Back to LanguagesPrevious ChapterNext Chapter
Macedonian - Chapter 85 - Al-Buruj
Translation by Macedonian Scholars — Permalink
Verse 1 — Surah Al-Buruj 85:1
Се колнам во небото ѕвездено
Verse 2 — Surah Al-Buruj 85:2
и во Денот веќе одреден
Verse 3 — Surah Al-Buruj 85:3
и во сведокот и во посведоченото
Verse 4 — Surah Al-Buruj 85:4
Проклети нека се тие што рововите ги ископаа
Verse 5 — Surah Al-Buruj 85:5
и кои со оган и гориво ги наполнија
Verse 6 — Surah Al-Buruj 85:6
кога околу него седеа
Verse 7 — Surah Al-Buruj 85:7
и беа сведоци на тоа што на верниците им го правеа
Verse 8 — Surah Al-Buruj 85:8
А им се одмаздуваа само затоа што веруваа во Аллах, Силниот и за благодарност Достојниот
Verse 9 — Surah Al-Buruj 85:9
Чијашто власт е на небесата и на Земјата, а Аллах е Сведок на сè
Verse 10 — Surah Al-Buruj 85:10
Тие што верниците и верничките ќе ги мачат, и потоа нема да се покајат, ги чека казна во џехеннемот и исто така пржење во огнот
Verse 11 — Surah Al-Buruj 85:11
А тие што ќе веруваат и ќе прават добри дела ги чекаат џеннетски градини низ кои реки ќе течат, а тоа голем успех ќе биде
Verse 12 — Surah Al-Buruj 85:12
Одмаздата на Господарот твој, навистина, ужасна ќе биде
Verse 13 — Surah Al-Buruj 85:13
Тој од ништо создава и повторно тоа ќе го направи
Verse 14 — Surah Al-Buruj 85:14
И Тој простува и полн е со љубов
Verse 15 — Surah Al-Buruj 85:15
Господарот на Аршот, Возвишениот
Verse 16 — Surah Al-Buruj 85:16
Тој прави што Му е Нему по волја
Verse 17 — Surah Al-Buruj 85:17
Дали допре до тебе веста за војските
Verse 18 — Surah Al-Buruj 85:18
за фараонот и за Семуд
Verse 19 — Surah Al-Buruj 85:19
Но, тие што не веруваат постојано негираат
Verse 20 — Surah Al-Buruj 85:20
а на Аллах тие нема да можат да Му избегаат
Verse 21 — Surah Al-Buruj 85:21
А ова е Куранот величествен
Verse 22 — Surah Al-Buruj 85:22
на Плочата внимателно чувана