Внимавај, чистата вера е Аллахова! Оние кои земаат други заштитници освен Него: “Ги обожаваме само да не приближат до Аллах, поблиску! Аллах, навистина, ќе им пресуди за она за што, токму, станаа деленици. Аллах, секако, не ги упатува лашковците и неверниците
Ги создаде небесата и Земјата со вистина. Он ноќта ја покрива со денот, а денот го покрива со ноќта. ОН ги потчини и Сонцето и Месечината. Сето тоа се движи до рокот определен. Он, навистина, е Силен и Простувач
Он ве создаде од еден човек. Потоа од него создаде другар. И Он ви даде осум парови на добиток. Ве создаде во утробите на мајките ваши, суштество по суштество, низ три темнини. Ете, тоа ви е Аллах, Господарот ваш; власта е - Негова! Нема друг бог освен Него! Па, каде, тогаш, сте кинисале
Па ако не верувате... та, Аллах, навистина, е независен ОД вас, и не е задоволен со неверувањето на робовите Свои, а ако, пак, Му се заблагодарувате, е задоволен со вас. И не ќе ја понесе никој тежината на бремето од друг, а потоа враќањето ваше води кон Господарот ваш... па, ОН ќе ве извести за она што го работевте. Он, навистина, го знае она што е во градите ваши
А кога човекот ќе го снајде неволја некаква, го повикува Господарот свој; Нему му се обраќа. И штом ќе му додели благодат од Него, го заборава она за што го молеше порано, И Му припишува на Аллах еднакви за да скршне од патот Негов. Кажи: “ Уживај малку во неверството твое. Ти си, навистина, меѓу жителите на огнот
Оној ли е кој, во вечерите негови останува во побожност, паѓајќи на сеџде и стоејќи, кој се сеќава на Ахирет, кој се надева на милоста од Господарот свој... Кажи: “Еднакви ли се оние кои знаат и оние кои не знаат? На Аллах се сеќаваат, навистина, даруваните со разбир
Кажи: “О робови мои, кои верувате! Плашете се од Господарот ваш! За оние кои прават убави дела на овој свет има добро. Земјата Аллахова е широка. Наградата за трпеливите ќе биде безмерна, навистина
Па, обожавајте, освен Него, кого сакате!" Кажи: “ Поразените се, навистина, оние кои се поразија самите себеси, И семејствата свои на Денот суден. Ете, тоа е пораз јасен
Но, за оние кои се плашат од Господарот свој има соби: изградени еднинадруги испод кои реки течат. Ете, тоа е вету вањето Аллахово. А Аллах не го изневерува ветеното место
Не гледаш ли дека Аллах, навистина, спушта вода од небесата? Па ја воведува во земјата и така настануваат извори. Потоа, со помош нејзина, вади растенија разновидни. Потоа тоа се суши и го гледаш пожолтено и, на крај, го крши. Во тоа, навистина, има опомена за даруваните со разбир
Оној чии гради Аллах ги отвори за Послушноста... па ја следеа светлината на Господарот негов. Па, тешко на оние срца нивни кои се затврднати кога ќе се спомене Аллах! Онаквите се во скршнување очигледно
Аллах го објави најубавиот Говор, ККнига со меѓусебно СЛИЧНИ делови, која се Повторува. Оние кои се плашат од Господарот свој ги фаќаат морници на кожата. Потоа, кога ќе се спомене Аллах, се смируваат и кожите нивни и срцата нивни. Ете, тоа, токму, е Патоказ Аллахов со кој Он упатува кого сака. А оној кого Аллах ќе го скршне во заблуда... та, за него нема упатувач
Аллах донесува пример: човек кој е здружен со ортаци кои се расправаат еднисодруги и човек кој е потчинет на еден човек. Можат ли овие примери да се изедначат? Благодарение на Аллах! Но, ете мнозинството од нив не знаат
Нели Аллах е доволен за робот Негов? ДА оние те заплашуваат со оние, освен Него. А оној кого Аллах ќе го скршне во заблуда... па, за него, нема упатувач
ако ги прашаш кој ги создаде "небесата и Земјата, сигурно ќе речат “Аллах!" Кажи: “Нели ги видовте оние кои ги обожававте освен Аллах?“ Ако Аллах ми нанесе штета дали тие ќе можат да ја отстранат штетата Негова? Или, ако посака да ми подари милост, дали тие можат да ја задржат милоста Негова? Кажи: “Аллах за мене е доста. Врз Него се потпираат оние кои се потпираат
Ние, навистина, ти објавивме Книга за луѓето, со вистина. Тогаш, кој ќе се упати за себеси ќе се упати, а кој ќе скршне во заблуда, скршнува, навистина, против себеси. Ти не си товар за нив
Аллах ги усмртува душите при самата смрт нивна, но онаа додека спије, не е мртва. Па, така, за оние за кои Он ќе реши да умрат, ги задржува, а оние за кои ќе реши да останат, ќе останат до рок определен. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои размислуваат
И само кога ќе се спомене името на Аллах, Единствениот, ќе се згрчат срцата на оние кои не веруваат во Ахирет. А кога ќе се споменат, пак, оние освен Него, ете ги како се радуваат
Кажи:“О Аллаху мој, Тво-| рител на небесата и на Земјата, Зналец и на тајното и на јавното, Ти ќе им пресудиш на робовите Твои за она за што станаа деленици
Оние кои зулум прават кога би го поседувале се она што е на земјата, и уште толку би дале, секако, за пакоста на Денот суден, само, ете, да се спасат од неа. А за казната Нивна, ОД страна на НААллах, ќе им се предочи и она што не можеле да го замислат
Па, кога ќе го снајде човекот неволја некаква, Не повикува. МА кога ќе му овозможиме, потоа, благодат Наша, вели: “Она што ми е дадено, токму, е знаењето!" Но, не! Тоа е сплетка, но ете, МНОЗИНСТВОТО од нив не знаат
Кажи: “О робови мои, вие, кои ги нзанемаривте душите ваши, не губете надеж во милоста Аллахова. Аллах, навистина, ги простува сите гревови. ОН, секако, е Простувач и Сомилосен
Објавено ми е, секако, она што е објавено и на оние пред тебе: “Ако бидеш многубожец сигурно ќе пропаднат делата твои и сигурно ќе бидеш меѓу страдалниците
оние не го почитуваат Аллаха онолку колку што вистински треба да го почитуваат. Сета Земја на Денот суден ќе биде во ракофат, а небесата ќе бидат свиткани во десната рака Негова. Славен нека е Он! И високо е над она што Му го здружуваат
И ќе се дувне во Сурлата и, ете, ќе ги снема страшниот глас оние кои се на небесата и оние кои се на Земјата, а не и оние за кои Аллах ќе посака. Потоа, повторно ќе се дувне во Сурлата и, ете ги исправени, во исчекување
ДА земјата ќе засвети со светлината на Господарот нејзин, и Книгата ќе се постави, И пејгамберите и сведоците ќе се доведат... Исправно ќе им се суди и не ќе им се наштети
ние кои не веруваа во дружини ќе бидат натерани во Џехеннемот. И штом Ќе дојдат до него ќе им се отворат вратите негови, и ќе им речат чуварите нивни: “Нели ви доаѓаа пејгамбери меѓу вас кои ви ги кажуваа ајетите на Господарот ваши ве опоменуваа за Средбата на овој Ден ваш?" Ќе речат: “Да!" Но, се овистини зборот за казната на неверниците
оние кои се плашеа од Господарот свој, во дружини ќе бидат натерани во Џеннетот. И штом ќе дојдат до него, ќе им се отворат вратите негови, И ќе им речат чуварите нивни: “Селамун алејкум! Бевте прекрасни: па, влезете во Џеннетот и во него за навек ќе останете
Ќе речат: “Благодарение на Аллах, Кој го исполни ветувањето Негово кон нас, и не одреди да Ја наследиме земјава, да се сместиме во Џеннетот таму каде што ќе си посакаме. Е, само колку е благословена наградата за трудоњубивите
ќе ги видиш мелеките како кружат околу Аршот, славејќи Го, со благодарноста кон Него, Господарот свој. Исправно ќе им се суди и ќе се рече: “Благодарение на Аллаќ! Господарот на световите