Back to Languages

Macedonian - Chapter 8 - Al-Anfal

Translation by Macedonian Scholars — Permalink

Verse 1 — Surah Al-Anfal 8:1

Те прашуваат за пленот. Кажи: „Пленот им припаѓа на Аллах и на Пратеникот“. Затоа плашете се од Аллах и израмнете ги меѓусебните несогласувања, и покорувајте им се на Аллах и на Неговиот Пратеник, ако сте вистински верници

Verse 2 — Surah Al-Anfal 8:2

Вистински верници се само тие чиишто срца со страв се исполнуваат кога Аллах се спомнува, а кога зборовите Негови им се кажуваат, верувањето им го зголемуваат и само на Господарот свој се потпираат

Verse 3 — Surah Al-Anfal 8:3

тие што намазот (молитвата) го извршуваат и дел од тоа што Ние им го даваме го даваат

Verse 4 — Surah Al-Anfal 8:4

Тие се навистина вистински верници! Нив почести и прошка и благородно изобилство кај Господарот нивен ги чекаат

Verse 5 — Surah Al-Anfal 8:5

Така беше и тогаш кога Господарот твој со право од домот твој те изведе, а што на една група верници никако по волја не им беше

Verse 6 — Surah Al-Anfal 8:6

Се расправаа со тебе за борбата, иако очигледно им беше дека ќе победат, на некои од нив им изгледаше како пред свои очи во смрт да се гонат

Verse 7 — Surah Al-Anfal 8:7

И кога Аллах ви вети дека ваша ќе биде една од двете групи, а вие повеќе сакавте да ви падне в раце таа што не е вооружена, Аллах сакаше со зборовите Свои вистината да ја зацврсне и неверниците во корен да ги истреби

Verse 8 — Surah Al-Anfal 8:8

вистината да ја зацврсне, а невистината да ја уништи, макар тоа не им било по волја на злосторниците

Verse 9 — Surah Al-Anfal 8:9

И кога од Господарот свој помош побаравте, Тој ви се одѕва: „Ќе ви пратам на помош илјада мелеци кои едни по други ќе доаѓаат.“

Verse 10 — Surah Al-Anfal 8:10

Аллах тоагостори за да ве израдува исотоа срцата ваши да се смират; а победата е само од Аллах. Аллах е навистина Силен и Мудар

Verse 11 — Surah Al-Anfal 8:11

Кога Тој направи сонот, како спокојство од Него, да ве обземе и од небото дожд ви спушти за со него да ве исчисти, и од вас шејтановото вознемирување да го отстрани, и срцата ваши силни да ги направи и со него чекорите да ви ги зацврсти

Verse 12 — Surah Al-Anfal 8:12

Кога Господарот твој им вдахна на мелеците: „Јас сум со вас, пазацврстете ги тие што веруваат! Во срцата на неверниците Јас страв ќе влеам, па вие по вратовите удрете ги и по прстите удрете ги!“

Verse 13 — Surah Al-Anfal 8:13

Затоа што им се спротивставуваа на Аллах и на Пратеникот Негов; а тој штоќе им се спротивстави на Аллах ина Пратеникот Негов, Аллах навистина страшно ќе го казни

Verse 14 — Surah Al-Anfal 8:14

Тоа ви е казната, па искусете ја, а неверниците ги чека страдање во огнот

Verse 15 — Surah Al-Anfal 8:15

О, верници, кога со неверниците во борба ќе се судрите, а тие се многубројни, не вртете им грб

Verse 16 — Surah Al-Anfal 8:16

тој што тогаш ќе им сврти грб, освен тој што ќе се повлече со намера пак да се бори или пак на друга чета да ѝ пристапи, ќе се врати натоварен со Аллаховиот грев; живеалиштето негово ќе биде џехеннемот, а тоа е ужасно престојувалиште

Verse 17 — Surah Al-Anfal 8:17

Вие не ги убивавте нив, туку Аллах; и ти не фрли кога фрлаше, туку Аллах фрли, за да ги искуша верниците со убаво искушение. Аллах, навистина, сè слуша и сè знае

Verse 18 — Surah Al-Anfal 8:18

Така беше тоа, а навистина Аллах е Тој што ги ослабнува интригите на неверниците

Verse 19 — Surah Al-Anfal 8:19

Ако се молевте да победите, па ете, ви дојде „победата“! А подобро би ви било да се откажете! И ако повторно се вратите, Ние повторно ќе се вратиме и ни малку нема да ви користи таборот ваш, колку и да е многуброен, бидејќи Аллах е на страната на верниците

Verse 20 — Surah Al-Anfal 8:20

О, верници, покорувајте им се на Аллах и на Неговиот Пратеник, и не напуштајте го, та вие слушате што говори тој

Verse 21 — Surah Al-Anfal 8:21

и не бидете како тие што велат: „Слушаме!“ - а не слушаат

Verse 22 — Surah Al-Anfal 8:22

Најлоши суштества кај Аллах се тие кои се глуви и неми, кои не сакаат да сфаќаат

Verse 23 — Surah Al-Anfal 8:23

Да знае Аллах дека од нив може да има некакво добро, би направил да слушаат, а и да сторел да слушаат, тие повторно би се свртеле, бидејќи тие и така главите ги вртат

Verse 24 — Surah Al-Anfal 8:24

О, верници, одѕвијте им се на Аллах и на Пратеникот кога од вас ќе побара да го сторите тоа што ве оживува; и знајте дека Аллах се вплеткува помеѓу човекот и срцето негово, и дека сите пред Него ќе се соберете

Verse 25 — Surah Al-Anfal 8:25

И чувајте се од искушенијата кои нема да ги погоди само тие меѓу вас кои правеа насилство, и знајте дека Аллах страшно казнува

Verse 26 — Surah Al-Anfal 8:26

И сетете се кога бевте малкумина, кога на Земјата бевте угнетени, се плашевте луѓето да не ве фатат, па Тој засолниште ви даде и со Својата помош ви помогна и со убаво снабдување ве снабди, за да бидете благодарни

Verse 27 — Surah Al-Anfal 8:27

О, верници, Аллах и Пратеникот не лажете ги и свесно со аманетите не поигрувајте си

Verse 28 — Surah Al-Anfal 8:28

и да знаете дека богатството ваше и децата ваши се само искушение и дека само кај Аллах наградата е голема

Verse 29 — Surah Al-Anfal 8:29

О, верници, ако се плашите од Аллах, Тој ќе ви подари способност за разделување на вистината од невистината и преку лошите постапки ваши ќе премине и ќе ви прости. А Аллаховата добрина е неизмерна

Verse 30 — Surah Al-Anfal 8:30

И кога неверниците замките ги поставуваа за да те фрлат во темница или за да те убијат или за да те прогонат; тие поставуваа замки, па и Аллах им поставуваше замки на нив, бидејќи Аллах тоа најдобро го умее

Verse 31 — Surah Al-Anfal 8:31

Кога зборовите наши им се кажуваат, велат: „Веќе чуено! Да сакаме, и ние ќе кажеме нешто такво; тоа се само измислици на народите древни“

Verse 32 — Surah Al-Anfal 8:32

А кога рекоа: „Боже, ако ова навистина е вистина од Тебе, Ти прати врз нас камења од небото во вид на дожд или прати ни некое неподносливо страдание!“

Verse 33 — Surah Al-Anfal 8:33

Аллах не ги казни бидејќи ти беше меѓу нив; и Аллах нема да ги казни сè додека некои од нив сè уште молат да им се прости

Verse 34 — Surah Al-Anfal 8:34

А заслужуваат Аллах да ги казни кога им забрануваат пристап на другите во Светиот Храм, а тие не се негови чувари. Чувари негови треба да бидат само тие што се богобојазни, но мноштвото од нив не знае

Verse 35 — Surah Al-Anfal 8:35

Молитвата нивна покрај Каба се сведува само на свиркање и ракоплескање; затоа, искусете ја казната бидејќи не верувате

Verse 36 — Surah Al-Anfal 8:36

Тие што не веруваат ги трошат имотите свои за да одвраќаат од Аллаховиот пат. Тие сигурно ќе ги потрошат, потоа заради тоа ќе жалат и на крајот победени ќе бидат. А тие што нема да веруваат, во џехеннемот ќе бидат ставени

Verse 37 — Surah Al-Anfal 8:37

за добрите од лошите Аллах да ги одвои, и лошите едни над други за да ги наталожи, и потоа сите во еден куп да ги збие и во џехеннемот да ги фрли! Тие навистина ќе бидат изгубени

Verse 38 — Surah Al-Anfal 8:38

Кажи им на тие што не веруваат: ако престанат, ќе им биде простено тоа што било претходно; но ако не престанат, па се знае што се случи со древните народи

Verse 39 — Surah Al-Anfal 8:39

И борете се против нив сè додека многубоштвото не исчезне и сè додека Аллаховата вера не остане. А ако престанат, Аллах добро гледа што прават тие

Verse 40 — Surah Al-Anfal 8:40

а ако ги свртат грбовите свои, знајте дека Аллах е ваш заштитник, а Тој е прекрасен заштитник и Тој е прекрасен помагач

Verse 41 — Surah Al-Anfal 8:41

И знајте дека од сè што ќе заплените за време на борба една петтина им припаѓа на Аллах и на Пратеникот, и на роднините негови, и на сирачињата, ина сиромашните, инапатниците, аковерувате во Аллах и во тоа што го објавивме на робот Наш на денот на одвојувањето на вистината од невистината, на денот кога се судрија двете војски, а Аллах може сè

Verse 42 — Surah Al-Anfal 8:42

кога вие бевте во поблиската долина, а тие во поодалечената долина, а караванот подолуодвас. И да седоговаравте, немаше да седоговорите за времето на борбата, но таа се случи за Аллах да даде да се исполни тоа што мораше да се случи, неверникот да остане неверник по очигледниот доказ и верникот да остане верник по очигледниот доказ, а Аллах навистина сè слуша и сè знае

Verse 43 — Surah Al-Anfal 8:43

Кога Аллах во сон ти покажа дека нив ги има малку; а да ти покажеше дека се многу вие моралот ќе го изгубевте и за бојот ќе се расправавте, но Аллах ви го покажа спасот. Тој добро ги знае мислите сечии

Verse 44 — Surah Al-Anfal 8:44

А кога се судривте, Тој во очите ваши ви ги прикажа во мал број, а и вас во очите нивни исто така во мал број, за Аллах да даде да се исполни тоа што мораше да се случи, а сè се враќа кон Аллах

Verse 45 — Surah Al-Anfal 8:45

О, верници, кога ќе се судрите со каква било чета, бидете смели и непрестајно Аллах спомнувајте Го, за да го постигнете тоа што го сакате

Verse 46 — Surah Al-Anfal 8:46

и покорувајте им се на Аллах и на Пратеникот Негов и не расправајте се за да не потклекнете и без борбениот дух да останете; и бидете издржливи, бидејќи Аллах е навистина на страна на издржливите

Verse 47 — Surah Al-Anfal 8:47

И не бидете како тие кои за да му се покажат на светот, наметливо од градот свој излегоа за од Аллаховиот пат да одвраќаат. А Аллах добро знае што прават тие

Verse 48 — Surah Al-Anfal 8:48

И кога шејтанот како убави им ги претстави нивните постапки и им рече: „Никој неможеденес да вепобеди и јас сумвашиот заштитник!“, тогаш тој, кога се судрија двете противнички групи, се повлече назад, и рече: „Јас немам ништо со вас, јас го гледам тоа што вие не можете да го видите, и јас се плашам од Аллах, бидејќи Аллах страшно казнува!“

Verse 49 — Surah Al-Anfal 8:49

кога лицемерите и тие чиишто срца се болни велеа: „Нив ги заведе верата нивна!“ А тој што на Аллах ќе се потпре, па Аллах е навистина Силен и Мудар

Verse 50 — Surah Al-Anfal 8:50

А да видеше само кога мелеците на неверниците душата им ја земаа и по лицата нивни и одназад ги удираа: „Вкусете го страданието во огнот!“

Verse 51 — Surah Al-Anfal 8:51

Тоа е за тоа што го подготвивте со рацете свои, бидејќи Аллах не е неправеден спрема робовите Свои

Verse 52 — Surah Al-Anfal 8:52

Така беше и со фараоновите луѓе и со тие пред нив: во Аллаховите докази не веруваа, па Аллах, поради гревовите нивни ги казни. Аллах, навистина, е моќен и страшно казнува

Verse 53 — Surah Al-Anfal 8:53

Тоа е затоа што Аллах нема да го лиши од благосостојба народот на кого Тој веќе им ја подарил, сè додека тој (народот) самиот не се промени. А Аллах сè слуша и сè знае

Verse 54 — Surah Al-Anfal 8:54

Така беше и со фараоновите луѓе и со тие пред нив: доказите на Господарот свој не ги признаваа, па Ние, поради гревовите нивни, ги уништивме, а фараоновите луѓе ги потопивме, сите тие беа неверници

Verse 55 — Surah Al-Anfal 8:55

Најлоши суштества кај Аллах се тие што негираат, тие што не сакаат да веруваат

Verse 56 — Surah Al-Anfal 8:56

тие со коишто ти склопуваш договори, па тие секој пат, не плашејќи се од Аллах, го кршат договорот свој

Verse 57 — Surah Al-Anfal 8:57

Ако во борбата се судриш со нив, казни ги така што поради нив да се разбегаат тие што се зад нив, за да се опаметат

Verse 58 — Surah Al-Anfal 8:58

Штом забележиш предавство кај некое племе, и ти нему исто така откажи му го договорот. Аллах сигурно не ги сака предавниците

Verse 59 — Surah Al-Anfal 8:59

И нека не мислат тие што не веруваат дека ќе се спасат; тие навистина нема да можат да избегаат

Verse 60 — Surah Al-Anfal 8:60

И против нив подгответе колку што можете сила и коњи за бој, за со тоа да ги заплашите Аллаховите и ваши непријатели, и другите освен нив – вие не ги познавате, Аллах ги знае. Сè што ќе потрошите на Аллаховиот пат, ќе ви биде надоместено, нема да ви сестори неправда

Verse 61 — Surah Al-Anfal 8:61

Ако тие бидат склони кон мир, биди и ти склон и потпри се на Аллах, бидејќи Тој, навистина, сè слуша и сè знае

Verse 62 — Surah Al-Anfal 8:62

А ако сакаат да те измамат, па, тебе навистина ти е доволен само Аллах; Тој те поддржува со Својата помош и со верниците

Verse 63 — Surah Al-Anfal 8:63

и Тој ги соедини срцата нивни. Да го потрошеше сето тоа што постои на Земјата, ти немаше да ги соединиш срцата нивни, но Аллах ги соедини. Тој е навистина Силен и Мудар

Verse 64 — Surah Al-Anfal 8:64

О, Веровеснику, Аллах ти е доволен тебе и на верниците кои те следат

Verse 65 — Surah Al-Anfal 8:65

О, Веровеснику, бодри ги верниците на борба! Ако бидете дваесетмина издржливи, ќе победите двестемина; а ако бидете сто, ќе победите илјада од тие што не веруваат, затоа што тие се луѓе кои не сфаќаат

Verse 66 — Surah Al-Anfal 8:66

Сега Аллах ви дава олеснување; Тој знае дека сте уморни: ако бидете сто издржливи, ќе победите двестемина; ако бидете илјада, ќе победите, со Аллахова волја, две илјади. А Аллах е со тие што се издржливи

Verse 67 — Surah Al-Anfal 8:67

На ниту еден веровесник не му е дозволено да задржува заробеници сè додека не извојува победа на Земјата; вие ги сакате минливите добра на овој свет, а Аллах го сака оној свет. Аллах е Силен и Мудар

Verse 68 — Surah Al-Anfal 8:68

Да не е поранешната Аллахова одредба, ќе ве снајдеше големо страдање поради тоа што го зедовте

Verse 69 — Surah Al-Anfal 8:69

Сега јадете од тоа што го запленивте, како допуштено и убаво, и плашете се од Аллах. Аллах навистина простува и Милостив е

Verse 70 — Surah Al-Anfal 8:70

О, Веровеснику, кажи им на заробениците кои се наоѓаат во рацете ваши: „Ако Аллах знае дека во срцата ваши има какво било добро, ќе ви даде подобро од тоа што ви е земено и ќе ви прости.“ А Аллах простува и Милостив е

Verse 71 — Surah Al-Anfal 8:71

А ако сакаат да те измамат, па тие и порано Аллах го мамеа, и затоа Тој ти овозможи да ги победиш. А Аллах знае сè и Мудар е

Verse 72 — Surah Al-Anfal 8:72

Тие што веруваат, и се иселуваат, и во борбата на Аллаховиот пат ги заложуваат имотите свои и животите свои, и тие што даваат прибежиште и помагаат, тие меѓусебно се заштитници. А на тие коишто веруваат, а кои не се иселија, вие не можете, сè додека не се иселат, да им бидете заштитници. Ааковезамолат да им помогнете во верата, должни сте на помош да им излезете, освен против народот со кој имате склучен договор за ненапаѓање. А Аллах добро го гледа тоа што го правите

Verse 73 — Surah Al-Anfal 8:73

Неверниците меѓусебно се заштитници. Ако не постапите така, ќе настане збрка на Земјата и голем неред

Verse 74 — Surah Al-Anfal 8:74

Тие што веруваат и што ќе се иселат, и ќе се борат на Аллаховиот пат, и тие што даваат засолниште и помагаат - тие се, навистина, вистински верници. Нив ги чека прошка и благородно изобилство

Verse 75 — Surah Al-Anfal 8:75

А тие што подоцна ќе станат верници, па ќе се иселат и во борбата заедно со вас ќе учествуваат - тие се ваши. А роднините, според Аллаховата Книга, меѓусебно се поважни. Аллах, навистина знае сè