Небесата само што не се здробат еднинадруги, а мелеките Го слават, заблагодарувајќи Му се, Господарот свој, и бараат прошка за оној кој е на земјата. Но, Аллах, навистина,е Простувач и Сомилосен
И ете, така Ние ти го објавивме Кур? анот на арапски за да ја опоменеш Уммул Кураи оние околу неа, и да ги опоменеш за Денот на собирањето во кој, секако, нема сомнение. Една дружина ќе биде во ШНеннетот, а една ќе биде во Џехеннемот
Создател на небесата и на Земјата! И од вас Он парови создаде и од добитокот парови создаде. За да ве множи, секако! Нему не Му е ништо слично. Он е Слушач и Гледач
Во верата ви го пропиша она што му беше оставено во васиет на Нух, и она што Ние тебе ти го објавуваме, и она што им го оставивме во васиет И на Ибрахим, и на Муса, и на Иса: “Да бидете истрајни во верата и во неа да не се разединувате!" Она кон што ги повикуваш многубошците е голема работа. Аллах избира кон Себе кого сака и го упатува кон Себе оној што Му се обраќа
оние се разединија, заради тоа што се пакостеа еденсодруг, веднаш по дојденото им знаење. А зборот на Господарот твој да не им претходеше со рок определен сигурно ќе им беше пресудено. Оние кои по нив ја наследија Книгата се сомневаа, исцело
Па, ете, заради тоа повикувај и биди истраен онака како што ти е наредено! И не следи ги страстите нивни, и кажи: “Верувам во она што е објавено од Аллах во Книгата. Наредено ми е справедливо да судам меѓу вас; Аллах е и Господарот наш и Господарот ваш. Нам - нашите дела а вам - вашите дела. Нема потреба еднинадруги да се докажуваме. Аллах сите ќе не збере, и свратилиштето е - кон Него
А оние кои донесуваат докази за Аллах по веќе доказите НИВНИ со кои се повикуваше кон Него - се ништожни кај Господарот нивни; омраза заслужуваат и за нив има казна жешка
Оние кои не веруваат во него бараат да дојде побрзо. А оние кои веруваат стравуваат од него и знаат дека тоа, секако, е вистина. Како и да е оние кои се сомневаат во Часот се во беспаќе далечно
Оној кој сака награда на Ахирет, Ние ќе ја зголемиме наградата негова, а оној кој сака награда на овој свет, ќе му ја дадеме, а на Ахирет за овој не ќе има дел
Имаат ли оние божества кои им го пропишуваат во верата она што Аллах не им го дозволи? Да не беше зборот на Одлуката ќе им беше просудено, сигурно! А за зулумќарите има, навистина, казна болна
е ги видиш зулумќарите како стравуваат заради она што го спечалија. А тоа, всушност, мора да им се случи. А оние кои веруваат и кои добри дела работат ќе бидат во градините џеннетски. Ќе имаат кај Господарот нивни се што ќе посакаат. Ете, тоа е предност голема
Ете, така Аллах ги зарадува робовите Свои кои веруваат и кои добри дела работат. Кажи: “Не барам за тоа никаква награда, освен наклоност кон роднината." А оној кој ќе се стекне со добро во тоа Ние ќе му го зголемиме доброто. Аллах, навистина, е Простувач и Благодарен
Или, пак, тие зборуваат: “Тој фрла лага врз Аллах?" Па, Аллах да сака ќе го запечати срцето твое. Аллах ја снемува невистината а ја остварува, со зборовите Свои, вистината. Он, навистина, го знае она што е во градите
Кога Аллах би им дал “рск на робовите Свои - тие би станале силници на земјава, но Он, спушта “рск со мера, со посак Свој. Он, навистина, е Известен и Гледач на робовите Свои
ако Он посака Ќе го смири ветрот и, ете, тие ќе станат неподвижни на морската површина. Во тоа, навистина, има знаменија за секој што е трпелив и благодарен
Уживање за едно време во животот на овој свет... ете, тоа е се што ви е дадено. А она што е кај Аллах е подобро и потрајно за оние кои веруваат и кои врз Господарот свој се потпираат
Надоместок за злото е зло нему еднакво. А оној кој ќе прости и кој ќе се поправи - та, наградата негова е кај Аллах. Он, навистина, не ги уби зулумќарите
Оној кого Аллах ќе го скршне во заблуда - па, за него нема пријател по Него. И ќе ги видиш зулумќарите, кога ќе ја здогледаат казната, како ќе повикаат: “ Има ли некој начин на кој можеме да се вратиме
И ќе ги видиш изложени на неа; понижени како гледаат со потајно око. А оние кои веруваат ќе речат: “Страдалници се, навистина, оние кои си наштетија себеси и на семејствата на Денот суден!" СЕ, така зулумќарите ќе бидат, навистина, во казната постојана
Очвете се на Господарот ваш пред да настапи денот од Аллах од кој не може да се врати. На тој ден за вас ќе нема никакво засолниште и за вас ќе нема никаков приговор
Па, ако се тргнат на страна, Ние не те испративме да бидеш нивни чувар. Обврската твоја е само да известиш. И кога Ние, навистина, дадовме човекот да ја вкуси милоста Наша, се радува на тоа, а ако, пак, го снајде зло заради она што го направија рацете нивни... та, човекот, навистина, е неблагодарен
На човекот му е дадено Аллах да зборува со него само преку објава или зад завеса или да му испрати пејгамбер па да му го објави со одобрението Свое она што го сака. Он, навистина, е Вишен и Мудар
И ете, така по робот Наш ти вдахнавме објава по наредба Наша; не знаеше што е, и Книга и верување, но одредивме да биде светлина за да го упатиме оној кого сакаме од робовите Наши. И ти, навистина, упатуваш по патот вистински