Back to Languages

Macedonian - Chapter 73 - Al-Muzzammil

Translation by Macedonian Scholars — Permalink

Verse 1 — Surah Al-Muzzammil 73:1

О, ти завиткан

Verse 2 — Surah Al-Muzzammil 73:2

Пробдеј ја ноќта, освен мал дел

Verse 3 — Surah Al-Muzzammil 73:3

половината нејзина или помалку од неа

Verse 4 — Surah Al-Muzzammil 73:4

или малку повеќе од неа, и изговарај го Куранот внимателно

Verse 5 — Surah Al-Muzzammil 73:5

Ние навистина тешки зборови ќе ти праќаме

Verse 6 — Surah Al-Muzzammil 73:6

та станувањето ноќе, навистина, посилно делува и се изговара појасно

Verse 7 — Surah Al-Muzzammil 73:7

а ти дење, навистина, имаш многу работа

Verse 8 — Surah Al-Muzzammil 73:8

И спомнувај го името на Господарот свој и Нему потполно посвети Му се

Verse 9 — Surah Al-Muzzammil 73:9

Тој е Господар на истокот и на западот, нема бог освен Него, и Него земи Го за потпирач

Verse 10 — Surah Al-Muzzammil 73:10

И истрпи го тоа што тие го говорат и одбегнувај ги на прикладен начин

Verse 11 — Surah Al-Muzzammil 73:11

а Мене остави ми ги и тие коишто велатдека лажеш, коишто раскошно живеат, и дај им малку време

Verse 12 — Surah Al-Muzzammil 73:12

ќе има кај Нас, навистина, окови и пекол

Verse 13 — Surah Al-Muzzammil 73:13

и храна која во грлото застанува, и страдање неподносливо

Verse 14 — Surah Al-Muzzammil 73:14

на Денот кога Земјата и планините ќе се затресат, а планините ќе бидат песок кој се лизга

Verse 15 — Surah Al-Muzzammil 73:15

Ние навистина ви пративме Пратеник за да сведочи против вас исто така како што и на фараонот Пратеник му пративме

Verse 16 — Surah Al-Muzzammil 73:16

но фараонот не го послуша Пратеникот, па со тешка казна го казнивме

Verse 17 — Surah Al-Muzzammil 73:17

Како, ако останете неверници, ќе се сочувате од Денот кој децата старци ќе ги направи

Verse 18 — Surah Al-Muzzammil 73:18

Небото тој Ден ќе се расцепи и заканата Негова ќе се исполни

Verse 19 — Surah Al-Muzzammil 73:19

Ова навистина е поука; а кој сака, патот кон Господарот свој ќе го прифати

Verse 20 — Surah Al-Muzzammil 73:20

Господарот твој сигурно знае дека ти клањајќи поминуваш помалкуод две третини од ноќта, половина од неа или третина од неа, а и некои од тие што се со тебе. Аллах ја одредува должината на ноќта и денот. Тој знае дека вие тоа нема да можете да го издржите, па ви простува, а вие од Куранот рецитирајте го тоа што е лесно. Тој знае дека меѓу вас ќе има болни, а и такви коишто по светот ќе патуваат и Аллаховите благодати ќе ги бараат, и такви кои на Аллаховиот пат ќе се борат. Па рецитирајте го тоа што ви е лесно од него, и намазот извршувајте го, и зекат давајте, и на Аллах убав заем давајте Му! А доброто коешто за себе однапред ќе го дадете ќе го најдете кај Аллах уште подобро и поголемо за награда. И молете Го Аллах да ви прости, бидејќи Аллах простува и Милостив е