Меѓу незнабошците Он испрати пејгамбер од нив: да им ги кажува ајетите Негови, и да ГИ очисти, И да ГИ поучи и во Книгата и во Мудроста, иако порано беа скршнати во заблуда очигледна
Примерот на оние кои го понесоа Теврат, а потоа го напуштија, е како примерот на магаре кое носи книги. Е, само. колку е лош за луѓето народот кој ги сметаше за лажни ајстите Аллахови! Аллах не го упатува народот зулумќарски
Кажи:“Смртта од која бегате... па, ќе ве стигне, навистина! Потоа ќе бидете вратени кон Зналецот на тајното и јавното, па така, ќе ве извести за она што го работевте
О верници, кога ќе се повика на намаз во петок...па, побрзајте кон споменувањето на Аллах, и оставете ја купопродажбата. Ете, тоа е подобро за вас само да знаете
кога ќе видат нешто од трговијата или од веселба некаква, се расфрлаат ите оставаат, стоејќи. Кажи: “Нема добро кај Аллах ни од веселбата НИ од трговијата. Аллах меѓу снабдувачите е најдобриот Снабдувач