Он го знае и она што е на небесата и она што е на Земјата, Он го знае и она што го криете и она што го обелоденувате. Аллах го знае она што го кријат градите
Ете, тоа е зашто им доаѓаа пејгамберите нивни со јаснотии, па зборуваа: “Човек ли да не упатува?“ Па, не веруваа и ги вртеа плеќите. А на Аллах не Му треба ништо. А Аллах е Богат и за благодарност Достоен
Оние кои не веруваат мислат дека нема да бидат проживеани. Кажи: “Да, се колнам Господарот мој ќе ве оживи, сигурно, и ќе ве извести за она што го работевте, сигурно! Гоа за Аллах, секако, е лесно
Денот во кој Он ќе ве збере - Денот на собирањето - ете, тоа е Ден на измама меѓусебна. А оној кој верува во Аллах и кој работи добро... ќе ги отстрани од него лошите дела негови, и ќе биде воведен во бавчите џеннетски низ кои реки течат; И ВО НИВ за навек ќе останат. Ете, тоа е победа голема
А оние кои не веруваат и кои ги сметаат за лажни ајетите Наши... онаквите се жители на огнот и во него за навек ќе останат. Е, само колку лошо свратилиште е тоа
верници, меѓу жените ваши и меѓу децата ваши имате непријатели. Внимавајте, тогаш! А ако, пак, ги помилувате и поминете преку тоа и ако им простите... та, Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен
Плашсете се, тогаш, од Аллах! Слушајте онолку колку што можете; бидете послушни и делете добро заради вас самите! А оној кој се чува себеси од лакомост.. оонаквите, токму, се спасените