Back to LanguagesPrevious ChapterNext Chapter
Macedonian - Chapter 25 - Al-Furqan
Translation by Sheikh Hassan Gilo — Permalink
Verse 1 — Surah Al-Furqan 25:1
Нека е возвишен Оној кој го објави Разделувачот на вистината од невистината до робот Свој за да биде Опомена за световите
Verse 2 — Surah Al-Furqan 25:2
Оној чија власт на небесата и на Земјата е - Негова, Кој не си присвои дете, Кој во власта не зема здруженик, и Кој ја создаде секоја ствар, па ја определи со мера определена
Verse 3 — Surah Al-Furqan 25:3
И тие покрај Аллах прифатија други божества кои не создаваат ништо, а тие, токму, се создадени; за себеси немаат моќ ни да си користат ни да си наштетат, ниту да усмртат ниту да оживеат, или, пак, по смртта да оживеат
Verse 4 — Surah Al-Furqan 25:4
А неверниците зборуваа: “Ова е само клевета кој тој ја измислува и во што, секако, му помагаат други луѓе." Да, тие носат лага и измама
Verse 5 — Surah Al-Furqan 25:5
Зборуваат:“Овие се прикаски на одамнешните кои ги пропиша и му се кажуваат наутро и навечер
Verse 6 — Surah Al-Furqan 25:6
Кажи: “Кур"анот го објави Оној кој ја знае тајната на небесата и на Земјата." Он, навистина, е Простувач и Сомилосен
Verse 7 — Surah Al-Furqan 25:7
И зборуваат: “Што му е на овој тпејгамбер? Јаде храна и шета по чаршиите? Зошто не му е испратен мелек па да биде со него опоменувач
Verse 8 — Surah Al-Furqan 25:8
Или да му се спушти ризница или, пак, да има бавча од која ќе јаде?" Зулумќарите зборуваат уште и: “Вие следете само опседнат човек
Verse 9 — Surah Al-Furqan 25:9
Погледни какви примери за тебе донесуваат! Ете, така тргнаа во заблуда и не можат да се вратат по патот вистински
Verse 10 — Surah Al-Furqan 25:10
Нека биде вишен Оној кој, доколку посака, ќе ти даде подобро од тоа: бавчи низ кои реки течат; ќе ти даде, исто така И дворови
Verse 11 — Surah Al-Furqan 25:11
Но, не! Го сметаа за лажен Часот! ДА за оној кој го смета Часот за лажен Ние подготвивме казна огнена
Verse 12 — Surah Al-Furqan 25:12
Кога ќе им се укаже од место далечно, слушаат беснило и вриење
Verse 13 — Surah Al-Furqan 25:13
А кога ќе бидат фрлени во теснец со врзани раце, ќе се молат за пропаст
Verse 14 — Surah Al-Furqan 25:14
“Не молете се денес за една пропаст, туку молете се за многу пропасти
Verse 15 — Surah Al-Furqan 25:15
Кажи: “Тоа е подобро или пак е подобар Џеннетот на вечноста, ветен за богобојазливите?“ Ете, тоа е, токму, наградата и свратилиштето нивно
Verse 16 — Surah Al-Furqan 25:16
Во него за нив има се што ќе посакаат, за навек! Одговорноста за тоа ветување е во надлежност на Господарот твој
Verse 17 — Surah Al-Furqan 25:17
А на Денот кога Он ќе ги збере, и она што го обожаваа, освен Аллах, и кога Он ќе рече: “Вие ли во заблуда ги скршнувавте робовите Мои или, пак, тие во заблуда си скршнаа од патот вистински
Verse 18 — Surah Al-Furqan 25:18
Ќе речат: “Славен биди Ти! Да, не ни требаше да земаме други заштитници освен Тебе, но Ти, ним и на бабовците НИВНИ, им даде да уживаат се додека не заборавија да се сеќаваат на Тебе." Беше народ кој, секако, пропадна
Verse 19 — Surah Al-Furqan 25:19
Да, тие го сметаат за лажно она што го зборувате. Не ќе можете да ја отстраните маката нивна а ниту, пак, да им помогиете. А на оној од вас кој ќе направи зулум .. Ние ќе му дадеме да вкуси казна голема
Verse 20 — Surah Al-Furqan 25:20
Ние не испративме пејга бери пред тебе кои не јадеа храна и кои не шетаа по чаршиите. Еднисодруги во искушение Ние ве доведуваме. Е па, ќе се стрпете ли! Господарот твој гледа
Verse 21 — Surah Al-Furqan 25:21
Оние кои не полгаат надеж во Средбата наша, зборуваат: “Зошто не ни се спуштаат мелеки или, пак, зошто не го гледаме Господарот наш?" Тие веќе се дуеја во душите нивни, наголемо зе изнасилија
Verse 22 — Surah Al-Furqan 25:22
На Денот во кој ќе ги видат мелеките ќе нема за силниците никаква радосница; ќе речат: “Сочувај не
Verse 23 — Surah Al-Furqan 25:23
Ние ќе пристапиме кон делата нивни И пепел и прав ќе ги направиме
Verse 24 — Surah Al-Furqan 25:24
Жителите џеннетски на Денот тој ќе бидат сместени во најубаво престојувалиште и ќе се одмараат во најубава почивка
Verse 25 — Surah Al-Furqan 25:25
Ден ќе биде тоа во кој небесата ќе се расцепат во тенки облаци и Ден во кој мелеките ќе се спуштаат
Verse 26 — Surah Al-Furqan 25:26
Тогаш власта вистинска ќе му припадне на Милостивиот, а за неверниците на Денот тој ќе биде неподносливо
Verse 27 — Surah Al-Furqan 25:27
Ден во кој зулумќарот ќе ги крши прстите од рацете свои, велејќи: “Тешко мене! Друг пат, освен патот на пејгамберот прифатив
Verse 28 — Surah Al-Furqan 25:28
тешко мене! О пропаст моја! Е, да не земав друг пријател
Verse 29 — Surah Al-Furqan 25:29
Ме одврати од Опомената веќе по нејзиното доаѓање до мене!" Шејтанот, навистина, останува за човекот предавник
Verse 30 — Surah Al-Furqan 25:30
тпејгамберот рече:“Гос-. подаре, народот мој, навистина, го прифати овој Кур"ан како отпадок
Verse 31 — Surah Al-Furqan 25:31
ете, така за секој пејгамбер меѓу силниците Ние определивме непријател. Доста ти е што во Господарот твој. имаш упатувач и поддржник
Verse 32 — Surah Al-Furqan 25:32
Оние кои не веруваат, велат: “Зошто не му е објавен. Куранот во целост, во еден замав“?“ Ете, така Ние го објавуваме за да го утврдиме со него. срцето твое. "Така, дел по дел среден, Ние го објавуваме
Verse 33 — Surah Al-Furqan 25:33
И тие не ќе донесат никаков урнек а Ние да не ти донесеме вистина и најдобро толкување
Verse 34 — Surah Al-Furqan 25:34
Оние со наведнатите лица кон Дехеннемот ќе бидат во најлошо место и беспаќе
Verse 35 — Surah Al-Furqan 25:35
на Муса Ние, секако, му објавивме Книга, а брат му Харун за поддржник го одредив-. ме
Verse 36 — Surah Al-Furqan 25:36
па, рековме:“Одете до нароДОТ кој ГИ сметаше за лажни ајетите Наши" - а потоа народот. Ние го снемавме
Verse 37 — Surah Al-Furqan 25:37
А. и на народот на Нух, исто така, зашто ги сметаше за лажни пејгамберите, Ние го потопивме, и одредивме да биде знамение за луѓето. А за зулумќарите Ние болна казна подготвивме
Verse 38 — Surah Al-Furqan 25:38
и Ад и Семуд и жителите на Ресе, и поколенија многу меѓу нив Ние уништивме
Verse 39 — Surah Al-Furqan 25:39
И за секој народ, меѓутоа, Ние донесовме примери и, потоа, го снемавме
Verse 40 — Surah Al-Furqan 25:40
А, секако, поминуваат пакосни крај градот врз кого се истури дожд. А не го приметуваат ли? И дури на оживувањето не се надеваат
Verse 41 — Surah Al-Furqan 25:41
И кога ќе те здогледаат те прифаќаат само како предмет на исмевање: “Овој ли Аллах го испрати како пејгамбер
Verse 42 — Surah Al-Furqan 25:42
Ете, така само што не не одврати од божествата наши; но ние сме при нив истрајни." Ќе узнаат, кога ќе ја здогледат казната, кој скршна во беспаќе
Verse 43 — Surah Al-Furqan 25:43
Го виде ли оној кој ја прифати страста за божество свое? Ќе бидеш ли негов закрилник
Verse 44 — Surah Al-Furqan 25:44
Сметаш ли дека мнозинството меѓу нив, навистина, слушаили разбира? Тие се како добиток. Тие се, токму, во беспаќе
Verse 45 — Surah Al-Furqan 25:45
Не гледаш ли како Господарот твој ја простира сенката И кога сака ОН, навистина, ја прави да биде починка, а потоа сонцето за неа го прави знамение
Verse 46 — Surah Al-Furqan 25:46
потоа кон Нас полека ја прибираме
Verse 47 — Surah Al-Furqan 25:47
И Он ноќта ви ја определи за постела, а сонот за одмор, а денот пак за патување
Verse 48 — Surah Al-Furqan 25:48
Он испраќа ветар како радосница пред милоста Своја, а ОД небо Ние чиста вода спушта
Verse 49 — Surah Al-Furqan 25:49
за да го оживееме со неа мртвиот предел и да ги напоиме многуте луѓе и животни кои Ние ги создадовме
Verse 50 — Surah Al-Furqan 25:50
Да, за ова им изнесувавме многу за да се сетат. Но, мнозинството на луѓето, неверувајќи, одбиваше
Verse 51 — Surah Al-Furqan 25:51
Кога Ние би посакале во секој град сигурно ќе испратевме опоменувач
Verse 52 — Surah Al-Furqan 25:52
Па, не заборави на неверниците и, со помош на Куранот, бори се со сета сила
Verse 53 — Surah Al-Furqan 25:53
И Он е Оној кој одвои едноодруго две мориња: едното питко и ладно, а другото солено и горчливо. И меѓу нив одреди меѓупростор и испречи препрека
Verse 54 — Surah Al-Furqan 25:54
И ОН од вода создаде човек па од него направи роднина и сватовштина. Господарот твој е Кадар
Verse 55 — Surah Al-Furqan 25:55
А тие ги обожаваат, освен Аллах, оние кои не си користат И кои не си штетат. Неверникот кон Господарот свој ги врти плеќите
Verse 56 — Surah Al-Furqan 25:56
И Ние те испративме само како опоменувач и радосник
Verse 57 — Surah Al-Furqan 25:57
Кажи: “Не барам од вас за ова никаква награда, освен оној кој сака, да тргне по патот на Господарот Свој
Verse 58 — Surah Al-Furqan 25:58
И потпри се врз Живиот кој не умира, и слави Го со славата Негова. И за Него е доволно тоа што е Известен за гревовите на робовите Свои
Verse 59 — Surah Al-Furqan 25:59
Оној кој ги создаде небесата И Земјата, И она што е меѓу нив, за шест дена, а потоа се утврди на Аршот, Милостивиот. Па, прашај го за Него известениот
Verse 60 — Surah Al-Furqan 25:60
кога ќе им се рече: “Џаднете Му на сеџде на Мило-. стивиот, велат: “А кој е Милостивиот? Да паднеме ли на сеџде за она за што ти ни наредуваш?" И се зголемува отуѓувањето НИВНО
Verse 61 — Surah Al-Furqan 25:61
Возвишен нека е ОН кој на небесата создаде созвездие Во кое светилка постави И Месечина осветлена
Verse 62 — Surah Al-Furqan 25:62
И Он е Оној кој ја создаде ноќта и денот да се сменуваат, за оној кој посакува да се споменува или кој пак посакува да се заблагодарува
Verse 63 — Surah Al-Furqan 25:63
еве кои се робовите на Милостивиот: оние кои одат по земјата достоинствено, и кога незнајковците ќе им се обратат, велат “Селам
Verse 64 — Surah Al-Furqan 25:64
оние кои ноќите ги поминуваат, паѓајќи на сеџде и стоејќи пред Господарот свој
Verse 65 — Surah Al-Furqan 25:65
оние кои зборуваат: “Господаре наш, оддалечи не од казната џехеннемска? Казната џехеннемска ќе биде, навистина, неминовна
Verse 66 — Surah Al-Furqan 25:66
да, таа е лошо престојувалиште и утврдувалиште
Verse 67 — Surah Al-Furqan 25:67
оние кои, кога трошат, расипнички тоа не го прават, И кои исто така не се скржави, туку заземаат средина
Verse 68 — Surah Al-Furqan 25:68
кои, освен на Аллах не се повикуваат на друг бог, и кои не убиваат никого за кого забрани Аллах, освен по правда... А оној кој ова го прави ќе вкуси грев
Verse 69 — Surah Al-Furqan 25:69
Ќе му се удвои казната на Денот суден и во неа за навек ќе биде понижен
Verse 70 — Surah Al-Furqan 25:70
освен оној кој ќе се покае, кој верува и кој работи добро дело. На таквите Аллах ќе им ги промени нивните лоши Дела со добри. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен
Verse 71 — Surah Al-Furqan 25:71
оној кој ќе се покае и кој ќе сработи добро дело... па, тој, навистина, се враќа кон Аллах со покајание, како покајник
Verse 72 — Surah Al-Furqan 25:72
оние кои не сведочат лажно, и кога ќе поминат крај нешто безработно, поминуваат достоинствено
Verse 73 — Surah Al-Furqan 25:73
оние на кои ќе им се споменат ајетите на Господарот НИВНИ не остануваат ни глуви ни слепи
Verse 74 — Surah Al-Furqan 25:74
и оние кои зборуваат: “Господаре наш, подари НИ од жените наши и потомствата наши радост во очите и одреди да бидеме водачи на богобојазливите
Verse 75 — Surah Al-Furqan 25:75
Бидејќи беа трпеливи ќе бидат наградени со соби и во Нив ќе се сеќаваат и со поздрав и со селам
Verse 76 — Surah Al-Furqan 25:76
во нив за навек ќе останат. И ете, колку убаво престојувалиште и одморалиште ќе биде тоа
Verse 77 — Surah Al-Furqan 25:77
Кажи: “Кога не би биле довите ваши, Господарот мој не ќе се грижеше за вас. Да, лажевте па затоа казната е неминовна