Back to Languages
Macedonian - Chapter 50
Translation by Macedonian Scholars
Verse 1
Каф! Се колнам во славниот Куран
Verse 2
тие се чудат што им дошол еден од нив да ги опоменува, па, неверниците велат: „Тоа е чудно нешто
Verse 3
Зарем кога ќе изумреме и земја ќе станеме? Тоа е незамисливо враќање!“
Verse 4
Ние знаеме што од нив земјата ќе уништи, кај нас е Книгата која сè чува
Verse 5
Меѓутоа, тие ја негираат Вистината која им доаѓа и тие се колебливи во збунета состојба
Verse 6
Зошто не го погледнат небото над себе? – како го создадовме и го украсивме и како во него нема неред
Verse 7
А Земјата ја распостеливме и по неа неподвижни брда расфрлавме и дадовме од неа прекрасни разновидни растенија да никнуваат
Verse 8
за да размисли и за да се опомене секој роб кој на Господарот свој Му се обраќа
Verse 9
Ние од небото спуштаме благословена вода и со нејзина помош правиме да никнуваат градини и жито што се жнее
Verse 10
и високи палми во кои плодовите се натрупани едни над други
Verse 11
како храна за робовите и Ние со неа ги оживуваме мртвите предели; такво ќе биде и оживувањето
Verse 12
Пред нив негираше народот на Нух, и жителите на Ресс и Семуд
Verse 13
и Ад, и народот фараонов, и народот на Лут
Verse 14
и жителите на Ејка инародот на Тубба; сите тие пратениците залажни ги сметаа и казната Моја ја заслужија
Verse 15
Па зарем при првото создавање станавме немоќни? Не, но тие во повторното создавање се сомневаат
Verse 16
Ние го создаваме човекот и знаеме душата негова што му шепоти, бидејќи Ние сме му поблиски од вратната вена
Verse 17
Кога двајца ќе се сретнат и ќе седнат едниот од десната, а другиот од левата страна
Verse 18
тој нема да изусти ни еден збор, а покрај него да не е присутен тој што бдее
Verse 19
Смртните маки навистина ќе дојдат – тоа е нешто од што не можеш да избегаш
Verse 20
и во рогот ќе се дувне - тоа е Денот ветен со кој се заканува
Verse 21
и секој ќе дојде, а со него водич и сведок
Verse 22
„Ти не внимаваше за ова, па ти го тргнавме пердето твое, денес видот ти е остар.“
Verse 23
А другарот негов ќе каже: „Ова што е кај мене, подготвено е.“
Verse 24
„Фрлете го, вие двајца, во џехеннемот секој неблагодарен, инаетчија
Verse 25
кој не дозволуваше да се чинат добри дела и кој беше насилник и сомничавец
Verse 26
кој покрај Аллах во друг бог веруваше – затоа фрлете го во жестоко страдање!“
Verse 27
А другарот негов ќе каже: „Господару наш, јас не го заведов со сила, самиот беше во голема заблуда.“
Verse 28
„Не препирајте се пред Мене!“ – ќе рече Тој – „уште одамна ви се заканив
Verse 29
Мојот Збор не се менува и Јас кон робовите Мои не сум неправеден.“
Verse 30
На Денот кога ќе го прашаме џехеннемот: „Дали се наполни?“ – тој ќе одговори: „Има ли уште?“
Verse 31
А џеннетот ќе биде приближен кон богобојазливите, ниту од еден нема далеку да биде
Verse 32
„Ова е тоа што ви е ветено, на секој што се каеше и што се чуваше
Verse 33
кој од Семилосниот се плашеше, иако не Го видел, и кој ќе дојде со верно, посветено срце
Verse 34
Влезете во него, со селам, спасени. Ова е Денот на вечноста!“
Verse 35
Во него ќе имаат сè што ќе посакаат, а кај Нас има и повеќе
Verse 36
Аколку народи пред овие уништивме, коишто беапомоќни од нив, па по светот засолниште бараа – од пропаста има ли спас
Verse 37
Во тоа, навистина, има поука за тој што има разум, или што слуша, а присебен е
Verse 38
Ние ги создадовме небесата и Земјата и тоа што е меѓу нив за шест временски периоди, и не Нè совлада никаков замор
Verse 39
Затоа стрпливо поднесувај го тоа што тие го велат и величај Го Господарот свој и заблагодарувај Му се пред сонцето да излезе и пред да зајде
Verse 40
и слави Го и величај Го ноќе и по извршувањето на намазот
Verse 41
И слушај! Денот кога гласникот ќе повика од место блиско
Verse 42
Денот кога тие навистина ќе чујат глас – тоа ќе биде Денот на оживувањето
Verse 43
Ние навистина даваме живот и даваме смрт, и кај Нас сè ќе се врати
Verse 44
А на Денот кога над нив земјата ќе распука тие итајќи ќе излезат; тоа ќе биде за Нас лесно оживување
Verse 45
Ние добро знаеме што зборуваат тие; ти не можеш да ги присилиш, туку со Куранот потсети го тој што се плаши од Мојата закана