Back to Languages

Macedonian - Chapter 16 - An-Nahl

Translation by Sheikh Hassan Gilo — Permalink

Verse 1 — Surah An-Nahl 16:1

Наредбата Аллахова ќе се оствари, сигурно, па не забрзувајте ја! Славен е и Возвишен од она што Му го здружуваат

Verse 2 — Surah An-Nahl 16:2

Он со својата наредба спушта мелек со објава до оној кому сака меѓу робовите Свои: “Опоменувајте дека освен Него нема друг бог. Па, само од Мене стравувајте

Verse 3 — Surah An-Nahl 16:3

И небесата и Земјата Он ги создаде со вистина. ОН е над она што Му го здружуваат

Verse 4 — Surah An-Nahl 16:4

Он го создаде човекот ОД капка семе и тој, ете, е непријател отворен

Verse 5 — Surah An-Nahl 16:5

И добитокот Он за вас го создаде. ОД нив имате топла облека и користи, И од НИВИ јадете

Verse 6 — Surah An-Nahl 16:6

И колкава е убавината за вас кога ги враќате од пасиште и кога ги носите на пасиште

Verse 7 — Surah An-Nahl 16:7

И го носи товарот ваш до градот до кој можете да дојдете само со тешкотија голема. Господарот ваш, навистина, е Сочувствителен и Сомилосен

Verse 8 — Surah An-Nahl 16:8

И коњи, и маски и магариња за да ги јавате и како украс; и го создава она што не го знаете

Verse 9 — Surah An-Nahl 16:9

Намерата да се оди кон патоказот е - Аллахова. А некои, пак, од него скршнуваат. И кога Он би сакал би ве упатил сите, сигурно

Verse 10 — Surah An-Nahl 16:10

Он од небо ви спушта вода; ОД неа напивка и со која се наводнуваат пасиштата каде го чувате да паси добитокот ваш

Verse 11 — Surah An-Nahl 16:11

со водата расте за вас посев: маслинка, и урми и грозје И плодови секакви. Ете, во тоа, навистина, штима знамение за луѓето кои размислуваат

Verse 12 — Surah An-Nahl 16:12

И Он ви ги потчини и ноќта И денот, и Сонцето и Месечината, а и звездите ви се потчинети со наредбата Негова. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои сфаќаат

Verse 13 — Surah An-Nahl 16:13

Он Ви ГО ПОТЧИНИ И она Што расте на земјата со различни бои. Во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои се сеќаваат

Verse 14 — Surah An-Nahl 16:14

И ОН ви го потчини морето ОД него за да јадете свежо месо, И од него за да вадите украс кој го носите со облеката, и гледаш како чамецот го сече, и за да барате, секако, од добрината Негова и за да бидете благодарНИ

Verse 15 — Surah An-Nahl 16:15

И Он расфрла по земјата брда, таа за да не ве потресува, И реки и патишта за да се упатувате

Verse 16 — Surah An-Nahl 16:16

и покази, исто така, ОН ви создаде, и по звездите оние, токму, се упатуваат

Verse 17 — Surah An-Nahl 16:17

Оној кој создава дали е како оној кој не создава? Па, нема ли да се присетите

Verse 18 — Surah An-Nahl 16:18

И ако ги броите благодатите МАллахови вие, секако, не можете да ги изброите. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен

Verse 19 — Surah An-Nahl 16:19

И Аллах го знае она што го криете и она што го обелоденувате

Verse 20 — Surah An-Nahl 16:20

Оние кои се повикуваат на друг бог освен Аллах не можат да создадат ништо и оние се, токму, создадените

Verse 21 — Surah An-Nahl 16:21

Мртви суштества се, не се живи, и не знаат кога ќе бидат оживеани

Verse 22 — Surah An-Nahl 16:22

Вашиот Бог е еден Бог. Оние кои не веруваат во Ахирет..па, срцата нивни се расипнички. Оние, всушност, се дујат

Verse 23 — Surah An-Nahl 16:23

Аллах, без сомнение, го знае она што го кријат и она што го обелоденуваат. ОН, навистина, не гИ њуби надуените

Verse 24 — Surah An-Nahl 16:24

И кога ќе им се рече: “Што ви објави Господарот ваш?" Ке речат: “Прикаски за народите одамнешни

Verse 25 — Surah An-Nahl 16:25

за да го носат на Денот суден бремето свое целосно И дел од бремето на оние кои без знаење скршнуваа во заблуда. Е, само колку е лошо она што го товарат

Verse 26 — Surah An-Nahl 16:26

И оние пред нив веќе сплеткареа... па, Аллах ги сруши ОД темел домовите НИВНИ, И покривот нивни врз нив се сруши, и Он им даде казна од кадешто не ја ни усетија

Verse 27 — Surah An-Nahl 16:27

Потоа Он на Денот суден ќе ги срамоти, и ќе рече: “Каде се здружениците Мои за кои вие, токму, се расправавте?" Оние со даденото им знаење ќе речат: “Срамот и лошото денес, навистина, се врз неверниците,“

Verse 28 — Surah An-Nahl 16:28

оние на кои мелеките им ги земаа душите нивни, правејќи си зло самите себеси, и оние кои ќе искажат послушност, ќе речат: “Никакво зло ние не правивме." Не, Аллах, навистина, го знае она што го работевте

Verse 29 — Surah An-Nahl 16:29

Па, влезете низ вратите џехеннемски и во него за навек ќе останете." КЕ, само колку лошо престојувалиште е тоа за горделивите

Verse 30 — Surah An-Nahl 16:30

А на богобојазливите ќе им се рече: “Што објави Господарот ваш?“ Ќе речат: “Добро. А за оние кои работат добро, секако, има добро на овој свет, а доброто во Куќата ахиретска е подобро, навистина! Е, колку благословена Куќа е таа за богобојазливите

Verse 31 — Surah An-Nahl 16:31

бавчи на Адн во кои ќе влезат и низ кои реки ќе течат. Во нив ќе имаат се што сакаат. Ете, така Аллах ги наградува богобојазливите

Verse 32 — Surah An-Nahl 16:32

Оние на кои мелеките им ги земаат душите, добрите, и кои ќе возгласат: “Селамун алејкум! Влезете во Џеннетот заради она што го работевте

Verse 33 — Surah An-Nahl 16:33

Што очекуваат, освен да им дојдат мелеки или да им дојде наредбата од Господарот твој. Ете, така правеа оние пред нив. И зулум не Му направија на Аллах, туку себеси зулум си направија

Verse 34 — Surah An-Nahl 16:34

па, лошотии ги снајдоа заради она што го работеа и ги обзеде она за што се исмеваа

Verse 35 — Surah An-Nahl 16:35

И оние кои здруженик Му припишуваа на Аллах, зборуваа: “Кога Аллах би сакал не би обожавале, освен Него, ништо. Ние, а и предците наши, исто така! Ништо не ќе забрануваме без волјата Негова." Ете, така работеа оние пред нив. Пејгамберот, тогаш, има ли нешто друго освен да извести и тоа јасно

Verse 36 — Surah An-Nahl 16:36

Ние за секој народ, секако, испративме пејгамбер: “Обожавајте Го Аллаха и избегнувајте ги шејтаните!" Од нив има и такви кои ги упати Аллах, а и такви кои, токму, заслужија да залутаат. Па, патувајте по земјата и гледајте каква беше казната за лашковците

Verse 37 — Surah An-Nahl 16:37

А ако, пак, се стремиш да ги упатиш по патоказот, тогаш, Аллах, навистина, не го упатува оној кој скршнал во заблуда. Оние, секако, немаат поддржниЦИ

Verse 38 — Surah An-Nahl 16:38

се колнеа во Аллах со заклетви нивни тврди: “Аллах не ќе го оживи оној кој ќе умре." Да, ветувањето Негово се овистини, но мнозинството на луѓето не знаат

Verse 39 — Surah An-Nahl 16:39

за да им стане јасно на оние кои се разединија во тоа и за да узнаат оние кои не веруваат дека, навистина, оние се лашковци

Verse 40 — Surah An-Nahl 16:40

Кога Ние би посакале нешто да биде само ќе речеме: “Биди!"- и тоа, токму, ќе биде

Verse 41 — Surah An-Nahl 16:41

оние кои се иселија заради Аллах, за нив веќе по направениот зулум... на овој свет ќе им дадеме добро. А наградата на Ахирет, секако, е поголема. Е, само кога би знаеле

Verse 42 — Surah An-Nahl 16:42

Грпеливите и оние кои се потпираат врз Господарот свој

Verse 43 — Surah An-Nahl 16:43

И пред тебе Ние само луѓе испраќавме на кои им доаѓаше вдахновението Наше. Па, прашај ги Следбениците на Опомената ако не узнавте

Verse 44 — Surah An-Nahl 16:44

за јаснотиите и Книгите. Ние и тебе ти објавивме Опомена за да им го објасниш на луѓето она што им го објавуваме, и за да размислуваат

Verse 45 — Surah An-Nahl 16:45

Нели се сигурни оние кои правеа лошотии, сплетки, дека Аллах нема да ги згмечи во земја или дека нема да им дојде казна од каде што нема ни да усетат

Verse 46 — Surah An-Nahl 16:46

или казната да не им се случи при лунзањата нивни при што ќе бидат немоќни

Verse 47 — Surah An-Nahl 16:47

Или да не им се случи при стравот нивни... та, Господарот твој, навистина, е Сочувствителен и Сомилосен

Verse 48 — Surah An-Nahl 16:48

Не гледаат ли дека се она Што Аллах го создаде, што ја расфрла неговата сенка лево и десно... му прави сеџде на Аллах? Тоа, токму, е потчинето

Verse 49 — Surah An-Nahl 16:49

На Аллах му прави сеџде се она што е на небесата и она што е на земјата - се што е живо. Аи мелеките кои не се дујат

Verse 50 — Surah An-Nahl 16:50

се плашат од Господарот свој кој е над нив, и го работат она што им е наредено

Verse 51 — Surah An-Nahl 16:51

Аллах вели: “Не прифаќајте два бога. Бог, навистина, е само еден. Тогаш само од Мене стравувајте, навистина

Verse 52 — Surah An-Nahl 16:52

И се што е на небесата и на Земјата е - Негово. Верата само Нему му припаѓа. И зарем од друг, место Аллах, ќе се плашите

Verse 53 — Surah An-Nahl 16:53

Секој благодат при вас... е ОД Аллах. Потоа кога ќе ви се случи несреќа... та, кон Него се повикувате, гласно

Verse 54 — Surah An-Nahl 16:54

Потоа, кога несреќата ќе помине, тогаш, една дружина меѓу вас, на Господарот свој здруженик Му припишува

Verse 55 — Surah An-Nahl 16:55

за да го покажат неверството свое во она што Ние им го дадовме... та, уживајте а потоа ќе узнаете

Verse 56 — Surah An-Nahl 16:56

И за оние кои не ги знаат определуваат еден дел од “рскот што Ние им го дадовме. Се колнам во Аллах дека ќе бидете, секако, прашани за лагите што ги измислувавте

Verse 57 — Surah An-Nahl 16:57

И оние на Аллах ќерки Му означуваат. Нека е возвишен ОН! А нивно, меѓутоа, е она што си го посакуваат

Verse 58 — Surah An-Nahl 16:58

кога некому од нив ќе му се дојде вест дека добил женско, лицето негово ќе го прекрие сенка црна и се огорчува

Verse 59 — Surah An-Nahl 16:59

се крие од луѓето заради лошата вест која му е донесена: дали да го остави во живот па да биде понижен или, пак, дали да го закопа в земја. Е, само колку е лошо просудувањето нивно

Verse 60 — Surah An-Nahl 16:60

А врз оние кои не веруваат во ЖАхирет им припаѓа лош пример, а највисокиот пример Му припаѓа на Аллах. ОН е Силен и Мудар

Verse 61 — Surah An-Nahl 16:61

Кога Аллах би ги казнувал луѓето заради зулумот нивни не би останало ништо живо. Но, Аллах ги остава до едно време определено. Па, кога ќе им дојде крајот не ќе можат да го задоцнат ни за миг а ниту, пак, да го забрзаат

Verse 62 — Surah An-Nahl 16:62

Презираното од нив Му го припишуваат на Аллах, а јазиците нивни лага исфрлаат дека за НИВ, без сомнение, има оган. И тие кон него ќе претходат, навистина

Verse 63 — Surah An-Nahl 16:63

Се колнеме во Аллах дека, секако, испративме пејгамбери пред тебе, па Шејтанот постапките нивни ги разубавуваше. Он е заштитникот нивни денес, а за нив има казна болна

Verse 64 — Surah An-Nahl 16:64

И Ние Книга ти објавивме само да им го објасниш она во што се разединуваат, и Патоказ, и Милост за луѓето кои веруваат

Verse 65 — Surah An-Nahl 16:65

Аллах од небо спушта вода, па со неа ја оживува земјата по мртвилото нејзино. Ете, во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои слушаат

Verse 66 — Surah An-Nahl 16:66

во добитокот вие, навистина, имате ибрет. Ве напојуваме со она што е во стомакот негов, со млеко чисто, меѓу крв и огризина во трбуши ната, пријатно за оние кои го пијат

Verse 67 — Surah An-Nahl 16:67

А од плодовите на урмата и лозјето вие земате напивка и храна пријатна. Во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои сфаќаат

Verse 68 — Surah An-Nahl 16:68

И Господарот твој И даде вдахновение на пчелата: “Прави куќа по ридовите, и по стеблата и по она што го прават луѓето

Verse 69 — Surah An-Nahl 16:69

потоа: “Јади од секаков плод, а потоа оди по патиштата на Господарот твој, послушно!" Од внатрешноста нивна излегува напивка со различни бои, во која има лек за луѓето. Ете, во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои размислуваат

Verse 70 — Surah An-Nahl 16:70

Аллах ве создаде а потоа ќе ви ги земе душите. Некои од вас ќе доживеат старост длабока, така што не ќе знаат НИШТО ОД она што го знаеја. Аллах, навистина, е Зналец и Кадар

Verse 71 — Surah An-Nahl 16:71

Во “рскот Аллах ви даде предност еднинадруги. Но, оние на кои им е дадена предност не Им даваат од “рскот свој на оние Кои се во нивна сопственост. А еднакви се и едните и другите. Е, па благодатот ли Аллахов оние не го признаваат

Verse 72 — Surah An-Nahl 16:72

Од вас Аллах создаде жени, а од жените ваши СИНОВИ И внуци, и ОН ве снабди со храна добра. Е, па, зошто во невистината веруваат, а благодатот Аллахов не го признаваат

Verse 73 — Surah An-Nahl 16:73

обожаваат друг освен Аллах кој не може да им даде никаков “рск ни од небесата ни ОД Земјата, И коишто ништо не можат

Verse 74 — Surah An-Nahl 16:74

Па, не донесуваат за Аллах примери. Аллах, навистина, знае а вие не знаете

Verse 75 — Surah An-Nahl 16:75

Аллах донесе пример со роб во нечија сопственост кој не е кадар за ништо и оној кому му даваме од Нашиот “рск добар, па ОД него дели и јавно и тајно. Еднакви ли се? Благодарноста му припаѓа на Аллах! Но, мнозинството од Нив не знаат

Verse 76 — Surah An-Nahl 16:76

И Аллах донесе пример за два човека. Еден од нив нем, кој не е кадар ништо да направи, и на товар е на сопственикот не- |, гов, И каде било да го насочи, не донесува ништо добро. Еднаков ли е овој со оној кој повикува кон праведноста, а кој е по паТОТ ВИСТИНСКИ

Verse 77 — Surah An-Nahl 16:77

Тајната на небесата и на Земјата е - Аллахова! А што се однесува до пропаста на светот? Па, таа е како трепка на окото или, пак, е побрза. Аллах, навистина, е Кадар за се

Verse 78 — Surah An-Nahl 16:78

Аллах ве вади од утробите на мајките ваши, незнаејќи ништо, па ви определи и слух,и ВИД и срца за да бидете благо- | дарни

Verse 79 — Surah An-Nahl 16:79

Не ги гледаат ли птиците потчинети во летот на небо? Кој може да ги допре освен Аллах? Ете, во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои веруваат

Verse 80 — Surah An-Nahl 16:80

Аллах ви одреди во домовите ваши смирна, а од кожите на добитокот покривки, кои лесно ги носите на денот кога патувате и на денот кога се утаборувате, а од волната нивна, од крзното нивно и влакната нивни простирки за уживање до еден рок определен

Verse 81 — Surah An-Nahl 16:81

И од она што Аллах го создаде за вас. Он определи сенки, а од брдата за вас определи засолништа. И за вас определи ШТИТОВИ кои ве штитат ОД горештина, и штитови кои ве штитат од несреќата ваша. Ете, така Аллах го надополнува благодатот Негов кон вас за да бидете послушни

Verse 82 — Surah An-Nahl 16:82

Па, ако ги свртат плеќите... та, ти само известуваш јасно

Verse 83 — Surah An-Nahl 16:83

го знаат благодатот Аллахов, а потоа не го признаваат. А МНОЗИНСТВОТО од нив се неверниЦИ

Verse 84 — Surah An-Nahl 16:84

И Денот во кој од секоја заедница ќе оживиме по еден сведок; потоа, на оние кои не веруваа не ќе им се даде збор, а ниту, пак, да се оправдуваат

Verse 85 — Surah An-Nahl 16:85

кога оние кои правеа зулум ќе ја видат казната... та, казната не ќе им се олесни, И не ќе им се даде рок

Verse 86 — Surah An-Nahl 16:86

кога ќе ги видиш оние кои на Аллах му ги здружуваа божествата нивни, кога ќе речат“Господаре наш,оние се божества наши на кои ние, освен Аллах, се повикувавме. ДА божествата нивни ќе им дофрлат: “Вие сте, секако, лашковци

Verse 87 — Surah An-Nahl 16:87

И оние тогаш на Аллах ќе Му се оддадат. И ќе се оддалечи од нив она што го измислуваа

Verse 88 — Surah An-Nahl 16:88

На оние кои не веруваа и кои одвраќаа од Аллаховиот пат Ние ќе им ја зголемиме казната со уште една казна затоа Што сееја безредие

Verse 89 — Surah An-Nahl 16:89

И Денот во кој од секоја заедница Ние ќе оживиме по еден сведок меѓу нив кој Ќе сведочи. против нив! И ќе дадеме, исто така, ТИ да бидеш сведок. против нив И ти објавивме Книга како Објаснување за се, и ЦПатоказ, и Милост, и радосница за Полсушните

Verse 90 — Surah An-Nahl 16:90

Аллах, навистина, наредува И праведност, и добродетелство, и да им се дава на ближните, и да се забранува зло, и срамно дело и насилство. Аллах ве советува за да се присетите

Verse 91 — Surah An-Nahl 16:91

И придржувај се врз ветувањето кон Аллах кога склучивте договор, и не изневерувајте ги ветувањата кога ги утврдивте и кога Аллаха за заштитник го зедовте. Аллах, навистина, го знае она што го работите

Verse 92 — Surah An-Nahl 16:92

И не бидете како онаа која ќе го распреде предивото свое, по нејзиното цврсто предиво, земајќи ги ветувањата ваши за измама меѓу вас, само затоа да биде заедница која ќе биде побројна од друга заедница. Аллах во тоа само ве искушува за да ви објасни, секако, на Денот суден за она за што, токму, станавте деленици

Verse 93 — Surah An-Nahl 16:93

Аллах да сакаше, сигурно, ќе ве направеше една заедница, но Аллах скршнува во заблуда кого сака и упатува кого сака. Да, вие ќе бидете прашани за она што го работевте

Verse 94 — Surah An-Nahl 16:94

И не служете се со ветувањата ваши за да се лажете еднисодруги, па да слизне ногата од нејзината утврда, и да ја вкусете казната, бидејќи одвраќате од Аллаховиот пат. За вас има казна голема

Verse 95 — Surah An-Nahl 16:95

не заменувајте го договорот со Аллах за нешто што малку вреди. Кај Аллах, навистина, е најголемото добро за вас само да знаете

Verse 96 — Surah An-Nahl 16:96

Она што е во вас е - привремено, а она што е кај Аллах е за навек. Ние ќе ги наградиме оние кои беа трпеливи со награда уште поубава од она што го работеа

Verse 97 — Surah An-Nahl 16:97

Кој ќе направи добро дело, било да е машко или женско, е верник, и Ние ќе му дадеме, сигурно, добар живот, и ќе ги наградиме, сигурно, со награда уште поубава од она што го работеа

Verse 98 — Surah An-Nahl 16:98

А кога ќе читаш Куран, побарај да се приклониш кон Аллах од Шејтанот проколнат

Verse 99 — Surah An-Nahl 16:99

Тој, навистина, нема власт врз оние кои веруваат и кои се потпираат врз Господарот свој

Verse 100 — Surah An-Nahl 16:100

Власта негова, секако, е врз оние кои ги вртат плеќите кон Аллах и кои здруженици Му припишуваат

Verse 101 — Surah An-Nahl 16:101

кога Ние еден ајет ќе замениме со друг... па, Аллах најдобро знае за она што се објавува! Зборуваат: “Ти си, навистина, лашко! “Но, мнозинството меѓу нив не знаат

Verse 102 — Surah An-Nahl 16:102

Кажи: “Го објави Духот свет, од Господарот твој, со вистина за да ги зацврсти оние кои веруваат, како Патоказ и Радосница за Послушните

Verse 103 — Surah An-Nahl 16:103

Ние го знаеме, секако, она што го зборуваат: “Него го поучува некој човек." Јазикот на кој оние го свртуваат е странски, а ова е јасен арапски јазик

Verse 104 — Surah An-Nahl 16:104

Оние кои не веруваат во знаменијата Аллахови, Аллах, навистина, не ќе ги упати. И за нив има казна болна

Verse 105 — Surah An-Nahl 16:105

Лага измислуваат оние кои, навистина, не веруваат во знаменијата ДАллахови. Оние се, токму, лашковци

Verse 106 — Surah An-Nahl 16:106

Оној кој не верува во Аллах по неговото верување, освен ако е присилен, а срцето му е смирено со верување, ќе ја предизвика лутината Аллахова. А за оние кои, исто така, ќе ги исполнат градите со неверство има казна голема

Verse 107 — Surah An-Nahl 16:107

Ете, тоа е, секако, заради Што го посакуваат животот на овој свет повеќе од Ахирет. И Аллах, навистина, не ќе го упати народот невернички

Verse 108 — Surah An-Nahl 16:108

Тоа се оние чии срца, и чиј слух и чиј вид Аллах ги запечати. Овие, токму, се занемарени

Verse 109 — Surah An-Nahl 16:109

На Ахирет, без сомнение, ќе бидат поразените

Verse 110 — Surah An-Nahl 16:110

На оние кои се иселија, по мачењето, а потоа се бореа и беа трпеливи... та, Господарот твој, навистина, е Простувач и Сомилосен

Verse 111 — Surah An-Nahl 16:111

Ќе настапи Денот во кој секоја душа ќе се грижи за себе..И секоја душа Ќе си го исполни она што го направила. И ним не ќе им се направи зулум

Verse 112 — Surah An-Nahl 16:112

Аллах изнесе пример за градот, безбеден и мирен. ОД секоја страна му доаѓаше “рск во изобилство. И, ете, жителите не ги признаваа благодатите Аллахови, па МАллах определи да вкуси и глад и страв, токму, заради она што го работеа

Verse 113 — Surah An-Nahl 16:113

им дојде пејгамбер, еден ОД нив, па го сметаа за лашко ... та, ги обзеде казна. Оние, токму, се зулумќари

Verse 114 — Surah An-Nahl 16:114

Па, јадете од “рскот што ви го даде Аллах, она што е халали добро. И ако само Аллаха го обожавате, заблагодарувајте се на Аллаховите благодати

Verse 115 — Surah An-Nahl 16:115

Он, навистина, ви забрани и мрша, и крв, и свинско месо, И она што е заклано во друго а не во името Аллахово, освен ако е некој присилен, несакајќи, само колку да преживее... Та, Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен

Verse 116 — Surah An-Nahl 16:116

И не зборувајте го она што е, инаку, својствено на јазиците ваши и лага: “Ова е халал, а ова е харам!" За да измислувате за Аллах лага. Оние кои, навистина, за Аллах измислуваат лага не ќе успеат

Verse 117 — Surah An-Nahl 16:117

Само малку уживање; за нив има казна болна

Verse 118 — Surah An-Nahl 16:118

На Евреите им го забранивме она што ти го кажувавме порано. И зулум не им направивме, туку самите зулум си направија

Verse 119 — Surah An-Nahl 16:119

За оние кои направија зло, незнаејќи, Господарот твој, навистина, потоа им прости. И се поправија. Потоа Господарот твој, навистина, беше Простувач и Сомилосен кон нив

Verse 120 — Surah An-Nahl 16:120

Ибрахим, навистина, беше како еден човек, понизен на Аллах и чист. Не беше меѓу многубошците

Verse 121 — Surah An-Nahl 16:121

заблагодарен на благодатите Аллахови; и Он го избра и го упати по патот вистински

Verse 122 — Surah An-Nahl 16:122

На овој свет Ние му дадовме добро, а на Ахирет ќе биде, навистина, меѓу добрите

Verse 123 — Surah An-Nahl 16:123

Потоа Ние ти објавивме: “Следи ја чистата вера Ибрахимова. Он не беше меѓу многубошците

Verse 124 — Surah An-Nahl 16:124

Сабота е определена за празнување за оние кои се разединуваа за неа, навистина! Господарот твој ќе им пресуди, секако, за Денот суден за она за што станаа деленици

Verse 125 — Surah An-Nahl 16:125

Повикувај кон патот ОД Господарот твој, И со мудрост и со ука добра. И расправај со нив на најдобар начин! Господарот твој, секако, најдобро го познава оној кој скршнал од патот Негов. Он најдобро ги знае упатените

Verse 126 — Surah An-Nahl 16:126

А ако сакате да им се одмаздите - па, одмаздете се онолку колку ви е направено зло. АА ако се стрпите тоа, секако, е најдобро за трпливите

Verse 127 — Surah An-Nahl 16:127

Биди трпелив! Трпеливоста е само покрај Аллах. И не жалости се за нив. И нека не те обзеде тесноградие заради она што го сплеткарат

Verse 128 — Surah An-Nahl 16:128

Аллах, навистина, е со оние кои се богобојазливи и со оние кои се доброчинители