Тој на неписмените им испрати Пратеник, еден помеѓу нив, ајетите Негови да им ги кажува и да ги исчисти и да ги научи за Книгата и за мудроста, иако претходно беа во очигледна заблуда
Примерот на тие на коишто Тевратот им беше задолжен, па потоа тие не се придржуваа за него - слични се на магаре што носи книги. О, колку се лоши тие што ги негираат Аллаховите ајети! А Аллах нема да му укаже на Вистинскиот пат на насилничкиот народ
Кажи: „Смртта од којашто бегате навистина ќе ве стигне. Потоа кај Тој што ги познава невидливиот и видливиот свет ќе бидете вратени и Тој ќе ве извести за тоа што го правевте.“
А кога намазот ќе се изврши, тогаш по земјата раштркајте се и Аллаховата благодат барајте ја и Аллах многу споменувајте Го, за да го постигнете тоа што го сакате
Но кога тие ќе здогледаат некаква трговска роба или забава, се залетуваат по неа и тебе те оставаат сам да стоиш. Кажи: „Тоа што е кај Аллах е подобро и од забавата и од трговијата.“ А Аллах е најдобриот Снабдувач