Back to Languages

Macedonian - Chapter 10 - Yunus

Translation by Macedonian Scholars — Permalink

Verse 1 — Surah Yunus 10:1

Елиф-лам-ра. Ова се ајети од Мудрата Книга

Verse 2 — Surah Yunus 10:2

Зошто им е чудно на луѓето што Ние му објавуваме на еден од нив: „Опоменувај ги луѓето! А верниците израдувај ги со прекрасна награда кај Господарот нивен!“ Неверниците велат: „Тој е вистински маѓепсник!“

Verse 3 — Surah Yunus 10:3

Вашиот Господар е Аллах, Кој небесата и Земјата за шест временски периоди ги создаде, а потоа над Аршот се возвиши и Кој управува. Никој нема да може да се зазема за некого, без Негово одобрение. Ете тоа е Аллах, Господарот ваш, па само Него обожувајте Го! Зошто не размислите

Verse 4 — Surah Yunus 10:4

На Него сите ќе Му се вратите; Аллаховото ветување е вистинито; Тој навистина од ништо создава, и Тој повторно тоа ќе го повтори, за праведно да ги награди тие што веруваат и прават добри дела. А тие штонема да веруваат ги чека напивка одзовриена вода инеиздржливо страдање, затоа што беа неверници

Verse 5 — Surah Yunus 10:5

Тој Сонцето извор на светлината го направи, а Месечината сјајна, и положба ѝ одреди за да го знаете бројот на годините и сметањето. Аллах тоа мудро го создаде. Тој детално им ги предочува доказите на луѓето кои разбираат

Verse 6 — Surah Yunus 10:6

Во менувањето на ноќта и денот, и во тоа што Аллах на небесата и на Земјата го создаде, навистина постојат докази за луѓето кои се плашат од Аллах

Verse 7 — Surah Yunus 10:7

На тие што не очекуваат дека пред Нас ќе застанат и кои се задоволни со животот на овој свет, кои на него се смирени и тие кои кон нашите докази се рамнодушни

Verse 8 — Surah Yunus 10:8

престојувалиштето нивно џехенемот ќе биде, поради тоа што го правеле

Verse 9 — Surah Yunus 10:9

Тие што веруваат и прават добри дела, Господарот нивен ќе ги упати на Вистинскиот пат, поради тоа што веруваат. Реки ќе течат пред нив во градините на благодатите

Verse 10 — Surah Yunus 10:10

Нивната молитва во нив ќе биде: „Славен си Аллаху!“, поздравот нивен: „Мир со вас!“, а нивната последна молитва: „Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите!“

Verse 11 — Surah Yunus 10:11

Да им дава Аллах на луѓето зло толку брзо како кога им се одѕива кога бараат добро, тие навистина би страдале. Но, Ние сепак ги оставаме во својата заблуда да талкаат тие што не веруваат дека пред Нас ќе застанат

Verse 12 — Surah Yunus 10:12

Кога човекот ќе го снајде неволја, тој ни се моли: или лежејќи или седејќи или стоејќи. А кога ќе го ослободиме од неволјата, тој продолжува, како никогаш да не Ни се обраќал со молба поради неволјата која го снашла. И така на неверниците, кои ги преминуваат границите, им се чини убаво тоа што го прават

Verse 13 — Surah Yunus 10:13

Ние ги уништувавме древните народи пред вас затоа што правеа неправда откако Пратениците нивни јасни докази им носеа. Но тие и така не би верувале. Така Ние го казнуваме народот злосторнички

Verse 14 — Surah Yunus 10:14

Ете затоа по нив, вас ве поставивме за наследници на Земјата, за да видиме како ќе постапувате

Verse 15 — Surah Yunus 10:15

А кога им се кажуваат ајетите Наши, кои се јасни, тогаш тие што не веруваат дека пред Нас ќе застанат, велат: „Донеси ти некој друг Куран или измени го!“ Кажи: „Незамисливо е јас сам од себе да го менувам, јас го следам само тоа што ми се објавува, јас се плашам да Му бидам непослушен на својот Господар од страдањето на Големиот ден.“

Verse 16 — Surah Yunus 10:16

Кажи: „Да не сакаше Аллах, јас немаше да ви го кажувам, ниту пак Тој ќе ве запознаеше со него. Та, јас пред пратеништвото помеѓу вас долго престојував, зарем не сфаќате?“

Verse 17 — Surah Yunus 10:17

Па има ли тогаш понеправеден од тој којшто за Аллах изнесува лаги или кој што Неговите докази ги смета за невистинити?! Злосторниците навистина нема да успеат

Verse 18 — Surah Yunus 10:18

Тие, покрај Аллах, ги обожуваат тие коинеможат да им наштетат ниту пак можат каква било корист да им донесат, и велат: „Ова се нашите заземачи кај Аллах.“ Кажи: „Како тоа на Аллах да Му кажувате дека на небесата и на Земјата постои нешто, а Тој знае дека не постои?!“ Тој е чист и многу високо над тие што Нему Му ги здружуваат

Verse 19 — Surah Yunus 10:19

Луѓето сочинуваа една заедница, а потоа се спротивставија еден против друг. А да не беше претходно изречениот Збор од Господарот твој, на нив веќе ќе им беше пресудено за тоа за што не се согласуваа

Verse 20 — Surah Yunus 10:20

Тие велат: „Зошто Неговиот Господар не му испрати некое чудо?“ Ти кажи: „Само Аллах знае што ќе биде, па почекајте и јас со вас ќе чекам.“

Verse 21 — Surah Yunus 10:21

А кога ние ќе им дозволиме на луѓето да ја почувствуваат милоста по неволјата која ги снашла, тие повторно на доказите Наши им се исмејуваат. Кажи: „Аллах е побрз во казнувањето; мелеците Наши навистина го запишуваат тоа што вие го сплеткарите.“

Verse 22 — Surah Yunus 10:22

Тој ви овозможува по копно и по море да патувате. Па кога стево бродовите, и кога тие со помош на благиот ветер ќе запловат со патниците, па тие му се радуваат на тоа; надојде ли силен ветер и брановите насрнат ли кон нив од сите страни, а тие ќе се уплашат дека ќе настрадаат, искрено Му се молат на Аллах: „Ако нè спасиш од ова, сигурно ќе бидеме благодарни!“

Verse 23 — Surah Yunus 10:23

А кога Тој ќе ги спаси, тие одеднаш без никаква основа прават неред на Земјата! О, луѓе, неправдата која ја правите за да уживате на овој свет само ви штети; потоа Нам ќе ни се вратите и Ние ќе ве известиме за тоа што го правевте

Verse 24 — Surah Yunus 10:24

Животот на овој свет е сличен на овоземското растение на кое Ние му спуштаме дожд од небото со кој тоа се измешува, со кое потоа се хранат луѓето и добитокот. И кога Земјата со своето руво ќе се украси и ќе се накити, и кога нејзините жители ќе помислат дека тие се господари на тоа, доаѓа заповедта Наша, ноќе или дење, и Ние тоа го покосуваме како претходно да не било ништо. Ете, така Ние детално им ги претставуваме доказите на народот кој сака да размисли

Verse 25 — Surah Yunus 10:25

Аллах повикува во Куќата на спасот131 и му укажува на Вистинскиот пат на тој кому Тој сака

Verse 26 — Surah Yunus 10:26

Тие што прават добри дела ги чека убава награда, и повеќе од тоа! Нивните лица нема да ги покрие ни црнило ни понижување, тие жители на џенетот ќе бидат, во него вечно ќе престојуваат

Verse 27 — Surah Yunus 10:27

А тие што прават лоши дела ги чека сразмерна казна за тоа што го сториле; нив понижувањето ќе ги прекрива, никој од Аллах нема да ги заштити, лицата нивни ќе бидат мрачни, како на нив да се спуштиле делови од темна ноќ, жители на Огнот тие ќе бидат, и во него вечно ќе престојуваат

Verse 28 — Surah Yunus 10:28

А на Денот кога сите ќе ги собереме, ќе им кажеме на тие кои на Аллах здруженици Му припишуваа: „Застанете вие и божествата ваши!“, па ќе ги раздвоиме, а божествата нивни ќе речат: „Вие нас не нè обожувавте

Verse 29 — Surah Yunus 10:29

Аллах ни е доволен сведок и нам и вам, ние навистина не знаевме дека нè обожувавте.“

Verse 30 — Surah Yunus 10:30

Тука секој ќе го дознае тоа што претходно го направил – ќе Му бидат вратени на Аллах, на својот вистински Господар, а нема да ги има тие што самите ги измислувале

Verse 31 — Surah Yunus 10:31

Запрашај: „Кој ве храни од небото и од земјата, чие дело се слухот и видот, кој го создава живото од неживото, а го претвора живото во неживо, и кој управува со сè?“ – „Аллах!“, ќе кажат тие, а ти кажи: „Па зошто тогаш не се плашите од Него

Verse 32 — Surah Yunus 10:32

Ете, тоа е Аллах, Господарот ваш вистински! Зарем по Вистината има нешто друго освен заблуда? Па тогаш каде се одметнувате?“

Verse 33 — Surah Yunus 10:33

Така ќе се остварат зборовите на Господарот твој, дека нема да веруваат тие што живеат во грев

Verse 34 — Surah Yunus 10:34

Кажи: „Дали може кое било ваше божество да создава од ништо и повторно тоа да го направи?“ Кажи: „Аллах создава од ништо и повторно тоа ќе го направи! Па тогаш каде се одметнувате?“

Verse 35 — Surah Yunus 10:35

Кажи: „Дали може кое било ваше божество да упати на Вистинскиот пат?“, и одговори: „Само Аллах упатува на Вистинскиот пат! Па дали тогаш е подостојно да се почитува Тој што на Вистинскиот пат упатува или тој што и самиот не е на Вистинскиот пат, освен ако некој друг на Вистинскиот пат не го упати? Што ви е, како расудувате?!“

Verse 36 — Surah Yunus 10:36

Повеќето од нив ги следат само претпоставките; но претпоставките не ѝ се нималку од корист на Вистината; Аллах навистина добро го знае тоа што тие го прават

Verse 37 — Surah Yunus 10:37

Овој Куран не е измислен, од Аллах е! Ја потврдува вистинитоста на предходните објави и ги објаснува прописите, во него нема сомнеж, од Господарот на световите е

Verse 38 — Surah Yunus 10:38

А тие велат: „Тој го измислува!“ Кажи: „Па дајте и вие едно поглавје како што му е нему објавено, и кого сакате, од тие во кои покрај Аллах верувате, на помош повикајте, ако вистината ја зборувате.“

Verse 39 — Surah Yunus 10:39

Тие негираат, пред темелно да дознаат што има во него, а сè уште не им дошло толкувањето негово; исто така негираа и тие пред нив, па погледни како завршија насилниците

Verse 40 — Surah Yunus 10:40

Има такви што веруваат во Него, а има и такви што не веруваат во Него. А Господарот твој, добро ги знае интригантите

Verse 41 — Surah Yunus 10:41

И ако тие те обвинуваат за лага, ти кажи: „Мене моите, а вам вашите дела; вие нема да одговарате за тоа што јас го правам, а јас нема да одговарам за тоа што вие го правите.“

Verse 42 — Surah Yunus 10:42

Има такви што доаѓаат да те слушаат. А можеш ли да направиш глувите да те слушнат, кои ни памет немаат

Verse 43 — Surah Yunus 10:43

А има такви што те набљудуваат. А можеш ли да ги упатиш на Вистинскиот пат слепите, кои ни разум немаат

Verse 44 — Surah Yunus 10:44

Аллах навистина нема никаква неправда на луѓето да им стори, луѓето сами си ја прават

Verse 45 — Surah Yunus 10:45

АнаДеноткогаТојќегисобере,ќеимсепристорикакодапрестојувале само еден час во денот, и едните ќе ги препознаат другите. Тие што негирале дека ќе застанат пред Аллах и што не оделе по Вистинскиот пат, ќе бидат изгубени

Verse 46 — Surah Yunus 10:46

Било да ти покажеме дел од тоа со што им се закануваме, било да ти ја земеме душата, Нам сè ќе ни се врати и тогаш Аллах ќе биде сведок за тоа што го правеле

Verse 47 — Surah Yunus 10:47

Секој народ имал Пратеник. И кога Пратеникот нивен ќе дојде меѓу нив, ним праведно ќе им биде пресудено, нема да им биде нанесено насилство

Verse 48 — Surah Yunus 10:48

Тие велат: „Кога веќе еднаш ќе биде таа закана, ако ја зборувате вистината?“

Verse 49 — Surah Yunus 10:49

Кажи: „Јас не можам ни на самиот себеси некаква корист да си сторам, ниту од себеси некаква штета да тргнам; се случува така како што сака Аллах!“ Секој народ има крај, и кога крајот негов ќе дојде, ни за момент нема да може да го одложи ниту да го забрза

Verse 50 — Surah Yunus 10:50

Кажи: „Кажете ми: доколку казната Негова ве стигне ноќе или дење, зошто тогаш злосторниците ја избрзуваат

Verse 51 — Surah Yunus 10:51

Зарем тогаш кога ќе се случи ќе поверувате во неа? Дури тогаш, а порано сте ја забрзувале?“

Verse 52 — Surah Yunus 10:52

Потоа ќе им се каже на тие што сториле неправда: „Искусете го вечното страдање; зарем се казнувате повеќе отколку што сте заслужиле?“

Verse 53 — Surah Yunus 10:53

Тие те потпрашуваат: „Дали е вистина дека тоа ќе се случи?“ Кажи: „Да, се колнам во Господарот мој, навистина е вистина, и вие нема да можете да ја одминете!“ земеме душата, Нам сè ќе ни се врати и тогаш Аллах ќе биде сведок за тоа што го правеле

Verse 54 — Surah Yunus 10:54

Кога неверникот би поседувал сè што постои на Земјата, сето тоа би го дал само за да се откупи. А кога тие ќе го доживеат страдањето, ќе ја сокријат тагата, и праведно ќе им биде пресудено, нема да им се стори неправда

Verse 55 — Surah Yunus 10:55

Аллахово е сè што е на набесата и на Земјата! Аллаховото ветување сигурно ќе се исполни, но повеќето од нив не знаат

Verse 56 — Surah Yunus 10:56

Тој, животот и смртта ги дава и Нему ќе Му се вратите

Verse 57 — Surah Yunus 10:57

О, луѓе, веќе ви стигна порака од Господарот ваш, и лек за вашите срца, и упатство и милост за верниците

Verse 58 — Surah Yunus 10:58

Кажи: „Па поради тоа нека им се радуваат на Аллаховата благодат и милост, тоа е подобро од тоа што го натрупуваат.“

Verse 59 — Surah Yunus 10:59

Кажи: „Кажете ми зошто некоја храна која Аллах ја дава, ја сметате за забранета, а друга за дозволена?“ Кажи: „Дали тоа Аллах ви го дозволил или изнесувате лаги за Аллах?“

Verse 60 — Surah Yunus 10:60

И што мислат тие кои изнесуваат лаги за Аллах, што ќе биде на Судниот ден? Аллах навистина е неизмерно добар кон луѓето, но повеќето од нив не заблагодаруваат

Verse 61 — Surah Yunus 10:61

И што и да правиш, и што и да кажуваш од Куранот, и каква било работа да правите, Ние над вас ќе бдееме, сè додека со тоа се занимавате. На Господарот твој ништо не Му е скриено ни на Земјата ни на небото, ни колку една тронка, и не постои ништо, ни помало ни поголемо од тоа, а да не е во Книгата јасна

Verse 62 — Surah Yunus 10:62

Од ништо нека не се плашат и за ништо нека не тагуваат Аллаховите штитеници

Verse 63 — Surah Yunus 10:63

Тие кои ќе веруваат и кои ќе стравуваат од Аллах

Verse 64 — Surah Yunus 10:64

за нив се добрите вести и на овој и на оној свет - Аллаховите зборови никој не може да ги смени – тоа навистина ќе биде голем успех

Verse 65 — Surah Yunus 10:65

Нека не те растажуваат приказните нивни! Навистина, сета моќ Му припаѓа на Аллах; Тој сè слуша и сè знае

Verse 66 — Surah Yunus 10:66

Во Аллахова власт е сè штоенанебесатаина Земјата. А тие кои, покрај Аллах, им се молат на божествата, ги следат само претпоставките и се возгордејуваат

Verse 67 — Surah Yunus 10:67

Тој ви ја даде ноќта за во неа починок да имате, а денот за да гледате. Тоа се докази за луѓето кои слушаат

Verse 68 — Surah Yunus 10:68

Тие велат: „Аллах си зел дете за Себе!“ – Возвишен и чист нека е Тој! Тој не е зависен од никого! Сè што е на небесата и на Земјата Негово е! Вие за тоа никаков доказ немате. Зошто за Аллах го зборувате тоа што не го знаете

Verse 69 — Surah Yunus 10:69

Кажи: „ Тие што за Аллах изнесуваат лаги, нема да го постигнат тоа што го сакаат.“

Verse 70 — Surah Yunus 10:70

Кратко ќе уживаат на овој свет, а потоа Нам ќе ни се вратат и Ние ќе им дадеме да претрпат неиздржливо страдање, затоа што не веруваа

Verse 71 — Surah Yunus 10:71

Кажи им ја веста за Нух! Кога тој му рече на народот свој: „О, народе мој, ако ви здосади моето престојување меѓу вас имоетоопоменување со Аллаховите докази, а јас постојано се потпирам на Аллах, тогаш заедно со божествата свои одлучете и одлуката ваша нека не биде нејасна, потоа тоа над мене извршете го и не го одложувајте

Verse 72 — Surah Yunus 10:72

А ако ги свртите главите, па јас од вас не барам никаква награда, мене Аллах ќе ме награди, и мене ми е наредено да бидам муслиман.“

Verse 73 — Surah Yunus 10:73

Но, го нарекоа лажливец, па Ние во брод него и тие што беа со него ги спасивме и за намесници ги ставивме, а тие што доказите Наши не ги признаваа ги потопивме, па погледни како завршија тие кои на опомените не внимаваа

Verse 74 — Surah Yunus 10:74

Потоа Ние, по него, на нивните народи Пратеници им праќавме и тие јасни докази им носеа, но тие не сакаа да веруваат во тоа што претходно не го признаваа. Така Ние им ги запечативме срцата на тие кои ја преминуваат секоја граница во злото

Verse 75 — Surah Yunus 10:75

Потоа Ние, по нив, Муса и Харун им ги испративме со знаците Наши на фараонот и на главешините негови, но тие се возгордеаја, а тоа беше злосторнички народ

Verse 76 — Surah Yunus 10:76

когаод Нас Вистината им дојде, кажаа: „Ова естварно вистинска магија!“

Verse 77 — Surah Yunus 10:77

„Зарем за вистината која ви е дојдена велите дека е магија?“ – кажа Муса - „А маѓепсниците никогаш нема да успеат!“

Verse 78 — Surah Yunus 10:78

А тие рекоа: „Зарем дојде да нè одвратиш од тоа на што ги затекнавме предците наши, за на вас двајцата да ви припадне власта на Земјата? Е ние нема да ви веруваме на вас двајца!“

Verse 79 — Surah Yunus 10:79

И фараонот рече: „Донесете ми ги сите вешти маѓепсници!“

Verse 80 — Surah Yunus 10:80

И кога маѓепсниците дојдоа, Муса им рече: „Фрлете што имате да фрлите!“

Verse 81 — Surah Yunus 10:81

И кога тие фрлија, Муса извика: „Тоа што го приредивте е магија! Аллах ќе ја уништи, затоашто Аллах недопуштаделотонарасипаните да успее

Verse 82 — Surah Yunus 10:82

Аллах со Своите зборови ќе ја утврди вистината, иако за тоа на неверниците ќе им биде криво!“

Verse 83 — Surah Yunus 10:83

И никој не му поверува на Муса, освен малкумина од фараоновиот народ, од страв да не почнат да ги злоставуваат фараонот и главешините негови, а навистина фараонот беше насилник на Земјата и во злото секоја мерка ја преминуваше

Verse 84 — Surah Yunus 10:84

И Муса рече: „О, народе мој, ако верувате во Аллах, потпрете се на Него, ако сте муслимани!“

Verse 85 — Surah Yunus 10:85

„На Аллах се потпираме!“ – рекоа тие. „Господару наш, немој поради нас да сториш да дојдат во искушение луѓето кои прават насилство

Verse 86 — Surah Yunus 10:86

и спаси нè, со Својата милост, од народот кој не верува

Verse 87 — Surah Yunus 10:87

И Ние им објавивме на Муса и на братот негов: „На својот народ во Египет куќи изградете им и храмови направете ги и во нив молитвите извршувајте ги! А ти израдувај ги верниците!“

Verse 88 — Surah Yunus 10:88

И Муса рече: „Господару наш! Ти им даде на фараонот и на главешините негови богатство за во раскош да живеат на овој свет, а тие, Господару мој, заведуваат од патот Твој! Господару наш, уништи го богатството нивно и запечати ги срцата нивни, па нека не веруваат сè додека не го доживеат неиздржливото страдање.“

Verse 89 — Surah Yunus 10:89

„Услишана е молбата ваша!“ – рече Тој - „А вие двајца останете на Вистинскиот пат и никако немојте да ги следите незналците!“

Verse 90 — Surah Yunus 10:90

И Ние ги пренесовме синовите Израилови преку море, а зад петици им беа фараонот и војниците негови, прогонувајќи ги од злобност и непријателство. А тој, кога почна да се дави, извика: „Јас верувам дека нема друг бог освен Тој во Кого веруваат синовите Израилови и јас се покорувам!“

Verse 91 — Surah Yunus 10:91

Зарем сега, а претходно непослушен беше и раскол сееше

Verse 92 — Surah Yunus 10:92

Денеска ќе го сочуваме само телото твое, за да биде поучен пример на тие по тебе, но мноштвото луѓе се рамнодушни кон Нашите поуки

Verse 93 — Surah Yunus 10:93

И Ние синовите Израилови во убав предел ги населивме и со вкусна храна ги снабдивме, и дури тогаш кога им дојде вистинското сознание, тие се подвоија во мислењата. А Господарот твој сигурно ќе им пресуди на Судниот ден за тоа за што се подвоија

Verse 94 — Surah Yunus 10:94

Ако се сомневаш во тоа што ти го објавуваме, запрашај ги тие што ја читаат Книгата што е пред тебе објавена. Тебе Вистината од Господарот твој ти доаѓа и никако немој да бидеш од тие што се сомневаат

Verse 95 — Surah Yunus 10:95

И немој никако да бидеш од тие што Аллаховите докази не ги признаваат, за да не бидеш изгубен

Verse 96 — Surah Yunus 10:96

А тие на кои ќе им се оствари Зборот од Господарот твој, навистина нема да веруваат

Verse 97 — Surah Yunus 10:97

дури и да им дојдат сите докази, сè додека не доживеат неиздржливо страдање

Verse 98 — Surah Yunus 10:98

Зашто немаше ниту еден град кој поверува и на кој верувањето негово му користеше, освен на народот Јунусов, на кој кога поверува, срамното страдање од животот на овој свет им го отстранивме и уште некое време да уживаат им дадовме

Verse 99 — Surah Yunus 10:99

Господарот твој да сака, на Земјата сите би биле верници. Па зошто тогаш ти да ги тераш луѓето да бидат верници

Verse 100 — Surah Yunus 10:100

Ниту еден човек не е верник без Аллаховата волја; а Тој ги казнува тие што не сакаат да размислат

Verse 101 — Surah Yunus 10:101

Кажи: „Набљудувај го тоа што е на небесата и на Земјата!“ А од никаква корист нема да им бидат доказите и опомените на народот што не сака да верува

Verse 102 — Surah Yunus 10:102

Зарем тие чекаат да ги снајде нешто слично на тоа што ги снашло тие кои пред нив биле и исчезнале? Кажи: „Па чекајте, и јас со вас ќе чекам!“

Verse 103 — Surah Yunus 10:103

Потоа ги спасувавме Пратениците Наши и тие што веруваа. Ете, Нашата должност е така да ги спасиме верниците

Verse 104 — Surah Yunus 10:104

Кажи: „О, луѓе, ако вие се сомневате во исправноста на мојата вера, па јас нема да ги обожувам тие кои вие, покрај Аллах, ги обожувате, туку ќе Го обожувам Аллах, Кој ќе ви ги земе душите! Мене ми е наредено да бидам верник

Verse 105 — Surah Yunus 10:105

и: „Предај ѝ се на вистинската вера искрено, и никако немој да им бидеш поклоник на киповите

Verse 106 — Surah Yunus 10:106

и, покрај Аллах, не моли му се на тој што не може ни да ти користи ни да ти наштети, зашто кога би го направил тоа, навистина би бил неверник!“

Verse 107 — Surah Yunus 10:107

Ако Аллах ти даде некаква неволја, никој освен Него не може да ти ја отстрани, а ако ти посака добро, па никој не може да ја спречи Неговата благодат; Тој со неа наградува кого сака од робовите Свои. Тој простува и Милостив е.“

Verse 108 — Surah Yunus 10:108

Кажи: „О, луѓе, Вистината ви доаѓа од Господарот ваш, и тој што се упатил на Вистинскиот пат, за свое добро се упатил, а тој што тргнал на погрешниот пат, на своја штета тргнал, а јас не сум овластен над вас.“

Verse 109 — Surah Yunus 10:109

Ти следи го тоа што ти се објавува и биди трпелив додека Аллах не пресуди, Тој е најдобриот судија