Он е Оној кој ги создаде и небсата и Земјата за шест дена а потоа се утврди на Аршот. Он знае и што влегува во земјата и што излегува, што се спушта од небото и што се воздигнува кон него. И Оне со вас каде и да сте. Аллах го гледа она Што го работите
Верувајте и во Аллах и во пејгамберот Негов и делете од она што ви го оставија да располагате со него. Па, оние кои веруваат меѓу вас и кои делат... ги чека награда голема
Што ви е? Зошто не делете на Аллаховиот пат? Миразоти на небесата и на Земјата е - Аллахов! Меѓу вас не се еднакви оние кои делеа пред победата и кои се бореа. Оние кои се бореа се на повисоки степени од оние кои делеа по тоа и кои се бореа. А и на едните и на другите Аллах им вети награда. Аллах е Известен за она што го работите
на Денот во кој верниците и верничките ќе ги видиш како светлината нивна поминува пред НИВ, од десната страна нивна: “Еве ви радосница: бавчи низ кои реки течат и во нив за навек ќе се остане. Ете, тоа е победа голема
На Денот во кој дволичните, мажи и жени, ќе им зборуваат на верниците: “Почекајте не, да позајмиме од светлината ваша!" Ќе им се рече: “Вратете се назад, па побарајте светлина!" Меѓу нив ќе биде поставен зид во кој ќе се наоѓа врата. ОД внатрешната страна има милост, а од надворешната страна казна
Ќе ги повикаат: “Не бевме ли со вас?" Ќе речат: “Да!" Но, вие самите се сплеткавте, очекувавте, се двоумевте, и по желбите ваши ве заведоа се додека не дојде наредбата Аллахова. Заводникот ве заведе од Аллах
Па, денес од вас не ќе се земе откупнина, а и од оние кои не веруваа. Огнот е престојувалиштето ваше и засолништето ваше. Е, само колку е лошо тоа свратилиште
Не дојде ли мигот за оние кои веруваат срцата да им смекнат, да се уплашат кога ќе се спомене Аллах, и вистината што им се објавува, и да не бидат како оние порано со дадената им Книга... па, времето им се оддалечи а срцата им станаа тврди. Мнозинството од Нив се расипани
А оние кои веруваат во Аллах и во пејгамберот Негов - тоа се, токму, искрените; шехидите кај Господарот нивни ќе имаат награда своја и светлина своја. А оние кои не веруваат и кои ги сметаат за лажни ајетите Наши... тоа се жителите џЏехеннемски
Знајте дека животот на овој свет, навистина, е игра и забава, и украс и горделивост меѓу вас, и натпреварување и во имотот и во децата, како дожд што ќе ги вчудоневиди земјоделците со растенијата што ќе никнат од него кои, потоа, ќе се осушат па ќе ги ВИДИШ пожолтени, а потоа ќе ги видиш како се ронат. А на Ахирет тима казна жешка, И прошка и задоволство Аллахово. Животот на овој свет е само уживање кое заведува
Претходете еднинадруги во барање прошка од Господарот ваш, и во барање на Џеннетот кој се простира колку што се простираат небесата и Земјата. Подготвен е за оние кои веруваат во Аллах и во пејгамберот Негов. Ете, тоа е добрината Аллахова која ја дава кому сака. Поседник на добрината голема
за да не се жалостите за она што не можете да го избегнете и да не се радувате многу за она што Он ви го дава. А Аллах не го њуби оној кој се фали и кој се гордее
Ние ги испративме пејгамберите Наши, навистина, со јасНОТИИ и преку нив објавивме Книга и Мизан за луѓето да се однесуваат праведно. А и железото го создадовме во кое има голема сила и корист за луѓето. И за да се знае кај Аллах кој Го помага Него и пејгамберите Негови во тајност. Аллах, навистина, е Јак и Силен
Да, и Ибрахим и Нух Ние ги испративме, а меѓу потомството НИВНО одредивме и пратеништво и Книга: некои од нив беа упатени, а мнозинството меѓу нив се расипани
Потоа Ние по трагите нивНИ миспраќавме пејгамбери Наши; го испративме и Иса, синот на Мерјем, и му дадовме Инџил, а во срцата на оние кои го следеа, нвнесовме и доблест И милост а монаштвото самите го создадоа. И се што Ние им пропишавме е само желба за задоВОЛСТВОТО Аллахово. Но, тие за него не водат грижа вистинска. А на оние кои веруваа ќе им ја дадеме наградата нивна, а мнозинството беа расипани
верници, плашете се од Аллах и верувајте во пејгамберот Негов: Он ќе ви даде од милоста Своја две награди, и ќе ви одреди светлина по која ќе одите, и ќе ви прости. Аллах е Простувач и Сомилосен
А Следбениците на Книгата нека знаат дека ништо не можат да постигнат од добрината Аллахова, и дека добрината е во рацете Аллахови, и Он јЈја дава кому сака. А Аллах е Поседник на добрината голема