Back to Languages

Macedonian - Chapter 20 - Ta-Ha

Translation by Macedonian Scholars — Permalink

Verse 1 — Surah Ta-Ha 20:1

Verse 2 — Surah Ta-Ha 20:2

Не го објавуваме Куранот за да се мачиш

Verse 3 — Surah Ta-Ha 20:3

туку за да му биде поука на тој што се плаши

Verse 4 — Surah Ta-Ha 20:4

го објавува Создателот на Земјата и на небесата високи

Verse 5 — Surah Ta-Ha 20:5

Семилосниот, Кој над Аршот се возвиши

Verse 6 — Surah Ta-Ha 20:6

Негово е тоа што е на небесата и на Земјата, и тоа што е меѓу нив, и тоа што е под земјата

Verse 7 — Surah Ta-Ha 20:7

Ако ти гласно се молиш, па Тој знае што е тајно и што е најскриено

Verse 8 — Surah Ta-Ha 20:8

Аллах, нема друг бог освен Него, ги има најубавите имиња

Verse 9 — Surah Ta-Ha 20:9

А дали ти дојде веста за Муса

Verse 10 — Surah Ta-Ha 20:10

кога го здогледа огнот, па на семејството свое му рече: „Вие останете тука, јас видов оган, можеби некаков пламен ќе ви донесам или покрај огнот ќе пронајдам некого што патот ќе ми го покаже?“

Verse 11 — Surah Ta-Ha 20:11

А кога дојде до него, некој го повика: „О, Муса

Verse 12 — Surah Ta-Ha 20:12

Навистина, Јас Сум твојот Господар! Затоа, соблечи ги обувките свои, ти си во благословената долина Тува

Verse 13 — Surah Ta-Ha 20:13

И те одбрав тебе. Затоа слушај го тоа што ќе ти се објавува

Verse 14 — Surah Ta-Ha 20:14

Навистина, Јас Сум Аллах! Нема друг бог освен Мене, па Мене обожувај Ме и кога ќе се сетиш на Мене, намазот (молитвата) извршувај го

Verse 15 — Surah Ta-Ha 20:15

Часот на оживување сигурно ќе дојде, го кријам од секого, кога секој човек според својот труд ќе биде награден или казнет

Verse 16 — Surah Ta-Ha 20:16

И поради тоа нека не те одвраќа од верувањето во него тој што не верува во него и кој ја следи својата страст, па да бидеш изгубен

Verse 17 — Surah Ta-Ha 20:17

„А што тие е тоа во десната рака, о, Муса?“

Verse 18 — Surah Ta-Ha 20:18

„Ова е мојот стап,“ - одговори тој - „на кој се потпирам и со кој на овците свои лисја им симнувам, а ми служи и за други потреби.“

Verse 19 — Surah Ta-Ha 20:19

„Фрли го, о, Муса!“ - рече Тој

Verse 20 — Surah Ta-Ha 20:20

И тој го фрли, кога тој (стапот) - змија која брзо се движи

Verse 21 — Surah Ta-Ha 20:21

„Земи ја и не плаши се!“ - рече Тој - „Ние ќе ја вратиме во тоа што беше претходно.“

Verse 22 — Surah Ta-Ha 20:22

„И вовлечи ја раката под пазувите свои, раката ќе ти се појави бела, но не болна; и ете, друг доказ

Verse 23 — Surah Ta-Ha 20:23

за да ти покажеме некое од Нашите чуда

Verse 24 — Surah Ta-Ha 20:24

Оди кај фараонот, бидејќи во злото секоја мерка ја премина

Verse 25 — Surah Ta-Ha 20:25

Рече: „Господару мој, распространи ги градите мои

Verse 26 — Surah Ta-Ha 20:26

и олесни ми ја задачата моја

Verse 27 — Surah Ta-Ha 20:27

одврзи го јазолот од јазикот мој

Verse 28 — Surah Ta-Ha 20:28

за да го разберат говорот мој

Verse 29 — Surah Ta-Ha 20:29

и подари ми го за помошник од семејството мое

Verse 30 — Surah Ta-Ha 20:30

Харун, братот мој

Verse 31 — Surah Ta-Ha 20:31

засили ме со него

Verse 32 — Surah Ta-Ha 20:32

и направи го содружник во задачата моја

Verse 33 — Surah Ta-Ha 20:33

за многу да Те фалиме

Verse 34 — Surah Ta-Ha 20:34

и за многу да Те спомнуваме

Verse 35 — Surah Ta-Ha 20:35

Ти, навистина, знаеш за нас.“

Verse 36 — Surah Ta-Ha 20:36

Удоволено ѝ е на молбата твоја, о Муса, - рече Тој

Verse 37 — Surah Ta-Ha 20:37

а ти ја укажавме милоста Своја уште еднаш

Verse 38 — Surah Ta-Ha 20:38

кога твојата мајка ја вдахнавме со тоа што само со вдахновение се стекнува

Verse 39 — Surah Ta-Ha 20:39

„Стави го во сандак и пушти го в река, реката на брегот ќе го исфрли, па и Мојот и неговиот непријател ќе го прифати.“ И врз тебе ја разлеав љубовта Моја и да растеш под окото Мое

Verse 40 — Surah Ta-Ha 20:40

Кога сестра ти отиде и рече: „Сакате ли јас да ви ја покажам таа што за него ќесе грижи?“ Ние намајка ти те вративме за да серадуваиповеќе да не тагува. А ти уби еден човек, па Ние од грижата те ослободивме и со разни неволји те искушавме, па те спасивме. И ти со години остана меѓу жителите на Медјен, потоа, о, Муса, во одредено време дојде

Verse 41 — Surah Ta-Ha 20:41

и Јас за Себе те избрав

Verse 42 — Surah Ta-Ha 20:42

Одете ти и твојот брат, со доказите Мои, и нека не ви ослабне сеќавањето на Мене

Verse 43 — Surah Ta-Ha 20:43

Одете кај фараонот, тој навистина се возгордеа

Verse 44 — Surah Ta-Ha 20:44

па со благи зборови говорете му, за да размисли или за да се заплаши

Verse 45 — Surah Ta-Ha 20:45

„Господару наш,“ - рекоа тие - „се плашиме да не нè стави веднаш на маки или секоја мерка на злото да не ја премине.“

Verse 46 — Surah Ta-Ha 20:46

Не плашете се! - рече Тој - Јас Сум со вас, Јас сè слушам и гледам

Verse 47 — Surah Ta-Ha 20:47

Одете кај него и кажете: „Ние сме Пратеници од Господарот твој, пушти ги синовите Израилови да одат со нас и немој да ги мачиш! Ти донесовме доказ од Господарот твој, нека живее во мир тој што Вистинскиот пат го следи

Verse 48 — Surah Ta-Ha 20:48

Нам ни се објавува дека казната сигурно ќе го стигне оној којшто нема да поверува и главата ќе ја сврти.“

Verse 49 — Surah Ta-Ha 20:49

„Па кој е Господарот ваш, о, Муса?“ - запраша фараонот

Verse 50 — Surah Ta-Ha 20:50

„Господарот наш е Тој што му даде облик на сè, а потоа го упати.“

Verse 51 — Surah Ta-Ha 20:51

„А што е со дамнешните народи?“ - запраша тој

Verse 52 — Surah Ta-Ha 20:52

„Знаењето за нив е кај Господарот мој, во Книгата!“ - рече Муса. „На Господарот мој ништо не Му е скриено и Тој не заборава.“

Verse 53 — Surah Ta-Ha 20:53

Тој што за вас Земјата постела ја направи и низ неа патишта направи, и Тој од небото спушта дожд, па Ние даваме со нејзина помош во парови да никнуваат разновидни растенија

Verse 54 — Surah Ta-Ha 20:54

Јадете и пасете го добитокот ваш! Тоа се докази за тие што имаат памет

Verse 55 — Surah Ta-Ha 20:55

Од земјата ве создаваме и во неа ве враќаме и од неа по вторпат ќе ве изведеме

Verse 56 — Surah Ta-Ha 20:56

Ние на фараонот сите докази му ги покажавме, но тој сепак негираше и одби да поверува

Verse 57 — Surah Ta-Ha 20:57

„Зарем дојде сопомошна својата магија одземјата наша да нè изнесеш, о, Муса?“ - запраша (фараонот)

Verse 58 — Surah Ta-Ha 20:58

„И ние тебе магија слична на оваа, навистина, ќе ти подготвиме! Закажи ни средба до која и ние и ти ќе се придржуваме, така како што ни одговара и нам и тебе!“

Verse 59 — Surah Ta-Ha 20:59

„Средбата нека биде на денот на вашиот празник,“ - рече Муса - „и народот од изутрина нека се собере.“

Verse 60 — Surah Ta-Ha 20:60

И Фараонот отиде, ги собра маѓепсниците свои и потоа дојде

Verse 61 — Surah Ta-Ha 20:61

„Тешко вам!“ - рече Муса. „Не изнесувајте лаги за Аллах, па Тој со казната да ве уништи, а сигурно нема да успее тој што изнесува лаги.“

Verse 62 — Surah Ta-Ha 20:62

И тие, шепотејќи тивко, започнаа за својата работа помеѓу себе да расправаат

Verse 63 — Surah Ta-Ha 20:63

„Овие двајца се маѓепсници!“ - им рекоа едните на другите. „Сакаат со магиите свои од земјата ваша да ве изведат и да ја уништат вашата преубава вера

Verse 64 — Surah Ta-Ha 20:64

затоа лукавството свое паметно подгответе го, а потоа застанете во ред. Кој ќе победи денес, сигурно ќе го постигне тоа што го сака.“

Verse 65 — Surah Ta-Ha 20:65

„О, Муса,“ - рекоа тие - „сакаш ли ти, или ние да фрламе?“

Verse 66 — Surah Ta-Ha 20:66

„Фрлете вие!“ - рече тој, и одеднаш му се пристори дека јажињата нивни и стаповите нивни, поради магијата нивна, се движат

Verse 67 — Surah Ta-Ha 20:67

И Муса во себе почувствува страв

Verse 68 — Surah Ta-Ha 20:68

„Не плаши се!“ - рековме Ние. „Ти навистина ќе победиш

Verse 69 — Surah Ta-Ha 20:69

Само фрли го тоа што ти е во десната рака, ќе го проголта тоа што тие го направија, бидејќи тоа што тие го направија е само магија од маѓепсниците, а маѓепсникот нема да успее каде и да оди“

Verse 70 — Surah Ta-Ha 20:70

И маѓепсниците се поклонија со лицата до земја, велејќи: „Ние веруваме во Господарот на Харун и на Муса!“

Verse 71 — Surah Ta-Ha 20:71

„Вие му поверувавте,“ - викна фараонот - „пред јас да ви допуштам! Тој е вашиот учител, тој ве научи на магија и јас сигурно ќе ви ги исечам вкрстено рацетеваши инозетеваши, ипостеблатанапалмите ќе ве распнам, и сигурно ќе знаете кој е пострашен и поистраен во мачењето од нас.“

Verse 72 — Surah Ta-Ha 20:72

„Ние нема да те ставиме тебе над јасните докази кои ни дојдоа и над Тој што нè создаде,“ - одговорија тие - „па прави што сакаш, тоа можеш да го правиш само во животот на овој свет

Verse 73 — Surah Ta-Ha 20:73

Ние веруваме во нашиот Господар за гревовите наши да ни ги прости и магиите на коишто ти нè принуди. А Аллах е подобар и трајно наградува!“

Verse 74 — Surah Ta-Ha 20:74

Тој што пред Господарот свој како злосторник ќе дојде, го чека џехеннем; во него нема ни да умре ни да живее

Verse 75 — Surah Ta-Ha 20:75

а тие што пред Него како верници ќе дојдат, кои правеле добри дела, нив високи степени ги чекаат

Verse 76 — Surah Ta-Ha 20:76

еденски градини низ кои реки ќе течат, во нив тие вечно ќе останат, и тоа ќе биде награда за тие што од гревовите ќе се исчистат

Verse 77 — Surah Ta-Ha 20:77

И Ние му објавивме на Муса: „Изведи ги ноќе робовите Мои и со нив по сувиот пат низ морето пројде, не стравувајќи дека тоа ќе те стигне и не плашејќи се дека ќе се удавиш

Verse 78 — Surah Ta-Ha 20:78

А фараонот по нив со војските свои тргна, па ги поклопи од морето тоа што ги поклопи

Verse 79 — Surah Ta-Ha 20:79

И фараонот народот свој во заблуда го доведе, а на Вистинскиот пат не го изведе

Verse 80 — Surah Ta-Ha 20:80

О, синови Израилови, Ние од непријателот ваш ве спасивме, и вам од десната страна на Тур место за средба ви одредивме и мана и потполошки ви праќавме

Verse 81 — Surah Ta-Ha 20:81

Јадете ги вкусните јадења со кои ве снабдивме и немојте со тоа да се возгордејувате за да не ве снајде гневот Мој; а кого ќе го снајде гневот Мој – настрадал

Verse 82 — Surah Ta-Ha 20:82

Јас сигурно ќе му простам на тој што ќе се покае и ќе поверува, и добри дела ќе прави, и кој потоа на Вистинскиот пат ќе истрае

Verse 83 — Surah Ta-Ha 20:83

„А зошто пред народот свој побрза, о, Муса?“

Verse 84 — Surah Ta-Ha 20:84

„Еве, одат по мене,“ - одговори тој - „а побрзав кон Тебе, Господару мој, за да бидеш задоволен.“

Verse 85 — Surah Ta-Ha 20:85

„Ние народот твој, по твоето заминување, воискушение гоставивме,“ - рече Тој - „и нив ги заведе Самирија.“

Verse 86 — Surah Ta-Ha 20:86

И Муса му се врати на народот свој, гневен и тажен. „О, народе мој,“ - рече- „зарем Господарот ваш не даде убаво ветување? Зарем времето ви се одолжи или сакате да ве стигне гневот на Господарот ваш, па затоа не се држевте до ветувањето кое ми го дадовте?!“

Verse 87 — Surah Ta-Ha 20:87

„Ние не го прекршивме своеволно ветувањето кое го дадовме.“ - одговорија. „Бевме натоварени со тешкотии, со народниот накит, па тоа го испофрлавме.“ А истото тоа го направи и Самирија

Verse 88 — Surah Ta-Ha 20:88

па излеа теле кое даваше глас како да мука, и потоа тие рекоа: „Ова е вашиот бог и Мусаовиот бог, кого тој (Муса) го заборави.“

Verse 89 — Surah Ta-Ha 20:89

Зарем тие не видоа дека тоа ни со зборови не им одговара, и дека од нив не може никаква неволја да оттргне ниту може каква било корист да им придобие

Verse 90 — Surah Ta-Ha 20:90

А ним Харун уште претходно им зборуваше: „О, народе мој, вие со него сте само на искушение ставени. Ваш Господар е Семилосниот, затоа следете ме мене и слушајте ја наредбата моја!“

Verse 91 — Surah Ta-Ha 20:91

„Ние ќе го обожуваме сè додека не ни се врати Муса“ - рекоа тие

Verse 92 — Surah Ta-Ha 20:92

„О, Харуне!“ - повика Муса. „Што те спречи, кога виде дека заталкаа

Verse 93 — Surah Ta-Ha 20:93

по мене да не дојдеш? Зошто наредбата моја не ја послуша?“

Verse 94 — Surah Ta-Ha 20:94

„О, сине на мојата мајка“ - рече Харун - „не фаќај ме за мојата брада и коса! Јас се плашев ти да не кажеш: ,Меѓу синовите Израилови раскол посеа и не постапи така како што ти кажав.‘“

Verse 95 — Surah Ta-Ha 20:95

„А што сакаше ти, о Самирија?“ - запраша Муса

Verse 96 — Surah Ta-Ha 20:96

„Јас го видов тоа што тие не го видоа,“ - одговори тој - „па грст земја од трагата на Гласникот168 зедов и фрлив, и ете, така тоа ми ја разубави мојата душа.“

Verse 97 — Surah Ta-Ha 20:97

„Е, тогаш, губи се!“ - рече Муса. „Целиот свој живот ќе велиш: ,Нема допирање!‘169 - а те чека уште и одредениот Час кој нема да те одмине. Погледни го само овој твој ,бог‘ на кого во обожувањето приврзан му беше: ние сигурно ќе го запалиме и по морето правта ќе му ја растуриме

Verse 98 — Surah Ta-Ha 20:98

Вашиот боге Аллах, друг богосвен Него нема! Тој со знаењето опфаќа сè.“

Verse 99 — Surah Ta-Ha 20:99

И така, ете, ти кажуваме некои вести за тоа што веќе поминало и ти дадовме Опомена170 од Нас

Verse 100 — Surah Ta-Ha 20:100

Кој од неа ќе се сврти, на Судниот ден навистина тежок терет ќе понесе

Verse 101 — Surah Ta-Ha 20:101

вечно така ќе остане, а на Судниот ден товарот морничав ќе им биде

Verse 102 — Surah Ta-Ha 20:102

На Денот кога во рогот ќе се дувне, тој Ден злосторниците модри ќе ги собереме

Verse 103 — Surah Ta-Ha 20:103

и еден со друг тивко ќе зборуваат: „Не останавте повеќе од десет дена.“

Verse 104 — Surah Ta-Ha 20:104

Ние добро знаеме за што тие ќе зборуваат, кога најпроникливиот од нив ќе рече: „Останавте само еден ден.“

Verse 105 — Surah Ta-Ha 20:105

А те прашуваат за планините, па ти кажи: „Господарот мој во прав ќе ги стори и ќе ги расее

Verse 106 — Surah Ta-Ha 20:106

а местата на кои беа, рамни ледини ќе ги остави

Verse 107 — Surah Ta-Ha 20:107

ни вдлабнатини ни височинки на Земјата нема да видиш

Verse 108 — Surah Ta-Ha 20:108

Тој ден тие на гласникот ќе му се одѕвијат, од кого отстапување нема и пред Семилосниот гласовите ќе стивнат и ти ќе чуеш само шепот

Verse 109 — Surah Ta-Ha 20:109

Тој ден ќе биде од корист само заземањето на тој на кого Семилосниот ќе му дозволи и со чиишто зборови е задоволен

Verse 110 — Surah Ta-Ha 20:110

Тој знае што правеле и што ги чека, а тие со знаењето не можат Него да Го опфатат

Verse 111 — Surah Ta-Ha 20:111

Лицата ќе Му се покорат на Живиот и Вечниот, тој што здруженици Му припишувал, секаква надеж ќе изгуби

Verse 112 — Surah Ta-Ha 20:112

а тој што правел добри дела, а бил верник, нема да се плаши од неправда, ни од скратување на наградата

Verse 113 — Surah Ta-Ha 20:113

И, ете, така Ние Куранот на арапски јазик го објавуваме и во него заканите ги повторуваме за тие гревовите да ги избегнуваат или на послушност да ги поттикне

Verse 114 — Surah Ta-Ha 20:114

Нека е возвишен Аллах, Владетелот Вистински! И не брзај со рецитирањето на Куранот пред да ти се заврши објавувањето негово, и кажи: „Господару мој, Ти знаењето мое зголеми го!“

Verse 115 — Surah Ta-Ha 20:115

А Адем уште претходно го обврзавме, па тој заборави и не најдовме кај него одлучност

Verse 116 — Surah Ta-Ha 20:116

А кога на мелеците им рековме: „Поклонете му се на Адем на сеџда!“ - сите се поклонија на сеџда, само Иблис не сакаше

Verse 117 — Surah Ta-Ha 20:117

„О, Адеме!“ - рековме. „Овој е навистина непријател твој и на твојата жена, затоа немој никако да дозволиш тој да ве изведе од џеннетот, па потоа да се мачиш

Verse 118 — Surah Ta-Ha 20:118

Во него нема да огладниш, ниту гол да бидеш

Verse 119 — Surah Ta-Ha 20:119

во него нема ниту да ожедниш, ниту жештина да почувствуваш

Verse 120 — Surah Ta-Ha 20:120

А шејтанот почна да му бае и да му зборува: „О, Адеме, сакаш ли да ти го покажам дрвото на бесмртноста и царството кое нема да исчезне?“

Verse 121 — Surah Ta-Ha 20:121

И тие двајцата171 каснаа од него и им се укажаа срамните места нивни, па почнаа по нив лисје џеннетско да ставаат. Така Адем не го послуша Господарот свој и заталка од патот

Verse 122 — Surah Ta-Ha 20:122

Потоа Господарот негов избран го направи, па му прости и на Вистинскиот пат го упати

Verse 123 — Surah Ta-Ha 20:123

„Излегувајте од него сите,“ - рече Тој - „едни на други непријатели ќе бидете! Од Мене упатство ќе ви доаѓа, и тој што ќе го следи Моето Упатство нема да заталка и нема несреќен да биде

Verse 124 — Surah Ta-Ha 20:124

А тој што ќе се заврти од Опомената Моја, тој тежок живот ќе живее и на Судниот ден слеп ќе го оживееме.“

Verse 125 — Surah Ta-Ha 20:125

„Господару мој,“ - ќе рече - „зошто слеп ме оживеа кога имав вид?“

Verse 126 — Surah Ta-Ha 20:126

„Еве зошто.“ - ќе рече Тој. „Доказите наши ти доаѓаа, но ти ги забораваше, па и ти денес исто така ќе бидеш заборавен.“

Verse 127 — Surah Ta-Ha 20:127

И така Ние ќе ги казниме сите тие кои на страстите премногу им се оддаваат и во доказите на Господарот свој не веруваат. А страдањето на оној свет, навистина, ќе биде пострашно и вечно

Verse 128 — Surah Ta-Ha 20:128

Зарем на нив не им е познато колку народи пред нив уништивме, на тие по чии живеалишта тие одат! Тоа се, навистина, докази за паметните луѓе

Verse 129 — Surah Ta-Ha 20:129

И да не се претходно изговорените зборови од Господарот твој, казната веќе ќе им беше неминовна

Verse 130 — Surah Ta-Ha 20:130

Затоа истрпи ги нивните зборови и Господарот свој слави Го, заблагодарувајќи Му, пред излегувањето на Сонцето и пред заоѓањето негово, и слави Го во ноќните часови, и на крајот од денот, за да бидеш задоволен

Verse 131 — Surah Ta-Ha 20:131

И никако не гледај долго во убавините на овој свет кој Ние како уживање на разните видови неверници им ги пружаме, за со тоа на искушение да ги ставиме, но снабдувањето на Господарот твој е подобро и вечно

Verse 132 — Surah Ta-Ha 20:132

Нареди му на семејството свое да го извршува намазот (молитвата) и истрај во тоа! Ние не бараме од тебе снабдување, Ние тебе те снабдуваме! А само тие кои од Аллах ќе стравуваат и кои од гревовите ќе се чуваат ги чека убава завршница

Verse 133 — Surah Ta-Ha 20:133

Тие172 велат: „Зошто не ни донесе некакво чудо од Господарот свој?“ А зарем не им доаѓа објаснување за тоа што го има во листовите173 дамнешни

Verse 134 — Surah Ta-Ha 20:134

А да ги уништевме пред него174 со некаква казна, сигурно ќе кажеа: „Господару наш, зошто не ни испрати Пратеник за зборовите Твои да ги следевме пред уништени и засрамени да станеме.“

Verse 135 — Surah Ta-Ha 20:135

Кажи: „Секој очекува, па чекајте и вие, а сигурно ќе дознаете кои беа следбениците на Исправниот пат175 и кој бил упатен.“