пред тоа; Патоказ за луѓето,а објави и Одделувач на вистината ОД невистината. Болна казна ќе имаат оние кои не ги признаваат ајетите Аллахови, навистина! А. Аллах е Силен и Строг
н ти објави Книга. Во неа има ајети едноставни. Овие се мајка на Книгата. И ајети сложени. Што се однесува до оние кои во срцата свои имаат скршнување ги следат, заради збрка и свое толкување, ајетите сложени. Толкувањето нивно го знае само Аллах и оние кои се нурнале во знаење. Овие велат: “Ние веруваме во сето тоа и во сето она што е од Господарот наш. За тоа се сеќаваат само надарените со разбир
Имавте знамение во двете спротиставени дружини: едната која се бореше на Аллаховиот пат, а другата: неверничка што И се причинуваше дека е двојна поголема од неа. Аллах поддржува кого сака. Во тоа, секако, има ибрет за надарените со јасен поглед
На луѓето им се разубавуваат работите кои ги сакаат: жените, децата, ковчезите полни со злато и сребро, спремните КОЊИ, добитокот И посевите. Ете, тоа е благодат на овој свет. А во близината Аллахова е најубавото престојувалиште
ажи: “Да ве известам ли за неколку работи кои се подобри од сето ова?" Богобојазливите, кај Господарот свој, имаат бавчи НИЗ кои реки течат; во нив за навек ќе останат. Таму има и чисти жени и задоволство Аллахово. А Аллах ги гледа робовите
ллах сведочи, а и мелеките И учените сведочат дека нема друг бог освен Него. Чувар, навистина, на правдата. Нема друг бог освен Него; ОН е Силен и Мудар
Аллаховата вера е - Исламот, навистина! Оние со дадената им Книга се разединија токму тогаш кога им дојде знаење. Беа еднинадруги себични. А оној кој не ги признава ајетите Аллахови...па, Аллах е Брз Пресметувач, навистина
ко, пак, се расправаат, кажи: “Лицево мое единствено го предавам на Аллах, а и оние кои ме следат." Кажи им на оние со дадената им Книг и на незнаенковците: “Нема ли да ја прифатите Послушноста?" Ако ја прифатат Послушноста, тогаш, ќе одат по Патоказот, а ако, пак, ги свртат плеќите... твое е, секако, само да известиш, а Аллах ги гледа робовите
звести ги оние кои не ги признаваат ајетите Аллахови, И оние кои ги убиваат пејгамберите бесправно, и оние кои ги убиваат луѓето кои наредуваат правда..дека за нив има казна болна
Не гледаш ли дека оние до кои дојде дел од Книгата како повикуваат меѓу нив да се суди според Книгата ААллахова, а една дружина од нив ги врти плеќите? ДА оние се, токму, рамнодушните
ажи: “О Аллах, власта е во рацете Твои: ја даваш кому сакаш и ја одземаш од кого сакаш. Ти со посак Свој воздигнуваш, и Ти со посак Свој понижуваш. Доброто е во рацете Твои. Ти си, навистина, Кадар за се
ерниците не ги земаат неверниците за заштитници наместо верниците. Сторителот на тоа нема ништо кај Аллах. Направете го тоа само ако се плашите од нив. Аллах ве опоменува за Себе и свратилиштето е кон Него
ажи: “Ќе го криете ли она ШТО е во срцата ваши или ќе го обелоденувате - Аллах знае." И Он го знае се она што е на небесата и се она што е на Земјата. Аллах е Кадар за се
а Денот кога душата пред себе ќе си го најде доброто што СИ го спечалила, И злото што си го спечалила; ќе посака помеѓу нив и него да има далечина голема. Аллах ве опоменува за Себе. Аллах е Сочувствителен кон робовите Свои
бидејќи се породи, рече: “Тосподаре, родив женско", а Аллах знае што роди таа - “а машкото не е како женското." И дадов име Мерјем."И, навистина, во пазувите "Гвои, ги склонувам неа И ПОТОМСТВОТО нејзино ОД Шејтанот проколнат
Господарот нејзин, тогаш, ја прими убаво и ја порасна убаво. И на Зекерија ја довери на чување. Секојпат кога Зекерија ќе влезеше во Светилиштето ќе најдеше храна кај неа. Велеше: “Од каде ти е ова, Мерјем?" Таа велеше: “Ова е од Аллах." А Аллах, мнавистина, снабдува неизмерно кого сака
И додека се клањаше во Светилиштето, стоејќи, мелеките го повикаа:“ Аллах, навистина, ќе ве зарадува со Јахја кој ќе го потврди зборот на Аллах, ќе биде првак, чист пејгамбер, меѓу добрите
екерија рече: “Господаре мој, дај ми знамение некакво!" А Аллах рече: “Твое знамение е тоа што ќе можеш три дена да зборуваш со луѓето само со ишарети. И многу споменувај го Господарот! И слави Го и приквечерина и наутро
Ете, тоа се дел ОД кажуванјата за Тајната, што Ние ти ги објавуваме. Ти не беше таму кога оние ги фрлаа перцата свои за да видат кој од нив ќе се грижи за Мерјем, и ти не беше меѓу нив кога се караа
И кога мелеките рекоа:“О Мерјем, Аллах, навистина, ти донесува радосница; од Него 36ор: името му е Месих, син на Мерјем, ќе биде виден и на овој свет ина Ахирет и еден е меѓу блиските на Аллах
Таа рече: “Господаре наш, како ќе имам дете кога ниеден маж, навистина, не ме допрел?" Он рече: “Ете, така Аллах со посак Свој создава: кога нешто ќе реши само ќе рече: “Биди! -и тоа, токму, ќе биде
и, ете, пејгамбер до синовите Израилови: “Ви дојдов со знамение од Господарот ваш. Ке создадам за вас нешто, навистина, од кал што ќе биде слично на птица и ќе дувнам во него И со одобрението Аллахово, ќе стане птица; ќе излечам слеп и лепрозен и ќе оживеам умрен, со одобрението Аллахово; ќе Ви кажувам што јадете и што збирате во домовите ваши, со одобрението Аллахово. Ако сте верНИицЦИ ете, во тоа, навистина, имате знамение
еве, тука сум да го потврдам Теврат и да ви дозволам нешто од она што ви беше забрането; и ви доаѓам со знамение од Господарот ваш. На, плашете се од Аллах и бидете МИ послушни
бидејќи Иса го усети неверувањето нивно, рече: “Кои ќе ми бидат поддржници кон Аллах?" Учениците рекоа: “Ние ќе бидеме поддржници АллаховИ, во Аллах веруваме, а ти биди сведок дека ќе бидеме, навистина, Послушни
ога Аллах рече:“О Иса, навистина, ќе те земам и ќе те воздигнам кон Мене, и ќе те очистам од оние кои не веруваат И ќе определам оние кои те следат да бидат над оние кои не веруваат, на Денот суден. Потоа Мене ќе ми се вратите па ќе ви пресудам за она за што станавте деленици
На оние кои расправаа со тебе за него, по знаењето кое ти. дојде, па, кажи им: “Дојдете, ќе ГИ повикам и синовите нашии синовите ваши, жените наши и жените ваши, и ние лично и вие Лично да се помолиме понизно И проклетството Аллахово врз лажговците да го повикаме
Кажи: “О Следбеници на Книгата, дојдете кон Зборот кој е и ваш и наш: само еден Аллах да обожаваме, ништо да не Му припишуваме и други божества, освен Него, да не прифаќаме." Па, ако ги свртат плеќите, кажете:“Сведочиме дека сме Послушни, навистина
дна дружина меѓу Следбениците на Книгата, зборуваше: “Верувајте на почетокот на денот во она што им е објавено на оние кои веруваа, а не верувајте на крајот на денот за оние да се вратат
не верувај никому, освен на оние кои ја следат верата твоја! Кажи:“Навистина, Аллаховиот Патоказ е - вистинскиот Патоказ: нему обајвеното слично е на нам објавеното." Инаку ќе расправаат за Аллах. Кажи: “Добротата, секако, е во рацете на Аллах; Он со посак Свој ја дава. А Аллах е Неизмерен и Зналец
еѓу Следбениците на Книгата има и такви кои, ако им довериш товар злато, ќе ти го вратат, а меѓу нив има и такви кои, ако им довериш еден динар, нема да ти го вратат. Постојано треба да го следиш заради тврдењето нивно:“Што се однесува до незнаенковците Ние сме обврзани да постапиме на друг начин. За Аллах, иако знаат, лага зборуваат
а, оние кои го заменуваат ветувањето Аллахово и своите заклетви со нешто малку вредно, на Ахирет, никакво добро не ќе имаат. Аллах со нив не ќе зборува, на Денот суден нема да им обрне внимание и нема да ги очисти. За нив има казна болна
еѓу нив има една дружина луѓе кои превртуваат со јазиците свои, читајќи ја Книгата за да помислите дека тоа е од Книгата, а тоа не е од Книгата, и зборуваат дека тоа е од Аллах а не е од Аллах. За Аллах, иако знаат, лага зборуваат
а еден човек кому Аллах му објави и Книга и Мудрост и пратеништво не му одговара да им зборува на луѓето: “Бидете мои, а не Аллахови робови!" Туку зборува:“Бидете Аллахови робови, зашто во Книгата поучувате и во неа истражувате
кога Аллах од пејгамберите го прифати Договорот -: Секојпат кога ќе ви обајвев од Книгата и од Мудроста и кога потоа ќе ви дојдеше пејгамбер, кој ќе го потврдеше она што веќе го имавте, ќе поверувавте ли во тоа и ќе му помогневте ли? Рече:“Ќе прифатите ли? Ќе примите ли обврска од мене?" Рекоа:“Прифаќаме."Рече:“Посведочете, и јас сум од вас, меѓу оние кои сведочат
окрај НААллаховата ли вера оние бараат друга? И она што е на небесата и она што е на Земјата, сака или не сака, на Аллах е полсушно. Нему ќе Му се вратат
ажи:“Ние веруваме и во Аллах и во она што ни е објавено, и во она што е објавено на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на Јакуб, и на внуците; И во она што му е дадено на Муса и на Иса - пејгамберите од Господарот нивни. Меѓу нив ние никаква разлика не правиме. Ние сме само Нему послушни
ако Аллах ќе го упати еден народ чии приврзеници не веруваа, а пред тоа веруваа, и сведочеа дека пејгамберот е вистински, и им доаѓаа јаснотии! А Аллах нема да го упати народот невернички
еверниците кои ќе умрат, секако, како неверници како откуп ни сето злато со кое е исполнета земјата не ќе им биде примено; тие ќе имаат казна болна и тие ќе немаат поддржНИЦИ
екоја храна им беше халал на синовите Ивзраилови, освен онаа што ја забрани Израил за себе пред да му биде објавен Теврат. Кажи:чПа, донесете Теврат, кажувајте го ако сте искре,5 НИ
о неа се знаменијата јасни, И местото Ибрахимово. И кој ќе влезе во неа е безбеден. Хаџџот на Куќата заради Аллах, е обврска за секој кој е во можност за оној кој ќе се најде на пат. А оној кој не верува - та, Аллах е Независен од луѓето
ажи:“О следбеници на Книгата, зошто го одвраќате оној што верува сакајќи да му го расипете Аллаховиот пат, а сведДОЦИ сте. А Аллах не е невнимателен кон она што го работите
Па, како можете да не верувате кога веќе ви беа кажувани ајетите Аллахови и кога меѓу вас е пејгамберот Негов? А кој цврсто држи до Аллах веќе е упатен по патот вистински
И држете се цврсто - сите за јажето Аллахово;не разединувајте се и сетете се за благодатите Аллахови кон вас: “И сетете се кога бевте непријатели. ОН, тогаш, ги обедини срцата ваши: потоа, со благослов Негов, станавте браќа. И кога бевте на границата од огнената бездна - ве избави од тоа! Ете, така Аллах ви ги објаснува ајетите Свои за да бидете упатени
на Денот кога некои лица ќе побелат и кога некои лица ќе поцрнат. Што се однесува до оние чии лица ќе поцрнат: “По верувањето ваше не верувавте; па, пробајте ја казната затоа што не верувавте
Вие сте најдобрата заедница за луѓето која се појави: наредувате добро, одвраќате од зло; и верувате во Аллах. А кога Следбениците на Книгата би верувале - тоа би било подобро за нив. Меѓу нив има верници, но МНОЗИНСТВОТО ОД НИВ се расипаНИ
Каде било да се најдат понижување ќе ги снајде, ако Не се под закрилата МАллахова и закрилата на луѓето. Аллаховата лутина ја предизвикуваат. И беда ќе ги снајде. Ете, тоа е заради: неверувањето нивно во ЗНаменијата Аллахови, убивањето бесправно на пејгамберите, затоа што беа непослушни и затоа што претеруваа
Она што ќе го поделат во животот на овој свет слично е на посевот на оние кои згрешиле против себе - кога ќе го ПОГОДИ ветар ладен па, ќе го уништи. Оние на Аллах зло не Му нанесоа туку себеси зло си нанесоа
верници, не земајте доверители други луѓе освен меѓу вас, вашите нема да ве изневерат. Оние, освен вас, сакаат да ве видат нурнати во пропаст. Омраза од нивните усти ИЗзлегува, а она што го кријат во градите свои е поопасно. Така Ние ви ги објаснуваме знаменијата Наши само ако сфаќате
Вие, ете, нив ги њубите а тие не ве њубат. Вие во Книгата верувате, целосно! Кога ќе ве сретнат, зборуваат: “Ние веруваме;" а кога, пак, ќе се осамат, заради нивната омраза кон вас, ги гризат врвовите од прстите свои. Кажи: “Умрете во вашата омраза!" Аллах, навистина, го знае она што е во градите
Кога ќе ви се случи добро лошотија ги обзема, а кога ќе ви се случи зло - радост ги обзема. Нивната сплетка - ако сте трпеливи и богобојазливи - Во ништо не ќе ви наштети. Аллах, навистина, го опфаќа она што го работат
И за оние кои, кога ќе направат срамно дело или кога ќе си нанесат напаст себеси, па го споменуваат Аллаха и бараат прошка за гревовите свои, - а кој ќе ги простува гревовите освен Аллах? -и кои не се истрајни во она што го сработиле, и кои, токму, знаат
нив ги чекаат: награда, прошка од Господарот Нивни И бавчи низ кои реки течат. Оние во нив за навек ќе останат. Е, само колку е убава таа награда за оние кои го прават тоа
Ако ви се зададе рана, еднакво, се задава рана и на луѓето, навистина! А во тие денови меѓу луѓето даваме предност, наизменливо: Аллах, така, знае кои се верници и ги зема меѓу вас шехидите! Аллах не ги туби зулумќарите
Мухаммед е само пејгамбер! И пред него имаше пејгамбери па, ако умре или ако биде убиен ќе се вратите ли по стапалките ваши? А оној кој ќе се врати по стапалките свои на Аллах во ништо не ќе му наштети, а благодарните Аллах Ќе ги награди
Секој умира со одобрението Аллахово во часот определен. Од наградата ќе му дадеме на оној кој ја сака на овој свет И од наградата ќе му дадеме и на оној кој ја сака на Ахирет. Ние ќе ги наградиме благодарните
И многу пејгамбери имаше со кои се бореа многу побожни луѓе и не губеа храброст заради она што им се случи на Аллаховиот пат, не се откажуваа и кои не се предаваа? А Аллах ги њуби трпеливите
Во срцата на неверниците ќе мнвлееме страв затоа што на Аллах другар му здружуваа, за кој Он никаков доказ не објави. Огнот е престојувалиштето нивно. КЕ, само колку лошо прибежиште за зулумќарите е тоа
Аллах, секако, ГО ИСПОЛНИ ветувањето Свое кон вас кога ги истребувавте, со одобрението Негово, непријателите се до времето кога мослабнавте и расправавте за наредбата. Непослушни бевте по она ШТО посакавте да го видите. Меѓу вас имаше: оние кои го сакаа овој свет и оние кои го сакаа Ахирет. Потоа Он ве одвои од нив за да ве испроба. И ОН, секако, ви прости. Аллах поседува неизмерна добрина кон верниците
Кога отстапивте, не управувајќи внимание КОН НИкого, И кога пејгамберот ве повикуваше одназад Аллах ве казни со грижа над грижа за да не тагувате за она што ви се оддалечи и што не ви се случи. Аллах е Известен за она што го работите
Потоа по тагата ОН ви спушта смирна: “Некои од вас дремка ги обзема, а некои се грижеа за себеси. Овие за Аллах го помислуваа она што не е вистина, она што се помислуваше за Аллах во џахилијјетот, зборувајќи: “Што ни остана од таа победа?" Кажи: “Сета победа, навистина е - Аллахова!" Во нивните души го кријат она што пред тебе не го обелоденуваат. Зборуваат: “Да победевме не ќе изгиневме тука!" Кажи: “И да беа во куќите свои смртта ќе ги стигнеше, оние на кои им е запишано да умрат, на местата нивни. За Аллах да го испита она што е во градите ваши, и да го очисти она што е во срцата ваши. Аллах го знае она што го кријат градите
Оние меѓу вас кои ги завртија плеќите на денот кога се сретнаа двете војски Шејтанот ги натера да паднат заради она што порано го стекнаа. Аллах веќе им прости. Аллах е Простувач и Благ
О верници, не бидете како неверниците кои, додека браќата нивни по земјата патуваат и битка бијат, зборуваат: “Да беа со нас не ќе умреа и не ќе загинеа." Аллах сакаше со тоа да ги ожалости срцата нивни. Аллах оживува и Аллах усмртува. Аллах го гледа она што го работите
Само со милоста Аллахова ти си благ кон нив. А да си груб И со тврдо срце ќе побегнат од тебе, далеку. Прости им, тогаш, и барај прошка за нив и договарај се со нив во наредбата. А кога ќе решиш - потпри се врз Аллах! Аллах, навистина, ги туби оние кои се потпираат врз Него
На пејгамберот не му доликува да сокрие нешто. Оној што ќе сокрие нешто ќе го донесе на Денот суден. Таму секому ќе му се даде она што си го спечалил.. И не ќе им се наштети
Не се еднакви оној кој го заслужи задоволството Аллахово и оној кој ја предизвика лутината Аллахова. Престојувалиштето на овој е Џехеннемот. Е, само колку лошо свратилиште е тоа
Да, Аллах ги даруваше верниците: Кога помеѓу Нив испрати пејгамбер од нив да ИМ ги кажува ајетите Негови, да ги очисти и да ги поучи во Книгата, и Мудроста иако порано беа во заблуда очигледна
Кога ве снајде неволја каква што вие двојно возвративте на непријателот - вие рековте: “Како сега ова?" Кажи: “Тоа е од вас самите?" Аллах, навистина, е Кадар за се
и да се знаат дволичните кога им се рече: “Дојдете! Борете се на Аллаховиот пат или бранете се!" Рекоа: “Да знаевме дека ќе има борба ќе ве следевме." Тогаш, оние се поблиску до неверувањето отколку до иманот: го зборуваат со своите јазици она што не е во срцата нивни. Аллах најдобро го знае она што го кријат
и радосни се со она што им го даде Аллах од добрината Своја и донесуваат радосница за оние кои ќе им се приклучат по НИВ: “Нема да стравуваат и нема да тагуваат
Има голема награда за оние кои се озваа На ПОВИКОТ ОД Аллах и пејгамберот по задобиените рани, и кои добро работат И кои се богобојазливи... за НИВ има награда голема
на кои им рекоа луѓето: “Сите луѓе, навистина, се собрале против вас и чувајте се од нив - и ова им го зголеми иманот и рекоа: “Аллах ни е Доволен. СЕ, само каков Закрилник е ОН
Нека не те загрижуваат оние кои се стремат да одат во пропаст. Во ништо, навистина, на Аллах нема да му наштетат. Аллах сака да не им даде награда на Ахирет. За нив има казна голема
Оние кои не веруваат нека не мислат дека, навистина, е добро за нив тоа што им дадовме долг живот. Долг живот Ние им дадовме само да им го зголемиме гревот, навистина! За нив има казна срамна
Аллах нема да ги остави верниците во таа состојба во која сте вие се додека ОН не го ОДВоИ доброто од лошото. Аллах не ви ја обелоденува Тајната, туку Аллах одбира, меѓу пејгамберите, со посак Свој. И верувајте, тогаш, во Аллах и во пејгамбер-. ите Негови. Ако верувате и ако се плашите - па, за вас има награда голема
Нека не мислат оние кои скржават во она што Аллах им даде од добрината Своја дека е тоа добро за нив, туку тоа е лошо за нив: На Денот суден она во што скржават ќе им биде за врат обесено. Миразот на небесата и на Земјата е - Аллахов! А Аллах е Известен за она што го работите
А Аллах веќе го слушна зборот на они кои зборуваа: “Аллах, навистина, е сиромашен, а ние сме богати." Ќе го запишеме она што го зборуваа и убивањето на пејгамберите бесправно, и ќе речеме: “Искусете ја казната огнена
Оние кои „зборуваа:“Да, Аллах ни нареди да не му веруваме на ниеден пејгамбер се додека не ни дојде со „курбан што ќе го спржи огнот. Кажи: “И порано, секако, ви доаѓаа пејгамбери и со јаснотиии со она што го зборувате -е, па, зошто ги убивавте ако сте ис-крени
Да, секој ќе ја проба смртта, и само на Денот суден ќе ви се исполнат наградите. Кој ќе се оддалечи од огнот а ќе влезе во Џеннетот - тој веќе победи; животот на овој свет е само лажно уживање
Да, ќе бидете ставени во искушение и со имотите ваши и со животите ваши, и ќе се наслушате со многу навреди врз некои од оние пред вас на кои им е дадена Книгата. А ако сте, пак, трпеливи и богобојазливи па, тоа, токму, е една од големите работи
кога Аллах го прифати Договорот од оние на коииме дадена Книгата: “Вие ќе им го објасните на луѓето и нема да го криете" -и оние го занемарија и го продадоа за мала вредност. Е, само колку е лошо она што го послуваат
не мисли никако дека оние кои се радуваат со даденото им и кои сакаат да им се заблагодари за несработеното и не сметај ги... дека ќе бидат спасени од казната. За нив има казна болна
за оние кои го споменуваат Аллаха и стоејќи и седејќи И лежејќи и кои размислуваат за создавањето на небесата и на Земјата:“Госпопдаре наш, ти ова не го создаде залудно. Возвишен си Ти, сочувај не од казната огнена
Господаре наш, ние, секако, чувме еден повикувач ШТО повикуваше во иман: “Верувајте во Господарот ваш!" Ние веруваме, Господаре наш, прости ни ги гревовите и занемари ги пропустите наши и одреди да умреме заедно со добрите
И Господарот нивни, тогаш, им возврати на молбата нивна: “Не ќе го поништам, навистина, делото на оној кој ќе го направи ОД вас, било машко или женско, зашто вие сте еднизадруги. А оние кои се иселија и кои беа прогонети од огништата свои, И кои беа малтретирани на Мојот Пат и кои се бореа и кои гинеа ќе им ги простам гревовите НИВНИ И ќе ги воведам во бавчите мџеннетски низ кои реки течат. Наградата е - Аллахова! А кај Аллах наградата е најубава
Но, богобојазливите, од Господарот нивни, ги чекаат бавчи џеннетски низ кои реки течат; во нив за навек ќе останат, И таква е, ете, почивката кај Аллах. А она што е добро кај Аллах најдобро е за доброчинителите
Меѓу следбениците на Книгата има кои веруваат и во Аллах и во она што вам ви се објавува и во она ШТО им е објавено, и кои се плашат од Аллах и кои не ги продаваат зборовите Аллахови за безвредно. Наградата нивна е кај Господарот нивни. Аллах, навистина, е Брз Пресметувач