Back to Languages

Macedonian - Chapter 18 - Al-Kahf

Translation by Macedonian Scholars — Permalink

Verse 1 — Surah Al-Kahf 18:1

Благодарноста Му припаѓа на Аллах Кој на Својот роб му ја објавува Книгата, и не ја дал искривена, туку

Verse 2 — Surah Al-Kahf 18:2

исправна, за со тешката казна, која Тој ќе ја даде, да опомене, а верниците кои прават добри дела, со прекрасна награда да ги израдува

Verse 3 — Surah Al-Kahf 18:3

во која вечно ќе престојуваат

Verse 4 — Surah Al-Kahf 18:4

и да ги опомене тие што велат: „Аллах си присвоил син.“

Verse 5 — Surah Al-Kahf 18:5

Тие ништо не знаат за тоа, а ни предците нивни. Колку крупни зборови излегуваат од устите нивни! Тие не говорат ништо, освен лаги

Verse 6 — Surah Al-Kahf 18:6

Па зарем ти поради нив од тага потиштен ќе бидеш, ако тие не сакаат да поверуваат во овој говор

Verse 7 — Surah Al-Kahf 18:7

Сè што е на Земјата Ние како украс го создадовме за да ги искушаме луѓето кој од нив поубаво ќе постапува

Verse 8 — Surah Al-Kahf 18:8

а Ние неа гола лединка ќе ја направиме

Verse 9 — Surah Al-Kahf 18:9

Мислиш ли дека само жителите на пештерата и Реким беа чудо меѓу чудата Наши

Verse 10 — Surah Al-Kahf 18:10

Кога неколку момчиња во пештерата се засолнија и рекоа: „Господару наш, подари ни ја Својата милост и пружи ни во оваа наша постапка вистинско упатство.“

Verse 11 — Surah Al-Kahf 18:11

Ние во пештерата длабоко ги заспавме за долга низа години

Verse 12 — Surah Al-Kahf 18:12

потоа ги разбудивме за да покажеме која од двете групи подобро ќе оцени колку време престојувале

Verse 13 — Surah Al-Kahf 18:13

А Ние тебе ти ја кажуваме веста нивна според Вистината. Тоа беа момчиња, веруваа во Господарот свој, а Ние Упатството уште повеќе им го зголемивме

Verse 14 — Surah Al-Kahf 18:14

Ги зајакнавме нивните срца кога се кренаа и рекоа: „Господарот наш е Господар на небесата и на Земјата, ние, покрај Него, нема на друг бог да му се молиме, бидејќи тогаш тоа што е далеку од вистината би го говореле

Verse 15 — Surah Al-Kahf 18:15

Овој наш народ, покрај Него, други богови прифатил. Зошто за нив јасен доказ не донесат? А има ли понеправеден од тој што за Аллах изнесува невистина?“

Verse 16 — Surah Al-Kahf 18:16

Кога ќе ги напуштите нив и тие кои, покрај Аллах, ги обожуваат, засолнете се во пештерата. Господарот ваш со Својата милост ќе ве облие и за вас, тоа што ќе ви биде корисно, ќе ви го подготви

Verse 17 — Surah Al-Kahf 18:17

И ти можеше да видиш како Сонцето, кога се раѓа, ја обиколува пештерата од десната страна, а кога заоѓа, ја обиколува од левата страна, а тие беа во средината нејзина.157 Тоа е Аллахов доказ! Кого Аллах ќе го упати на Вистинскиот пат, тој по Вистинскиот пат ќе оди, а кого во заблуда ќе го остави, ти нема да му најдеш заштитник кој на Вистинскиот пат ќе го упати

Verse 18 — Surah Al-Kahf 18:18

И ќе помислеше дека се будни, но тие спиеја; и Ние ги вртевме час на десната, час на левата страна, а кучето нивно, со испружени предни шепи, лежеше на влезот; да ги видеше, од нив ќе избегаше и страв ќе те фатеше

Verse 19 — Surah Al-Kahf 18:19

И Ние, исто така, ги разбудивме, за меѓусебно да се запрашаат. „Колку време останавме тука?“ – запраша едниот од нив. „Останавме ден или дел од денот.“ – одговорија. „Господарот ваш најдобро знае колку сте останале.“ – рекоа. „Испратете еден од вас со овие ваши сребреници во градот, и нека види каде јадењето е најчисто и од него нека ви донесе храна и нека биде внимателен, и никому нека не зборува ништо за вас

Verse 20 — Surah Al-Kahf 18:20

бидејќи, ако тие дознаат за вас, ќе ве каменуваат или со сила во верата своја ќе ве внесат, и тогаш тоа што го сакате никогаш нема да го постигнете!“

Verse 21 — Surah Al-Kahf 18:21

И Ние така сторивме тие за нив да дознаат, за да се уверат дека Аллаховото ветување е вистинито и дека во часот на оживувањето нема никаков сомнеж. Кога меѓу себе за нив се расправаа, рекоа: „Изградете ограда на нејзиниот влез, Господарот нивен најдобро знае кои се тие.“ А тогаш тие, чиишто зборови најмногу се почитуваа, рекоа: „На нејзиниот влез ќе направиме светилиште!“

Verse 22 — Surah Al-Kahf 18:22

Некои ќе речат: „Беа тројца, кучето нивно беше четврто“, а некои ќе речат: „Беа петмина, кучето нивно беше шесто“, нагаѓајќи го тоа што не го знаат, додека некои ќе речат: „Беа седуммина, а кучето нивно осмо.“ Кажи: „Господарот мој најдобро го знае нивниот број, само малкумина тоа го знаат. Затоа не расправај за нив, освен површно, и не прашувај за нив никого од нив!“

Verse 23 — Surah Al-Kahf 18:23

И за што било немој никако да кажеш: „Тоа сигурно ќе го направам утре!“ - не додавајќи

Verse 24 — Surah Al-Kahf 18:24

„Ако даде Бог!“158 А кога ќе заборавиш, сети се на Господарот свој и кажи: „Господарот мој ќе ме упати на тоа што е подобро и покорисно од ова.“

Verse 25 — Surah Al-Kahf 18:25

А тие во пештерата своја останаа триста и уште девет години

Verse 26 — Surah Al-Kahf 18:26

Кажи: „Аллах најдобро знае колку останале; тајните на небесата и на Земјата само Тој ги знае. Како Тој гледа сè, како Тој слуша сè! Тие немаат друг заштитник освен Него, а Тој не зема никого во власта Своја за ортак.“

Verse 27 — Surah Al-Kahf 18:27

А ти кажувај го од Книгата на Господарот свој тоа што ти се објавува, на Неговите зборови им нема изменувач, и ти, освен кај Него, нема да најдеш никакво прибежиште

Verse 28 — Surah Al-Kahf 18:28

Биди трпелив покрај тие штона Господарот свој Мусемолат изутрина и навечер со копнеж за лицето Негово, и не спуштај ги очите свои од нив со желба за сјај во животот на овој свет, и не слушај го тој чиешто срце да Нè спомнува невнимателно го направивме, кој страста своја ја следи и чиишто постапки се далеку од разумни

Verse 29 — Surah Al-Kahf 18:29

И кажи: „Вистината доаѓа само од Господарот ваш, па кој сака нека верува, акој сака нека неверува!“ Ние наневерниците им подготвивме Оган чијшто пламен од сите страни ќе ги опфаќа; акопобараат помош, ќе им се помогне со течност слична на растопена ковина која лицата ќе ги испече. Ужасен ли напиток и грозно ли престојувалиште!“

Verse 30 — Surah Al-Kahf 18:30

Тие што ќе веруваат и што добри дела ќе прават – Ние навистина нема да дозволиме да им пропадне наградата за добрите дела

Verse 31 — Surah Al-Kahf 18:31

сигурно ги чекаат еденски градини, низ кои реки ќе течат, и во нив со белегзии од злато ќе се украсуваат и во зелени алишта од свила и кадифе ќе се облекуваат, во нив на диваните потпрени ќе бидат. Прекрасна ли награда и прекрасно ли престојувалиште

Verse 32 — Surah Al-Kahf 18:32

И наведи им како пример два човека: на едниот од нив две градини со лоза засадена му дадовме и со палми ги обиколивме, а меѓу нив ниви поставивме

Verse 33 — Surah Al-Kahf 18:33

Двете градини својот плод го даваа, ништо не недостасуваше, а низ нив река спроведовме

Verse 34 — Surah Al-Kahf 18:34

Тој и други плодови имаше, и на другарот свој му рече, додека со него разговараше: „Побогат сум од тебе и со подобро потекло!“

Verse 35 — Surah Al-Kahf 18:35

и влезе во градината своја, правејќи си насилство на себе си, велејќи: „Не мислам дека овој некогаш ќе пропадне

Verse 36 — Surah Al-Kahf 18:36

и не мислам дека Крајот на светот некогаш ќе дојде; а ако Му бидам вратен на Господарот свој, сигурно нешто подобро од ова ќе најдам.“

Verse 37 — Surah Al-Kahf 18:37

И другарот негов му рече, додека со него разговараше: „Зарем не веруваш во Тој што од земја те создал, потоа од капка семе, и на крајот потполн човек те направил

Verse 38 — Surah Al-Kahf 18:38

Што се однесува до мене, Тој, Аллах, е мој Господар и јас на Господарот свој не Му здружувам никого

Verse 39 — Surah Al-Kahf 18:39

А зошто, кога во градината влезе, не рече: ,МашаАллах! Моќта Му припаѓа само на Аллах!‘ Ако гледаш дека кај мене има помалку богатство и помалку род отколку кај тебе, па Господарот мој може уште подобра градина од твојата да ми даде

Verse 40 — Surah Al-Kahf 18:40

а на твојата невреме од небото да испрати, па да остане само лизгава лединка, без ништо

Verse 41 — Surah Al-Kahf 18:41

или водата во понор да се слее, па да не можеш никогаш да ја пронајдеш.“

Verse 42 — Surah Al-Kahf 18:42

И пропаднаа плодовите негови и тој почна да ги крши рацете свои, жалејќи за тоа што во неа го вложил, а лозата беше нависната врз потпирачите свои, и (тој) велеше: „Камо среќа на мојот Господар никогаш да не Му припишував здруженик!“

Verse 43 — Surah Al-Kahf 18:43

И немаше никој да може да му помогне, освен Аллах, а самиот на себеси не можеше да си помогне

Verse 44 — Surah Al-Kahf 18:44

Тогаш може да помогне само Аллах, Вистинитиот, Тој ја дава најдобрата награда и прави сè на најубав начин да се заврши

Verse 45 — Surah Al-Kahf 18:45

Наведи им како пример, дека животот на овој свет е како растение, кое и после натопувањето со вода, која Ние од небото ја спуштаме, сепак останува суво и ветровите го разнесуваат. А Аллах може сè

Verse 46 — Surah Al-Kahf 18:46

Имотот и синовите се украс во животот на Овој свет, а добрите дела кои остануваат, подобри се кај Господарот твој според наградата и подобри според надежта

Verse 47 — Surah Al-Kahf 18:47

На денот кога планините ќе ги отстраниме и кога ќе ја видиш Земјата потполно видлива, а нив веќе ги собравме, ниту еден не пропуштивме

Verse 48 — Surah Al-Kahf 18:48

тие пред Господарот твој во редови ќе бидат наредени: „Ни дојдовте така како што и првиот пат ве создадовме, а тврдевте дека нема да ви одредиме време за оживување.“

Verse 49 — Surah Al-Kahf 18:49

И Книгата ќе биде поставена и ќе ги видите грешниците преплашени поради тоа што е во неа. „Тешко нам!“ – ќе зборуваат - „Каква е оваа книга, ни мал ни голем грев не пропуштила, сè набројала?!“ – И ќе го видат запишано тоа што го правеле. Господарот твој нема никому да му направи неправда

Verse 50 — Surah Al-Kahf 18:50

И кога им рековме на мелеците: „Поклонете му се на Адем на сеџда!“ – сите се поклонија освен Иблис, тој беше еден од џинните и затоа згреши кон заповедта на Господарот свој. Па зарем него и потомците негови, покрај Мене, како пријатели ќе ги прифатите, кога тие ви се непријатели? Колку е шејтанот лоша замена за насилниците

Verse 51 — Surah Al-Kahf 18:51

Јас не ги зедов нив за сведоци во текот на создавањето на небесата и на Земјата, ниту во текот на создавањето на нив самите, и за помагачи не ги земав тие кои на погрешниот пат упатуваат

Verse 52 — Surah Al-Kahf 18:52

И на Денот кога Тој ќе каже: „Повикајте ги тие за кои тврдевте дека се Мои ортаци“, и кога ќе ги повикаат, тие нема да им се одѕвијат и Ние меѓу нив ќе направиме место за пропаста

Verse 53 — Surah Al-Kahf 18:53

И грешниците ќе го здогледаат Огнот, и ќе се уверат дека во него ќе паднат и нема да можат да го избегнат

Verse 54 — Surah Al-Kahf 18:54

Ние во овој Куран на разни начини им објаснуваме на луѓето различни примери, но човекот, повеќе од кој било друг е спремен да расправа

Verse 55 — Surah Al-Kahf 18:55

А луѓето, кога им доаѓа упатството, ги одвраќа од верувањето и од тоа на Господарот свој да Му се молат за прошка само затоа што ја очекуваат судбината на древните народи или што чекаат да им дојде казната пред нив

Verse 56 — Surah Al-Kahf 18:56

Ние ги праќаме Пратениците, само за да носат радосни вести и да опоменуваат. А неверниците се расправаат, служејќи се со невистини, за со тоа да ја негираат Вистината, и се исмејуваат со Моите докази и со Моите опомени

Verse 57 — Surah Al-Kahf 18:57

Има ли понеправеден од тој што кога со доказите на Господарот свој се опоменува, е немарен кон нив, а го заборава тоа што рацете негови го направиле?! Ние на срцата нивни прекривки ставаме за Куранот да не го сфатат, а во ушите нивни глувост; и ако ти кон Вистинскиот пат ги повикаш, тие, кога се такви, никогаш нема на Вистинскиот пат да појдат

Verse 58 — Surah Al-Kahf 18:58

Господарот твој многу простува и неизмерно е Милостив. Да ги казнува тоа што го заслужуваат, Тој веднаш на мака би ги ставил. Но, нив ги чека одредениот Час, од кој нема да најдат прибежиште

Verse 59 — Surah Al-Kahf 18:59

А тие села и градови ги уништивме откако жителите нивни сторија насилство и за пропаста нивна точно време одредивме

Verse 60 — Surah Al-Kahf 18:60

И кога Муса му рече на сопатникот свој: „Ќе одам, сè додека не стигнам до местото каде што се спојуваат двете мориња, или долго, долго ќе одам.“

Verse 61 — Surah Al-Kahf 18:61

И кога тие двајцата стигнаа до местото на кое тие (морињата) се спојуваат, заборавија на рибата своја, па таа во морето си направи пат

Verse 62 — Surah Al-Kahf 18:62

А кога се оддалечија, Муса му рече на сопатникот свој: „Дај ни ја ужината наша, бидејќи се изморивме од нашиов пат.“

Verse 63 — Surah Al-Kahf 18:63

„Види!“ - рече тој - „Кога застанавме кај онаа карпа, јас ја заборавив рибата – самиот шејтан направи да ја заборавам, да не ти ја спомнам – па таа на чуден начин тргна кон својот пат во морето!“

Verse 64 — Surah Al-Kahf 18:64

„Е, тоа е тоа што го бараме!“ - рече Муса, и тие двајца се вратија по патот по кој дојдоа

Verse 65 — Surah Al-Kahf 18:65

и најдоа еден Наш роб, на кого милоста Наша му ја подаривме и за тоа што само Ние го знаеме, го научивме

Verse 66 — Surah Al-Kahf 18:66

„Може ли да те придружувам?“ - запраша Муса - „но да ме подучиш на тоа со кое си ти исправно подучен.“

Verse 67 — Surah Al-Kahf 18:67

„Ти сигурно нема да можеш со мене да се стрпиш,“ – рече тој

Verse 68 — Surah Al-Kahf 18:68

„а како би се стрпел за тоа за што ништо не знаеш?“

Verse 69 — Surah Al-Kahf 18:69

Ќе видиш дека ќе бидам трпелив, ако даде Бог,“ - рече Муса - „и дека нема во ништо да ти се спротивставувам.“

Verse 70 — Surah Al-Kahf 18:70

„Ако веќе сакаш да ме придружуваш,“ - рече тој - „тогаш за ништо не ме прашувај сè додека за тоа јас прв не ти кажам.“

Verse 71 — Surah Al-Kahf 18:71

И тие двајца тргнаа. И кога влегоа на бродот, тој го продупчи. „Зарем го продупчи за да ги потопиш тие што со него пловат? Ти направи нешто, навистина лошо.“

Verse 72 — Surah Al-Kahf 18:72

„Не реков ли јас,“ - рече тој - „дека ти навистина нема да можеш да се стрпиш со мене?“

Verse 73 — Surah Al-Kahf 18:73

„Не ме критикувај за тоа што го заборавив,“ - рече - „и не прави во оваа моја работа тешкотија да ме снаоѓа.“

Verse 74 — Surah Al-Kahf 18:74

И тие двајцата тргнаа. И кога сретнаа едно момче, па тој го уби, Муса рече: „Зошто го уби безгрешното дете кое никого не убило? Ти направи нешто, навистина, многу лошо.“

Verse 75 — Surah Al-Kahf 18:75

„Нели ти реков,“ - рече тој- „дека ти нема да можеш да се стрпиш со мене?“

Verse 76 — Surah Al-Kahf 18:76

„Ако по ова, те прашам за што било,“ - рече - „тогаш немој со мене да се дружиш. Кај мене веќе најде оправдување“

Verse 77 — Surah Al-Kahf 18:77

И тие двајцата тргнаа; икогадојдоа доеден град, ги замолија жителите нивни да ги нахранат, но тие одбија да ги нагостат. Тие двајца во градот наидоанаеден ѕид кој само штонесе срушил, патој гоисправи. „Можеше,“ - рече Муса - „за него да земеш награда.“

Verse 78 — Surah Al-Kahf 18:78

„Ова е разделба помеѓу мене и тебе,“ - рече тој - „ќе те известам за толкувањето на тоа, поради коешто не можеше да се воздржиш

Verse 79 — Surah Al-Kahf 18:79

Во врска со бродот, тој е во сопственост на сиромашни луѓе кои работат на море, и јас сакав да го оштетам бидејќи пред нив имаше еден владетел кој го одземаше секој исправен брод

Verse 80 — Surah Al-Kahf 18:80

Во врска сомомчето, родителите негови северници, пасеисплашивме тој да не ги натера на неред и на неверување

Verse 81 — Surah Al-Kahf 18:81

па сакавме Господарот нивен, наместо него, да им даде подобар и почесен од него, и кон сомилоста поприближен

Verse 82 — Surah Al-Kahf 18:82

А што се однесува до ѕидот, тој им припаѓа на две момчиња, сирачиња од градот, а под него е закопано нивното богатство. Нивниот татко бил добар човек и Господарот твој сака, од милоста Своја, тие да пораснат и да го извадат богатството свое. Сето тоа јас не го сторив по мое мислење. Ете, тоа е толкувањето за тоа за што ти не можеше да се стрпиш“

Verse 83 — Surah Al-Kahf 18:83

И те прашуваат за Зулкарнејн162. Кажи: „За него ќе ви кажам некои вести

Verse 84 — Surah Al-Kahf 18:84

Ние му дадовме власт на Земјата и му дадовме средство за сè.“

Verse 85 — Surah Al-Kahf 18:85

И тој тргна

Verse 86 — Surah Al-Kahf 18:86

Кога стигнаа до местото каде што заоѓа Сонцето, виде како да заоѓа во некој матен извор и во близината негова најде еден народ! „О, Зулкарнејн,“ - рековме Ние - „или ќе ги казниш или со нив благо ќе постапиш?“

Verse 87 — Surah Al-Kahf 18:87

„Тој што правел насилство“ - рече - „ќе го казниме, а потоа на својот Господар ќе Му се врати, па Тој со тешка мака ќе го мачи

Verse 88 — Surah Al-Kahf 18:88

А на тој што верувал и правел добри дела му припаѓа најубавата награда, и нему ќе му издаваме олеснителни наредби.“

Verse 89 — Surah Al-Kahf 18:89

И тој тргна понатаму

Verse 90 — Surah Al-Kahf 18:90

И кога дојде до местото каде што заоѓа Сонцето, тој виде дека тоа излегува над еден народ на кој Ние не му дадовме од него со што било да се заштити

Verse 91 — Surah Al-Kahf 18:91

Така беше тоа. А Ние го опфаќаме со знаењето сето тоа што го имаше тој

Verse 92 — Surah Al-Kahf 18:92

И тој повторно тргна

Verse 93 — Surah Al-Kahf 18:93

Кога стигна помеѓу две планини, пред нив најде народ кој едвај го разбираше говорот

Verse 94 — Surah Al-Kahf 18:94

„О, Зулкарнејн,“ - рекоа тие - „Јеџуџ и Меџуџ прават неред по земјата, па сакаш ли да ти собереме надоместок за помеѓу нас и нив да кренеш преграда?“

Verse 95 — Surah Al-Kahf 18:95

„Подобро е тоа што мојот Господар ми го даде.“ - рече тој. „Туку, вие само помогнете ми колку можете повеќе и јас помеѓу вас и нив преграда ќе кренам

Verse 96 — Surah Al-Kahf 18:96

Донесете ми големи прачиња железо.“ И кога тој ги израмни двете страни на планините, рече: „Дувајте!“ А кога го вжешти, рече: „Донесете ми растопен бакар да го истурам“

Verse 97 — Surah Al-Kahf 18:97

И така тие не можеа ниту да ја преминат ниту да ја поткопаат (преградата)

Verse 98 — Surah Al-Kahf 18:98

„Ова е милост од Господарот мој!“ - рече тој. „А кога ветувањето на Господарот мој ќе се исполни, Тој со земјата ќе ја срамни, а ветувањето на Господарот мој навистина ќе се исполни.“

Verse 99 — Surah Al-Kahf 18:99

И Ние тогаш ќе оставиме едните од нив како бранови да се судираат со другите. И ќе се дувне во рогот, па сите ќе ги собереме

Verse 100 — Surah Al-Kahf 18:100

Тој ден на неверниците јасно ќе им го покажеме џехеннемот

Verse 101 — Surah Al-Kahf 18:101

тие чиишто очи беа прекриени со прекривка за Мојата Опомена икои не можеа да слушаат

Verse 102 — Surah Al-Kahf 18:102

Зарем неверниците мислат дека, покрај Мене, за богови можат да ги земаат робовите Мои? Ние, навистина, за престојувалиште на неверниците им го подготвивме џехеннемот

Verse 103 — Surah Al-Kahf 18:103

Кажи: „Сакате да ве известам за најголемите губитници на делата

Verse 104 — Surah Al-Kahf 18:104

чијшто труд во животот на овој свет залуден ќе биде, а кои ќе мислат дека е добро тоа што го прават?“

Verse 105 — Surah Al-Kahf 18:105

Тоа се тие кои во доказите на Господарот свој нема да веруваат и кои ќе негираат дека пред Него ќе излезат; поради тоа трудот нивен залуден ќе биде и на Судниот ден никакво значење нема да им дадеме

Verse 106 — Surah Al-Kahf 18:106

На нив казна џехеннемот ќе им биде, затоа што неверници беа и што на доказите Мои и на Пратениците Мои им се исмеваа

Verse 107 — Surah Al-Kahf 18:107

На тие што ќе веруваат и што добри дела ќе прават – градините на Фирдеусот гостопримство ќе им бидат

Verse 108 — Surah Al-Kahf 18:108

во нив вечно ќе престојуваат и нема да посакаат со нешто друго да ги заменат

Verse 109 — Surah Al-Kahf 18:109

Кажи: „Кога морето би било мастило за да се напишат зборовите на Господарот мој, морето би пресушило, но не и зборовите на Господарот мој, па дури и кога би го прошириле со море како него.“

Verse 110 — Surah Al-Kahf 18:110

Кажи: „Јас сум човек како и вие, мене ми се објавува дека вашиот Бог е еден Бог. Па кој се надева на средба со Господарот свој, нека прави добри дела и во обожувањето на Господарот свој нека не Му припишува здруженик