Back to Languages

    Macedonian - Chapter 75

    Translation by Macedonian Scholars

    Verse 1

    Се колнам во Денот во којшто Крајот на светот ќе настапи

    Verse 2

    и се колнам во душата која себеси се кори

    Verse 3

    Зарем човекот мисли дека нема никогаш да ги собереме коските негови

    Verse 4

    Напротив, Ние можеме повторно да ги создадеме и врвовите на неговите прсти

    Verse 5

    Но, човекот додека е жив сака да греши

    Verse 6

    па прашува: „Кога Крајот на светот ќе биде?“

    Verse 7

    Кога погледот од страв ќе се вкочани

    Verse 8

    и Месечината ќе се затемни

    Verse 9

    и Сонцето и Месечината ќе се спојат па сјајот ќе го изгубат

    Verse 10

    тој ден човекот ќе повика: „Каде да се бега?“

    Verse 11

    Никаде! Засолниште нема

    Verse 12

    Тој ден е враќањето кон твојот Господар

    Verse 13

    тој ден човекот за тоа што го подготвил и за тоа што го пропуштил ќе биде известен

    Verse 14

    самиот човек против себеси ќе сведочи

    Verse 15

    макар и оправданијата свои да ги изнесува

    Verse 16

    Не изговарај го Куранот со јазикот свој за што побргу да го запомниш

    Verse 17

    Ние сме должни да го собереме за ти да го читаш

    Verse 18

    А кога го читаме, ти следи го читањето негово

    Verse 19

    а потоа, Ние сме должни да го објасниме

    Verse 20

    Навистина, вие овој минлив свет го сакате

    Verse 21

    а за оној другиот не се грижите

    Verse 22

    Тој Ден некои лица блескави ќе бидат

    Verse 23

    во Господарот свој ќе гледаат

    Verse 24

    Тој ден некои лица темни ќе бидат

    Verse 25

    ќе знаат дека ќе ги снајде голема несреќа

    Verse 26

    Внимавај, кога душата ќе дојде в грло

    Verse 27

    и ќе се викне: „Кој ќе го излечи?“

    Verse 28

    и тој ќе се увери дека тоа е Часот на разделбата

    Verse 29

    и ногата до нога ќе се свитка

    Verse 30

    Тој ден кон Господарот твој приведувањето ќе биде

    Verse 31

    „Не веруваше и не клањаше

    Verse 32

    туку негираше и грбот го вртеше

    Verse 33

    а потоа кај своите горделиво заминуваше.“

    Verse 34

    Тешко тебе! Тешко тебе

    Verse 35

    И уште еднаш: Тешко тебе! Тешко тебе

    Verse 36

    Зарем човекот мисли дека без одговорност оставен ќе биде

    Verse 37

    Зарем не беше капка семе која се вметнува

    Verse 38

    потоа грутка на којашто тогаш Тој размер ѝ одреди и складен лик ѝ направи

    Verse 39

    и од него тогаш пар, маж и жена, создаде

    Verse 40

    и зарем Тој не е во можност мртвите да ги оживее