќните мажи, жени и деца, кои не можат да се снајдат и не можат да пронајдат излез

Verse 99 — Surah An-Nisa 4:99

За нив има надеж Аллах да им прости, бидејќи Аллах ги прекрива гревовите и простува

Verse 100 — Surah An-Nisa 4:100

Тој што ќе се исели на Аллаховиот пат, ќе најде многу места и изобилства на Земјата. А тој што ќе го напушти својот роден крај поради Аллах и Пратеникот Негов, па го стигне смртта, ќе добие награда од Аллах! Аллах многу простува и Милостив е

Verse 101 — Surah An-Nisa 4:101

Немате грев ако намазот (молитвата) го скратите кога сте на пат, и кога се плашите дека неверниците некакво зло ќе ви сторат, бидејќи неверниците ви се навистина отворени непријатели

Verse 102 — Surah An-Nisa 4:102

Кога ти ќе бидеш меѓу нив и со нив намаз (молитва) ќе извршуваш, една група нека клања со тебе и своето оружје нека го земе: и додека бидат на сеџда, другите нека бидат зад вас, а потоа нека дојде другата група која не клањала и со тебе нека клањаат, но нека го држат оружјето свое инека бидат внимателни! Неверниците едвај чекаат вие да го занемарите оружјето и орудието ваше, па на вас сите одеднаш да навалат! А ако ви смета дождот или пак ако бидете болни, не правите грев ако го положите оружјето свое, со тоа што ќе бидете внимателни! Аллах на неверниците срамно страдање им подготвил

Verse 103 — Surah An-Nisa 4:103

А кога намазот (молитвата) ќе го завршите, Аллах спомнувајте Го, и стоејќи и седејќи и лежејќи. А кога ќе бидете безбедни, намазот во потполност извршувајте го, бидејќи на верниците им е пропишано во одредени временски интервали намазот да го извршуваат

Verse 104 — Surah An-Nisa 4:104

Немојте да се истоштувате трагајќи по непријателот: ако вие трпите болка, и тие трпат болка како вас, а вие уште од Аллах се надевате на тоа на што тие не се надеваат! А Аллах сè знае и Мудар е

Verse 105 — Surah An-Nisa 4:105

Ние тебе ти ја објавуваме Книгата со Вистината, за на луѓето да им судиш така како што Аллах ти покажува и не биди бранител на измамниците

Verse 106 — Surah An-Nisa 4:106

и замоли прошка од Аллах, бидејќи Аллах, навистина, простува и Милостив е

Verse 107 — Surah An-Nisa 4:107

И не заземај се за тие кои самите себеси се издаваат, бидејќи Аллах, навистина, не го сака тој што е предавник и грешник

Verse 108 — Surah An-Nisa 4:108

Тие се кријат од луѓето, но не можат да се скријат од Аллах, а Тој е со нив кога во ноќта смислуваат зборови со кои Тој не е задоволен! Аллах навистина го опфаќа сето тоа што тие го прават

Verse 109 — Surah An-Nisa 4:109

Ете, вие се заземате за нив во животот на овој свет, а кој ќе се зазема за нив пред Аллах на Судниот ден, или кој ќе им биде застапник

Verse 110 — Surah An-Nisa 4:110

А кој ќе стори некакво зло или кон себе ќе згреши, па потоа ќе Го замоли Аллах да му прости – ќе види дека Аллах простува и дека е Милостив

Verse 111 — Surah An-Nisa 4:111

Тој што ќе стори грев, на своја штета го сторил, бидејќи Аллах сè знае и Мудар е

Verse 112 — Surah An-Nisa 4:112

А кој некаков престап или грев ќе стори, а потоа на недолжен човек го префрли, на себеси си натоварил клетва и очигледен грев

Verse 113 — Surah An-Nisa 4:113

Данее Аллаховата добрина и Неговата милост спрема тебе, една група од нив би настојувала да те заведе, но тие само себеси се заведуваат, тебе не можат ни малку да ти наштетат! Тебе Аллах ти објавува Книга и мудрост и те учи за тоа што не си го знаел, бидејќи Аллаховата добрина кон тебе е голема

Verse 114 — Surah An-Nisa 4:114

Нема добро во многуте нивни тајни разговори, освен кога бараат милостина да се дава или добри дела да се прават или пак мир меѓу луѓето да се воспостави. А кој тоа го прави со желба Аллаховото задоволство да го стекне, Ние голема награда ќе му дадеме

Verse 115 — Surah An-Nisa 4:115

Тој што ќе му се спротивстави на Пратеникот откако јасно ќе му се покаже Вистинскиот пат, и го следи патот кој не е патот на верниците, ќе го пуштиме да прави што наумил, и во џехеннемот ќе го фрлиме, а тоа е ужасно живеалиште

Verse 116 — Surah An-Nisa 4:116

Аллах, навистина, нема да прости некој да Му се здружува, а кому сака ќе прости сè освен тоа. А далеку заталкал тој што на Аллах Му припишува здруженик

Verse 117 — Surah An-Nisa 4:117

Тие, покрај Аллах, на женски кипови им се клањаат, а не му се клањаат на никој друг туку на шејтанот – бунтовникот

Verse 118 — Surah An-Nisa 4:118

Аллах го проколна, атој рече: „Јас сигурно ќе преземам засебеодреден број од Твоите робови

Verse 119 — Surah An-Nisa 4:119

И сигурно ќе ги наведувам во заблуда, и сигурно со лажни надежи ќе ги примамувам, и сигурно ќе им заповедам да ги кратат ушите на добитокот, и ќе им наредам Аллаховите созданија да ги менуваат!“ А кој ќе го прифати шејтанот, наместо Аллах, за заштитник, тој навистина ќе пропадне

Verse 120 — Surah An-Nisa 4:120

Тој им ветува и со лажни надежи ги мами! А тоа што шејтанот им го ветува е само измама

Verse 121 — Surah An-Nisa 4:121

Нивно престојувалиште ќе биде џехеннемот и тие нема да најдат спас од него

Verse 122 — Surah An-Nisa 4:122

Тие што веруваат и прават добри дела ќе ги воведеме во џеннетски градини, под кои реки течат, и во кои вечно ќе останат! Аллаховото ветување е вистинито, а чии зборови се повистинити од Аллаховите

Verse 123 — Surah An-Nisa 4:123

Тоа нема да биде ни според вашите желби ниту според желбите на следбениците на Книгата; тој што ќе прави зло ќе биде казнет за тоа и нема да најде, освен Аллах, ни заштитник ни помошник

Verse 124 — Surah An-Nisa 4:124

а тој што прави добро, било да е маж или жена, а верник е, ќе влезе во џеннетот и нема да му се направи неправда

Verse 125 — Surah An-Nisa 4:125

Кој има подобра вера од тој што Му го предал своето лице на Аллах, а добродетел е и ја следи верата на Ибрахим чинејќи, уште, и добри дела, и кој ја следи верата Ибрахимова, верата чиста? А Аллах го зеде Ибрахим за пријател

Verse 126 — Surah An-Nisa 4:126

Аллахово е сè што е на небесата и тоа што е на Земјата. А Аллах опфаќа сè

Verse 127 — Surah An-Nisa 4:127

Тие од тебе бараат прописи за жените. Кажи: „Аллах ќе ви ги објасни прописите за нив и за тоа што ви се чита во Книгата за сирачките, на кои им го ускратувате тоа што им е пропишано,93 а не сакате со нив да се ожените, и за немоќните деца, и за тоа дека со сирачињата треба праведно да постапувате. А Аллах сигурно знае за доброто што ќе го сторите!“

Verse 128 — Surah An-Nisa 4:128

Ако некоја жена се плаши од суровоста и занемарувањето од мажот, тогаш тие нема да се огрешат доколку меѓусебно се договорат; а договорот е најдобар. А душите на луѓето се склони кон алчност! И ако вие убаво постапувате и од Аллах се плашите – па, Аллах добро го знае тоа што го правите

Verse 129 — Surah An-Nisa 4:129

Вие нема да можете кон сопругите свои потполно еднакво да постапувате, колку и да го сакате тоа. Но не допуштајте си себеси таква наклонетост кон некоја, па некоја да оставите како да е без сопруг, а неразведена. А ако вие се поправите и се плашите од Аллах, па, Аллах, навистина, простува и Милостив е

Verse 130 — Surah An-Nisa 4:130

А ако тие двајца сепак се разведат, Аллах, од изобилството Свое, независни ќе ги стори. Аллах е неизмерно Добар и Мудар

Verse 131 — Surah An-Nisa 4:131

Аллахово е тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата. Ние, на тие на кои им е дадена Книгата пред вас, а и на вас, ви заповедавме да се плашите од Аллах! А ако нема да верувате, па, навистина, Аллахово е тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата, Аллах не е зависен од никого и Тој е Достојниот за благодарност

Verse 132 — Surah An-Nisa 4:132

Аллахово е тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата, и Аллах е доволен како Господар

Verse 133 — Surah An-Nisa 4:133

Ако Тој сака вас ќе ве искорени, о, луѓе, а други ќе донесе. Тој е способен тоа да го стори

Verse 134 — Surah An-Nisa 4:134

Тој што сака награда на овој свет, па, кај Аллах е наградата и за овој и за оној свет, а Аллах сè слуша и сè гледа

Verse 135 — Surah An-Nisa 4:135

О, верници, секогаш бидете праведни, сведочете поради Аллах, па дури и против вас самите или против родителите и роднините! Било да е тој за кого сведочите богат или сиромашен, па Аллахово е да се грижи за нив! Затоа, не следете ги страстите, за да не бидете неправедни! А ако лажно сведочите или сведочењето го избегнувате, па, Аллах, навистина, знае што правите

Verse 136 — Surah An-Nisa 4:136

О, верници, верувајте во Аллах и во Пратеникот Негов, и во Книгата која Тој на Својот Пратеник му ја објавува иво Книгите кои претходно ги објавил. А тој што нема да верува во Аллах, и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во Пратениците Негови, и во оној свет, тој далеку заталкал

Verse 137 — Surah An-Nisa 4:137

На тие што биле верници, а потоа станале неверници, па повторно станале верници и потоа пак станале неверници, и неверувањето го зголемиле, Аллах навистина нема да им прости и на Вистинскиот пат нема да ги изведе

Verse 138 — Surah An-Nisa 4:138

Навести им болно страдање на лицемерите

Verse 139 — Surah An-Nisa 4:139

кои пријателуваат со неверниците, а не со верниците! Зарем кај нив бараат моќ, а сета моќ Му припаѓа само на Аллах

Verse 140 — Surah An-Nisa 4:140

Тој во Книгата веќе ви објави: „Кога ќе чуете дека Аллаховите зборови ги негираат и дека им се исмејуваат, не седете со тие што тоа го чинат додека не почнат друг разговор, инаку, ќе бидете како нив!“ Аллах, сигурно, во џехеннемот заедно ќе ги здружи лицемерите и неверниците

Verse 141 — Surah An-Nisa 4:141

тие кои исчекуваат што ќе биде со вас. Па ако Аллах ви подари победа, тие ќе речат: „Зарем не бевме со вас?“, а ако среќата ги послужи неверниците, тогаш на нив им велат: „Зарем не можевме да ве победиме и зарем не ве одбранивме од верниците?“ На Судниот ден Аллах на сите ќе ви пресуди! А Аллах нема да им даде прилика на неверниците да ги уништат верниците

Verse 142 — Surah An-Nisa 4:142

Лицемерите настојуваат да го измамат Аллах, а Тој ќе ги надмудри. Кога стануваат намазот (молитвата) да го извршат, мрзеливо стануваат и тоа само за да се прикажат пред светот, а Аллах само малку Го спомнуваат

Verse 143 — Surah An-Nisa 4:143

се колебаат кому да се приклонат, дали на овие или на оние. А кого Аллах во заблуда ќе го остави, тој нема да најде пат кон упатството

Verse 144 — Surah An-Nisa 4:144

О, верници, не пријателувајте со неверниците наместо со верниците! Зарем сакате да Му пружите на Аллах очигледен доказ против себе

Verse 145 — Surah An-Nisa 4:145

Лицемерите на самото дно на џехеннемот ќе бидат и ти нема да им најдеш помагач

Verse 146 — Surah An-Nisa 4:146

Освен тие кои ќе се покајат и ќе се поправат и кои цврсто Аллах ќе Го прифатат и верата своја во Аллах искрено ќе ја исполат. Тие ќе бидат со верниците, а Аллах на верниците, сигурно, голема награда ќе им даде

Verse 147 — Surah An-Nisa 4:147

Зошто Аллах би ве казнувал ако сте благодарни и ако верувате? Аллах е Тој што со благодати возвраќа и е Сезнаен

Verse 148 — Surah An-Nisa 4:148

Аллах не сака за злото гласно да се зборува, тоа му е дозволено само на тој што му е сторена неправда. А Аллах сè слуша и сè знае

Verse 149 — Surah An-Nisa 4:149

Сeедно дали вие доброто дело ќе го направите јавно или ќе го скриете, или неправдата ќе ја простите - па и Аллах многу простува и може сè

Verse 150 — Surah An-Nisa 4:150

Тие што не веруваат во Аллах и во Пратениците Негови и сакаат помеѓу Аллах и Пратениците Негови разлика во верувањето да направат, велат: „Во некои веруваме, а во некои не веруваме“, и сакаат помеѓу тие две некаков пат да изнајдат

Verse 151 — Surah An-Nisa 4:151

тие навистина се вистински неверници; а Ние на неверниците им подготвивме срамно страдање

Verse 152 — Surah An-Nisa 4:152

А тие што во Аллах и во пратениците Негови веруваат и ниту еден од нив не издвојуваат, Тој, сигурно, ќе ги награди. А Аллах простува и Милостив е

Verse 153 — Surah An-Nisa 4:153

Следбениците на Книгата бараат од тебе од небото да им спуштиш Книга. Па, од Муса бараа и повеќе од тоа, кога рекоа: „Покажи ни Го Аллах!“ Затоа, поради неправдата нивна, молња ги зашемети. Потоа, кога им беа покажани очигледни докази, телето за божество го прифатија, но и тоа го простивме, а на Муса очигледен доказ му дадовме

Verse 154 — Surah An-Nisa 4:154

инаднивпланинакренавме,порадизаветоткојгодадоа,иимрековме: „На портата со наведнати глави влезете!“ - и уште им рековме: „И за саботата не грешете!“ – и од нив цврсто ветување зедовме

Verse 155 — Surah An-Nisa 4:155

Но затоа што заветот го прекршија и затоа што во Аллаховите докази не поверуваа, што без причина веровесниците ги убиваа и што говореа: „Нашите срца се во обвивка!“ Аллах, поради нивното неверување, срцата им ги запечати, па само мал број од нив веруваат

Verse 156 — Surah An-Nisa 4:156

И поради неверувањето нивно и поради изнесување тешки клевети врз Мерјем

Verse 157 — Surah An-Nisa 4:157

И поради зборовите нивни: „Ние го убивме Месих, Иса, синот Мерјемин, Аллаховиот Пратеник.“ А ниту го убија ниту го распнаа, туку само им се причини! Тие што не се согласуваа во мислењата за него, тие за тоа само се сомневаа; за тоа ништо сигурно не знаеја, само нагаѓаа; а сигурно е дека не го убија

Verse 158 — Surah An-Nisa 4:158

туку Аллах го воздигна кон Себе! А Аллах е Силен и Мудар

Verse 159 — Surah An-Nisa 4:159

И нема ниту еден следбеник на Книгата кој нема да поверува во него како што треба, пред неговата (Исаовата) смрт, а на Судниот ден тој против нив ќе сведочи

Verse 160 — Surah An-Nisa 4:160

И поради тешкото насилство на евреите, Ние некои убави јадења кои им беа дозволени им ги забранивме, и поради тоа што многумина од Аллаховиот пат одвраќаа

Verse 161 — Surah An-Nisa 4:161

И затоа што земаа камата, а им беше забранета, и затоа што туѓите имоти на недозволен начин ги трошеа. А за неверниците меѓу нив, Ние болна казна подготвивме

Verse 162 — Surah An-Nisa 4:162

Но тие меѓу нив кои се сосема упатени во науката, а верници се, веруваат во тоа што ти се објавува тебе и во тоа што е објавено пред тебе, особено тие што намазот (молитвата) го извршуваат и тие што зекат даваат и во Аллах и во оној свет веруваат, на нив сигурно голема награда ќе им дадеме

Verse 163 — Surah An-Nisa 4:163

Ние ти објавуваме тебе како што му објавувавме на Нух и на веровесниците по него, а му објавивме и на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на Јакуб и на внуците, и на Иса, и на Ејјуб94, и на Јунус95, и на Харун, и на Сулејман, а на Давуд му го дадовме Зебурот

Verse 164 — Surah An-Nisa 4:164

и пративме Пратеници за кои претходно ти кажувавме и Пратеници за кои не ти кажавме. А Аллах, сигурно, разговараше со Муса

Verse 165 — Surah An-Nisa 4:165

Пративме Пратеници кои радосни вести и опомени донесуваа, за луѓето, после Пратеникот, никакво оправдување пред Аллах да немаат. А Аллах е Силен и Мудар

Verse 166 — Surah An-Nisa 4:166

Аллах сведочи дека е вистина тоа што ти го објавува, го објавува со Своето знаење, а и мелеците сведочат. А Аллах е доволен како сведок

Verse 167 — Surah An-Nisa 4:167

Тие коишто неверуваат икои другите од Аллаховиот пат ги одвраќаат, далеку заталкале

Verse 168 — Surah An-Nisa 4:168

На тие кои не веруваат и кои чинат неправда, Аллах, навистина, нема да им прости и нема да ги упати на патот

Verse 169 — Surah An-Nisa 4:169

освен патот кон џехеннемот, во кој вечно и засекогаш ќе останат! Тоа на Аллах Му е лесно

Verse 170 — Surah An-Nisa 4:170

О, луѓе, Пратеникот веќе ви ја донесе Вистината од Господарот ваш; затоа верувајте – подобро е за вас! А ако не верувате, па Аллахово е тоа што е на небесата и на Земјата, и Аллах сè знае и Мудар е

Verse 171 — Surah An-Nisa 4:171

О, следбеници на Книгата, не застранувајте во своето верување и за Аллах зборувајте ја само вистината! Месих, Иса, синот Мерјемин, е само Аллахов Пратеник, создаден е со Зборот Негов кој на Мерјем ѝ го достави, и живот му даде; затоа верувајте во Аллах и во Неговите Пратеници и не велете: „Тројца се!“ Престанете, подобро е за вас! Аллах е само еден Бог, славен нека е Тој, зарем Тој да има дете?! Негово е тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата, и Аллах е доволен заштитник

Verse 172 — Surah An-Nisa 4:172

На Месих нема да му биде одбивно да признае дека е Аллахов роб, а ниту на мелеците, Нему најблиските. А тие на кои им е одбивно Нему да Му робуваат, и тие коишто ќе бидат вообразени, Аллах сите пред Себе ќе ги собере

Verse 173 — Surah An-Nisa 4:173

Верниците кои правеле добри дела Тој според заслугата ќе ги награди, и уште, од изобилството Свое, повеќе ќе им даде; а тие коишто биле одбивни и вообразени – на неподносливи маки ќе ги стави и тие нема да најдат, освен Аллах, ни заштитник ни помагач

Verse 174 — Surah An-Nisa 4:174

О, луѓе, Доказот од Господарот ваш веќе ви стигна и Ние ви ја објавивме Јасната Светлина

Verse 175 — Surah An-Nisa 4:175

Тие што во Аллах ќе веруваат и цврсто до Него ќе се придржуваат, Тој сигурно во Својата милост и благодат ќе ги воведе, и на Вистинскиот пат кон Себе ќе ги упати

Verse 176 — Surah An-Nisa 4:176

Тие од тебе бараат толкување. Кажи: „Аллах ќе ви го каже прописот за келала: ако некој умре, а нема дете, но има сестра, нејзе ѝ припаѓа половина од неговото наследство, а тој ќе ја наследи неа ако таа нема дете; а ако се две сестри, на нив им припаѓаат две третини од неговото наследство. А ако се браќа и сестри, тогаш на машкото му припаѓа колку на две женски.“ Тоа Аллах ви го објаснува за да не заталкате. А Аллах знае сè