А оние кои веруваат и кои работат добри дела Ние сигурно ќе им ги отстраниме злоделата нивни и ќе ги наградиме со најдобра награда за она што го работеа
Ние го задолживме човекот да се однесува убаво кон родителите свои. А ако се трудат да Ми припишуваат здруженик, а немаш никакво знаење за тоа, тогаш, немој да ги слушаш. Кон Мене води враќањето ваше па јас ќе ве известам за она што го работевте
еѓу луѓето има и такви кои зборуваат: - “Веруваме во Аллах" - а кога ќе им се случи незгода по патот на Аллах, мислат дека сплетката на луѓето е како казната на Аллах. А ако им дојде помош од Господарот твој, сигурно ќе речат: “Ние, навистина, бевме со вас!" - Нели е Аллах Оној кој добро го знае она што е во градите на луѓето
Оние кои не веруваат им зборуваат на оние кои веруваат: “Следете го патот наш, зашто ќе ги понесеме, навистина, гревовите ваши!" - Оние не можат да понесат ниеден грев свој; лашковци се, навистина
Вие ги обожававте киповите а не Аллаха, навистина! И лага создавате. Оние кои, секако, обожаваат друг бог, освен Аллах, не поседуваат “рск за вас. Та, од Аллах посакувајте "рск; обожавајте Го и бидете Му благодарни. Нему ќе Му се вратите
Одговорот на народот на Ибрахим беше: “Убијте го или фрлете го во оган!" Па, Аллах го избави од огнот. Ете, во тоа, навистина, има „знаменија за луѓето кои веруваат
Ибрахим рече: “Да, вие прифативте други божества, освен Аллах, заради наклоноста едникондруги. во животот на овој свет. Потоа, на Денот суден, не ќе признаваат еднисодруги, ќе се проколнуваат еднисодруги - а огнот е престојувалиштето "ваше. Не Ќе имате никакви поддржници
Ние му го подаривме Исхака и Јакуба, а на потомството негово и пратеништво и Книга му дадовме. И му ја дадовме наградата на овој свет, а на Ахирет тој ќе биде, навистина, меѓу добрите
На мажите ли ќе им пристапувате, и патиштата ли ќе ги пресечувате, и на состаноците ваши ли срамно дело ќе правите? Одговорот нивни беше само следното тврдење: “Дај ни ја казната Аллахова ако си меѓу искрените
И бидејќи гласниците Наши му дојдоа на Ибрахим со радосница, рекоа: “Да, ние ќе ги уништиме жителите на овој град. Жителите негови, секако, се зулумќарите
Ибрахим рече: “Да, во него живее Лут." Рекоа: “Ние најдобро знаеме кој живее во него. Ќе го спасиме него и семејството негово, но не и жената негова, зашто таа беше меѓу казнетите
И бидејќи гласниците Наши му дојдоа на Лут, почувствува неудобност; градите му се стеснаа. Рекоа: “Не плаши се и не тагувај! Тебе и семејството твое, навистина, ќе ве спасиме, но не и жената твоја која, всушност, е меѓу казнетите
Ад и Семуд, исто така! Да, ви беше јасно она што се случи со становите нивни. И Шејтанот им ги разубави делата НИВНИ и ги одврати од патот, а тоа јасно го гледаа
Да, Ние ги казнивме заради гревовите негови. На некои од нив Ние им испративме страшен глас, на некои од НИВ Им испративме глас силен, а некои ОД нив, пак, ги згмечивме во земјата, а некои, пак, ги потопивме. Но, Аллах никаков зулум не им направи, оние самите зулум си направија
Оние кои прифатија други заштитници, освен Аллах се слични на пајажина која си го плете домот. А најслабиот дом, навистина, е домот на пајажината. Е, само кога би знаеле
кажувај го од Книгата она што ти се вдахнува, и намаз извршувај. Намазот, навистина, те одвраќа од пакоста И Од срамното дело. Споменувањето на Аллах, секако, е најголема работа. Аллах го знае она што го правите
не расправајте со Следбениците на Книгата, освен на најдобар начин, а не и со оние меѓу нив кои зулум направија. И кажете: “Веруваме и во она што ни се објавува и во она што ви се објавува. И нашиот и вашиот Бог е еден Бог; ние сме само Нему Послушни
Ете, така Ние ти ја објавивме Книгата. Па, оние на кои Книга им дадовме веруваат во неа. И меѓу нив, исто така, има кои веруваат во неа. А за ајетите Наши расправаат само неверниците
Не се задоволуваат ли со тоа што Ние, секако, ти објавивме Книга која им се кажува? Ете, во тоа, навистина, има милост и опомена за луѓето кои веруваат
Кажи: “Аллах е доволен Сведок меѓу мене и меѓу вас. Го знае и она што е на небесата и она што е на Земјата. Оние кои во неисправното веруваат и кои не веруваат во Аллах, токму, се поразените
оние посакуваат од тебе што побрзо да им дојде казната. А да нема рок определен, казната, секако, ќе им дојдеше. Несреќата ќе им дојде, навистина, ненадејно, без и да усетат
А на оние кои веруваат и кои работат добри дела Ние ќе ги известиме дека во Џеннетот има одаи под кои реки течат, и во нив за навек ќе останат. Е, само колку е убава наградата за трудоњубивите
А кога, пак, би ги прашал: Кој ги создаде небесата и Земјата, и кој ги потчини Сонцето и Месечината, сигурно ќе речат: “ДАллак!" Па, тогаш каде кинисуваат
А кога, пак, би ги прашал: “Кој спушта вода од небесата, со која ја оживува земјата по мртвилото нејзино?“Сигурно ќе речат: “Аллах!"" Кажи:“Благодарение на Аллах“" Но, мноинсСтвОотО ОД НИВ не сфаќаат
Не гледаат ли дека Ние харемот го направивме безбеден? Околу него луѓето еднисодруги се крадат. Па, во невистината ли веруваат, а благодатот Аллахов не го признаваат
кој е поголем зулумќар од оној кој измислува лага врз Аллах, или кој ја смета лажна Вистината а веќе таа им дојде? Нели во Џехеннемот е престојувалиштето за неверниците