Back to Languages

Macedonian - Chapter 49 - Al-Hujurat

Translation by Macedonian Scholars — Permalink

Verse 1 — Surah Al-Hujurat 49:1

О, верници, не истапувајте пред Аллах и пред Пратеникот Негов, иплашете се од Аллах! Аллах, навистина, сè слуша и сè знае

Verse 2 — Surah Al-Hujurat 49:2

О, верници, не кревајте го гласот свој над гласот на Веровесникот и не разговарајте гласно со него, како што разговарате гласно едни со други, да не бидат поништени делата ваши, а вие и да не забележите

Verse 3 — Surah Al-Hujurat 49:3

Навистина, на тие што ќе ги стишат гласовите свои пред Аллаховиот Пратеник – а тоа се тие чии срца Аллах ги искушал во богобојазноста – им припаѓа прошка и голема награда

Verse 4 — Surah Al-Hujurat 49:4

Навистина, тие што те повикуваат зад собите – повеќето од нив не сфаќаат

Verse 5 — Surah Al-Hujurat 49:5

А да се стрпеа додека ти самиот не излезеше, подобро ќе им беше, а Аллах простува и Милостив е

Verse 6 — Surah Al-Hujurat 49:6

О, верници, ако некој грешник ви донесе некаква вест, добро проверете ја, не знаејќи некому зло да не му направите, па, заради тоа што сте го сториле да се покаете

Verse 7 — Surah Al-Hujurat 49:7

И знајте дека меѓу вас е Аллаховиот Пратеник; когатој би вепослушал во многу нешта, навистина би настрадале, но Аллах на некои од вас вистинското верување им го омили, и во срцата ваши како убаво ви го прикажа, а неверувањето и развратот и непослушноста ви ги направи замразени. Таквите се на Вистинскиот пат

Verse 8 — Surah Al-Hujurat 49:8

со добрината и благодатта Аллахова – а Аллах сè знае и мудар е

Verse 9 — Surah Al-Hujurat 49:9

Ако се судрат две групи верници, смирете ги; а ако едната од нив сепак ѝ стори насилство на другата, тогаш борете се против таа што сторила насилство сè додека не се врати кон Аллаховите прописи. Па ако се врати, тогаш непристрасно смирете ги и бидете праведни; Аллах, навистина, ги сака праведните

Verse 10 — Surah Al-Hujurat 49:10

Верниците се само браќа, затоа смирете ги вашите двајца браќа и плашете се од Аллах за да ви се укаже милоста

Verse 11 — Surah Al-Hujurat 49:11

О, верници, мажите едни на други нека не им се потсмеваат, можеби едните се подобри од нив, а ниту жените на други жени, можеби тие сеподобри од нив. Ине прекорувајте сеедни со други иненарекувајте се едни со други со грди прекари! О, колку е грдо грешничкото име по верувањето! А тие што нема да се покајат – самите на себеси неправда си чинат

Verse 12 — Surah Al-Hujurat 49:12

О, верници, чувајте сеод многу сомнежи, некои сомнежи сенавистина грев. И не шпионирајте се едни со други и не озборувајте се едни со други! Зарем на некого од вас му е мило да го јаде месото на својот мртов брат? – а вам тоа ви е одвратно – затоа плашете се од Аллах, Аллах, навистина, го прима покајанието и Милостив е

Verse 13 — Surah Al-Hujurat 49:13

О, луѓе, Ние од еден маж и од една жена ве создадовме и на народи и племиња ве поделивме за да се запознавате. Најугледен кај Аллах е тој што најмногу се плаши од Него; Аллах, навистина, сè знае и ништо не Му е скриено

Verse 14 — Surah Al-Hujurat 49:14

Некои бедуини велат: „Ние веруваме!“ Кажи: „Вие не верувате. Туку кажете: ,Го примивме исламот!‘ – а иманот уште не е влезен во вашите срца. А ако Му бидете покорни на Аллах и на Неговиот Пратеник, Тој ни малку нема да ви ја намали наградата за вашите дела.“ – Аллах, навистина, простува и Милостив е

Verse 15 — Surah Al-Hujurat 49:15

ВистинскиверницисесамотиештоверуваатвоАллахивоПратеникот Негов и потоа веќе не се сомневаат, и се борат на Аллаховиот пат со имотите свои и со животите свои. Тие се искрените

Verse 16 — Surah Al-Hujurat 49:16

Кажи: „Зарем вие да Го запознавате Аллах за верувањето свое, кога Аллах знае сè што е на небесите и на Земјата! Аллах сè знае

Verse 17 — Surah Al-Hujurat 49:17

Тие ти префрлаат што примиле ислам. Кажи: „Не префрлајте ми што го примивте исламот; напротив, Аллах вам ви подари милост со тоа што во вистинската вера ве упати, ако искрено говорите

Verse 18 — Surah Al-Hujurat 49:18

Аллах сигурно ги знае тајните на небесите и на Земјата и Аллах добро го гледа тоа што го правите