Он со својата наредба спушта мелек со објава до оној кому сака меѓу робовите Свои: “Опоменувајте дека освен Него нема друг бог. Па, само од Мене стравувајте
И Он ви ги потчини и ноќта И денот, и Сонцето и Месечината, а и звездите ви се потчинети со наредбата Негова. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои сфаќаат
И ОН ви го потчини морето ОД него за да јадете свежо месо, И од него за да вадите украс кој го носите со облеката, и гледаш како чамецот го сече, и за да барате, секако, од добрината Негова и за да бидете благодарНИ
за да го носат на Денот суден бремето свое целосно И дел од бремето на оние кои без знаење скршнуваа во заблуда. Е, само колку е лошо она што го товарат
И оние пред нив веќе сплеткареа... па, Аллах ги сруши ОД темел домовите НИВНИ, И покривот нивни врз нив се сруши, и Он им даде казна од кадешто не ја ни усетија
Потоа Он на Денот суден ќе ги срамоти, и ќе рече: “Каде се здружениците Мои за кои вие, токму, се расправавте?" Оние со даденото им знаење ќе речат: “Срамот и лошото денес, навистина, се врз неверниците,“
оние на кои мелеките им ги земаа душите нивни, правејќи си зло самите себеси, и оние кои ќе искажат послушност, ќе речат: “Никакво зло ние не правивме." Не, Аллах, навистина, го знае она што го работевте
А на богобојазливите ќе им се рече: “Што објави Господарот ваш?“ Ќе речат: “Добро. А за оние кои работат добро, секако, има добро на овој свет, а доброто во Куќата ахиретска е подобро, навистина! Е, колку благословена Куќа е таа за богобојазливите
Што очекуваат, освен да им дојдат мелеки или да им дојде наредбата од Господарот твој. Ете, така правеа оние пред нив. И зулум не Му направија на Аллах, туку себеси зулум си направија
И оние кои здруженик Му припишуваа на Аллах, зборуваа: “Кога Аллах би сакал не би обожавале, освен Него, ништо. Ние, а и предците наши, исто така! Ништо не ќе забрануваме без волјата Негова." Ете, така работеа оние пред нив. Пејгамберот, тогаш, има ли нешто друго освен да извести и тоа јасно
Ние за секој народ, секако, испративме пејгамбер: “Обожавајте Го Аллаха и избегнувајте ги шејтаните!" Од нив има и такви кои ги упати Аллах, а и такви кои, токму, заслужија да залутаат. Па, патувајте по земјата и гледајте каква беше казната за лашковците
се колнеа во Аллах со заклетви нивни тврди: “Аллах не ќе го оживи оној кој ќе умре." Да, ветувањето Негово се овистини, но мнозинството на луѓето не знаат
оние кои се иселија заради Аллах, за нив веќе по направениот зулум... на овој свет ќе им дадеме добро. А наградата на Ахирет, секако, е поголема. Е, само кога би знаеле
И за оние кои не ги знаат определуваат еден дел од “рскот што Ние им го дадовме. Се колнам во Аллах дека ќе бидете, секако, прашани за лагите што ги измислувавте
се крие од луѓето заради лошата вест која му е донесена: дали да го остави во живот па да биде понижен или, пак, дали да го закопа в земја. Е, само колку е лошо просудувањето нивно
Кога Аллах би ги казнувал луѓето заради зулумот нивни не би останало ништо живо. Но, Аллах ги остава до едно време определено. Па, кога ќе им дојде крајот не ќе можат да го задоцнат ни за миг а ниту, пак, да го забрзаат
Презираното од нив Му го припишуваат на Аллах, а јазиците нивни лага исфрлаат дека за НИВ, без сомнение, има оган. И тие кон него ќе претходат, навистина
Се колнеме во Аллах дека, секако, испративме пејгамбери пред тебе, па Шејтанот постапките нивни ги разубавуваше. Он е заштитникот нивни денес, а за нив има казна болна
во добитокот вие, навистина, имате ибрет. Ве напојуваме со она што е во стомакот негов, со млеко чисто, меѓу крв и огризина во трбуши ната, пријатно за оние кои го пијат
потоа: “Јади од секаков плод, а потоа оди по патиштата на Господарот твој, послушно!" Од внатрешноста нивна излегува напивка со различни бои, во која има лек за луѓето. Ете, во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои размислуваат
Аллах ве создаде а потоа ќе ви ги земе душите. Некои од вас ќе доживеат старост длабока, така што не ќе знаат НИШТО ОД она што го знаеја. Аллах, навистина, е Зналец и Кадар
Во “рскот Аллах ви даде предност еднинадруги. Но, оние на кои им е дадена предност не Им даваат од “рскот свој на оние Кои се во нивна сопственост. А еднакви се и едните и другите. Е, па благодатот ли Аллахов оние не го признаваат
Од вас Аллах создаде жени, а од жените ваши СИНОВИ И внуци, и ОН ве снабди со храна добра. Е, па, зошто во невистината веруваат, а благодатот Аллахов не го признаваат
Аллах донесе пример со роб во нечија сопственост кој не е кадар за ништо и оној кому му даваме од Нашиот “рск добар, па ОД него дели и јавно и тајно. Еднакви ли се? Благодарноста му припаѓа на Аллах! Но, мнозинството од Нив не знаат
И Аллах донесе пример за два човека. Еден од нив нем, кој не е кадар ништо да направи, и на товар е на сопственикот не- |, гов, И каде било да го насочи, не донесува ништо добро. Еднаков ли е овој со оној кој повикува кон праведноста, а кој е по паТОТ ВИСТИНСКИ
Тајната на небесата и на Земјата е - Аллахова! А што се однесува до пропаста на светот? Па, таа е како трепка на окото или, пак, е побрза. Аллах, навистина, е Кадар за се
Аллах ви одреди во домовите ваши смирна, а од кожите на добитокот покривки, кои лесно ги носите на денот кога патувате и на денот кога се утаборувате, а од волната нивна, од крзното нивно и влакната нивни простирки за уживање до еден рок определен
И од она што Аллах го создаде за вас. Он определи сенки, а од брдата за вас определи засолништа. И за вас определи ШТИТОВИ кои ве штитат ОД горештина, и штитови кои ве штитат од несреќата ваша. Ете, така Аллах го надополнува благодатот Негов кон вас за да бидете послушни
кога ќе ги видиш оние кои на Аллах му ги здружуваа божествата нивни, кога ќе речат“Господаре наш,оние се божества наши на кои ние, освен Аллах, се повикувавме. ДА божествата нивни ќе им дофрлат: “Вие сте, секако, лашковци
И Денот во кој од секоја заедница Ние ќе оживиме по еден сведок меѓу нив кој Ќе сведочи. против нив! И ќе дадеме, исто така, ТИ да бидеш сведок. против нив И ти објавивме Книга како Објаснување за се, и ЦПатоказ, и Милост, и радосница за Полсушните
Аллах, навистина, наредува И праведност, и добродетелство, и да им се дава на ближните, и да се забранува зло, и срамно дело и насилство. Аллах ве советува за да се присетите
И придржувај се врз ветувањето кон Аллах кога склучивте договор, и не изневерувајте ги ветувањата кога ги утврдивте и кога Аллаха за заштитник го зедовте. Аллах, навистина, го знае она што го работите
И не бидете како онаа која ќе го распреде предивото свое, по нејзиното цврсто предиво, земајќи ги ветувањата ваши за измама меѓу вас, само затоа да биде заедница која ќе биде побројна од друга заедница. Аллах во тоа само ве искушува за да ви објасни, секако, на Денот суден за она за што, токму, станавте деленици
Аллах да сакаше, сигурно, ќе ве направеше една заедница, но Аллах скршнува во заблуда кого сака и упатува кого сака. Да, вие ќе бидете прашани за она што го работевте
И не служете се со ветувањата ваши за да се лажете еднисодруги, па да слизне ногата од нејзината утврда, и да ја вкусете казната, бидејќи одвраќате од Аллаховиот пат. За вас има казна голема
Она што е во вас е - привремено, а она што е кај Аллах е за навек. Ние ќе ги наградиме оние кои беа трпеливи со награда уште поубава од она што го работеа
Кој ќе направи добро дело, било да е машко или женско, е верник, и Ние ќе му дадеме, сигурно, добар живот, и ќе ги наградиме, сигурно, со награда уште поубава од она што го работеа
кога Ние еден ајет ќе замениме со друг... па, Аллах најдобро знае за она што се објавува! Зборуваат: “Ти си, навистина, лашко! “Но, мнозинството меѓу нив не знаат
Оној кој не верува во Аллах по неговото верување, освен ако е присилен, а срцето му е смирено со верување, ќе ја предизвика лутината Аллахова. А за оние кои, исто така, ќе ги исполнат градите со неверство има казна голема
Аллах изнесе пример за градот, безбеден и мирен. ОД секоја страна му доаѓаше “рск во изобилство. И, ете, жителите не ги признаваа благодатите Аллахови, па МАллах определи да вкуси и глад и страв, токму, заради она што го работеа
Он, навистина, ви забрани и мрша, и крв, и свинско месо, И она што е заклано во друго а не во името Аллахово, освен ако е некој присилен, несакајќи, само колку да преживее... Та, Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен
И не зборувајте го она што е, инаку, својствено на јазиците ваши и лага: “Ова е халал, а ова е харам!" За да измислувате за Аллах лага. Оние кои, навистина, за Аллах измислуваат лага не ќе успеат
За оние кои направија зло, незнаејќи, Господарот твој, навистина, потоа им прости. И се поправија. Потоа Господарот твој, навистина, беше Простувач и Сомилосен кон нив
Сабота е определена за празнување за оние кои се разединуваа за неа, навистина! Господарот твој ќе им пресуди, секако, за Денот суден за она за што станаа деленици
Повикувај кон патот ОД Господарот твој, И со мудрост и со ука добра. И расправај со нив на најдобар начин! Господарот твој, секако, најдобро го познава оној кој скршнал од патот Негов. Он најдобро ги знае упатените