Back to Languages

    Macedonian - Chapter 53

    Translation by Macedonian Scholars

    Verse 1

    Се колнам во ѕвездата кога заоѓа

    Verse 2

    вашиот другар од Вистинскиот пат не скршна и не заталка

    Verse 3

    Тој не зборува по своја волја

    Verse 4

    Тоа е само Објавата која што му се доставува

    Verse 5

    Го учи еден223 со огромна моќ

    Verse 6

    силен, кој се појави во ликот свој

    Verse 7

    на највисокиот хоризонт

    Verse 8

    потоа се приближи и се наведна

    Verse 9

    блиску за два лака, или поблиску

    Verse 10

    и го објави на Неговиот роб тоа што му го објави

    Verse 11

    Срцето не го негираше тоа што го виде

    Verse 12

    па зошто се расправате со него за тоа што го видел

    Verse 13

    Тој и по вторпат го виде

    Verse 14

    кај Сидретул Мунтеха

    Verse 15

    каде што е џеннетското престојувалиште

    Verse 16

    Кога Сидр го прекриваше тоа што го прекриваше

    Verse 17

    погледот не му скршна, ниту пречекори

    Verse 18

    ги виде највеличествените знаменитости на својот Господар

    Verse 19

    Што велите за Лат и Узат

    Verse 20

    и за Менат, третата најмалку ценета

    Verse 21

    Зарем за вас се синовите, а за Него ќерките

    Verse 22

    Тоа тогаш би била неправедна поделба

    Verse 23

    Тоа се само имиња кои вие и предците ваши им ги дадовте, Аллах за нив никаков доказ не пратил; тие се поведуваат само по претпоставки и по тоа по што душите им копнеат, а од Господарот нивен веќе им дојде Упатство

    Verse 24

    И зарем човекот да добие сè што ќе посака

    Verse 25

    Па на Аллах Му припаѓаат и овој и оној свет

    Verse 26

    А колку мелеци има на небесите чиешто посредување никому нема да му биде од корист, сè додека Аллах тоа не го дозволи на оној кому Тој сака и во корист на оној од кого е задоволен

    Verse 27

    Тие што не веруваат во оној свет ги нарекуваат мелеците со женски имиња

    Verse 28

    а за тоа ништо не знаат, само претпоставки следат, а претпоставката на вистината нималку не ѝ користи

    Verse 29

    Затоа ти остави го тој што го одбегнува Куранот и кој само животот на овој свет го сака

    Verse 30

    Тоа е врвот на нивното знаење – Господарот твој добро ги знае тие што скршнаа од Неговиот пат и Тој добро ги знае тие што се на Вистинскиот пат

    Verse 31

    Аллахово е сè што е на небесата и на Земјата – за, според тоа што го правеле, да ги казни тие што прават зло, а со најубава награда да ги награди тие што прават добро

    Verse 32

    тие што ги избегнуваат големите гревови иразвратот, анапослушните Тој ќе им прости бидејќи Господарот твој, навистина, многу простува, - Тој добро знае сè за вас, откога ве создаде од земја и откога бевте ембриони во утробите на мајките ваши; затоа не фалете се со безгрешноста своја – Тој добро го знае тој што се чува од гревови

    Verse 33

    Кажи Ми ти Мене за тој што ја одбегнува вистината

    Verse 34

    и малку дава па потоа сосема престанува да дава

    Verse 35

    зарем тој го има знаењето за гајбот, па гледа

    Verse 36

    Зарем тој не е известен за тоа што се наоѓа во листовите на Муса

    Verse 37

    и на Ибрахим – кој потполно ги исполнуваше обврските

    Verse 38

    дека ниту еден грешник туѓите гревови нема да ги носи

    Verse 39

    и дека на човекот му припаѓа само тоа што тој сам ќе го стори

    Verse 40

    и дека трудот негов сигурно ќе се види

    Verse 41

    и дека според него во потполност награден или казнет ќе биде

    Verse 42

    и дека кај Господарот твој повторно ќе се врати

    Verse 43

    и дека Тој на смеење и на плачење наведува

    Verse 44

    и дека Тој усмртува и оживува

    Verse 45

    и дека Тој создава пар, машко и женско

    Verse 46

    од капка семе кога се исфрла

    Verse 47

    и дека Тој повторно ќе ги оживее

    Verse 48

    и дека Тој дава богатство и моќ да стекнуваат

    Verse 49

    и дека е Тој Господарот на Сириус

    Verse 50

    и дека Тој древниот народ Ад го уништи

    Verse 51

    и Семуд, и дека никого не поштеди

    Verse 52

    и народот на Нух, претходно, кој беше свиреп и изопачен

    Verse 53

    и урнатите населби Тој ги преврте

    Verse 54

    и ги снајде тоа што ги снајде

    Verse 55

    па, во која благодат од Господарот твој сè уште се сомневаш

    Verse 56

    Ова е опомена како и претходните опомени

    Verse 57

    Крајот на светот се приближува

    Verse 58

    освен Аллах никој не може да го открие, ниту да го отстрани

    Verse 59

    Па зарем за овој говор сте зачудени

    Verse 60

    и се смеете, а не плачете

    Verse 61

    со гордо кренати глави

    Verse 62

    Подобро поклонете се на сеџда пред Аллах и Него обожувајте Го