Back to Languages

Macedonian - Chapter 42 - Ash-Shura

Translation by Macedonian Scholars — Permalink

Verse 1 — Surah Ash-Shura 42:1

Verse 2 — Surah Ash-Shura 42:2

Ајн-син-каф

Verse 3 — Surah Ash-Shura 42:3

Ете, така Аллах, Силниот и Мудриот, ти објавува тебе, како и на тие пред тебе

Verse 4 — Surah Ash-Shura 42:4

Негово е тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата, и Тој е Севишниот, Величествениот

Verse 5 — Surah Ash-Shura 42:5

Небесата само што не се распаднале едни над други! А мелеците Го величаат и Го слават Господарот свој и молат прошка за тие што се на Земјата. – Аллах, навистина, е Тој Кој простува и Кој е Милостив

Verse 6 — Surah Ash-Shura 42:6

Аллах внимава на тие кои, покрај Него, други заштитници земаат, а ти не си задолжен за нив

Verse 7 — Surah Ash-Shura 42:7

Ете, така Ние ти го објавуваме тебе Куранот, на арапски јазик, за да ја опоменуваш Мајката на градовите (Мека) и тие околу неа, и да ги предупредиш за Денот кога ќе се соберат – во кој нема никаков сомнеж. Едните ќе одат во џеннетот, а другите во џехеннемот

Verse 8 — Surah Ash-Shura 42:8

А да сака Аллах, би ги направил вистински верници, но, Тој во милоста Своја воведува кого сака, а неверниците немаат ниту заштитник, ниту помошник

Verse 9 — Surah Ash-Shura 42:9

Зарем тие други, а не Него, за заштитници да земаат?! А Аллах е Единиот заштитник! Тој ќе ги оживее мртвите, само Тој е способен за сè

Verse 10 — Surah Ash-Shura 42:10

Во штои да несесогласувате, пресудата затоае кај Аллах! Тоа ви е, ете, Аллах, Господарот мој – на Него се потпирам и Нему Му се обраќам

Verse 11 — Surah Ash-Shura 42:11

Создателот на небесата и на Земјата! Тој како парови ве создава – а создава парови и од животните – за така да ве размножува. Ништо Нему не му е слично! Тој сè слуша и сè гледа

Verse 12 — Surah Ash-Shura 42:12

Кај Него се клучевите од небесата и од Земјата, Тој кому сака му дава снабдување во изобилство, а и ускратува; Тој навистина знае сè

Verse 13 — Surah Ash-Shura 42:13

Тој ви го пропишува во верата истото тоа што му го наредил и на Нух и тоа што ти го објавуваме тебе, и тоа што му го наредивме на Ибрахим и на Муса и на Иса: „Вистинската вера исповедајте ја и во тоанесераздвојувајте!“ Тешко им ена многубошците да сеодѕвијат на твојот повик. Аллах за Својата вера одбира кого Тој сака и го упатува во неа тој што искрено ќе Му се обрати

Verse 14 — Surah Ash-Shura 42:14

А тие се раздвоија поради меѓусебната злоба токму тогаш кога им дојде знаењето. И да не е Зборот на Господарот твој претходно изречен, до означениот рок, на нив ќе им беше веќе пресудено. А тие на коишто, после нив, Книгата им се остава во наследство, многу се сомневаат во неа

Verse 15 — Surah Ash-Shura 42:15

Затоа ти повикувај и биди истраен кон тоа, така како што ти се наредува, а не се поведувај по нивните страсти, и кажи: „Јас верувам во сите книги кои ги објавил Аллах, и наредено ми е праведно да ви судам; Аллах е и наш и ваш Господар, нам нашите, а вам вашите дела; нема препирање меѓу нас и вас; Аллах сите ќе нè собере и Нему сите ќе Му се вратат.“

Verse 16 — Surah Ash-Shura 42:16

А тие што се расправаат за Аллах откако Му се одѕвија, нивните докази се ништожни кај нивниот Господар; над нив е гневот и ги чека тешко страдање

Verse 17 — Surah Ash-Shura 42:17

Аллах е Тој што Книгата со Вистина и праведност ја објави! А што знаеш ти – можеби Крајот на светот е блиску

Verse 18 — Surah Ash-Shura 42:18

Го избрзуваат тие штоневеруваат вонего, аоние коиверуваат, поради него стравуваат и знаат дека е вистина. Ете, навистина се во далечна заблуда тие што расправаат за Крајот на светот

Verse 19 — Surah Ash-Shura 42:19

Аллах е добар кон робовите Свои; Тој дава снабдување кому сака и Тој е Моќниот и Силниот

Verse 20 — Surah Ash-Shura 42:20

Кој ќе го сака посевот на оној свет, неговиот посев ќе го зголемиме! А кој ќе го сака посевот од овој свет, ќе му го дадеме, но на другиот свет тој нема никаков удел

Verse 21 — Surah Ash-Shura 42:21

Зарем тие да имаат ортаци кои им пропишуваат да веруваат тоа што Аллах не им гонаредил? И да нее Зборот на Господарот твој претходно изречен, до означениот рок, на нив ќе им беше веќе пресудено. – А насилниците, навистина, ги чека неподносливо страдање

Verse 22 — Surah Ash-Shura 42:22

Ќе ги видиш насилниците како треперат од страв поради тоа што го правеа, и казната ќе ги стигне; а тие што веруваа и правеа добри дела ќе бидат во прекрасните џеннетски градини, сè што ќе посакаат кај Господарот свој ќе имаат; тоа ќе биде голема придобивка

Verse 23 — Surah Ash-Shura 42:23

На овој начин Аллах им испраќа радосни вести на робовите Свои, на оние коиверуваат и прават добри дела. Кажи: „За ованебарам никаква награда од вас, освен роднинско внимание.“ А кој ќе стори добро, Ние за тоа ќе му го зголемиме доброто, бидејќи Аллах, навистина, многу простува и благодарен е

Verse 24 — Surah Ash-Shura 42:24

Зарем тие да велат: „Тој измислува лаги за Аллах!“ А Аллах, ако сака, срцето твое ќе го запечати. Аллах ја поништува невистината и ја потврдува вистината со зборовите Свои; Тој добро ги знае мислите сечии

Verse 25 — Surah Ash-Shura 42:25

Тој е Тој што ги прима покајанијата од робовите Свои и ги простува лошите дела и знае што правите

Verse 26 — Surah Ash-Shura 42:26

Тој им се одѕива на тие што веруваат и прават добри дела, и од добрината Своја им дава и повеќе, а неверниците ги чека жестоко страдање

Verse 27 — Surah Ash-Shura 42:27

Кога Аллах сите Свои робови изобилно би ги снабдил, тие би станале насилници на Земјата, но Тој дава со мерка, толку колку што сака, бидејќи Тој добро ги познава и ги гледа Своите робови

Verse 28 — Surah Ash-Shura 42:28

Тоа е Тој што го спушта дождот кога тие ќе загубат секаква надеж и ја распростира милоста Своја; Тој е вистинскиот заштитник и единиот достоен за благодарност

Verse 29 — Surah Ash-Shura 42:29

И од доказите Негови е создавањето на небесата и на Земјата и на живите суштества кои ги расеа по нив; Тој е способен сите да ги собере кога ќе сака

Verse 30 — Surah Ash-Shura 42:30

А несреќата која ќе ве снајде е поради гревовите кои сте ги направиле, а Тој многу од нив ги простува

Verse 31 — Surah Ash-Shura 42:31

И вие нема да можете да Му избегате на Земјата, и освен Аллах немате ни заштитник, ни помошник

Verse 32 — Surah Ash-Shura 42:32

И од доказите Негови се бродовите кои личат на планини кои пловат по морето

Verse 33 — Surah Ash-Shura 42:33

Ако сака, Тој го смирува ветрот и тие остануваат неподвижни на површината негова – тоасепоуки засекого кој естрплив иблагодарен

Verse 34 — Surah Ash-Shura 42:34

или ќе ги потопи поради гревовите што ги заработиле – а Тој многу од нив ги простува

Verse 35 — Surah Ash-Shura 42:35

за да се уверат тие што ги негираат доказите Наши дека од казната Наша не можат да избегаат

Verse 36 — Surah Ash-Shura 42:36

Сè што ви е дадено е само уживање во животот на овој свет, а тоа што е кај Аллах е подобро и потрајно за тие што веруваат и што на Господарот свој се потпираат

Verse 37 — Surah Ash-Shura 42:37

и за тие што ги избегнуваат големите гревови и развратот и кои, кога некој ќе ги налути, простуваат

Verse 38 — Surah Ash-Shura 42:38

и за тие што на Господарот свој Му се одѕиваат, и кои намаз извршуваат, и кои за работите свои се договараат, а дел од тоа со што сме ги снабдиле го даваат

Verse 39 — Surah Ash-Shura 42:39

и за тие што им пружаат отпор на угнетувачите

Verse 40 — Surah Ash-Shura 42:40

А казната за злото е слично зло, а тој што ќе прости и ќе се поправи Аллах ќе го награди; Тој навистина не ги сака тие што чинат неправда

Verse 41 — Surah Ash-Shura 42:41

А тој што ќе возврати со иста мерка откако му е сторена неправда, па таквите не можат да бидат казнети

Verse 42 — Surah Ash-Shura 42:42

а ќе бидат казнети тие што ги угнетуваат луѓето и тие што без никаква основа редот на Земјата го нарушуваат; нив ги чека болно страдање

Verse 43 — Surah Ash-Shura 42:43

А кој ќе се стрпи и ќе прости - тоа навистина спаѓа во вистинските постапки

Verse 44 — Surah Ash-Shura 42:44

А кого Аллах ќе го остави во заблуда, за него помошник освен Него нема да има. И ти ќе видиш како ќе повикаат насилниците кога ќе го доживеат страдањето: „Постои ли некаков начин да се вратиме?“

Verse 45 — Surah Ash-Shura 42:45

И ќе видиш како понижени и истоштени се изложуваат на огнот, а тие под око го гледаат. Тие кои верувале, ќе речат: „Вистински страдалници се тие коишто на Судниот ден и себеси и децата свои ќе ги упропастат!“ А зарем насилниците нема да бидат во непрекидно страдање

Verse 46 — Surah Ash-Shura 42:46

За нив нема да има помагачи да им помогнат, освен Аллах!; А кого Аллах ќе го скршне кон заблуда, тој патот на спасението нема ни да го има

Verse 47 — Surah Ash-Shura 42:47

Одѕвијте Му се на Господарот свој пред да дојде Денот кој Аллах нема да го сопре. Тој Ден прибежиште нема да имате и нема да можете да негирате

Verse 48 — Surah Ash-Shura 42:48

А ако главите ги свртат – па, Ние тебе не те пративме да бидеш нивен чувар, ти си должен само да известиш. Кога на човекот ќе му дадеме да ја почувствува милоста Наша, тој ѝ се радува, а кога ќе го снајде некаква несреќа поради тоа што ги сториле рацете нивни, тогаш човекот благодатите не ги признава

Verse 49 — Surah Ash-Shura 42:49

Аллахова е власта на небесата и на Земјата. Тој создава сè што сака! Тој подарува женски деца кому сака, а кому сака - машки

Verse 50 — Surah Ash-Shura 42:50

или им дава и машки и женски, а кого сака го остава без пород; Тој навистина сè знае и сè може

Verse 51 — Surah Ash-Shura 42:51

На ниту еден човек не му е дадено Аллах да му се обраќа, освен преку вдахновение, или зад превез, или да прати пратеник кој, со Негова дозвола, го објавува тоа што Тој го сака! – Тој навистина е Возвишен и Мудар

Verse 52 — Surah Ash-Shura 42:52

Ние на таков начин и тебе ти го објавуваме тоа што ти се објавува. Ти не знаеше што е Книга, ниту што е верување, но Ние ја направивме светла помош на која ги упатуваме од робовите Наши тие што сакаме. А ти, навистина, упатуваш на Вистинскиот пат

Verse 53 — Surah Ash-Shura 42:53

на Аллаховиот пат, Кому Му припаѓа сè што е на небесата и сè што е на Земјата. И ете, кај Аллах сè ќе се врати