Back to Languages

Macedonian - Chapter 11 - Hud

Translation by Macedonian Scholars — Permalink

Verse 1 — Surah Hud 11:1

Елиф–лам–ра. Ова е Книга чии стихови се усовршени, а потоа разјаснети, од Мудриот и Сезнајниот

Verse 2 — Surah Hud 11:2

само Аллах да Го обожувате, - јас сум ви од Него (пратен) за да опоменувам и радосни вести да ви кажувам

Verse 3 — Surah Hud 11:3

од Господарот свој прошка да барате и да се покаете, а Тој ќе ви даде до смртниот час убаво да проживеете и на секој крепосен заслужена награда ќе му даде. А ако грбот го свртите, па јас навистина се плашам за вас од страдањето на Големиот ден

Verse 4 — Surah Hud 11:4

На Аллах ќе Му се вратите, а Тој може сè

Verse 5 — Surah Hud 11:5

Ете, тие своите гради ги вртат, со желба од Него да се скријат. А и кога во рувото свое се замотуваат, Тој го знае тоа што го кријат и тоа што го покажуваат! Тој навистина ги знае мислите сечии

Verse 6 — Surah Hud 11:6

На Земјата нема ниту едно живо суштество, а Аллах да не го храни. Тој знае каде кое ќе живее и каде погребано ќе биде. Сето тоа го има во јасната Книга

Verse 7 — Surah Hud 11:7

Тој во шест временски периоди небесата и Земјата ги создаде, а Неговиот престол беше над водата, за да ве искуша кој од вас подобро ќе постапи. Ако ти кажеш: „По смртта навистина ќе бидете оживеани.“, неверниците сигурно ќе кажат: „Ова не е ништо друго, освен очигледна измама!“

Verse 8 — Surah Hud 11:8

Ако ние казната до одреден рок им ја одложиме, тие сигурно ќе кажат: „Зошто ја задржува?“ А оној ден кога ќе им дојде, нема да биде од нив отстранета и од сите страни ќе бидат опкружени со тоа што го исмејуваа

Verse 9 — Surah Hud 11:9

Ако начовекот Нашата милост му ја пружиме, апотоаму ја ускратиме, тој паѓа во очај и станува неблагодарник

Verse 10 — Surah Hud 11:10

Аакогоопсипеме соблагодaти поневолјата која го снашла, тој сигурно ќе рече: „Неволјите ме напуштија!“ Тој е навистина самобендисан и горделив

Verse 11 — Surah Hud 11:11

А само трпеливите и тие што прават добри дела, ги чека прошка и награда голема

Verse 12 — Surah Hud 11:12

Ти немој ништо да пропуштиш од тоа што ти се објавува, што ги мачи градите твои, за тие да не кажат: „Зошто не му е испратено некакво богатство, или зошто со него не дошол мелек?“ Твое е да опоменуваш, а за сè, само Аллах се грижи

Verse 13 — Surah Hud 11:13

Зарем тие да велат: „Тој го измислува!“? Кажи: „Па направете вие десет, слични на Куранот, измислени поглавја, и кого сакате од тие во кои покрај Аллах верувате, на помош викнете, ако е вистина тоа што го тврдите!“

Verse 14 — Surah Hud 11:14

А ако не ви се одѕвијат, тогаш знајте дека тој се објавува само со Аллахово знаење и дека нема друг бог освен Него, па дали сте муслимани

Verse 15 — Surah Hud 11:15

На тие што го сакаат животот на овој свет и убавините негови, Ние ќе им ги дадеме плодовите на нивниот труд и на него нема ништо да им се ускрати

Verse 16 — Surah Hud 11:16

Нив на оној свет само оган ќе ги гори; таму нема да имаат никаква награда за тоа што на Земјата го правеле и залудно ќе им биде сè што направиле

Verse 17 — Surah Hud 11:17

Зарем тој што го сака само овој свет е како тој на кого му е јасно кој е Господарот негов, на што се надоврзува и Куранот како сведок Негов, и уште пред него Книгата Мусаова, упатство и милост. Тоа се тие кои веруваат во неа. А тие групации кои го негираат, Огнот престојувалиште ќе им биде. Затоа, ти никако немој да се сомневаш во него, Тој е стварно вистина од Господарот твој, но мноштвото луѓе не сакаат да веруваат

Verse 18 — Surah Hud 11:18

Има ли понеправеден од тој што за Аллах измислува лаги? Тие пред Господарот твој ќе бидат донесени, а сведоците ќе речат: „Овие измислувале лаги за Господарот свој!“ Аллаховото проклетство нека ги стигне злосторниците

Verse 19 — Surah Hud 11:19

кои од Аллаховиот пат одвраќаат и за погрешен го прикажуваат; тие ни во оној свет не веруваат

Verse 20 — Surah Hud 11:20

Тие на Земјата не можат на Аллах да Му избегаат, ниту пак освен Аллах, друг заштитник да имаат. На нив страдањето ќе им биде повеќекратно, затоа што не сакаa ни да чујат ни што било да видат

Verse 21 — Surah Hud 11:21

тие сами себеси се упропастиja, а нема да ги има ниту тие кои ги измислуваа

Verse 22 — Surah Hud 11:22

тие на оној свет сосема ќе бидат изгубени

Verse 23 — Surah Hud 11:23

Тие што ќе веруваат и што добри дела ќе прават, и кои на Господарот свој ќе Му бидат верни, ќе бидат жители на џеннетот и во него вечно ќе останат

Verse 24 — Surah Hud 11:24

Ова се два вида како слепи и глуви и како тој што гледа и слуша. А можат ли да се споредат? Па зошто не размислите

Verse 25 — Surah Hud 11:25

И Нух го испративме на народот негов: „Јас сум тука, за отворено да ве опоменувам“ – им говореше тој

Verse 26 — Surah Hud 11:26

„да не обожувате никој друг освен Аллах; јас навистина се плашам за вас од страдањето на Неподносливиот ден.“

Verse 27 — Surah Hud 11:27

Главешините на народот негов, тие што не веруваа, рекоа: „Како што гледаме, ти си човек како и ние, а гледаме дека без никакво размислување те следат само тие кои се никој и ништо меѓу нас; и не гледаме дека вие сте подобри од нас, дури и мислиме дека сте лажливци.“

Verse 28 — Surah Hud 11:28

„О, народе мој,“ – им велеше – „да видиме! Ако мене ми е јасно кој е Господарот мој и ако Тој од Себе ми дал веровесништво, а вие сте слепи за тоа, зарем да ве тераме против волјата ваша да признаете

Verse 29 — Surah Hud 11:29

О, народе мој! За ова јас од вас не барам богатство, Аллах мене ќе ме награди. И јас нема да ги избркам верниците, тие пред Господарот твој ќе излезат; но јас гледам дека сте вие народ кој не знае

Verse 30 — Surah Hud 11:30

О, народе мој! Кој би ме одбранил од Аллах кога јас би ги избркал? Зошто не се вразумите

Verse 31 — Surah Hud 11:31

Јас не ви велам: „Јас ги имам Аллаховите ризници.“ - ниту: „Мене ми е познато невидливото.“ – ниту велам: „Јас сум мелек“, а не говорам ни за тие кои вашите очи со презир ги гледаат: Аллах никакво добро нема да им даде – а Аллах добро знае што е во душите нивни - бидејќи тогаш би бил неправедник.“

Verse 32 — Surah Hud 11:32

„О, Нух, “ – рекоа тие – „ти сакаше со нас да се расправаш и долго се расправаше. Па нека се оствари тоа со што ни се закануваш, ако вистината ја кажуваш!“

Verse 33 — Surah Hud 11:33

„Тоа ќе ви го сторам само ако Аллах сака,“ – рече тој - „и нема да можете да избегате

Verse 34 — Surah Hud 11:34

Ако Аллах сака да ве остави во заблуда, мојот совет нема да ви користи, па колку и да сакам јас да ве советувам. Тој е Господарот ваш и Нему ќе Му се вратите.“

Verse 35 — Surah Hud 11:35

Зарем тие да зборуваат: „Тој го измислува!“? Кажи: „Ако го измислувам, гревот на мене ќе падне, а јас немам ништо со тоа што вие ме клеветите.“

Verse 36 — Surah Hud 11:36

И на Нух му беше објавено: „Освен тие што се веќе верници, никој повеќе од народот твој нема да стане верник, затоа немој да тагуваш поради тоа што тие постојано го прават

Verse 37 — Surah Hud 11:37

и гради го бродот пред Нас ипо Нашевдахновение, ине Ми сеобраќај повеќе за неправедните – тие сигурно ќе бидат потопени!“

Verse 38 — Surah Hud 11:38

И тој го градеше бродот. И кога и да поминуваа главешините на народот негов, му се исмејуваа: „Ако се исмејувате вие со нас,“ – им велеше тој - „ќе ве исмејуваме и ние вас, така како што вие нас нè исмејувате

Verse 39 — Surah Hud 11:39

и ќе дознаете, навистина, кого ќе го снајде срамна казна и кој ќе биде во вечна мака.“

Verse 40 — Surah Hud 11:40

И кога Нашата заповед падна и вода од површината на Земјата изби, Ние рековме: „Натовари на бродот од секој животински вид по еден пар, и чедата свои – освен тие за кои претходеше Зборот на одредението – и верниците!“ А малкумина беа тие што со него веруваа

Verse 41 — Surah Hud 11:41

И тој рече: „Влезете си во него, во името на Аллах, нека плови и нека се закотви! Господарот мој навистина простува и Милостив е.“

Verse 42 — Surah Hud 11:42

Итаа ги однесе на бранови големи како ридови и Нухгоповика својот син, кој беше издвоен: „О, синко мој, влези кај нас, немој да бидеш со неверниците!“

Verse 43 — Surah Hud 11:43

А тој рече: „Ке се скријам на некоја планина, која од водата ќе ме заштити.“ „Денеска никој од Аллаховата казна нема да биде поштеден, освен оној кому Тој му се смилувал!“ – рече Нух, и бранот ги раздвои и тој се потопи

Verse 44 — Surah Hud 11:44

Ибеше кажано: „О, земјо, голтај ја водата твоја, а ти, о, небо, престани!“ И водата се повлече и се исполни одредбата, а бродот се закотви на планината Ел Џуди, и беше кажано: „Нека е далеку народот кој прави неправда!“

Verse 45 — Surah Hud 11:45

А Нух го замоли Господарот свој, велејќи: „Господару мој, синот мој е чедо мое, а ветувањето Твое е навистина вистинито и Ти си од мудрите Најмудриот!“

Verse 46 — Surah Hud 11:46

„О, Нух, тој не е твое чедо,“ – рече Тој – „затоа што го прави тоа што не чини, затоа не моли Ме за тоа што не го знаеш! Те советувам да не бидеш незналец.“

Verse 47 — Surah Hud 11:47

„Господару мој,“ – рече – „кај Тебе јас барам засолниште да не Те молам повеќе за тоа што не го знам! Ако не ми простиш и не ми се смилуваш, јас ќе бидам изгубен.“

Verse 48 — Surah Hud 11:48

„О, Нух,“ – мубеше речено – „закотви се, со Нашпоздрав иблагослови за тебе и за народите кои ќе се изродат од овие кои се со тебе! Ќе има народи на кои ќе им даваме да уживаат, а кои потоа ќе ги снајде Нашата неподнослива казна!“

Verse 49 — Surah Hud 11:49

Тоа се непознати вести кои Ние ти ги објавуваме; ниту ти ниту народот твој пред ова ништо не знаевте за тоа. Затоа биди трпелив, исходот навистина ќе биде во корист на богобојазните

Verse 50 — Surah Hud 11:50

„И на Ад им го испративме братот нивен Худ. „О, народе мој,“ - говореше тој – „обожувајте Го Аллах, вие друг бог освен Него немате, вие само невистини изнесувате

Verse 51 — Surah Hud 11:51

О, народе мој, јас не барам награда од вас за ова; мене ќе ме награди Тој што ме создаде! Зошто не се опаметите

Verse 52 — Surah Hud 11:52

О, народе мој, молете Го Господарот свој да ви прости и покајте Му се, а Тој ќе ви праќа обилен дожд и ќе ви даде уште поголема сила од таа што ја имате, и не заминувајте како злосторници!“

Verse 53 — Surah Hud 11:53

„О, Худ,“ – говореа тие – „не ни донесе никаков доказ, и ние само врз основа на твоите зборови нема да ги напуштиме божествата наши, ние не ти веруваме тебе

Verse 54 — Surah Hud 11:54

Ние велиме само дека некое наше божество со зло те погодило. „Јас го повикувам Аллах за сведок,“ – рече тој - „а вие посведочете дека јас немам ништо со тоа што вие Му припишувате здруженици

Verse 55 — Surah Hud 11:55

и против мене интриги смислете и ни малку време не ми давајте

Verse 56 — Surah Hud 11:56

Јас се потпирам на Аллах, мојот и вашиот Господар! Нема ниту едно живо суштество, а да не е во Негова власт; Господарот мој навистина постапува праведно

Verse 57 — Surah Hud 11:57

Па ако свртите грб - а јас ви го соопштив тоа што ви е по мене испратено - Господарот мој наместо вас друг народ ќе донесе, и вие со ништо нема да Му наштетите; Господарот мој навистина бдее над сè.“

Verse 58 — Surah Hud 11:58

И кога дојде казната Наша, Ние со милоста Наша, Худ и верниците со него ги спасивме и од суровото страдање ги поштедивме

Verse 59 — Surah Hud 11:59

Ете, тоа беше (народот) Ад, тој доказите на Господарот свој ги негираше и им беше непокорен на Пратениците свои, и застануваше зад секој инаетлив силник

Verse 60 — Surah Hud 11:60

И проклетството на овој свет постојано беше со него, а ќе биде и на Судниот ден. Ад, навистина не веруваше во Господарот свој; далеку нека е Ад, народот на Худ

Verse 61 — Surah Hud 11:61

И на Семуд – братот нивен Салих. „О, народе мој,“ - говореше тој - „обожувајте Го само Аллах, вие друг бог освен Него немате! Тој од земјата ве создава и ви дава да живеете на неа! Затоа молете Го да ви прости и покајте Му се, затоа што Господарот мој, навистина е близу и се одѕива.“

Verse 62 — Surah Hud 11:62

„О, Салих,“ - говореа тие - „ти пред ова кај нас беше ценет. Зошто ни забрануваш да го обожуваме тоа што предците наши го обожувале? Ние сериозно се сомневаме во тоа во што нè повикуваш.“

Verse 63 — Surah Hud 11:63

„О, народе мој,“ - говореше тој - „да видиме: ако мене ми е јасно кој е Господарот мој и ако Тој самиот ми дал веровесништво, па кој ќе ме одбрани од Аллах ако не Го слушам, па вие само би ја зголемиле пропаста моја.“

Verse 64 — Surah Hud 11:64

„О, народе мој, еве оваа Аллахова камила е знак за вас, па пуштете ја нека пасе по Аллаховата земја и не нанесувајте ѝ никакво зло, за да не ве стигне казна блиска.“

Verse 65 — Surah Hud 11:65

Но, тие ја заклаа, па тој рече: „Ќе живеете во земјата своја само уште три дена, тоа е вистинита закана.“

Verse 66 — Surah Hud 11:66

И кога дојде казната Наша, Ние со милоста Наша, Салих и верниците со него ги спасивме од срамот на тој ден; Господарот твој е навистина Моќен и Силен

Verse 67 — Surah Hud 11:67

а тие што правеа неправда, ги погоди страшен глас и тие во својата земја осамнаа мртви, неподвижни

Verse 68 — Surah Hud 11:68

како да на неа никогаш не ни постоеја. Семуд, навистина, во Господарот свој не веруваше; далеку нека е Семуд

Verse 69 — Surah Hud 11:69

И на Ибрахим, мелеците Наши му дојдоа за да му донесат радосна вест. „Мир!“ - рекоа. „Мир!“ - одговори тој, и набрзо им донесе печено теле

Verse 70 — Surah Hud 11:70

„И кога виде дека нивните раце не го допираат (телето), тој почувствува дека не се гости и го фати некаков страв од нив. „Не плаши се!“ рекоа тие, „Ние сме му пратени на Лутовиот народ.“

Verse 71 — Surah Hud 11:71

А сопругата негова, стоеше тука, и Ние ја израдувавме со Исхак, па по Исхак со Јакуб, и таа се насмевна

Verse 72 — Surah Hud 11:72

„Кутрата јас!“ - рече - „Зарем да родам вака стара, и овој мој сопруг е стар. Ова навистина е нешто необично!“

Verse 73 — Surah Hud 11:73

„Зарем ѝ се чудиш на Аллаховата моќ?“ - рекоа тие - „Аллаховата милост и благословот Негов се за вас, веровесничко семејство. Тој е за благодарност Достојниот и Величествениот! “

Verse 74 — Surah Hud 11:74

И бидејќи му помина стравот на Ибрахим и му дојде радосна вест, тој почна да се расправа со Нашите мелеци за народот на Лут

Verse 75 — Surah Hud 11:75

Ибрахим навистина беше внимателен, многу Го молеше Аллах и Нему Му се обраќаше

Verse 76 — Surah Hud 11:76

„О, Ибрахиме, остави го тоа, наредбата од Господарот твој стигна; нив ќе ги стигне неизбежното страдање!“

Verse 77 — Surah Hud 11:77

И кога мелеците Наши дојдоа кај Лут, тој поради нив се најде во небрано и му падна тешко на душата, па рече: „Ова е мачен ден!“

Verse 78 — Surah Hud 11:78

И народот негов поита кон него, а пред тоа правеа срамни дела. „О, народе мој!“ - кажа тој - „Ете ви ги моите ќерки132, тие ви се почисти! Плашете се од Аллах и пред гостите мои не срамете ме! Зарем меѓу вас нема разумен човек?“

Verse 79 — Surah Hud 11:79

„Ти знаеш дека на нас не ни се потребни твоите ќерќи,“ - рекоа тие - „ти добро знаеш што сакаме ние.“

Verse 80 — Surah Hud 11:80

„Ах, само кога би имал моќ,“ - рече тој - „или да можам да се потпрам на некој силен!“

Verse 81 — Surah Hud 11:81

А мелеците рекоа: „О, Лут, ние сме гласници од Господарот твој. Тие тебе не можат да ти наштетат. Тргни ти со семејството свое доцна во ноќта, но без жената твоја, неа ќе ја снајде исто што и нив, и нека никој од вас не се врти назад! Рокот им се мугрите, а зарем мугрите не се блиску?“

Verse 82 — Surah Hud 11:82

И кога падна наредбата Наша, Ние сè превртевме, тоа што беше горе - бидна долу, и на нив како дожд грутки од печена кал спуштивме, кои непрекидно сипеа

Verse 83 — Surah Hud 11:83

обележено од Господарот твој, а тоа не е далеку од насилниците.“

Verse 84 — Surah Hud 11:84

И на Медјен – братот нивен Шуајб. „О, народе мој,“ - говореше тој - „обожувајте Го само Аллах, вие друг бог освен Него немате, и погрешно ни на литар ни на кантар не мерете! Гледам дека во раскош живеете и се плашам еден ден казна да не ве снајде, па да настрадате

Verse 85 — Surah Hud 11:85

О, народе мој! Исправно мерете, и на литар и на кантар, и не им ги ускратувајте на луѓето нивните работи, и не правете зло по земјата ширејќи неред

Verse 86 — Surah Hud 11:86

Подобро ви е тоа кое Аллах го оставил како дозволено, ако сакате да бидете верници; а јас не сум ваш чувар.“

Verse 87 — Surah Hud 11:87

„О, Шуајб,“ - говореа тие - „дали молитвата твоја бара од тебе да го напуштиме тоакое предците наши гообожуваа или да непостапуваме со имотите наши така како ни е волја? Е баш си паметен и разумен!“

Verse 88 — Surah Hud 11:88

„О, народе мој,“ - говореше тој - „сфатете дека мене ми е јасно кој е Господарот мој и дека Тој ми дал сè во изобилство. Јас не сакам да го правам тоа што вам ви го забранувам; единствено сакам да правам добро колку што можам, а успехот мој зависи само од Аллах; на Него се потпирам и Нему Му се обраќам

Verse 89 — Surah Hud 11:89

О, народе мој! Нека несогласувањето со мене никако не ве доведе до тоа да ве снајде тоа што го снајде Нуховиот народ, или Худовиот народ, или Салиховиот народ. А и Лутовиот народ не живееше многу пред вас

Verse 90 — Surah Hud 11:90

И барајте прошка од Господарот свој, и потоа покајте Му се! Господарот мој, навистина е Милостив и полн со љубов.“

Verse 91 — Surah Hud 11:91

„О, Шуајбе,“ - рекоа тие - „ние не разбираме многу од тоа што ти ни го зборуваш, а гледаме дека ти меѓу нас си немоќен; да не е семејството твое, ние би те каменувале, ти не си ни мил.“

Verse 92 — Surah Hud 11:92

„О, народе мој,“ - рече тој - „зарем семејството мое ви е подраго од Аллах, Кој сосема Го отфрлате? Господарот мој добро го знае тоа што вие го правите

Verse 93 — Surah Hud 11:93

О, народе мој, правете сè што можете, а ќе правам и јас. Вие сигурно ќе дознаете кого ќе го стигне казната којашто ќе го осрамоти и кој е лажливец. Па чекајте, и јас ќе чекам со вас!“

Verse 94 — Surah Hud 11:94

И кога падна наредбата Наша, Ние од милоста Наша, Шуајб и верниците со него ги спасивме, а тие кои правеа неправда, ги погоди ужасен глас и тие во својата земја мртви и неподвижни осамнаа

Verse 95 — Surah Hud 11:95

како никогаш да не ни постоеле на неа. Далеку нека е Медјен, како и Семуд

Verse 96 — Surah Hud 11:96

И Муса му го испративме со знаците Наши и со доказот јасен

Verse 97 — Surah Hud 11:97

на фараонот и на главешините негови, но тие се поведоа по наредбите на фараонот, а неговата наредба не беше разумна

Verse 98 — Surah Hud 11:98

На Судниот ден тој својот народ ќе го предводи и во оган ќе го внесе, а ужасно е местото во кое ќе биде донесен

Verse 99 — Surah Hud 11:99

На овој свет ги следеше проклетството, а ќе ги прати и на оној; страшен ќе биде подарокот со кој ќе бидат дарувани

Verse 100 — Surah Hud 11:100

Ова се некои вести за градовите кои Ние ти ги кажуваме; некои од нив сè уште постојат, а некои се срамнети со земјата

Verse 101 — Surah Hud 11:101

Ние не бевме неправедни кон нив, туку тие сами кон себе. И кога ќе паднеше наредбата од Господарот твој, воопшто не им помагаа божествата нивни на кои им се молеа покрај Аллах, туку само пропаста им ја зголемуваа

Verse 102 — Surah Hud 11:102

Ете така Господарот твој казнува кога казнува села и градови кои правеле насилства. Тој ги казнува, навистина, болно и страшно

Verse 103 — Surah Hud 11:103

Тоа е поука за тие што се плашат од страдањето на оној свет, а тоа е Денот кога сите луѓе ќе бидат собрани и тоа е Денот кога сите ќе бидат присутни

Verse 104 — Surah Hud 11:104

а ние го одложуваме само за некое време

Verse 105 — Surah Hud 11:105

Тој ден кога ќе дојде, без Негово одобрение никој нема ни збор да изговори, а меѓу нив ќе има несреќни и среќни

Verse 106 — Surah Hud 11:106

И несреќните ќе бидат во џехеннемот, во него тешко ќе вдишуваат и ќе издишуваат

Verse 107 — Surah Hud 11:107

во него ќе останат сè додека постојат небесата и Земјата, освен ако Господарот твој неодреди поинаку. Господарот твој, навистина, прави што сака

Verse 108 — Surah Hud 11:108

А среќните ќе бидат во џеннет сè додека постојат небесата и Земјата, во него ќе престојуваат, освен ако Господарот твој не одреди поинаку; тоа ќе биде дар кој непрекидно ќе трае

Verse 109 — Surah Hud 11:109

Затоа не сомневај се во невистинитоста на тие кои овие ги обожуваат; тие ги обожуваат оние на кои предците нивни им се молеле. Ние навистина ќе им го дадеме тоа што го заслужиле, без намалување

Verse 110 — Surah Hud 11:110

И на Муса му дадовме Книга, па за неа се подвоија во мислењата. Ида не е Зборот на Господарот твој порано изречен, со нив ќе беше завршено затоа што тие многу се сомневаат во неа

Verse 111 — Surah Hud 11:111

И на сите нив Господарот твој според делата нивни ќе им плати, затоа што Тој добро го знае тоа што го правеа

Verse 112 — Surah Hud 11:112

Ти оди по Вистинскиот пат, како што ти е наредено, и така нека постапативерниците коисесотебе, инемојте да бидете престапници, затоа што Тој добро гледа тоа што го правите

Verse 113 — Surah Hud 11:113

И не стремете се кон тие кои постапуваат неправедно, па огнот да ве пече; вие немате други заштитници освен Аллах, инаку – ви нема помош

Verse 114 — Surah Hud 11:114

И извршувај гонамазот (молитвата) напочетокотина крајот наденот, и во првите часови на ноќта! Добрите дела навистина ги поништуваат лошите. Тоа е поука за тие што сакаат поука

Verse 115 — Surah Hud 11:115

И биди трпелив! Аллах навистина нема да ја ускрати наградата на тие кои прават добри дела

Verse 116 — Surah Hud 11:116

А зошто во народите пред вас имаше само малку честити, кои забрануваа да се прави неред на Земјата, кои Ние ги спасивме?! А тие што правеа неправда му се препуштаа на тоа во коешто уживаа, и станаа грешници

Verse 117 — Surah Hud 11:117

Господарот твој никогаш не ги уништуваше неправедно селата и градовите ако жителите нивни беа добри

Verse 118 — Surah Hud 11:118

А Господарот твој да сакаше, сите луѓе следбеници на една вера ќе ги направеше. Меѓутоа, тие секогаш во верувањата ќе се разединуваат

Verse 119 — Surah Hud 11:119

освен тие на кои Господарот твој ќе им се смилува. А затоа и ги создаде. И ќе се остварат зборовите на Господарот твој: Навистина ќе го наполнам џехеннемот со џинни и со луѓе – заедно

Verse 120 — Surah Hud 11:120

А сите овие вести кои за поединечните случувања на Пратениците ти ги кажуваме, сè за да ти го зацврстиме срцето. И во нив ти дојде чистата вистина, и поука, и за верниците опомена

Verse 121 — Surah Hud 11:121

И кажи им на тие што не сакаат да веруваат: „Правете сè што можете, и ние ќе правиме

Verse 122 — Surah Hud 11:122

и чекајте, и ние ќе чекаме!“

Verse 123 — Surah Hud 11:123

Аллах ги знае тајните на небесата и на Земјата и Нему сè Му се враќа, затоа само Него обожувај Го и само на Него потпирај се! А Господарот твој не го занемарува тоа што го правите