Кога младите момчиња се засолнија во пештерата, тогаш рекоа: “Господаре наш, дај НИ од милоста Твоја И ПОДГОТВИ Не со добро однесување во работата наша
И Ние ги зајакнавме срцата нивни кога се разбудија, па рекоа:“Господарот наш е Господарот на небесата и на Земјата. Друг бог освен Него не повикуваме. Во спротивно, секако, невистина ќе зборуваме
Еве, какви се луѓето наши! Прифатија други богови освен Него. Зошто, тогаш, за нив не донесоа доказ јасен? И које поголем зулумќар од оној кој фрла лага врз Аллах
И штом се оддалечивте од НИВ И од она што го обожаваа освен Аллах: “Скријте се во пештерата. Господарот ваш ќе ве опсипа од милоста Своја, и ќе ВИ подготви од работата ваша корист некаква
И ти гледаш кога сонцето изгрева како се шири на десната страна од пештерата нивна, а кога заоѓа поминува на нивната лева страна, додека се тие во еден отворен простор во средината нејзина. Ете, тоа се од знаменијата "Аллахови. Оној што Аллах ќе го упати... па, упатен е, а оној кого ОН ќе го скршне во заблуда... па, за него не ќе најдеш ни заштитник ни показник
би поверувал дека се будни, а оние спијат. И ги вртиме било на левата било на десната страна, а кучето нивно беше ги пружило предните нозе кон отворот. И кога би ги видел во бегство ќе се дадеше и страв ќе те обземеше
И сте, така Ние ги пробудивме за да се прашуваат еднисодруги. Говорник еден меѓу ниврече: “Колку останавте?“ Рекоа: “Останавме еден ден или дел од еден ден." Рекоа: “Господарот ваш најдобро знае колку останавте." Испратете, тогаш, еден од вас со овие сребренарии ваши, па градот нека види која е најчистата храна и нека ви донесе од “рскот, нека се однесува учтиво и нека никого. не извести за вас
ете, така Ние ги запознавме другите за нив за да знаат дека ветувањето „"Аллахо-во, навистина, е вистинско и дека во Часот последен нема сомнение, навистина! Тогаш кога за работата нивна расправаа еднисодруги, рекоа: “Подигнете над нив една зграда. Господарот нивни најдобро ги знае." Оние кои преовладуваа во таа работа нивна, рекоа: “Да изградиме еден храм пред нив
Ќе речат: “Тројца се, кучето нивно е четвртото." Ќе речат: Петмина се, кучето нивно е шестото." За невидливото ќе дофрлуваат. Ке речат: “Седмина се, кучето нивно е осмото..." Кажи: “Господарот мој најдобро го знае бројот нивни." И само малкумина го знаат. И расправај за нив само привидно и не барај, во врска со нив, мислење од НИКОГО
Кажи: “Аллах најдобро знае колку тие останаа. Тајната на небесата и на НЗемјата е Аллахова!Е, колку ОН гледа и колку Он слуша! Освен Него тие немаат заштитник И Во одлуката Негова никој не учествува
И кажувај го она штотие објавено од Книгата на Господарот твој. Нема никој што може да ги промени Неговите зборови. И не ќе најдеш друго, освен Неговото прибежиште
И стрпи се заедно со оние кои Го повикуваат Господарот свој И наутро и навечер, посакувајќи Го лицето Негово, и не тргај ги опулите ТВОИ ОД Нив, посакувајќи го украсот во животот на овој свет; И не биди послушен кон оној чие срце го потемнивме и кој не Не споменува, и кој ја следи страста своја, а неговата постапка муе прекумерна
И кажи: “Вистината е од Господарот твој... па, кој сака нека верува па, кој сака нека не верува." За зулумќарите Ние, навистина, подготвивме оган чиј чад ќе ги опфати сите. А ако, пак, побараат помош ќе им се даде помош со вода како растопена руда што ги пржи лицата. Е, само колку лоша напивка е таа! Е, само колку лошо сместување е тоа
За нив има бавчи еденски НИЗ кои реки течат, ќе бидат украсени со белезии од златои облечени со облека зелена од тенка и дебела свила и ќе бидат на дивани потпрени. Е, само колку е убава таа награда! Е, само колку убаво прибежиште е тоа
И пропадна плодот нејзин, и тогаш почна да ги крши прстите заради она што го потроши во неа, и потпорниците од лозјето се срушија. И рече: “Гешко мене! Зошто ли му припишував на Аллах здруженик
И изнеси им го примерот за животот на овој свет: сличен е на вода која Ние ја спуштаме од небо со која се мешаат растенијата на земјата, па ќе станат суви и ветрот ќе ги разнесе. И Аллах е Кадар за се
Имотот и синовите се украс во животот на овој свет. Добрите дела кои остануваат, меѓутоа, се подобри кај Господарот твој: наградата е подобра и надежта е подобра
И ќе бидат претставени кај Господарот твој во редови. Ни дојдовте, секако, онака како што ве создадовме првпат. Но, мислевте ли дека Ние никогаш не ќе го исполниме ветувањето кон вас
Ќе биде поставена Книга, а силниците ќе ги видиш преплашени заради она што е во неа, па ќе речат: “Тешко нам! Каква е оваа Книга? Ни мало ни големо во неа не е изземено, сѓе изброено." И ќе го најдат подготвено она што го работеа. И Господарот твој зулум не ќе направи никому
И кога Ние им рековме на мелеките: “Паднете му на сеџде на Адем!" Сите паднаа на сеџде, освен "Иблис. Тој беше меѓу џиновите па ја оскверни заповедта од Господарот свој. Ке ги земате ли, тогаш, него и ПОТОмМСТВОТО негово за заштитНИЦИ покрај мене? Оние се ваши непријатели. Е, само колку е лоша таа замена за зулумќарите
И Денот во кој Он ќе рече: “Повикајте ги оние кои ги сметавте за здруженици Мои." Па, ќе ги повикаат и не ќе им се озвијат. Меѓу нив Ние одредивме место во кое ќе пропаднат
И кога им дојде Патоказот им забрануваат на луѓето не им забрануваа да веруваат во нешто, и да бараат прошка од Господарот свој само за да им се повтори праксата на одамнешните или да им дојде казната непосредно
Пејгамберите Ние ги испраќаме само како радосници и опоменувачи. Оние кои не веруваат расправаат за невистината за да ја отстранат вистината со неа. А знаменијата и опомените Мои ги исмеваат
И кој е поголем зулумќар од оној кој, кога ќе се споменат ајетите на Господарот негов, е рамнодушен кон нив и кој заборава она што го направија рацете негови. Врз срцата нивни Ние им ставивме завеса за да не го разберат Куранот, а во ушите нивни тежина. И ако ги повикаш кон Патоказот, тогаш, за навек не ќе се упатат
Господарот твој е Простувач и Посредник на милоста. Кога би го земал предвид кај нив она што го спечалија, казната веднаш ќе им дојде. Но, за нив има време определено и, освен ова, не ќе најдат засолниште
И кога Муса му рече на своето момче: “Не ќе престанам да одам се додека не дојдам до едно место кадешто се спојуваат две мориња или, пак, ќе пешачам долго време
Рече: “Не виде ли дека кога отседнавме кај пештерата дека јас, мнавистина, заборавив на рибата. Само Шејтанот ме натера да заборавам на неа: таа си тргна кон својот правец низ морето, чудесно
И така тргнаа тие двајцата, и кога се качија на чамецот, го избуши чамецот. Рече: “Го избуши ли за да се удават сопствениците негови? Направи, секако, крупна работа
пак тргнаа двајцата. И кога стигнаа до жителите на едно село, побараа да ги нахранат, но овие одбија да ги угостат, И така, наидоа на еден ИД кој само што не беше се урнал, па го ипсрави. Муса рече: “Да посакаше, секако, ќе беше награден за ова
Што се однесува до чамецот, тој беше во сопственост на сиромашни кои работат на морето. Посакав да го оштетам, бидејќи зад нив е еден владар кој го плени и присвојува секој чамец
Што се однесува до зидот, па тој е во сопственост на две јетимчиња од градот. Под него се наоѓа благо за нив. Бабо им беше добар. И ете, така Господарот твој посака тие деца да пораснат, да сјакнат и да си го извадат благото свое: тоа е милост од Господарот твој. Се што направив, не направив по свое. Ете, така, тоа е толкување за она за што не можеш да се стрпиш
кога стигна до местото каде што заоѓа сонцето, тој помисли дека заоѓа во матен извор, и тука најде еден народ. Ние рековме: “О Зул Карнејн, или ќе го казниш овој народ или, пак, ќе бидеш учтив кон него
Рече:“Ова е милост од Господарот мој. Па, кога ќе дојде ветувањето на Господарот мој и Он ќе го срамни со земјата, а ветувањето на Господарот мој е ВИСТИНСКО
Сметаат ли оние кои не веруваат во тоа да ги земаат робовите Мои, освен Мене, за заштитници? Ние, навистина, Џехеннемот го подготвивме да биде престојувалиште за неверниците
Кажи:“Кога морето би било мастило за да се испишат зборовите на Господарот мој, морето ќе се исуши пред да се исушат зборовите на Господарот мој, па дури и да донесеме уште едно море со мастило, нему слично
Кажи: “Јас сум, навистина, човек сличен вам. Ми се објавува дека вашиот Бог е еден Бог. Па, оној кој се надева во средбата со Господарот свој, нека работи добро, и во обожавањето нека не Му здружува на Господарот свој никого