од Господарот свој прошка да барате и да се покаете, а Тој ќе ви даде до смртниот час убаво да проживеете и на секој крепосен заслужена награда ќе му даде. А ако грбот го свртите, па јас навистина се плашам за вас од страдањето на Големиот ден
Ете, тие своите гради ги вртат, со желба од Него да се скријат. А и кога во рувото свое се замотуваат, Тој го знае тоа што го кријат и тоа што го покажуваат! Тој навистина ги знае мислите сечии
На Земјата нема ниту едно живо суштество, а Аллах да не го храни. Тој знае каде кое ќе живее и каде погребано ќе биде. Сето тоа го има во јасната Книга
Тој во шест временски периоди небесата и Земјата ги создаде, а Неговиот престол беше над водата, за да ве искуша кој од вас подобро ќе постапи. Ако ти кажеш: „По смртта навистина ќе бидете оживеани.“, неверниците сигурно ќе кажат: „Ова не е ништо друго, освен очигледна измама!“
Ако ние казната до одреден рок им ја одложиме, тие сигурно ќе кажат: „Зошто ја задржува?“ А оној ден кога ќе им дојде, нема да биде од нив отстранета и од сите страни ќе бидат опкружени со тоа што го исмејуваа
Ти немој ништо да пропуштиш од тоа што ти се објавува, што ги мачи градите твои, за тие да не кажат: „Зошто не му е испратено некакво богатство, или зошто со него не дошол мелек?“ Твое е да опоменуваш, а за сè, само Аллах се грижи
Зарем тие да велат: „Тој го измислува!“? Кажи: „Па направете вие десет, слични на Куранот, измислени поглавја, и кого сакате од тие во кои покрај Аллах верувате, на помош викнете, ако е вистина тоа што го тврдите!“
Зарем тој што го сака само овој свет е како тој на кого му е јасно кој е Господарот негов, на што се надоврзува и Куранот како сведок Негов, и уште пред него Книгата Мусаова, упатство и милост. Тоа се тие кои веруваат во неа. А тие групации кои го негираат, Огнот престојувалиште ќе им биде. Затоа, ти никако немој да се сомневаш во него, Тој е стварно вистина од Господарот твој, но мноштвото луѓе не сакаат да веруваат
Има ли понеправеден од тој што за Аллах измислува лаги? Тие пред Господарот твој ќе бидат донесени, а сведоците ќе речат: „Овие измислувале лаги за Господарот свој!“ Аллаховото проклетство нека ги стигне злосторниците
Тие на Земјата не можат на Аллах да Му избегаат, ниту пак освен Аллах, друг заштитник да имаат. На нив страдањето ќе им биде повеќекратно, затоа што не сакаa ни да чујат ни што било да видат
Главешините на народот негов, тие што не веруваа, рекоа: „Како што гледаме, ти си човек како и ние, а гледаме дека без никакво размислување те следат само тие кои се никој и ништо меѓу нас; и не гледаме дека вие сте подобри од нас, дури и мислиме дека сте лажливци.“
„О, народе мој,“ – им велеше – „да видиме! Ако мене ми е јасно кој е Господарот мој и ако Тој од Себе ми дал веровесништво, а вие сте слепи за тоа, зарем да ве тераме против волјата ваша да признаете
О, народе мој! За ова јас од вас не барам богатство, Аллах мене ќе ме награди. И јас нема да ги избркам верниците, тие пред Господарот твој ќе излезат; но јас гледам дека сте вие народ кој не знае
Јас не ви велам: „Јас ги имам Аллаховите ризници.“ - ниту: „Мене ми е познато невидливото.“ – ниту велам: „Јас сум мелек“, а не говорам ни за тие кои вашите очи со презир ги гледаат: Аллах никакво добро нема да им даде – а Аллах добро знае што е во душите нивни - бидејќи тогаш би бил неправедник.“
„О, Нух, “ – рекоа тие – „ти сакаше со нас да се расправаш и долго се расправаше. Па нека се оствари тоа со што ни се закануваш, ако вистината ја кажуваш!“
Ако Аллах сака да ве остави во заблуда, мојот совет нема да ви користи, па колку и да сакам јас да ве советувам. Тој е Господарот ваш и Нему ќе Му се вратите.“
И на Нух му беше објавено: „Освен тие што се веќе верници, никој повеќе од народот твој нема да стане верник, затоа немој да тагуваш поради тоа што тие постојано го прават
И тој го градеше бродот. И кога и да поминуваа главешините на народот негов, му се исмејуваа: „Ако се исмејувате вие со нас,“ – им велеше тој - „ќе ве исмејуваме и ние вас, така како што вие нас нè исмејувате
И кога Нашата заповед падна и вода од површината на Земјата изби, Ние рековме: „Натовари на бродот од секој животински вид по еден пар, и чедата свои – освен тие за кои претходеше Зборот на одредението – и верниците!“ А малкумина беа тие што со него веруваа
А тој рече: „Ке се скријам на некоја планина, која од водата ќе ме заштити.“ „Денеска никој од Аллаховата казна нема да биде поштеден, освен оној кому Тој му се смилувал!“ – рече Нух, и бранот ги раздвои и тој се потопи
Ибеше кажано: „О, земјо, голтај ја водата твоја, а ти, о, небо, престани!“ И водата се повлече и се исполни одредбата, а бродот се закотви на планината Ел Џуди, и беше кажано: „Нека е далеку народот кој прави неправда!“
А Нух го замоли Господарот свој, велејќи: „Господару мој, синот мој е чедо мое, а ветувањето Твое е навистина вистинито и Ти си од мудрите Најмудриот!“
„О, Нух, тој не е твое чедо,“ – рече Тој – „затоа што го прави тоа што не чини, затоа не моли Ме за тоа што не го знаеш! Те советувам да не бидеш незналец.“
„Господару мој,“ – рече – „кај Тебе јас барам засолниште да не Те молам повеќе за тоа што не го знам! Ако не ми простиш и не ми се смилуваш, јас ќе бидам изгубен.“
„О, Нух,“ – мубеше речено – „закотви се, со Нашпоздрав иблагослови за тебе и за народите кои ќе се изродат од овие кои се со тебе! Ќе има народи на кои ќе им даваме да уживаат, а кои потоа ќе ги снајде Нашата неподнослива казна!“
Тоа се непознати вести кои Ние ти ги објавуваме; ниту ти ниту народот твој пред ова ништо не знаевте за тоа. Затоа биди трпелив, исходот навистина ќе биде во корист на богобојазните
„И на Ад им го испративме братот нивен Худ. „О, народе мој,“ - говореше тој – „обожувајте Го Аллах, вие друг бог освен Него немате, вие само невистини изнесувате
О, народе мој, молете Го Господарот свој да ви прости и покајте Му се, а Тој ќе ви праќа обилен дожд и ќе ви даде уште поголема сила од таа што ја имате, и не заминувајте како злосторници!“
„О, Худ,“ – говореа тие – „не ни донесе никаков доказ, и ние само врз основа на твоите зборови нема да ги напуштиме божествата наши, ние не ти веруваме тебе
Ние велиме само дека некое наше божество со зло те погодило. „Јас го повикувам Аллах за сведок,“ – рече тој - „а вие посведочете дека јас немам ништо со тоа што вие Му припишувате здруженици
Јас се потпирам на Аллах, мојот и вашиот Господар! Нема ниту едно живо суштество, а да не е во Негова власт; Господарот мој навистина постапува праведно
Па ако свртите грб - а јас ви го соопштив тоа што ви е по мене испратено - Господарот мој наместо вас друг народ ќе донесе, и вие со ништо нема да Му наштетите; Господарот мој навистина бдее над сè.“
Ете, тоа беше (народот) Ад, тој доказите на Господарот свој ги негираше и им беше непокорен на Пратениците свои, и застануваше зад секој инаетлив силник
И проклетството на овој свет постојано беше со него, а ќе биде и на Судниот ден. Ад, навистина не веруваше во Господарот свој; далеку нека е Ад, народот на Худ
И на Семуд – братот нивен Салих. „О, народе мој,“ - говореше тој - „обожувајте Го само Аллах, вие друг бог освен Него немате! Тој од земјата ве создава и ви дава да живеете на неа! Затоа молете Го да ви прости и покајте Му се, затоа што Господарот мој, навистина е близу и се одѕива.“
„О, Салих,“ - говореа тие - „ти пред ова кај нас беше ценет. Зошто ни забрануваш да го обожуваме тоа што предците наши го обожувале? Ние сериозно се сомневаме во тоа во што нè повикуваш.“
„О, народе мој,“ - говореше тој - „да видиме: ако мене ми е јасно кој е Господарот мој и ако Тој самиот ми дал веровесништво, па кој ќе ме одбрани од Аллах ако не Го слушам, па вие само би ја зголемиле пропаста моја.“
„О, народе мој, еве оваа Аллахова камила е знак за вас, па пуштете ја нека пасе по Аллаховата земја и не нанесувајте ѝ никакво зло, за да не ве стигне казна блиска.“
„И кога виде дека нивните раце не го допираат (телето), тој почувствува дека не се гости и го фати некаков страв од нив. „Не плаши се!“ рекоа тие, „Ние сме му пратени на Лутовиот народ.“
„Зарем ѝ се чудиш на Аллаховата моќ?“ - рекоа тие - „Аллаховата милост и благословот Негов се за вас, веровесничко семејство. Тој е за благодарност Достојниот и Величествениот! “
И народот негов поита кон него, а пред тоа правеа срамни дела. „О, народе мој!“ - кажа тој - „Ете ви ги моите ќерки132, тие ви се почисти! Плашете се од Аллах и пред гостите мои не срамете ме! Зарем меѓу вас нема разумен човек?“
А мелеците рекоа: „О, Лут, ние сме гласници од Господарот твој. Тие тебе не можат да ти наштетат. Тргни ти со семејството свое доцна во ноќта, но без жената твоја, неа ќе ја снајде исто што и нив, и нека никој од вас не се врти назад! Рокот им се мугрите, а зарем мугрите не се блиску?“
И кога падна наредбата Наша, Ние сè превртевме, тоа што беше горе - бидна долу, и на нив како дожд грутки од печена кал спуштивме, кои непрекидно сипеа
И на Медјен – братот нивен Шуајб. „О, народе мој,“ - говореше тој - „обожувајте Го само Аллах, вие друг бог освен Него немате, и погрешно ни на литар ни на кантар не мерете! Гледам дека во раскош живеете и се плашам еден ден казна да не ве снајде, па да настрадате
„О, Шуајб,“ - говореа тие - „дали молитвата твоја бара од тебе да го напуштиме тоакое предците наши гообожуваа или да непостапуваме со имотите наши така како ни е волја? Е баш си паметен и разумен!“
„О, народе мој,“ - говореше тој - „сфатете дека мене ми е јасно кој е Господарот мој и дека Тој ми дал сè во изобилство. Јас не сакам да го правам тоа што вам ви го забранувам; единствено сакам да правам добро колку што можам, а успехот мој зависи само од Аллах; на Него се потпирам и Нему Му се обраќам
О, народе мој! Нека несогласувањето со мене никако не ве доведе до тоа да ве снајде тоа што го снајде Нуховиот народ, или Худовиот народ, или Салиховиот народ. А и Лутовиот народ не живееше многу пред вас
„О, Шуајбе,“ - рекоа тие - „ние не разбираме многу од тоа што ти ни го зборуваш, а гледаме дека ти меѓу нас си немоќен; да не е семејството твое, ние би те каменувале, ти не си ни мил.“
„О, народе мој,“ - рече тој - „зарем семејството мое ви е подраго од Аллах, Кој сосема Го отфрлате? Господарот мој добро го знае тоа што вие го правите
О, народе мој, правете сè што можете, а ќе правам и јас. Вие сигурно ќе дознаете кого ќе го стигне казната којашто ќе го осрамоти и кој е лажливец. Па чекајте, и јас ќе чекам со вас!“
И кога падна наредбата Наша, Ние од милоста Наша, Шуајб и верниците со него ги спасивме, а тие кои правеа неправда, ги погоди ужасен глас и тие во својата земја мртви и неподвижни осамнаа
Ние не бевме неправедни кон нив, туку тие сами кон себе. И кога ќе паднеше наредбата од Господарот твој, воопшто не им помагаа божествата нивни на кои им се молеа покрај Аллах, туку само пропаста им ја зголемуваа
А среќните ќе бидат во џеннет сè додека постојат небесата и Земјата, во него ќе престојуваат, освен ако Господарот твој не одреди поинаку; тоа ќе биде дар кој непрекидно ќе трае
Затоа не сомневај се во невистинитоста на тие кои овие ги обожуваат; тие ги обожуваат оние на кои предците нивни им се молеле. Ние навистина ќе им го дадеме тоа што го заслужиле, без намалување
И на Муса му дадовме Книга, па за неа се подвоија во мислењата. Ида не е Зборот на Господарот твој порано изречен, со нив ќе беше завршено затоа што тие многу се сомневаат во неа
Ти оди по Вистинскиот пат, како што ти е наредено, и така нека постапативерниците коисесотебе, инемојте да бидете престапници, затоа што Тој добро гледа тоа што го правите
И извршувај гонамазот (молитвата) напочетокотина крајот наденот, и во првите часови на ноќта! Добрите дела навистина ги поништуваат лошите. Тоа е поука за тие што сакаат поука
А зошто во народите пред вас имаше само малку честити, кои забрануваа да се прави неред на Земјата, кои Ние ги спасивме?! А тие што правеа неправда му се препуштаа на тоа во коешто уживаа, и станаа грешници
освен тие на кои Господарот твој ќе им се смилува. А затоа и ги создаде. И ќе се остварат зборовите на Господарот твој: Навистина ќе го наполнам џехеннемот со џинни и со луѓе – заедно
А сите овие вести кои за поединечните случувања на Пратениците ти ги кажуваме, сè за да ти го зацврстиме срцето. И во нив ти дојде чистата вистина, и поука, и за верниците опомена
Аллах ги знае тајните на небесата и на Земјата и Нему сè Му се враќа, затоа само Него обожувај Го и само на Него потпирај се! А Господарот твој не го занемарува тоа што го правите