Back to Languages

Macedonian - Chapter 18 - Al-Kahf

Translation by Sheikh Hassan Gilo — Permalink

Verse 1 — Surah Al-Kahf 18:1

Благодарение на Аллах кој на својот роб му објави Книга која не ја искриви

Verse 2 — Surah Al-Kahf 18:2

туку: вистинска за да опомене со казна тешка од Него и да ги зарадува верниците кои работат добри дела дека за нив има, навистина, награда убава

Verse 3 — Surah Al-Kahf 18:3

во која за навек ќе останат

Verse 4 — Surah Al-Kahf 18:4

и да ги опомене оние кои тврдат дека Аллах си присвои дете

Verse 5 — Surah Al-Kahf 18:5

Оние за тоа не знаат, а не знаат ни предците нивни. Е, само колку е крупен зборот што излегува од устите нивни! Тие само лаги зборуваат

Verse 6 — Surah Al-Kahf 18:6

а, жалејќи, зарем да пукнеш заради впечатоците НИВНИ ако не веруваат во овој говор

Verse 7 — Surah Al-Kahf 18:7

Се што е на земјата Ние, навистина, го создадовме да биде украс нејзин за да пробаме кој ОД нив ќе работи најубаво

Verse 8 — Surah Al-Kahf 18:8

И Ние, секако, ќе ја направиме гола пустина

Verse 9 — Surah Al-Kahf 18:9

Или сметаш ли дека жителите на пештерата и на Реким беа од знаменијата Наши најчудесни

Verse 10 — Surah Al-Kahf 18:10

Кога младите момчиња се засолнија во пештерата, тогаш рекоа: “Господаре наш, дај НИ од милоста Твоја И ПОДГОТВИ Не со добро однесување во работата наша

Verse 11 — Surah Al-Kahf 18:11

Ние ги заспавме во пештерата години многу

Verse 12 — Surah Al-Kahf 18:12

а потоа Ние ги пробудивме за да дознаеме која од двете странки подобро ќе го брои времето, во кое останаа

Verse 13 — Surah Al-Kahf 18:13

Ние вистински Ти го кажуваме кажувањето за нив: тие беа млади кои, навистина, веруваа во Господарот свој и ИМ го зголемивме Патоказот, навистина

Verse 14 — Surah Al-Kahf 18:14

И Ние ги зајакнавме срцата нивни кога се разбудија, па рекоа:“Господарот наш е Господарот на небесата и на Земјата. Друг бог освен Него не повикуваме. Во спротивно, секако, невистина ќе зборуваме

Verse 15 — Surah Al-Kahf 18:15

Еве, какви се луѓето наши! Прифатија други богови освен Него. Зошто, тогаш, за нив не донесоа доказ јасен? И које поголем зулумќар од оној кој фрла лага врз Аллах

Verse 16 — Surah Al-Kahf 18:16

И штом се оддалечивте од НИВ И од она што го обожаваа освен Аллах: “Скријте се во пештерата. Господарот ваш ќе ве опсипа од милоста Своја, и ќе ВИ подготви од работата ваша корист некаква

Verse 17 — Surah Al-Kahf 18:17

И ти гледаш кога сонцето изгрева како се шири на десната страна од пештерата нивна, а кога заоѓа поминува на нивната лева страна, додека се тие во еден отворен простор во средината нејзина. Ете, тоа се од знаменијата "Аллахови. Оној што Аллах ќе го упати... па, упатен е, а оној кого ОН ќе го скршне во заблуда... па, за него не ќе најдеш ни заштитник ни показник

Verse 18 — Surah Al-Kahf 18:18

би поверувал дека се будни, а оние спијат. И ги вртиме било на левата било на десната страна, а кучето нивно беше ги пружило предните нозе кон отворот. И кога би ги видел во бегство ќе се дадеше и страв ќе те обземеше

Verse 19 — Surah Al-Kahf 18:19

И сте, така Ние ги пробудивме за да се прашуваат еднисодруги. Говорник еден меѓу ниврече: “Колку останавте?“ Рекоа: “Останавме еден ден или дел од еден ден." Рекоа: “Господарот ваш најдобро знае колку останавте." Испратете, тогаш, еден од вас со овие сребренарии ваши, па градот нека види која е најчистата храна и нека ви донесе од “рскот, нека се однесува учтиво и нека никого. не извести за вас

Verse 20 — Surah Al-Kahf 18:20

зашто, ако откријат за вас, навистина, ќе ве каменуваат или. ќе ве вратат во верата нивнаи тогаш, за навек, нема да успеете

Verse 21 — Surah Al-Kahf 18:21

ете, така Ние ги запознавме другите за нив за да знаат дека ветувањето „"Аллахо-во, навистина, е вистинско и дека во Часот последен нема сомнение, навистина! Тогаш кога за работата нивна расправаа еднисодруги, рекоа: “Подигнете над нив една зграда. Господарот нивни најдобро ги знае." Оние кои преовладуваа во таа работа нивна, рекоа: “Да изградиме еден храм пред нив

Verse 22 — Surah Al-Kahf 18:22

Ќе речат: “Тројца се, кучето нивно е четвртото." Ќе речат: Петмина се, кучето нивно е шестото." За невидливото ќе дофрлуваат. Ке речат: “Седмина се, кучето нивно е осмото..." Кажи: “Господарот мој најдобро го знае бројот нивни." И само малкумина го знаат. И расправај за нив само привидно и не барај, во врска со нив, мислење од НИКОГО

Verse 23 — Surah Al-Kahf 18:23

И никогаш не вели, во врска со некоја работа: “Ова ќе го направам утре

Verse 24 — Surah Al-Kahf 18:24

само: “Иншаллах," и кога ќе заборавиш спомени Го Господарот твој, и речи: “Господарот мој, можеби, ќе ме упати кон она што е поблиску од овој показ

Verse 25 — Surah Al-Kahf 18:25

останаа во пештерата своја триста години и додадоа девет години

Verse 26 — Surah Al-Kahf 18:26

Кажи: “Аллах најдобро знае колку тие останаа. Тајната на небесата и на НЗемјата е Аллахова!Е, колку ОН гледа и колку Он слуша! Освен Него тие немаат заштитник И Во одлуката Негова никој не учествува

Verse 27 — Surah Al-Kahf 18:27

И кажувај го она штотие објавено од Книгата на Господарот твој. Нема никој што може да ги промени Неговите зборови. И не ќе најдеш друго, освен Неговото прибежиште

Verse 28 — Surah Al-Kahf 18:28

И стрпи се заедно со оние кои Го повикуваат Господарот свој И наутро и навечер, посакувајќи Го лицето Негово, и не тргај ги опулите ТВОИ ОД Нив, посакувајќи го украсот во животот на овој свет; И не биди послушен кон оној чие срце го потемнивме и кој не Не споменува, и кој ја следи страста своја, а неговата постапка муе прекумерна

Verse 29 — Surah Al-Kahf 18:29

И кажи: “Вистината е од Господарот твој... па, кој сака нека верува па, кој сака нека не верува." За зулумќарите Ние, навистина, подготвивме оган чиј чад ќе ги опфати сите. А ако, пак, побараат помош ќе им се даде помош со вода како растопена руда што ги пржи лицата. Е, само колку лоша напивка е таа! Е, само колку лошо сместување е тоа

Verse 30 — Surah Al-Kahf 18:30

Оние кои, навистина, веруваат и кои работат добри дела... та, Ние не ќе ја поништиме наградата на оној кој прави добро дело

Verse 31 — Surah Al-Kahf 18:31

За нив има бавчи еденски НИЗ кои реки течат, ќе бидат украсени со белезии од златои облечени со облека зелена од тенка и дебела свила и ќе бидат на дивани потпрени. Е, само колку е убава таа награда! Е, само колку убаво прибежиште е тоа

Verse 32 — Surah Al-Kahf 18:32

И изнеси им го примерот на двајцата: на едниот од нив Ние му дадовме две бавчи со лозја И ги заградивме со урми и меѓу нив Ние нива поставивме

Verse 33 — Surah Al-Kahf 18:33

двете бавчи го даваа ПЛОДОТ свој и во ништо не беа оштетени, и меѓу нив Ние дадовме река да тече

Verse 34 — Surah Al-Kahf 18:34

за него имаше и други плодови, па му рече на својот другар, разговарајќи еден ден: “Побогат сум од тебе и посилно е потомството мое

Verse 35 — Surah Al-Kahf 18:35

влезе во бавчата своја. Меѓутоа, направи грешка, говорејќи: “Мислам дека ова ќе остане за навек

Verse 36 — Surah Al-Kahf 18:36

Не мислам дека Ќе се оствари Часот. Ако бидам вратен кај Господарот мој ќе најдам подобро место во замена за ова

Verse 37 — Surah Al-Kahf 18:37

му рече другарот негов, разговарајќи со него: “Не веруваш ли во оној кој те создаде од земја, потоа од семе, а потоа те создаде како човек?“

Verse 38 — Surah Al-Kahf 18:38

Но, Он, Аллах, е Господарот мој. На Господарот мој не Му здружувам никого

Verse 39 — Surah Al-Kahf 18:39

Во бавчата твоја кога влезе да речеше: “Машаллах, нема друга моќ освен онаа кај Аллах, иако гледаш дека јас имам помалку имот од тебе, и деца

Verse 40 — Surah Al-Kahf 18:40

Па, Господарот мој, можеби, ќе ми даде подобра бавча од твојата, па ќе испрати град од небо и ќе стане само лизгава површина

Verse 41 — Surah Al-Kahf 18:41

или нејзината вода да потоне па никогаш да не можеш да ја најдеш

Verse 42 — Surah Al-Kahf 18:42

И пропадна плодот нејзин, и тогаш почна да ги крши прстите заради она што го потроши во неа, и потпорниците од лозјето се срушија. И рече: “Гешко мене! Зошто ли му припишував на Аллах здруженик

Verse 43 — Surah Al-Kahf 18:43

И тој немаше дружина која ќе му помогне, освен Аллах. И не беше победник

Verse 44 — Surah Al-Kahf 18:44

Заштитата тука е од Аллах, Вистината. Он најдобро наградува и најдобро ги завршува работите

Verse 45 — Surah Al-Kahf 18:45

И изнеси им го примерот за животот на овој свет: сличен е на вода која Ние ја спуштаме од небо со која се мешаат растенијата на земјата, па ќе станат суви и ветрот ќе ги разнесе. И Аллах е Кадар за се

Verse 46 — Surah Al-Kahf 18:46

Имотот и синовите се украс во животот на овој свет. Добрите дела кои остануваат, меѓутоа, се подобри кај Господарот твој: наградата е подобра и надежта е подобра

Verse 47 — Surah Al-Kahf 18:47

И на Денот во кој Ние ќе ги разнишаме планините земјата ќе ја видиш порамнета. И Ние ќе ги збереме без да изземеме некого

Verse 48 — Surah Al-Kahf 18:48

И ќе бидат претставени кај Господарот твој во редови. Ни дојдовте, секако, онака како што ве создадовме првпат. Но, мислевте ли дека Ние никогаш не ќе го исполниме ветувањето кон вас

Verse 49 — Surah Al-Kahf 18:49

Ќе биде поставена Книга, а силниците ќе ги видиш преплашени заради она што е во неа, па ќе речат: “Тешко нам! Каква е оваа Книга? Ни мало ни големо во неа не е изземено, сѓе изброено." И ќе го најдат подготвено она што го работеа. И Господарот твој зулум не ќе направи никому

Verse 50 — Surah Al-Kahf 18:50

И кога Ние им рековме на мелеките: “Паднете му на сеџде на Адем!" Сите паднаа на сеџде, освен "Иблис. Тој беше меѓу џиновите па ја оскверни заповедта од Господарот свој. Ке ги земате ли, тогаш, него и ПОТОмМСТВОТО негово за заштитНИЦИ покрај мене? Оние се ваши непријатели. Е, само колку е лоша таа замена за зулумќарите

Verse 51 — Surah Al-Kahf 18:51

Не ги имав за сведоци при создавањето на небесата и на Земјата и при создавањето нивно, и не ги земав за помош скршнатите во заблуда

Verse 52 — Surah Al-Kahf 18:52

И Денот во кој Он ќе рече: “Повикајте ги оние кои ги сметавте за здруженици Мои." Па, ќе ги повикаат и не ќе им се озвијат. Меѓу нив Ние одредивме место во кое ќе пропаднат

Verse 53 — Surah Al-Kahf 18:53

силниците ќе го видат огнот и тогаш ќе сфатат дека ќе паднат во него, и од него не ќе можат да се избават

Verse 54 — Surah Al-Kahf 18:54

Ние во овој Куран | поредивме, секако, примери секакви за луѓето. Човекот од сите суштества, меѓутоа, најмногу расправа

Verse 55 — Surah Al-Kahf 18:55

И кога им дојде Патоказот им забрануваат на луѓето не им забрануваа да веруваат во нешто, и да бараат прошка од Господарот свој само за да им се повтори праксата на одамнешните или да им дојде казната непосредно

Verse 56 — Surah Al-Kahf 18:56

Пејгамберите Ние ги испраќаме само како радосници и опоменувачи. Оние кои не веруваат расправаат за невистината за да ја отстранат вистината со неа. А знаменијата и опомените Мои ги исмеваат

Verse 57 — Surah Al-Kahf 18:57

И кој е поголем зулумќар од оној кој, кога ќе се споменат ајетите на Господарот негов, е рамнодушен кон нив и кој заборава она што го направија рацете негови. Врз срцата нивни Ние им ставивме завеса за да не го разберат Куранот, а во ушите нивни тежина. И ако ги повикаш кон Патоказот, тогаш, за навек не ќе се упатат

Verse 58 — Surah Al-Kahf 18:58

Господарот твој е Простувач и Посредник на милоста. Кога би го земал предвид кај нив она што го спечалија, казната веднаш ќе им дојде. Но, за нив има време определено и, освен ова, не ќе најдат засолниште

Verse 59 — Surah Al-Kahf 18:59

тие градови Ние ги уништивме, затоа што зулум правеа, и точно време определивме за уривањето нивно

Verse 60 — Surah Al-Kahf 18:60

И кога Муса му рече на своето момче: “Не ќе престанам да одам се додека не дојдам до едно место кадешто се спојуваат две мориња или, пак, ќе пешачам долго време

Verse 61 — Surah Al-Kahf 18:61

И бидејќи дојдоа до местото кадешто се спојуваат две мориња, ја заборавија рибата своја која слободно си го зеде својот правец кон морето

Verse 62 — Surah Al-Kahf 18:62

И бидејќи поминаа преку, Муса му рече на момчето: “Дај ни ја храната зашто веќе се уморивме ОД ова патување наше

Verse 63 — Surah Al-Kahf 18:63

Рече: “Не виде ли дека кога отседнавме кај пештерата дека јас, мнавистина, заборавив на рибата. Само Шејтанот ме натера да заборавам на неа: таа си тргна кон својот правец низ морето, чудесно

Verse 64 — Surah Al-Kahf 18:64

Муса рече: “Ете, тоа е она, токму, кон што тежнееме." Па, ете се вратија, следејќи ги стапалките свои

Verse 65 — Surah Al-Kahf 18:65

Па, најдоа еден од робовите Наши кому му дадовме милост од Нас и кого Ние го поучивме со знаење од Нас

Verse 66 — Surah Al-Kahf 18:66

И Муса му рече: “Да те следам ли па да ме поучиш со оној показ со кој си ти, токму, поучен

Verse 67 — Surah Al-Kahf 18:67

Рече: “Ти, навистина, не ќе можеш да издржиш со мене

Verse 68 — Surah Al-Kahf 18:68

Како да се стрпиш за она за што не си известен?“

Verse 69 — Surah Al-Kahf 18:69

Рече: “Ке ме најдеш, иншаллах, трпелив и во се послушен кон тебе

Verse 70 — Surah Al-Kahf 18:70

Му рече на Муга: “Па, ако ме следиш, тогаш, не прашувај ме за ништо се додека тоа не ти го објаснам

Verse 71 — Surah Al-Kahf 18:71

И така тргнаа тие двајцата, и кога се качија на чамецот, го избуши чамецот. Рече: “Го избуши ли за да се удават сопствениците негови? Направи, секако, крупна работа

Verse 72 — Surah Al-Kahf 18:72

Оној рече: “Нели ти реков дека ти, навистина, не ќе можеш да издржиш со мене

Verse 73 — Surah Al-Kahf 18:73

Муса рече: “Не земај го предвид она што го заборавив, и не оптоварувај ме во оваа моја тешка работа

Verse 74 — Surah Al-Kahf 18:74

И пак тргнаа тие двајцата, И кога сретнаа едно дете, го уби детето. Рече: “Уби ли чисто чедо, кое никого не убило? Направи, секако, голем престап

Verse 75 — Surah Al-Kahf 18:75

Рече: “Нели ти реков дека ти, навистина, не можеш да издржиш со мене

Verse 76 — Surah Al-Kahf 18:76

Рече: “Ако те прашам уште за нешто по ова, тогаш, не придружувај ме. Ете, така, што се однесува до мене, ти се оправдав

Verse 77 — Surah Al-Kahf 18:77

пак тргнаа двајцата. И кога стигнаа до жителите на едно село, побараа да ги нахранат, но овие одбија да ги угостат, И така, наидоа на еден ИД кој само што не беше се урнал, па го ипсрави. Муса рече: “Да посакаше, секако, ќе беше награден за ова

Verse 78 — Surah Al-Kahf 18:78

Рече: “Ова е одделувањето, всушност, меѓу мене и меѓу тебе. Ке ти го откријам знаењето за она за што, токму, не можеш да се стрпиш

Verse 79 — Surah Al-Kahf 18:79

Што се однесува до чамецот, тој беше во сопственост на сиромашни кои работат на морето. Посакав да го оштетам, бидејќи зад нив е еден владар кој го плени и присвојува секој чамец

Verse 80 — Surah Al-Kahf 18:80

Што се однесува до детето, родителите негови се верници, па не обзеде страв да не ги турне во пакост и неверство

Verse 81 — Surah Al-Kahf 18:81

па посакавме Господарот НИВНИ да им го замени со подобро дете од него, почисто И ПОМИЛОСНО

Verse 82 — Surah Al-Kahf 18:82

Што се однесува до зидот, па тој е во сопственост на две јетимчиња од градот. Под него се наоѓа благо за нив. Бабо им беше добар. И ете, така Господарот твој посака тие деца да пораснат, да сјакнат и да си го извадат благото свое: тоа е милост од Господарот твој. Се што направив, не направив по свое. Ете, така, тоа е толкување за она за што не можеш да се стрпиш

Verse 83 — Surah Al-Kahf 18:83

И те прашуваат за Зул Карнејн. Кажи: “Ке ви изнесам за него едно сеќавање

Verse 84 — Surah Al-Kahf 18:84

Ние, навистина, му дадовме едно значајно место на земјава. И му дадовме показ кон секоја ствар

Verse 85 — Surah Al-Kahf 18:85

тој, тогаш, тргна кон показот

Verse 86 — Surah Al-Kahf 18:86

кога стигна до местото каде што заоѓа сонцето, тој помисли дека заоѓа во матен извор, и тука најде еден народ. Ние рековме: “О Зул Карнејн, или ќе го казниш овој народ или, пак, ќе бидеш учтив кон него

Verse 87 — Surah Al-Kahf 18:87

Рече: “Што се однесува до оној кој прави зулум... па, ќе го казнам, а потоа ќе му се врати на Господарот свој... и Он ќе го казни со казна невидена

Verse 88 — Surah Al-Kahf 18:88

Што се однесува до оној кој верува и кој работи добро... па, нему му припаѓа награда најубава. Со наредбата што ќе му ја кажеме ќе му олесниме

Verse 89 — Surah Al-Kahf 18:89

Потоа пак тргна по показот

Verse 90 — Surah Al-Kahf 18:90

Кога стигна до местото, каде што изгрева сонцето, наиде на еден народ над кого излегуваше сонцето. И Ние не му дадовме покривка да се ШТИТИ ОД него

Verse 91 — Surah Al-Kahf 18:91

Ете, така постапи со тој народ и Ние целосно ја знаевме постапката пред него

Verse 92 — Surah Al-Kahf 18:92

Потоа пак тргна по показот

Verse 93 — Surah Al-Kahf 18:93

Кога стигна до едно место меѓу две брда наиде, освен на нив и на еден народ кој, речиси, не разбираше говор

Verse 94 — Surah Al-Kahf 18:94

Рекоа: “О Зул Карнејн, Јеџуџ и Меџуџ навистина, се безредници на земјава. Ако ти дадеме награда, дали тогаш ќе направиш ограда помеѓу нас и помеѓу нив

Verse 95 — Surah Al-Kahf 18:95

Рече: “Она за што сум оспособен од Господарот мој е подобро: поддржете ме со моќ, и меѓу вас и меѓу нив ќе подигнам бедем

Verse 96 — Surah Al-Kahf 18:96

Донесете ми железни шипки. И штом израмни две страни, рече: “Дувајте!" И штом го усвити, рече: “Дајте да го прелеам тоа со растопен бакар

Verse 97 — Surah Al-Kahf 18:97

повеќе не можеа да поминат преку бедемот, И повеќе не можеа да го пробијат

Verse 98 — Surah Al-Kahf 18:98

Рече:“Ова е милост од Господарот мој. Па, кога ќе дојде ветувањето на Господарот мој и Он ќе го срамни со земјата, а ветувањето на Господарот мој е ВИСТИНСКО

Verse 99 — Surah Al-Kahf 18:99

И на Денот тој Ние ќе ги оставиме да се удираат меѓу брановите, и ќе дувнеме во сурлата, па Ние ќе ги збереме, сите

Verse 100 — Surah Al-Kahf 18:100

На Денот тој, Ние ќе им го обелодениме јасно Џехеннемот на неверниците

Verse 101 — Surah Al-Kahf 18:101

на оние ЧИИ очи беа покриени во врска со Опомената и кои ништо не можеа да слушнат

Verse 102 — Surah Al-Kahf 18:102

Сметаат ли оние кои не веруваат во тоа да ги земаат робовите Мои, освен Мене, за заштитници? Ние, навистина, Џехеннемот го подготвивме да биде престојувалиште за неверниците

Verse 103 — Surah Al-Kahf 18:103

Кажи: “Да ве известиме ли за оние чии дела се најштетни

Verse 104 — Surah Al-Kahf 18:104

оние чиј труд е залуден во животот на овој свет, а мислат дека, токму, добро работат

Verse 105 — Surah Al-Kahf 18:105

Гоа се оние кои не веруваа во ајетите на Господарот свој, во средбата со Него... па, пропаднаа делата нивни, а на Денот суден кон нив не ќе имаме мера

Verse 106 — Surah Al-Kahf 18:106

Ете, Џехеннемот е наградата нивна затоа што не веруваа, затоа што ајетите Мои и пејгамберитеМои за лажни ги сметаа

Verse 107 — Surah Al-Kahf 18:107

За оние кои веруваа И кои работеа добри дела има, навистина, бавчи џеннетски за живеалиште

Verse 108 — Surah Al-Kahf 18:108

во нив за навек ќе останат, И не ќе посакуваат да ги променат

Verse 109 — Surah Al-Kahf 18:109

Кажи:“Кога морето би било мастило за да се испишат зборовите на Господарот мој, морето ќе се исуши пред да се исушат зборовите на Господарот мој, па дури и да донесеме уште едно море со мастило, нему слично

Verse 110 — Surah Al-Kahf 18:110

Кажи: “Јас сум, навистина, човек сличен вам. Ми се објавува дека вашиот Бог е еден Бог. Па, оној кој се надева во средбата со Господарот свој, нека работи добро, и во обожавањето нека не Му здружува на Господарот свој никого