Back to Languages

Macedonian - Chapter 57 - Al-Hadid

Translation by Macedonian Scholars — Permalink

Verse 1 — Surah Al-Hadid 57:1

Тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата Го слави и Го велича Аллах, Тој е Силниот и Мудриот

Verse 2 — Surah Al-Hadid 57:2

Негова е власта на небесата и на Земјата; Тој живот и смрт дава, и Тој може сè

Verse 3 — Surah Al-Hadid 57:3

Тој е Првиот и Последниот, и Видливиот и Невидливиот; Тој знае сè

Verse 4 — Surah Al-Hadid 57:4

Тоа е Тој што ги создаде небесатаи Земјата зашест временски периоди, а потоа се возвиши над Аршот: Тој знае што влегува во земјата и што излегува од неа, и што од небото слегува и што кон него се крева, Тој е со вас каде и да сте, и Аллах гледа сè што правите

Verse 5 — Surah Al-Hadid 57:5

Негова е власта на небесата и на Земјата, и кај Аллах сè ќе се врати

Verse 6 — Surah Al-Hadid 57:6

Тој ја воведува ноќта во денот и денот во ноќта, и Тој ги знае мислите сечии

Verse 7 — Surah Al-Hadid 57:7

Верувајте во Аллах и во Пратеникот Негов и давајте од тоа што Тој ви го дал да го наследите, бидејќи тие од вас што ќе веруваат и што ќе даваат ги чека голема награда

Verse 8 — Surah Al-Hadid 57:8

Што ви е што не верувате во Аллах? Пратеникот ве повикува да верувате во Господарот свој, а Тој веќе зеде завет од вас, ако сакате да бидете верници

Verse 9 — Surah Al-Hadid 57:9

Тој на Својот роб му објавува јасни ајети за да ве изведе од темнините на светлина, а Аллах навистина е Благ и Милостив кон вас

Verse 10 — Surah Al-Hadid 57:10

И што ви е што одбивате да трошите на Аллаховиот пат, а на Аллах Му припаѓа наследството на небесата и Земјата? Не се еднакви тие меѓу вас кои даваа прилози пред победата и лично се бореа - тие се на повисок степен од тие што после тоа даваа прилози и лично се бореа, а Аллах на сите им ветува најубава награда; Аллах добро го знае тоа што го правите

Verse 11 — Surah Al-Hadid 57:11

Кој е тој што доброволно ќе Му даде заем на Аллах за Тој многукратно да му го врати, а со тоа и благородна награда да добие (во џеннетот)

Verse 12 — Surah Al-Hadid 57:12

На Денот кога ќе видиш како пред верниците и верничките, и од нивната десна страна, светлото нивно ќе се движи: „Блазе си ви денес: џеннетски градини, низ кои реки течат, во коишто вечно ќе живеете – тоа е голем успех!“

Verse 13 — Surah Al-Hadid 57:13

На Денот кога лицемерите и лицемерките ќе им велат на верниците: „Причекајте нè за да се послужиме со светлото ваше!“ – „Вратете се назад, па друго светло побарајте!“ – ќе се рече. И помеѓу нив ќе се постави преграда која ќе има врата; во неа ќе биде милоста, а вон неа страдањето

Verse 14 — Surah Al-Hadid 57:14

„Зарем не бевме со вас?“ – ќе ги довикуваат. – „Бевте,“ – ќе одговорат – „но се доведовте во искушение, го исчекувавте нашето уништување, имавте сомнеж (во верата) и пустите желби ве залажуваа, сè додека не дојде Аллаховата наредба, а шејтанот ве измами во врска со Аллах

Verse 15 — Surah Al-Hadid 57:15

Денес никаква откупнина нема да се прими од вас, а ниту од тие што не веруваа; огнот ќе биде живеалиште ваше, тој токму ви одговара, а тој е ужасно живеалиште

Verse 16 — Surah Al-Hadid 57:16

Зарем не е време срцата на верниците да омекнат кога се спомнуваат Аллах и Вистината која се објавува, и тие да не бидат како оние на коишто уште одамна им е дадена Книгата, па срцата нивни, бидејќи помина многу време, сурови станаа и многу од нив се непослушни грешници

Verse 17 — Surah Al-Hadid 57:17

Знајте дека Аллах ѝ дава живот на веќе мртвата земја! Ние ви ги објаснуваме доказите за да разберете

Verse 18 — Surah Al-Hadid 57:18

На тие што ќе даваат милостина и зекат, од мажи и жени, и коишто доброволно на Аллах заем ќе Му даваат – многукратно ќе им се врати и нив ги чека благородна награда

Verse 19 — Surah Al-Hadid 57:19

Тие штоверуваат во Аллах иво Пратениците Негови – тие сеискрени! А на шехидите (мачениците) – нивната награда и светлото нивно им припаѓа кај нивниот Господар! А тие што нема да веруваат и кои доказите Наши ќе ги негираат, тие ќе бидат жители на Огнот

Verse 20 — Surah Al-Hadid 57:20

Знајте дека животот на овој свет е игра, и забава, и разубавување, и гордо натпреварување меѓу вас, и натпреварување со мноштвото имоти и деца! Пример за тоа е дождот, и растенијата од него ги восхитува сејачите, и тоа, по дождот, станува бујно, но потоа ќе го видиш пожолтено и потоа бива исушено. На овој свет има тешко страдание (за неверниците), а има и прошка и задоволство од Аллах (за верниците). А овосветскиот живот е лажно уживање

Verse 21 — Surah Al-Hadid 57:21

Натпреварувајте се за да заслужите кај својот Господар прошка и џеннет, простран колку што се пространи небото и Земјата, и подготвен за тие што веруваат во Аллах и во Пратениците Негови. Тоа е Аллаховата благодат којашто ќе му ја даде на тој што Тој сака; а кај Аллах има голема благодат

Verse 22 — Surah Al-Hadid 57:22

Нема неволја која ќе ја погоди Земјата и вас, а која не е, пред да ја дадеме, запишана во Книгата – тоа за Аллах е навистина лесно

Verse 23 — Surah Al-Hadid 57:23

за да не тагувате по тоа што ви одминало, а и да не се радувате премногу на тоа што Тој ќе ви го даде. Аллах не сака никакви прекумерни трошачи, фалбаџии

Verse 24 — Surah Al-Hadid 57:24

коишто се скржави икоиодлуѓетобараат скржавост. Аоној кој несака да дава – па, Аллах е навистина независен и достоен за благодарност

Verse 25 — Surah Al-Hadid 57:25

Ние Пратениците Наши со јасни докази ги праќавме и по нив Книга и Мерка – правда праќавме, за луѓето да постапуваат праведно – а железото го создадовме, во кое има голема моќ и кое на луѓето им користи – и за да укаже Аллах на тие што ја помагаат верата Негова и пратениците Негови кога не Го гледаат. Аллах, навистина, е Моќен и Силен

Verse 26 — Surah Al-Hadid 57:26

Ние Нух и Ибрахим ги пративме и на некои од потомците нивни веровесништво и објава им дадовме; некои од потомците нивни се на Вистинскиот пат, а многу од нив се непослушни грешници

Verse 27 — Surah Al-Hadid 57:27

Потоа, по нив, еден по друг Нашите Пратеници ги праќавме, додека Иса, синот Мерјемин, не го пративме, кому Инџилот му го дадовме, а во срцата на следбениците негови благост и сомилост влеавме, додека монаштвото тие самите, како новотарија го воведоа – Ние не им го пропишавме со желба да се стекне Аллаховото задоволство; но тие за тоа не водат грижа така како што треба, па тие меѓу нив коишто ќе веруваат исправно, ќе ги наградиме, а многу од нив се непослушни грешници

Verse 28 — Surah Al-Hadid 57:28

О, вие коишто верувате - плашете се од Аллах и во Пратеникот Негов верувајте, Тој Својата двократна милост ќе ви ја подари, и ќе ви даде светло со чија помош ќе одите, и ќе ви прости, бидејќи Аллах простува и милостив е

Verse 29 — Surah Al-Hadid 57:29

И нека знаат следбениците на Книгата дека тие никаква Аллахова благодат нема да добијат, бидејќи благодатта е само во Аллаховата рака – им ја дава на тие на коишто Тој сака; а кај Аллах е најголемата благодат