Фараонот, навистина, се воздигнуваше по земјата и жителите нејзини во дружини ги разединуваше, ослабнувајќи ги еднисодруги, колејќи ги синовите нивни и оставајќи ги вО Живот ќерките нивни. Тој, навистина, беше меѓу безредниците
И и вдахнавме на мајката на Муса: “Дој го! Па, кога ќе ти падне страв, фрли го во река, не стравувај и не тагувај! Ние, навистина, ќе ти го вратиме и ќе го одредиме за еден од пејгамберите
И жената на фараонот рече: “Радост за моето око и за твоето око! Не убивај го. Можеби ќе ни биде од корист или, пак, да си го посиниме." И ништо, токму, не усетуваа
И срцето на мајката на Муса веднаш стана празно; таа само што тоа не го развидели. И Ние да не го зајакневме срцето нејзино таа, секако, ќе беше меѓу неверничките
Па, го вративте кај мајка му за да се зарадува окото нејзино, да не тагува и да знае дека ветувањето Аллахово, навистина, е вистина, но, ете, МНОЗИНСТВОТО ОД Нив не знаат
И влезе во градот во време кога жителите негови не го запазија. Па, наиде на два човека кои се тепаа. Едниот беше од неговата пријателска а другиот од неговата неприја-. телска дружина. И го повика во помош оној од дружината негова против оној од дружнината непријателска. И Муса го Удри со рака и го усмрти, и рече: “Ова е дело шејтанско. Шејтанот, навистина, е непријател и скршнувач во заблуда отворена
тој, тогаш, се најде во градот, плашејќи се и очекувајќи нешто; и ете го оној кој вчерадента бараше помош од него, довикувајќи го. Муса му рече: “Ти си, навистина, во заблуда јасна
бидејќи посака да го зграби оној што им беше и на двајцата непријател, рече: “О Муса, посакуваш ли да ме убиеш како оној што го уби вчера? Посакуваш, знам, да бидеш силник на земјава а не посакуваш да бидеш "меѓу оние кои ред поставуваат
И бидејќи стигна до водата на Медјен, тука најде една дружина на луѓе кои го напојуваа добитокот и виде две девојки настрана кои ги држеа животните свои. И рече: “Каква тешкотија "имате вие двете?" Рекоа: “Нема да го напоиме добитокот додека не одат овчарите. А бабо ни е стар човек
И тогаш едната од нив му се приближи и, срамејќи се, рече: “Ге вика бабо за да те награди, бидејќи го напои добитокот наш. И кога дојде кај него и кога му ги кажа кажувањата, рече: “Не плаши се, се спаси од народот зулумќарски
Тој рече: “Сакам да те венчам со едната од двете ќерки мои. Треба да работиш кај мене осум години, па ако ги наполниш десет, а тоа од тебе зависи, а не сакаш да те присилам на тоа, ќе видиш дека сум, иншаллах, меѓу добрите
Муса рече: “Ете, тоа е меѓу мене и меѓу вас. И кој било рок да го исполнам, ништо нема да направам против мене. А за ова што го зборуваме Аллах е Закрилник
И бидејќи Муса се сложи за рокот, тргна со семејството свое, здогледа оган на едната страна од брдото Тур, и му рече на семејството свое: “Застанете, здогледав оган; можеби ќе ви дојдам од него со вест некаква или со зажарено дрво за да се стоплите
бидејќи се приближи до огнот, некој го повика ОД десната страна на долината, од крајот благословен, од стебло: “О Муса, Јас сум, навистина, Аллах, Господарот на световиоте
фрли го стапот твој. И бидејќи виде како лази како лукава змија, ги сврте плеќите и не се врати. -“О Муса, приближи се и не плаши се. Ти си, навистина, меѓу безбедните
Стави ја раката твоја во џебот твој: И, ете, ќе стане бела, без зло, и собери ги пазувите од страв. Ете, два доказа за фараонот и големците негови. Тие се, навистина, народ расипНИЧКИ
брат ми Харун појасно зборува... па, испрати го со мене да ми помогне, да го потврди она што јас го зборувам: се плашам, секако, да не ме сметаат за лашко
Аллах рече: “Ќе ја зајакнеме твојата рака со брат ти и на двајцата ќе ви дадеме власт, и не ќе можат да ви се приближат. Вие сте оние што ќе ве следат со знаменијата Наши - и победници сте
И фараонот рече: “О големци, не знам дека имате друг бог освен мене. Запали го огнот за глина, о Хамане, а потоа созидај. за мене една кула за да се вишнам кон богот на Муга, бидејќи мислам дека тој е меѓу лашковците
Но, поколенија многу Ние подигнавме и животот им го продолживме. И ти повеќе не беше присутен меѓу жителите на Медјен да им ги кажуваш ајетите Наши: ајети се она што го испраќаме
И не беше покрај Тур кога Ние го повикавме. Но, еве, милост од Господарот твој за да го опомениш народот на кој не му беше дојден опоменувач пред тебе за да се сеќаваат
да не речат - штом ќе ги снајде казната за она за Што го направија "рацете нивни “Господаре наш, зошто не ни испрати пејгамбери? Па, ќе ги следевме ајетите твои и ќе бевме меѓу верниците
бидејќи им дојде вистината од Нас, рекоа: “Зошто не му е дадено нешто слично на она што му е дадено на Муса? Оние не го порекнуваа она што му е дадено на Муса од порано." Рекоа: “Две волшебништва кои едносодруго се поддржуваат. “ Зборуваат: “Ние не веруваме во сето тоа
Па, ако не ти се озвијат, тогаш, знај дека, навистина, оние ги следат страстите свои. А кој повеќе скршнал во заблуда од оној кој ја следи страста своја, кој е без Патоказ од Аллах? А Аллах, навистина, не го упатува народот зулумќарски
зборуваат: “Ако го следиме со тебе Патоказот ќе бидеме истерани од земјава наша." - Нели ги населивме во земјата света, безбедна, од која никнат плодови од се, како “рск Наш? Но, мнозинството од Нив не знаат
колку градови Ние уништивме со растурен начин на живеење! Па, ете ги живеалиштата Нивни Во КОИ, По НИВ, живеат само малкумина. Ние, токму, ги наследивме
Господарот твој не ги уништува градовите додека на народите нивни не им испрати пејгамбер којшто ќе им ги кажува ајетите Наши. И Ние не ги уништивме градовите а жителите нивни да не беа зулумќари
Оној кому ветивме ветување убаво еднаков ли е на оној кому му дадовме да ужива во животот на овој свет? А овој на Денот суден ќе биде меѓу предводниците во Џехеннемот
Оние врз кои ќе се овистини зборот ќе речат:““Господаре наш, еве ги оние кои ги скршнавме: ги скршнавме токму онака како што не скршнаа. ОД нив се откажуваме пред Тебе. Не не обожаваа
Он е Аллах! Нема друг бог освен Него. Благодарноста е само Негова! И на овој свет и на Ахирет. Пресудата, исто така, е - само Негова. И Нему ќе Му се вратите
Кажи: “Не гледате ли дека ако Аллах реши денот да потрае до Денот суден - кој друг бог освен Аллах ќе ВИ ОВОЗМОЖИ да се одморите во ноќта? Не гледате ли
од секој народ Ние ќе извадиме по еден сведок, па ќе им речеме:“Донесете ги доказите ваши! Ќе знаат дека вистината е - Аллахова, и далеку ОД нив ќе се оддалечат оние што ги измислуваа
Карун, навистина, беше од народот на Муса а потоа, веднаш, им направи насилство. И Ние му дадовме ризници на богатство чии клучеви не може да ги подигне ни цврста дружина на луѓе. И кога му рече народот негов:““Не дуј се. Аллах, навистина, не ги њуби оние кои се дујат
посакувај го она што Аллах ќе ти го даде во Куќата ахиретска. Но, не заборавај го и уделот твој и на овој свет. И биди добар како што Аллах е добар кон тебе. И не посакувај безредие на земјава! Аллах, навистина, не ги њуби безредниците
Карун рече: “ Да, дадениот ми имот го стекнав со мое знаење.“ - Не знаеше ли дека Аллах, навистина, уништи пред него поколенија многу, кои беа појаки од него, и кои збирааи повеќе. А силниците не ќе бидат ни прашувани за гревовите свои
И излезе тој меѓу народот свој, со сиот украс свој. Оние, кои го посакуваа животот на овој свет, рекоа: “Е, кога би имале нешто слично на она што му е дадено на Карун! ОН, навистина, има среќа голема
Оние со даденото Им знаење, зборуваа: “Тешко вам! Наградата МАллахова е подобра, секако, за оној кој верува и кој работи добро." - Ќе ја постигнат само трпеливите
оние кои посакуваа вчерадента да бидат на местото негово, зборуваа: “Извесно е дека Аллах дава “рск кому сака од робовите Свои. ОН, исто така, определува. Да не одликуваше Аллах со тоа ќе бевме и ние згмечени во земјата. И сигурно е дека неверниците не ќе успеат
Кој ќе дојде со добро ќе има уште подобро од тоа, а кој ќе дојде со зло... па, не ќе бидат наградени оние кои работеа злодела. Ке им припадне само она што го работеа
Оној што ти го пропишува Кур?анот, навистина, ќе те врати. во местото на враќање. Кажи: “Господарот мој најдобро го знае оној кој оди по Патоказоти оној кој оди по беспаќето очиг-. ледно
По објавената ти Книга. сигурно е дека нема да те од-. вратат од ајетите Аллахови.. Повикувај го Господарот твој И. никако немој да бидеш меѓу многубошците