Ден во кој ќе видите како секоја доилка го заборава она што го доела, а секоја трудница како ќе го пометне плодот нејзин; ќе ги видиш луѓето пијани а, всушност, не се пијани. Но, казната Аллахова е жестока
О луѓе, ако сте при сомнение во проживувањето, па Ние, ве создадовме од земја, потоа од капка семе, потоа Од засирена крв, потоа од парче месо, целосно и нецелосно за да ви објасниме; и во утробите утврдуваме со посак Наш до рок определен; потоа ве вадиме како малечко за да станете потоа мажевствени. Некои меѓу вас умираат а некои, пак, во длабока старост паѓаат, така што она што некогаш го знаеја сега не го знаат. Земјата ја гледаш замрена, па кога ќе спуштиме на неа вода... ете, таа ќе заживее, ќе забуја и ќе за" рти растение од секој вид убав
одат горделиво за да скршнат во заблуда од Аллаховиот пат. На овој свет ќе бидат понижени, а на идниот свет Ние ќе одредиме да ја вкусат казната огнена
има луѓе кои го обожаваат МАллаха, сомневајќи се; па, ако им се случи добро, се смируваат со тоа, а ако им се случи, пак, искушение некакво, се оддалечуваат: ќе го изгубат и овој свет и Ахирет. Ете, тоа, токму, е пораз очигледен
Оние кои веруваат и кои работат добри дела... Ние, навистина, ќе ги мпвоведеме во бавчите џеннетски низ кои реки течат. Аллах, навистина, работи што посакува
Оној кој мисли дека Аллах нема да му помогне и на овој свет и на Ахирет нека растегне јаже до небо, потоа нека го искине, и нека размисли дали искинатината ќе го отстрани она за што тој, токму, негодува
Не знаеш ли дека на Аллах, секако, на сеџде му паѓа се она што е на небесата и на Земјата, и Сонцето и Месечината, и звездите и планините, и стеблата и животните и, исто така, многу меѓу луѓето? А многу има кои ја заслужуваат казната. ДА оној кого Аллах ќе го понижи нема НИКОЈ што ќе го удостои. Аллах, навистина, работи што сака
И сте, два противника кои расправаат за Господарот свој. За оние кои не веруваат ќе им биде сошиена облека од оган, а над главите нивни ќе им се сипа зовриена вода
На оние кои веруваат и кои работат добри дела ОН ќе ги воведе, навистина, во бавчите џеннетски низ кои реки течат: во нив ќе бидат украсени со нараквици од злато и бисери, а облеката нивна ќе им биде од свила
оние кои не веруваат и кои, навистина, одвраќаат Од Аллаховиот пат, и од Месџидул Харам кого Ние го одредивме, било за мештаните било за дојденците - кои, според тоа, во него посакуваат да осквернат и зулум да направат, Ние ќе одредиме да ја вкусат казната болна
кога на Ибрахим му го означивме местото за куќа: “Не здружувај Ми ништо и очисти ја куќава Моја за оние кои се вртат околу неа, кои стојат и кои на сеџде паѓаат
за да си прибават користи КОИ се нивни, и да го споменуваат името Аллахово Во деновите познати при “рскот НИВНИ ОД ЖИВОТНОТО ОД Него, за нив наменето. Јадете од негои поделете го на несреќниот бедНИК
Ете, оној кој ги велича светостите Аллахови... тој, кај Господарот свој, е подобар. И дозволени ви се животните, освен оние кои ви се споменати, И избегнувајте ја срамотијата на киповите и избегнувајте го разговорот безработен
искрено оддадени на Аллах, не здружувајќи Му ништо; оној кој Му припишува здруженик на Аллах е како оној кој ќе падне од небо, па птиците Ќе го разграбат или, пак, ветрот ќе го однесе во некое место далечно
И на секоја заедница Ние ќ одредивме обред за да го споменуваат името Аллахово при “рскоТ НИВНИ ОД ЖИВОТНОТО ОД Него, за нив наменето. Па, вашиот Бог е еден Бог. И Нему, тогаш, оддадете Му се! И зарадувај ги понизните
чии срца, кога ќе се спомене Аллах, ќе затреперат, кои се трпеливи за она што им се случува, кои намаз извршуваат и КОИ, ОД “рскот што Ние им го дадовме, делат
Еден од обредите хаџиски се и камилите кои Аллах ви ги одреди. Во нив, за вас, има добро. Споменувајте го името Аллахово кога ќе бидат во редови поредани. А кога ќе паднат на земја, јадете од нив И нахранете го оној што е задоволен со тоа и оној кој пита. Ете, Ние така ви ги потчинивме за да бидете благодарни
Ни месото нивно ни крвта нивна не ќе стигнат до Аллах, туку богобојазливоста ваша ќе стигне до Аллах. Ете, така ви ги потчини за да Го славите Аллаха заради тоа што ве упати, и зарадувај ги доброчинителите
оние кои се истеруваат од огништата нивни бесправно, затоа што зборуваа: “Господарот наше Аллах." Кога Аллах не би ги спречувал луѓето еднисодруги ќе беа срушени манастирите, и црквите, и синагогите И џамииите во кои многу се споменува името Аллахово. И Аллах сигурно не ќе му помогне на оној кој не го помага Аллаха. Аллах, навистина, е Моќени Силен
Па, не патуваат ли по земјата за срцата нивни да сфатат за тоа, и ушите НИВНИ со кои ќе слушаат, но, очите, навистина, не се слепи, туку слепи се срцата во градите
пред тебе Ние не испративме ниеден пратеник и пејгамбер а Шејтанот да не му фрлеше нешто во она што, токму, го кажуваше. И Аллах секогаш го отстрануваше она што го фрлаше Шејтанот и потоа ги утврдуваше ајетите Свои. Аллах е Зналец и Мудар
за да го направи она што Шејтанот го уфрлува искушение за оние во чии срца има болештина и чии срца затврднаа. Зулумќарите, навистина, се во цепнатина далечна
да узнаат оние со даденото им знаење дека тоа, навистина, е вистина од Господарот твој, па да веруваат во неа И да им се сплотат срцата нивни. Аллах ги упатува оние кои веруваат по патот вистински
Оние кои не веруваат постојано се сомневаат во тоа се додека не им дојде Часот последен, одненадеж, или, пак, додека не им дојде казната жестока на Денот
Власта на Денот тој е само Аллахова и Он ќе им пресудии на едните и на другите. Оние кои веруваат и кои работат добри дела ќе бидат во бавчите џеннетски благословени
Оние кои се иселија на Аллаховиот пат, кои потоа беа убиени или кои умреа... Аллах сигурно ќе им даде “рск добар. Аллах, навистина, меѓу снабдувачите е Најдобриот
Ете, на оној кој ќе возврати со иста мера за она што му е направено, а потоа ќе му се наштети Аллах, сигурно, ќе го помогне. Аллах, навистина, е Помилувач и Простувач
Не гледаш ли дека Аллах се вам ви потчини? И она што е на земјата, а чамецот плови по морето со наредбата Негова. И Он го држи небото да не падне на земјата, освен, секако, со одобрението " Негово. Аллах, навистина, кон луѓето е Сочувствителен и Сомилосен
За секоја заедница Ние одредивме обред чии жители го практикуваа. Па, не дозволувај никако да се расправа со тебе за наредбата. Повикувај го Господарот твој. Ти си, навистина, по патоказот вистински
кога им се кажуваат ајетите Наши јасни, ти приметуваш на лицата од оние кои не веруваат неодобрување некакво. Само што не ги фаќаат в гуша на оние кои им ги кажуваат ајетите Наши. Кажи: “Да ве известам ли за злото на тоа? Оган што им го вети Аллах на оние кои не веруваат. “ Е, само колку е лош тоа свратилиште
О луѓе, се изнесува пример па, слушнете го! Оние кои ги повикувате, освен Аллах, не можат, навистина, да создадат ни мушичка. Дури и да се соберат за тоа. Ако мушичката им зграби нешто не ќе можат ни да го извадат. Слаби се, навистина, барателот и бараноТО
И борете се на Аллаховиот пат со борба вистинска за Него. ОН ве избра и во верата не ве задолжи со нешто исклучително, во верата на вашиот бабо Ибрахим. Он ве именуваше од порано како муслимани, и во овој Кур ан, исто така, за пејгамберот да биде сведок против вас, а вие да бидете сведоци против луѓето. Па, намаз извршувајте и зекат давајте и држете се за него; ОН е заштитникот ваш. Е, само колку добар ЗашТИТНИК е ОН! КЕјсамо колку добар Поддржник е Он