Back to Languages
Macedonian - Chapter 43
Translation by Macedonian Scholars
Verse 1
Ха-мим
Verse 2
Се колнам во Книгата јасна
Verse 3
Ние ја објавуваме како Куран на арапски јазик, за да разберете
Verse 4
а тој во Главната Книга, кај Нас, е ценет и совршен
Verse 5
Зарем да се откажеме Опомената да ви ја соопштуваме затоа што секоја граница на злото ја поминувате
Verse 6
А колку веровесници Ние им испративме на претходните народи
Verse 7
и ниту еден веровесник не им дојде, а да не му се исмеваа
Verse 8
Затоа ги уништувавме тие што беа помоќни од овие, а им е спомнат примерот за претходните народи
Verse 9
Па ако ги запрашаш кој ги создаде небесата и Земјата, тие сигурно ќе речат: „Ги создаде Силниот и Сезнајниот!“
Verse 10
Тој што Земјата колевка ви ја направи и по неа патишта ви создаде, за да се упатувате
Verse 11
Тој што од небото водата со мерка ја спушта, со чија помош во живот ги враќаме мртвите предели – така и вие од гробовите ќе бидете оживеани
Verse 12
Тој штосоздава секаков вид насуштества вопарови и ви дава бродови и животни за на нив да патувате
Verse 13
на палубите и на грбовите нивни да се сместите и, потоа, кога ќе се исправите на нив, да се сетите на благодатите од Господарот свој и да кажете: „Славен и Возвишен нека е Тој што ова ни го потчини, ние не би можеле тоа сами да го постигнеме
Verse 14
и ние кај Господарот свој сигурно ќе се вратиме!“
Verse 15
А тие Му припишуваат Нему дел од робовите Негови. Човекот, навистина, е очигледен неблагодарник
Verse 16
Зарем од тие коишто Тој ги создава за Себе да земе ќерки, а вас да ве дарува со синови
Verse 17
А кога некој од нив бива известен за тоа што на Семилосниот слично Му припишува (дека добил ќерка), лицето му се замрачува и тој се полни со гнев
Verse 18
Зарем тие (ќерките) коишто растат во украси и коишто во расправа се беспомошни, Му ги припишувате на Аллах
Verse 19
Тие ги сметаат мелеците, кои се робови на Семилосниот, за жени. Зарем тие присуствувале при создавањето нивно? – Нивните тврдења ќе бидат запишани и тие ќе одговараат
Verse 20
Тие велат: „А да сакаше Семилосниот, ние нив немаше да ги обожуваме“. Тие за тоа ништо не знаат, тие само лажат
Verse 21
Зарем Ние предходно им дадовме Книга, па се придржуваат кон неа
Verse 22
Тиедуриивелат:„Ниегизатекнавмепредцитенашикакојаисповедаат верата и следејќи ги стапките нивни ние сме на Вистинскиот пат.“
Verse 23
Исто така, пред тебе, Ние ниту во еден град не испративме Опоменувач, а тие коишто живееја сораскошен живот да незборуваа: „Ги затекнавме предците наши како ја исповедаат верата и ние стапките нивни ги следиме.“
Verse 24
„Зарем и тогаш“ – ќе велеше тој – „кога јас ви носам подобра (вера) од таа којашто од предците ваши сте ја запамтиле?“ А тие ќе одговараа: „Ние не веруваме во тоа што е пратено по вас!“
Verse 25
И Ние ги казнувавме, па види како завршија тие кои пратениците ги клеветеа за лага
Verse 26
А кога Ибрахим му рече на таткото свој и на народот свој: „Јас се одрекувам од тие коишто вие ги обожувате
Verse 27
јас Го обожувам само Тој што ме создаде, бидејќи Тој, навистина, на Вистинскиот пат ќе ме упати.“
Verse 28
Тој ги направи зборовите на тевхидот (монотеизмот) трајни за потомството свое, за да се враќаат (кон тие зборови)
Verse 29
А Јас дури и им допуштив на овие, а и на предците нивни, да уживаат сè додека не им дојде Вистината и очигледниот Пратеник
Verse 30
А кога Вистината им дојде, рекоа: „Ова е магија, и ние во неа никако не веруваме!“
Verse 31
И уште рекоа: „Зошто не му е објавен овој Куран на некој угледен човек од овие два града?“
Verse 32
Зарем тие да расподелуваат милоста на Господарот твој? Ние им даваме сè што им е потребно за животот на овој свет и Ние едните над другите ги издигнуваме за неколку степени, за едните да ги служат другите. – А милоста на Господарот твој е подобра од тоа што тие го натрупуваат
Verse 33
А да немаше сите луѓе да станат неверници, Ние на тие што не веруваат во Семилосниот покривите на куќите од сребро ќе им ги направевме, а и скалите по кои се качуваат
Verse 34
и вратите на куќите нивни и диваните на коишто се потпираат
Verse 35
и украси од злато би им дале, бидејќи сето тоа е уживање во животот на овој свет, а оној свет кај Господарот твој ќе биде за тие што ќе ги извршуваат Неговите наредби, а ќе се чуваат од Неговите забрани
Verse 36
Тој што ќе сврти грб на Опомената на Семилосниот, Ние шејтанот ќе му го натовариме, па тој неразделен другар ќе му стане
Verse 37
тие луѓето од Вистинскиот пат ќе ги одвраќаат, а луѓето ќе мислат дека се на Вистинскиот пат
Verse 38
И кога некој од нив ќе дојде пред Нас, ќе рече: „Камо среќа меѓу мене и тебе да имаше раздалеченост колку што има меѓу истокот и западот! Колку злобен другар си бил ти!“
Verse 39
Тој ден нема да ви е од корист што во маката заедно ќе бидете, кога правевте неправда
Verse 40
Зар ти да направиш глувите да слушаат и да ги упатиш слепите и тие што се во очигледна заблуда
Verse 41
Ако ти ја земевме душата, нив сигурно ќе ги казневме
Verse 42
или, да сакавме да ти го покажеме тоа што им го ветивме - па Ние можеме нив со секаква казна да ги казниме
Verse 43
Затоа држи се до тоа што ти се објавува, бидејќи ти навистина си на Вистинскиот пат
Verse 44
Куранот навистина е чест и за тебе и за твојот народ; вие (за него) ќе одговарате
Verse 45
Погледни воодредбите објавени на Пратениците Наши, кои пред тебе ги праќавме, дали наредивме, покрај Семилосниот, да се обожуваат други божества
Verse 46
Уште одамна Ние го пративме Муса со доказите Наши кај фараонот и кај главатарите негови, и тој рече: „Јас сум, навистина, Пратеник од Господарот на световите!“
Verse 47
И бидејќи им ги донесе доказите Наши, тие, одеднаш, почнаа да ги исмејуваат
Verse 48
И Ние доказите им ги покажувавме, сè еден поголем од друг! И со казна ги опфаќавме, за да се повратат (на Вистинскиот пат)
Verse 49
Тие велеа: „О, ти маѓепснику! Замоли Го Господарот свој, во наше име, врз основа наветувањето што ти го дал, и ние сигурно по Вистинскиот пат ќе појдеме!“
Verse 50
А штом од неволјата ќе ги ослободевме, за миг ветувањето го прекршуваа
Verse 51
И фараонот му се обрати на народот свој: „О, народе мој,“ – рече тој – „зарем не ми припаѓа мене царството во Египет и овие реки кои под мене течат – сфаќате ли
Verse 52
И зарем јас не сум подобар од овој бедник кој едвај умее да говори
Verse 53
Зошто не му се ставени белезици од злато или зошто заедно со него не дошле мелеци?“
Verse 54
И тој го заведе народот свој, па му се покорија; тие навистина беа грешен народ
Verse 55
А кога го предизвикаа Нашиот гнев, Ние ги казнивме и сите ги потопивме
Verse 56
и ги направивме пример и поука за подоцнежните народи
Verse 57
А кога на народот твој како пример им беше наведен синот Мерјемин, тие одеднаш поради тоа кренаа врева
Verse 58
и рекоа: „Дали се подобри нашите кипови или тој?“ А ти го наведоа како пример само за да предизвикаат кавга, бидејќи тие се кавгаџиски народ
Verse 59
Тој беше само роб кого Ние со пратеништво го почестивме и како пример за поука на синовите Израилови го направивме
Verse 60
А да сакаме, Ние ќе направиме наместо вас, мелеците на Земјата да ве наследат
Verse 61
навистина тој (Иса) е предзнак за Крајот на светот, затоа никако не се сомневајте во него и следете го упатството Мое! Ова е Вистинскиот пат
Verse 62
и шејтанот нека не ве одвраќа никако, та тој, навистина, ви е отворен непријател
Verse 63
А кога Иса очигледни докази донесе, рече: „Ви носам мудрост и доаѓам да ви го објаснам тоа за што не се согласувате. Затоа, плашете се од Аллах и мене покорувајте ми се
Verse 64
Аллах емој иваш Господар, па Него обожувајте Го! Ова е Вистинскиот пат!“
Verse 65
Но сектите од нивните редови помеѓу себе се подвоија. Па тешко им на насилниците од казната на Денот на болката
Verse 66
Чекаат ли тие нешто друго освен тоа Крајот на светот да им дојде ненадејно, а тие да не ни осетат
Verse 67
Тој Ден, тие коишто си беа пријатели, непријатели ќе станат, освен тие кои се плашеа од Аллах и кои се чуваа од гревовите
Verse 68
„О, робови Мои, денес за вас стравот нема да постои, ниту пак ќе тагувате“
Verse 69
тие штоверуваа во ајетите Наши икоишто беамуслимани (послушни) – ќе им биде речено
Verse 70
„Влезете во џеннетот, вие и сопружниците ваши, радосни!“
Verse 71
Тие ќе бидат служени од садови и чаши од злато, во него ќе има сè што душите ќе посакаат и сè со што очите се насладуваат, и во него вечно ќе престојувате
Verse 72
„Ете, тоа е џеннетот кој ви е подарен како награда за тоа што гоправевте
Verse 73
во него разновидни овошја ќе имате од кои ќе јадете.“
Verse 74
Навистина злосторниците вечно ќе останат во страданието џехеннемско
Verse 75
тоа нема да им се ублажи и никаква надеж за спас нема да имаат, тие во него очајни ќе бидат
Verse 76
Не бевме Ние неправедни кон нив, тие самите на себеси неправда си нанесоа
Verse 77
Тие ќе довикуваат: „О, (мелеку) Малик! Господарот твој нека пресуди да умреме!“ – а тој ќе рече: „Вие тука вечно ќе останете!“
Verse 78
Ние ви ја праќаме Вистината, но повеќето од вас ја презираат вистината
Verse 79
Ако тие подготвуваат замки, и Ние замки ќе им поставиме
Verse 80
Зарем тие мислат дека Ние не слушаме што разговараат насамо и како меѓусебно се договараат? Ние слушаме, а мелеците наши пратени, кои се со нив, запишуваат
Verse 81
Кажи: „Кога Семилосниот би имал дете, јас и тогаш прв би Го обожувал!“
Verse 82
Нека е Славен и Возвишен Господарот на небесата и на Земјата, и Господарот на Аршот, од тоа како тие Го опишуваат
Verse 83
Па ти остави ги нека се впуштаат во заблуда и нека се забавуваат додека не го доживеат Денот кој им се заканува
Verse 84
Тој е Тој штое Бог инанеботоина Земјата. Тој е Мудриот и Сезнајниот
Verse 85
И нека е возвишен Тој чијашто власт е на небесата и на Земјата, и помеѓу нив, единствено Тој знае кога ќе биде Крајот на светот и Нему сите ќе Му се вратите
Verse 86
Тие на коишто тие, освен Нему, им се молат – нема да можат за други да се заземаат; ќе можат само тие кои ја признаваат Вистината, тие кои знаат
Verse 87
А ако ги запрашаш кој ги создаде нив, сигурно ќе речат: „Аллах!“ Па тогаш каде се одметнуваат
Verse 88
А Пратеникот ги кажа зборовите свои: „Господару мој, ова навистина се луѓе кои не сакаат да веруваат!“
Verse 89
Ти сврти се од нив и кажи: „Останете во мир!“ – та тие наскоро ќе дознаат