Back to Languages

Macedonian - Chapter 17 - Al-Isra

Translation by Macedonian Scholars — Permalink

Verse 1 — Surah Al-Isra 17:1

Возвишен нека е Тој што во еден дел од ноќта го пренесе Својот роб од Месџиди Харам146 во Месџиди Акса147, чија околина ја благословивме, за да му покажеме некои од Нашите знаци. Тој сè слуша и сè гледа

Verse 2 — Surah Al-Isra 17:2

А на Муса му дадовме Книга и ја направивме Упатство за синовите Израилови: „Наместо Мене – друг господар не земајте

Verse 3 — Surah Al-Isra 17:3

о, потомци на тие што со Нух ги носевме!“ Тој, навистина, беше многу благодарен роб

Verse 4 — Surah Al-Isra 17:4

И Ние во Книгата им објавивме на синовите Израилови: „Вие навистина двапати на Земјата неред ќе правите и прекумерно арогантни ќе станете

Verse 5 — Surah Al-Isra 17:5

Кога ќе дојде времето на првиот од двата нереда, ќе ги испратиме против вас робовите Наши, силно моќни, тие домовите ваши ќе ги прегазат, и ветувањето за казната ќе го исполнат

Verse 6 — Surah Al-Isra 17:6

Потоа ќе ви дадеме победа против нив и ќе ви помогнеме со имотите и синовите ваши, и ќе ве направиме многубројни

Verse 7 — Surah Al-Isra 17:7

Па ако правите добро, за себе го правите, а ако правите зло, против себе го правите! А кога ќе дојде времето на другиот неред, на лицата ваши тага и јад да остави и во Храмот149 да влезат како што во него влегле и првиот пат, и до темел да срушат сè со што ќе завладеат

Verse 8 — Surah Al-Isra 17:8

И Господарот ваш, повторно ќе ви се смилува; ако се вратите ќе се вратиме и Ние. А џехеннемот го направивме затвор за неверниците

Verse 9 — Surah Al-Isra 17:9

Овој Куран води кон единиот исправен пат, и на верниците кои прават добри дела им носи радосна вест, дека ги чека награда голема

Verse 10 — Surah Al-Isra 17:10

а дека за тие што не веруваат во оној свет подготвивме болно страдање

Verse 11 — Surah Al-Isra 17:11

Човекот со својата молба проколнува и благословува; човекот навистина избрзува

Verse 12 — Surah Al-Isra 17:12

И Ние ноќта и денот како два знака ги направивме: знакот за ноќта го тргнавме, а знакот за денот видлив го направивме за да можете да ги барате благодатите од Господарот свој и за да го знаете бројот на годините и за да го пресметувате времето, и сè детално објаснивме

Verse 13 — Surah Al-Isra 17:13

И на секој човек околу врат ќе му го врземе тоа што ќе го направи, а на Судниот ден книгата отворена ќе му ја прикажеме

Verse 14 — Surah Al-Isra 17:14

„Читај ја книгата своја, доволно ти е денес тоа што сметка своја ќе полагаш!“

Verse 15 — Surah Al-Isra 17:15

Тој што оди по Вистинскиот пат, од тоа само тој ќе има корист, а тој што талка - на своја штета талка, и ниту еден грешник туѓите гревови нема да ги носи! А Ние ниту еден народ не сме казниле, додека Пратеник не сме им испратиле

Verse 16 — Surah Al-Isra 17:16

Кога сакаме да уништиме некој народ, на тие кои во него се навикнале нараскош им наредуваме покорност, и тие наразвратот мусеоддаваат и така ја заслужуваат казната, па тогаш до темел го рушиме

Verse 17 — Surah Al-Isra 17:17

И колку само народи после Нух уништивме! А доволно е тоа што Господарот твој ги знае и ги гледа гревовите на робовите Свои

Verse 18 — Surah Al-Isra 17:18

На тој што го сака овој свет, Ние бргу му даваме што сакаме и на кого сакаме, но потоа џехеннемот ќе му го подготвиме, каде засрамен и отфрлен ќе се пече

Verse 19 — Surah Al-Isra 17:19

А тој што го сака оној свет и се труди да го заслужи, а верник е, трудот на таквите ценет ќе им биде

Verse 20 — Surah Al-Isra 17:20

На сите нив, и на едните и на другите, им ги даваме даровите од Господарот твој, а даровите на Господарот твој не му се забранети никому

Verse 21 — Surah Al-Isra 17:21

Гледај како на едните им даваме предност над другите; а на оној свет разликата во степените и предностите ќе биде поголема

Verse 22 — Surah Al-Isra 17:22

Не здружувај со Аллах некој друг бог, за да не заслужиш осуда и да не останеш без поддршка

Verse 23 — Surah Al-Isra 17:23

Господарот твој заповеда само Него да Го обожувате и на родителите добро да им правите. Кога еден од нив двајца, или двајцата, ќе доживеат старост кај тебе, не вели им ни: „Уф!“ - и не кревај го гласот свој кон нив, туку обраќај им се со зборови полни со почит

Verse 24 — Surah Al-Isra 17:24

Биди внимателен ипокорен кон нив, и кажи: „Господару мој, смилувај им се, тие мене, кога бев дете, ме негуваа!“

Verse 25 — Surah Al-Isra 17:25

Господарот ваш добро знае што е во душите ваши: ако бидете послушни, па Аллах навистина ќе им прости на тие што се покајуваат

Verse 26 — Surah Al-Isra 17:26

Дај му го на роднината правото негово, и на сиромашниот, и на патникот, но не расфрлај се многу

Verse 27 — Surah Al-Isra 17:27

бидејќи расипниците се браќа на шејтанот, а шејтанот Му е неблагодарен на Господарот свој

Verse 28 — Surah Al-Isra 17:28

А ако мораш од нив да се свртиш, бидејки и самиот од Господарот свој милоста ја бараш и на неа се надеваш, тогаш барем некој убав збор кажи им

Verse 29 — Surah Al-Isra 17:29

Не држи ја раката своја стисната, а ни сосема отворена, за прекорот да не го заслужиш и без ништо да останеш

Verse 30 — Surah Al-Isra 17:30

Господарот твој му пружа обилно снабдување на тој што сака, а и ја ограничува, затоа што ги знае и ги гледа робовите Свои

Verse 31 — Surah Al-Isra 17:31

Не убивајте ги децата свои поради стравот од сиромаштво, и нив и вас Ние ве снабдуваме, бидејќи нивното убивање е навистина голем грев

Verse 32 — Surah Al-Isra 17:32

И не приближувајте му се на блудот, бидејќи тоа е разврат, колку лош пат е тоа

Verse 33 — Surah Al-Isra 17:33

И не убивајте некого, чие убивање Аллах го забранил, освен кога правдата тоа го изискува! А ако некој, ни крив ни должен е убиен, тогаш на неговиот наследник му даваме власт, но ни тој нека не ја пречекорува границата во убивањето, бидејќи тој, навистина, е помогнат

Verse 34 — Surah Al-Isra 17:34

И не доближувајте му се на имотот на сирачето, освен ако сакате да го зголемите, сè додека не стане полнолетно. И исполнете ја обврската, затоа што за обврската навистина ќе се одговара

Verse 35 — Surah Al-Isra 17:35

И наполнете ја вистинската мерка кога мерите со литар и точно мерете на кантарот! Тоа е подобро и последиците се поубави

Verse 36 — Surah Al-Isra 17:36

Не зборувај го тоа што не го знаеш! И слухот, и видот, и разумот – за сето тоа навистина ќе се одговара

Verse 37 — Surah Al-Isra 17:37

Не чекори горделиво по земјата, бидејќи земјата не можеш да ја пробиеш, ниту планините во висина да ги достигнеш

Verse 38 — Surah Al-Isra 17:38

сето тоа е лошо, кај Господарот твој омразено

Verse 39 — Surah Al-Isra 17:39

Тоа е мудроста која Господарот твој ти ја објавува. И не здружувај Му на Аллах друг бог, за да не бидеш фрлен во џехеннемот, прекорен и од милоста Негова оддалечен

Verse 40 — Surah Al-Isra 17:40

Зарем вашиот Господар вас со синови ве обдарил, а за Себе мелеците како ќерќи ги зел? Вие навистина изговарате крупни зборови

Verse 41 — Surah Al-Isra 17:41

Ние во овој Куран објаснуваме, за тие да извлечат поука, но тој само им ја зголемува одбивноста

Verse 42 — Surah Al-Isra 17:42

Кажи: „Ако покрај Него постојат други богови, како што велат тие, тогаш тие би го побарале патот до Сопственикот на Аршот.“

Verse 43 — Surah Al-Isra 17:43

Чист е Тој и со голема висина возвишен над тоа што тие го велат

Verse 44 — Surah Al-Isra 17:44

Него Го слават седумте небеса и Земјата, и тие на нив; и не постои ништо што не Го слави, фалејќи Го; но вие не го разбирате славењето нивно. Тој е навистина Благ и многу простува

Verse 45 — Surah Al-Isra 17:45

А кога го рецитираш Куранот, помеѓу тебе и тие што не веруваат во оној свет Ние невидлив вел ставаме

Verse 46 — Surah Al-Isra 17:46

а на срцата нивни прекривки за да не го разберат, и глуви ги правиме. И кога ти ќе го спомнеш Господарот свој во Куранот, Него Единиот, ги вртат грбовите од одбивноста кон него

Verse 47 — Surah Al-Isra 17:47

Ние најдобро знаеме што сакаат тие да чујат кога доаѓаат да те прислушкуваат, и за што шепотат кога насилниците велат: „Вие следите само опседнат човек!“

Verse 48 — Surah Al-Isra 17:48

Гледаш што зборуваат за тебе, потоа талкаат и не можат да го најдат Вистинскиот пат

Verse 49 — Surah Al-Isra 17:49

Тие велат: „Зарем кога во коски и прашина ќе се сториме, навистина како нови суштества ќе бидеме оживеани?“

Verse 50 — Surah Al-Isra 17:50

Кажи: „Ќе бидете, дури и да сте камења или железо

Verse 51 — Surah Al-Isra 17:51

или какво било суштество за кое мислите дека не може да биде оживеано.“ „А кој ќе нè врати во живот?“ – ќе запрашаат тие, а ти кажи: „Тој што и првиот пат ве создаде.“ – а тие пред тебе ќе мавтаат со главите (негирајќи) и ќе запрашаат: „Кога тоа?“ - Ти кажи: „Можеби набрзо.“

Verse 52 — Surah Al-Isra 17:52

Ќе биде во Денот кога Тој ќе ве повика, и вие благодарејќи Му, ќе се одѕвиете, и само уште малку време да останевте, ќе помислите

Verse 53 — Surah Al-Isra 17:53

Кажи им на робовите Мои да зборуваат само убави зборови, бидејќи шејтанот би можел да посее непријателство помеѓу нив, шејтанот е навистина човеков отворен непријател

Verse 54 — Surah Al-Isra 17:54

Господарот ваш најдобро ве познава: ако сака, Тој ќе ви се смилува или ако сака, на маки ќе ве стави. А Ние тебе не ти дадовме власт над нив

Verse 55 — Surah Al-Isra 17:55

Господарот твој најдобро ги познава тие на небесата и тие на Земјата; Ние едните веровесници над другите ги одликувавме, а на Давуд, Зебурот му го дадовме

Verse 56 — Surah Al-Isra 17:56

Кажи: „Молете им сена тие, коипокрај Него ги сметате забожества, па тие нема да можат одневолјата да веослободат, ниту да ја преусмерат.“

Verse 57 — Surah Al-Isra 17:57

Тие на коишто овие им се молат, самите бараат начин како што повеќе да Му се приближат на својот Господар, и се надеваат на милоста Негова и се плашат од казната Негова. А од казната на Господарот твој секој треба да се чува

Verse 58 — Surah Al-Isra 17:58

И не постои ниту една населба која Ние пред Судниот ден нема да ја уништиме или на тешка мака да ја изложиме; тоа е запишано во Книгата

Verse 59 — Surah Al-Isra 17:59

А да не праќаме чуда, нè задржува само тоа што ни древните народи во нив не поверуваа; на Семуд како видливо чудо камила му дадовме, но тие во неа не поверуваа. А чудата ги праќаме само за да заплашиме

Verse 60 — Surah Al-Isra 17:60

И кога ти рековме: „Сите луѓе Господарот твој ги опфаќа150, а сонот што ти го покажавме и проколнатото дрво151, во Куранот спомнато, искушение се за луѓето“, ние ги заплашуваме, но ним само им се зголемува и онака големото неверство

Verse 61 — Surah Al-Isra 17:61

И кога им рековме на мелеците: „Поклонете му се на Адем!“ – тие сите се поклонија, освен Иблис. „Зарем да му се поклонам на тој што Ти го создаде од глина?“ – рече

Verse 62 — Surah Al-Isra 17:62

„Кажи ми,“ - рече потоа - „еве ти го овој што над мене го воздигна: ако ме оставиш до Крајот на светот, сигурно над потомството негово ќе завладеам, освен над малкумина

Verse 63 — Surah Al-Isra 17:63

„Заминувај!“ – рече Тој. „На тие кои тебе ќе те следат, а и тебе, џехеннемската казна, ќе ви биде полна казна

Verse 64 — Surah Al-Isra 17:64

И заведувај со гласот свој кого можеш и тргни кон нив со својата коњаница и со својата пешадија, и биди им ортак во имотот, и во децата, и давај им ветувања, - а шејтанот само ги мами

Verse 65 — Surah Al-Isra 17:65

но ти, навистина, нема да имаш никаква власт над робовите Мои!“ А Господарот твој е доволен за заштитник

Verse 66 — Surah Al-Isra 17:66

Господарот ваш поради вас ги придвижува бродовите по морето, за да ги барате Неговите благодати, Тој е, навистина, милостив кон вас

Verse 67 — Surah Al-Isra 17:67

Когаќеве снајде неволја наморе, тогаш ги нема тие накоивообичаено им се молите, постои само Тој. А кога Тој на копното ќе ве спаси, вие се свртувате (од Него); човекот секогаш е неблагодарен

Verse 68 — Surah Al-Isra 17:68

Зарем сте сигурни дека Тој нема во земја да ве втера или дека против вас песочна бура нема да испрати, и дека тогаш нема да си најдете заштитник

Verse 69 — Surah Al-Isra 17:69

Или, зарем сте сигурни дека Тој нема по вторпат на море да ве изнесе, и бура на вас да испрати и да ве потопи поради тоа што сте биле неблагодарни? Тогаш не би нашле никого кој поради вас би нè повикал Нас на одговорност

Verse 70 — Surah Al-Isra 17:70

Ние навистина ги одликувавме синовите на Адем: им дадовме по копно и по море да патуваат, и ги снабдивме со вкусни јадења, и им дадовме големи предности над мноштвото кои сме ги создале

Verse 71 — Surah Al-Isra 17:71

А на Денот кога ќе ги повикаме сите луѓе со предводникот нивен, тие на кои ќе им се даде книгата нивна во десната рака, ќе ги читаат книгите свои и нема да им биде направена ниту тронка неправда

Verse 72 — Surah Al-Isra 17:72

тој што на овој свет бил слеп, ќе биде слеп и на оној и уште подалеку ќе заталка

Verse 73 — Surah Al-Isra 17:73

И за малку тие да те одвратат од тоа што Ние ти го објавуваме, за против Нас нешто друго да изнесеш, и тогаш тие би те сметале за пријател

Verse 74 — Surah Al-Isra 17:74

А да не те направивме цврст, за малку ќе им се приклонеше

Verse 75 — Surah Al-Isra 17:75

и тогаш навистина ќе ти дадевме да искусиш двојна мака во животот и двојно страдање по смртта; тогаш не би нашол никого кој против Нас би ти помогнал

Verse 76 — Surah Al-Isra 17:76

А за малку да те придвижат да излезеш од земјата152 за од неа да те избркаат, но тогаш ни тие не би останале долго по тебе

Verse 77 — Surah Al-Isra 17:77

бидејќи така беше со сите тие кои Пратениците ги протераа, кои пред тебе ги пративме, и ниту ти нема да наидеш на отстапување од Нашиот закон

Verse 78 — Surah Al-Isra 17:78

Извршувај го намазот (молитвата) кога Сонцето од половина небо ќе тргне, па до ноќната темнина, и намазот в мугри, бидејќи на намазот в мугри многумина153 присуствуваат

Verse 79 — Surah Al-Isra 17:79

И помини дел од ноќта во намаз - тоа е само твоја должност; Господарот твој на оној свет ќе ти го подари местото достојно за благодарност

Verse 80 — Surah Al-Isra 17:80

И кажи: „Господару мој, воведи ме со воведот на Вистината и изведи ме со исходот на Вистината! И дарувај ми од Себе сила која ќе ми помогне!“

Verse 81 — Surah Al-Isra 17:81

И кажи: „Дојде вистината, а исчезна лагата; лагата навистина исчезнува!“

Verse 82 — Surah Al-Isra 17:82

Ние во Куранот го објавуваме тоа што е лек и милост за верниците, а на неверниците тој само им ја зголемува пропаста

Verse 83 — Surah Al-Isra 17:83

Кога на човекот некаква благодат му даруваме, тој се свртува и арогантно се оддалечува, а кога ќе го снајде злото, тогаш очајува

Verse 84 — Surah Al-Isra 17:84

Кажи: „Секој постапува според своето убедување, а само Господарот ваш знае кој е на Вистинскиот пат.“

Verse 85 — Surah Al-Isra 17:85

Те прашуваат за душата. Кажи: „Душата е нешто што само мојот Господар го знае, а вам ви е дадено само малку знаење.“

Verse 86 — Surah Al-Isra 17:86

А да сакаме, Ние би направиле да исчезне тоа што сме ти го објавиле, и ти, потоа, не би нашол никого, кој против Нас би ти помогнал

Verse 87 — Surah Al-Isra 17:87

но, Господарот твој е милостив кон тебе и Неговата добрина кон тебе, навистина е голема

Verse 88 — Surah Al-Isra 17:88

Кажи: „Кога сите луѓе и џинни би се здружиле да сочинат еден ваков Куран, тие, каков што е тој, не би сочиниле, па дури и взаемно да си помагаат

Verse 89 — Surah Al-Isra 17:89

Ние во овој Куран на луѓето им објаснуваме секакви примери, но мноштвото луѓе воопшто не сакаат да веруваат

Verse 90 — Surah Al-Isra 17:90

И велат: „Нема да ти веруваме сè додека од земјата извор со вода не ни изведеш

Verse 91 — Surah Al-Isra 17:91

или ако имаш градина од палми и лоза, и низ него од сите страни реки да изведеш

Verse 92 — Surah Al-Isra 17:92

или додека на нас небото во парчиња не го собориш, како што тврдиш, или сè додека Аллах и мелеците пред нас не ги донесеш

Verse 93 — Surah Al-Isra 17:93

или ако имаш куќа од злато или додека на небото не се искачиш, а нема ни да ти веруваме дека си се искачил сè додека не ни ја донесеш Книгата да ја читаме.“ Кажи: „Возвишен нека е Господарот мој! Зарем јас не сум само човек, Пратеник?“

Verse 94 — Surah Al-Isra 17:94

А луѓето, кога им доаѓала објавата, од верувањето ги одвраќало само тоа што говореле: „Зарем Аллах испратил човек како Пратеник?“

Verse 95 — Surah Al-Isra 17:95

Кажи: „Кога мелеците смирено би оделе на Земјата, Ние од небото за Пратеник би им испратиле мелек.“

Verse 96 — Surah Al-Isra 17:96

Кажи: „Аллах ни е доволен сведок и мене и вам, бидејќи Тој ги знае и ги гледа робовите Свои

Verse 97 — Surah Al-Isra 17:97

Тој, на кого Аллах ќе му укаже на Вистинскиот пат – на Вистинскиот пат е, а тој што во заблуда ќе го остави, нему, освен Него, нема да му најдеш заштитник. Ние на Судниот ден ќе ги собереме со лицата кон земјата свртени, слепи, неми и глуви; живеалиштето нивно ќе биде џехеннемот; кога ќе им се намали пламенот, ќе им го зголемиме огнот

Verse 98 — Surah Al-Isra 17:98

Тоа ќе им биде казна бидејќи во Нашите докази не веруваа и велеа: „Зарем кога ќе станеме коски и прав, ќе бидеме оживеани како нови созданија?“

Verse 99 — Surah Al-Isra 17:99

Зарем тие не знаат дека Аллах, Создателот на небесата и на Земјата, е способен да создаде слични на нив и дека веќе им го одредил Часот на оживувањето, во кој нема сомнеж? Но насилниците само негираат

Verse 100 — Surah Al-Isra 17:100

Кажи: „Кога вие би ги поседувале ризниците од милоста на Господарот мој, и тогаш би биле скржави од страв да не потрошите; човекот секогаш е скржав.“

Verse 101 — Surah Al-Isra 17:101

Ние на Муса девет јасни знаци му дадовме, па запрашај ги синовите Израилови кога тој на предците нивни им дојде и кога фараонот му рече: „Јас мислам, о, Муса, дека ти си навистина маѓепсан.“

Verse 102 — Surah Al-Isra 17:102

А Муса одговори: „Ти добро знаеш дека ова не го дал никој друг туку Господарот на небесата и на Земјата, како јасни знаци, и јас мислам дека ти, о, фараону, сигурно ќе настрадаш.“

Verse 103 — Surah Al-Isra 17:103

Фараонот одлучи да ги избрка од земјата, па ние го потопивме и него и тие што беа со него – сите

Verse 104 — Surah Al-Isra 17:104

и потоа им рековме на синовите Израилови: „Населете се на земјата, па кога Крајот на светот ќе дојде, ќе ве донесеме измешани.“

Verse 105 — Surah Al-Isra 17:105

Ние Куранот со Вистината го спуштаме, и тој со Вистината се симнува. А тебе те испративме со цел радосни вести да донесуваш и да опоменуваш

Verse 106 — Surah Al-Isra 17:106

И како Куран, сè дел по дел ти го објавуваме, за на луѓето малку по малку да им го кажуваш, и по потреба го објавуваме

Verse 107 — Surah Al-Isra 17:107

Кажи: „Верувале во него или не верувале, на тие на кои пред неговото објавување им е дадено знаење, паѓаат со лицата натлото, извршувајќи сеџда, кога тој им се чита

Verse 108 — Surah Al-Isra 17:108

и велат: „Возвишен нека е Господарот наш, ветувањето на Господарот наш се исполни!“

Verse 109 — Surah Al-Isra 17:109

и паѓаат со лицето на тлото, и тој им ја зголемува стравопочитта

Verse 110 — Surah Al-Isra 17:110

Кажи: „Повикувајте: ,Аллаху!‘, или повикувајте: ,Семилосен!‘, а како и да Го повикувате, Неговите имиња се најубави.“ Не изговарај го Куранот со сиот глас кога го извршуваш намазот (молитвата), а и не пригушувај го; барај ја средината во тоа

Verse 111 — Surah Al-Isra 17:111

И кажи: „Благодарноста Му припаѓа на Аллах Кој нема дете и Кој во власта нема ортак, и на Кој не му треба заштитник поради немоќ – и величај Го со сета величественост