Back to Languages

Macedonian - Chapter 13 - Ar-Rad

Translation by Macedonian Scholars — Permalink

Verse 1 — Surah Ar-Rad 13:1

Елиф-лам-мим-ра. Ова се ајети од Книгата! А тоа што ти се објавува од Господарот твој е вистина, но мноштвото луѓе не веруваат

Verse 2 — Surah Ar-Rad 13:2

Небесата кои вие ги гледате Аллах без столбови ги крена, и тогаш над Аршот се возвиши, и Сонцето и Месечината ги потчини, секој се движи до рокот одреден; Тој управува со сè и детално ги изнесува доказите, за да се уверите дека пред Господарот свој ќе застанете

Verse 3 — Surah Ar-Rad 13:3

Тој Земјата пространа ја стори и на неа неподвижни планини и реки создаде и од секој плод по пар, машко и женско даде; тој денот го покрива со ноќ. Тоа се навистина докази за луѓето кои размислуваат

Verse 4 — Surah Ar-Rad 13:4

На Земјата има предели кои едни со други граничат и градини има со лоза засадени, и ниви, и палми со повеќе изданоци и само со еден; иако ја впиваат истата вода, плодот на едните го правиме повкусен од другите. Тоа се навистина докази за луѓето кои имаат памет

Verse 5 — Surah Ar-Rad 13:5

А ако се чудиш, а чудо се зборовите нивни: „Зарем навистина кога земја ќе станеме, повторно ќе бидеме создадени?“ Тие во Господарот свој не веруваат, на нивните вратови синџири ќе имаат и тие жители на џехеннемот ќе бидат, во него вечно ќе останат

Verse 6 — Surah Ar-Rad 13:6

Тие од тебе го избрзуваат злото пред доброто, а имаше казни и пред нив. Господарот твој на луѓето им простува и покрај нивната неправда, но Господарот твој, навистина, и стравично казнува

Verse 7 — Surah Ar-Rad 13:7

А тие што не веруваат велат: „Зошто Господарот негов не му испрати чудо?“ Твое е да опоменуваш, а секој народ го имал тој што на Вистинскиот пат го упатувал

Verse 8 — Surah Ar-Rad 13:8

Аллах знае што секое женско носи и што матките пократко, а што подолго носат; кај Него сè има мерка

Verse 9 — Surah Ar-Rad 13:9

Тој го знае невидливиот и видливиот свет, Тој е Величествениот и Возвишениот

Verse 10 — Surah Ar-Rad 13:10

За него е еднаков секој од вас: тој што зборува тивко и тој што тоа гласно го прави, тој што во ноќта се крие и тој што преку ден оди

Verse 11 — Surah Ar-Rad 13:11

Со секој од вас се мелеците, пред него и зад него, по Аллаховата наредба над него бдеат. Аллах нема да измени еден народ додека тој самиот не се измени. А кога Аллах сака еден народ да казни, никој не може тоа да го спречи, освен Него му нема заштитник

Verse 12 — Surah Ar-Rad 13:12

Тој ви ја покажува молњата, за да се исплашите и да се надевате, и Тој ги создава тешките облаци

Verse 13 — Surah Ar-Rad 13:13

И грмежите Го величаат и Му заблагодаруваат, а и мелеците, од стравопочит кон Него; Тој ги испраќа громовите и со нив удира кого сака; тие повторно расправаат за Аллах, а Тој може сè

Verse 14 — Surah Ar-Rad 13:14

Молитвите се само за Него. А тие на кои покрај Него им се молат, нема да им се одѕвијат, како што ни водата нема да стигне во устата на тој што кон неа само дланките своите ги пружа; молитвата на неверниците е изгубена работа

Verse 15 — Surah Ar-Rad 13:15

На Аллах, чинејќи сеџда, Му се покорува сè што е на небесата и на Земјата, сакале или не сакале, а и сенките нивни, наутро и приквечер

Verse 16 — Surah Ar-Rad 13:16

Кажи: „Кој е Господар на небесата и Земјата?“ – и одговори: „Аллах!“ Кажи: „Па зошто тогаш наместо Него како заштитници сте ги прифатиле тие што не можат самите себеси никаква корист да си направат ниту од себе некаква штета да отстранат?“ Кажи: „Зарем се еднакви слепецот и тој што гледа, или, зарем се исти темнините и светлото, или зарем тие што Му ги здружуваат на Аллах создаваат како што Тој создава, па создавањето им се чини слично?“ Кажи: „Аллах е Создателот на сè и Тој е Единиот и Семоќниот.“

Verse 17 — Surah Ar-Rad 13:17

Тој го спушта дождотоднебото, пареките течат низ коритата сомерка и водата ги носи отпадоците кои пливаат по површината. И тоа што луѓето го топат на оган со желба да добијат накит или орудије исто така има отпадоци, слични на тие. Така Аллах го наведува примерот за вистината и невистината: отпадоците се исфрлаат, додека тоа што им користи на луѓето останува на земјата. Ете така Аллах ги објаснува примерите

Verse 18 — Surah Ar-Rad 13:18

На тие кои на својот Господар ќе Му се одѕвијат им припаѓа најубава награда; а на тие кои нема да Му се одѕвијат – кога сè што е на Земјата би било нивно, и уште толку, со задоволство со тоа би се откупиле. Нив ги чека мачно полагање на сметката, престојувалиштето нивно ќе биде џехеннемот, а тој е грозна постела

Verse 19 — Surah Ar-Rad 13:19

Зарем тој што знае дека е вистина тоашто ти сеобјавува од Господарот твој е како тој што е слеп? А поуката само обдарените со разум ја примаат

Verse 20 — Surah Ar-Rad 13:20

Тие коиобврската кон Аллах ја исполнуваат инего кршат ветувањето

Verse 21 — Surah Ar-Rad 13:21

и тие кои го почитуваат тоа што Аллах наредил да се почитува и од Господарот свој се плашат и од мачното полагање на сметка стравуваат

Verse 22 — Surah Ar-Rad 13:22

И тие што трпат копнеејќи за Лицето на Господарот свој, и тие што намазот (молитвата) го извршуваат, и од тоа што им го даваме и тајно и јавно даваат, и кои на злото со добро враќаат – нив ги чека најдоброто престојувалиште

Verse 23 — Surah Ar-Rad 13:23

Еденски градини во кои ќе влезат и тие и родителите нивни и жените нивни и потомците нивни – тие што биле честити – мелеци ќе им влегуваат на секоја врата

Verse 24 — Surah Ar-Rad 13:24

Мирот нека е со вас, затоа што трпевте, а прекрасно ли е најубавото престојувалиште

Verse 25 — Surah Ar-Rad 13:25

А тие што не ги исполнуваат должностите кон Аллах, иако за тоа цврсто се обврзале, и го кршат тоа што Аллах наредил да се одржува, и прават неред на Земјата – нив ги чека проклетството и најлошото живеалиште

Verse 26 — Surah Ar-Rad 13:26

Кого сака, Аллах го снабдува во изобилство, и му ускратува. Тие му се радуваат на животот на овој свет, а животот на овој свет спoред оној свет е само минливо уживање

Verse 27 — Surah Ar-Rad 13:27

Неверниците велат: „Зошто од Господарот негов не му е испратено чудо?“ Кажи: „Аллах остава во заблуда кого Тој сака, а кон Себе го упатува тој што покајнички Му се обраќа.“

Verse 28 — Surah Ar-Rad 13:28

Тие штоверуваат и чиишто срца, кога Аллах ќесе спомне, се смируваат – а срцата навистина, кога Аллах ќе се спомне, се смируваат

Verse 29 — Surah Ar-Rad 13:29

На тие што веруваат и што прават добри дела – блазе си им, нив ги чека прекрасно живеалиште

Verse 30 — Surah Ar-Rad 13:30

И така те испративме на народот пред кого биле и исчезнале други народи, да им го кажуваш тоа што ти го објавуваме, бидејќи тие не веруваат во Семилосниот. Кажи: „Тој е Господарот мој, нема друг бог освен Него, на Него се потпирам и на Него Му се обраќам

Verse 31 — Surah Ar-Rad 13:31

Кога би имало некаков Куран со кој планините би се покренале или земјата би се расцепкала или мртвите би се довикале; на Аллах Му припаѓа сè! А зарем немаат надеж и не знаат верниците дека Аллах, кога само би сакал, сите луѓе на Вистинскиот пат би ги упатил? А неверниците непрекинато несреќата ќе ги снаоѓа или пак во близина на нивните места ќе доаѓа, поради тоа што го прават – сè додека не се исполни Аллаховото ветување. Аллах сигурно ќе го исполни ветувањето

Verse 32 — Surah Ar-Rad 13:32

И пред тебе Пратениците беа исмејувани, па Јас на тие што не веруваа време им оставав, и потоа ги казнував, а каква ли само беше Мојата казна

Verse 33 — Surah Ar-Rad 13:33

Па зарем Тој што бдее над секого, што и да направи, е како тој што не е во состојба тоа да го направи? А на Аллах Му припишаа здруженици. Кажи: „Именувајте ги.“ Зарем вие сакате Него да Го учите, како Тој да не знае што има на Земјата, или вие само така ги нарекувате? На тие што не веруваат им изгледа убаво интригата нивна, и тие заталкале од Вистинскиот пат. А тој што Аллах ќе го остави во заблуда, нема да има некој на Вистинскиот пат да го упати

Verse 34 — Surah Ar-Rad 13:34

Тие во животот на овој свет ќе бидат мачени, но страдањето на оној свет сигурно ќе биде потешко, од Аллах никој нема да ги одбрани

Verse 35 — Surah Ar-Rad 13:35

Ваков џеннет им е ветен на тие што ќе се плашат од Аллах: градини со реки, со плодови кои секогаш ќе ги има и со трајна сенка; тоа ќе им биде награда на тие што ќе се чуваат од гревот, а на неверниците огнот ќе им биде казна

Verse 36 — Surah Ar-Rad 13:36

Некои од тие на кои им ја дадовме Книгата се радуваат на сè што ти објавуваме тебе, но некои противници не признаваат нешто од Објавата. Кажи: „Мене ми е наредено само Аллах да Го обожувам и да не Му припишувам здруженик; кон Него повикувам и Нему Му се враќам.“

Verse 37 — Surah Ar-Rad 13:37

И Ние така како мудрост го објавуваме (Куранот) на арапски јазик. А кога би им се покорувал на нивните желби откако ти дошло сознанието, ти не би имал ни заштитник ни бранител од Аллах

Verse 38 — Surah Ar-Rad 13:38

И пред тебе сме испраќале Пратеници и жени и потомци сме им давале. И ниту еден Пратеник не донел никакво чудо од себе, туку со Аллахова волја. Секој период имал Книга

Verse 39 — Surah Ar-Rad 13:39

Аллах укинувал што сакал, а оставал што сакал; кај Него е главната Книга

Verse 40 — Surah Ar-Rad 13:40

Било да ти покажеме дел од тоа со што им се закануваме, било животот да ти го одземеме, твое е да објавуваш, а Наше е да бараме полагање на сметката

Verse 41 — Surah Ar-Rad 13:41

Зарем тие не гледаат дека Ние Земјата им ја стеснуваме, намалувајќи им ги пограничните области? А Аллах суди! Никој не може Неговата пресуда да ја побие и Тој брзо ги израмнува сметките

Verse 42 — Surah Ar-Rad 13:42

Интриги правеле и тие пред нив, само Аллах е Господар на сите интриги: Тој знае што заслужува секој. А неверниците сигурно ќе дознаат кого го чека најдоброто живеалиште

Verse 43 — Surah Ar-Rad 13:43

Тие што не веруваат велат: „Ти не си Пратеник.“ Кажи: „Мене и вам доволен ќе ни биде Аллах како сведок, и тој што го има знаењето за Книгата.“