Back to Languages

Macedonian - Chapter 27 - An-Naml

Translation by Sheikh Hassan Gilo — Permalink

Verse 1 — Surah An-Naml 27:1

Та, син! Еве ајети на Кур"анот и Книгата јасна

Verse 2 — Surah An-Naml 27:2

Цатоказ и Радосница за верниците

Verse 3 — Surah An-Naml 27:3

кои намаз извршуваат и кои зекат даваат и кои се убедени во Ахирет

Verse 4 — Surah An-Naml 27:4

На оние кои не веруваат во Ахирет Ние им ги разубавуваме постапките нивни, па талкаат

Verse 5 — Surah An-Naml 27:5

оние на кои ќе им припадне казната болна и на Ахирет ќе бидат поразени

Verse 6 — Surah An-Naml 27:6

Ти, навистина, го примаш Куранот од Мудриот и ЗналецОТ

Verse 7 — Surah An-Naml 27:7

Кога Муса му рече на семејството свое: “Почувствував оган; ќе ви донесам од него вест или, пак, ќе ви донесам зажарено дрво за да се стоплите

Verse 8 — Surah An-Naml 27:8

И кога се приближи до огнот, повика: “Благословен нека е Оној кој е во огнот и оние околу него; славен нека е Аллах, Господарот на световите

Verse 9 — Surah An-Naml 27:9

О Муса, јас сум, навистина, Аллах, Силен и Мудар

Verse 10 — Surah An-Naml 27:10

И фрли го стапот твој!" И бидејќи го погледна, тој почна да лази како змија, се сврти со плеќите и не се врати повеќе. “О Муса, не плаши се! Пејгамберите од Мене, навистина, не се плашат

Verse 11 — Surah An-Naml 27:11

освен Оној кој зулум ќе направи, а потоа злото ќе го замени со добро дело: Јас сум, навистина, Простувач и Сомилосен

Verse 12 — Surah An-Naml 27:12

Стави ја раката твоја во џебот твој И ете - ќе ја извадиш бела, без да биде оштетена. Тоа е едно од деветте знаменија на фараонот и народот негов. Тие се, навистина, народ расипнички

Verse 13 — Surah An-Naml 27:13

бидејќи им дојдоа знаменијата Наши очигледно, рекоа: “Ова е волшебништво јасно

Verse 14 — Surah An-Naml 27:14

Ги пренебрегнуваа, а во себе ги признаваа, дувајќи сеи силејќи се. Па, погледни каква беше казната за безредниците

Verse 15 — Surah An-Naml 27:15

на Муса и на Сулејман Ние, навистина, им дадовме знаење, и двајцата рекоа: “Благодарение на Аллах кој не одликува над многуте робови верници Свои

Verse 16 — Surah An-Naml 27:16

И Давуда го наследи Сулејман, и рече: “О луѓе, поучени сме во јазикот на птиците, И дадено ни е од се по нешто. Ова, навистина, е благодат јасен

Verse 17 — Surah An-Naml 27:17

се собра кај Сулејман восјката негова: составена ОД џинови, луѓе и птици. Сите поредени

Verse 18 — Surah An-Naml 27:18

кога стигнаа до долината на мравките, една мравка рече: “О мравки, влезете во живеалиштата ваши бидејќи ќе ве прегазат Сулејман и војската негова, незнаејќи

Verse 19 — Surah An-Naml 27:19

Па се насмевна со зборовите негови, гласно, велејќи: “Господаре мој, пробуди ја желбата моја за да бидам благодарен на благодатот Твој со кој ме благослови, мене и родителите мои, и да работам добри дела со кои ќе бидеш Ти задоволен. И со милоста Твоја воведи ме меѓу робовите Твои добри

Verse 20 — Surah An-Naml 27:20

тој отиде да изврши смотра врз птиците, и рече: “Што е со пупавецот? Не го гледам или е, пак, меѓу изгубените

Verse 21 — Surah An-Naml 27:21

Па, не ми ни донесе Јасен доказ; ќе го казнам со казна жестока или, пак, сигурно ќе го заколам

Verse 22 — Surah An-Naml 27:22

не остана долго време. Рече: “Го знам она што ти не го знаеш; ти доаѓаш од Сабе со вест сигурна

Verse 23 — Surah An-Naml 27:23

Тамо видов една жена која владее со нив ии е дадено од се по нешто, и има престол голем

Verse 24 — Surah An-Naml 27:24

а видов неа и народот нејзин како паѓаат на сеџде на Сонцето, а не на Аллах и Шејтанот им ги разубавува делата нивни и ете, така, ги одвраќа од патот и - неупатените се

Verse 25 — Surah An-Naml 27:25

Не паѓаат ли на сеџде на Аллах кој го вади она што е скриено на небесата и на Земјата, и кој го знае и она што го криете и она што го обелоденувате

Verse 26 — Surah An-Naml 27:26

Аллах! Нема друг бог освен Него! Господар на Аршот голем

Verse 27 — Surah An-Naml 27:27

Сулејман рече: “Ке видиме дали вистина зборуваш или лажеш

Verse 28 — Surah An-Naml 27:28

Оди со ова писмо мое: па, фрли го и оддалечи се од НИВИ погледни што ќе одговорат

Verse 29 — Surah An-Naml 27:29

Таа рече:““О големци, фрлено МИ е едно писмо благородно, навистина

Verse 30 — Surah An-Naml 27:30

Тоа, секако, е од Сулејман: “Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен

Verse 31 — Surah An-Naml 27:31

Не правете се поголеми од мене и дојдете ми послушни

Verse 32 — Surah An-Naml 27:32

Таа рече: “О големци, одговорете ми за оваа наредба до мене; не можам да решам се додека не сте присутни

Verse 33 — Surah An-Naml 27:33

Рекоа: “И јаки сме и силни сме, но ти наредуваш. Погледни, тогаш, што ќе наредиш

Verse 34 — Surah An-Naml 27:34

Рече: “Да, кога владарите ќе мнвлезат во еден град ќе направат метеж, и моќните жители негови ќе ги потчинат. Тие, ете, така прават

Verse 35 — Surah An-Naml 27:35

е им испратам, секако, еден подарок и ќе видам со Што се враќаат испратените

Verse 36 — Surah An-Naml 27:36

И бидејќи пратеникот дојде кај Сулејман, овој рече: “Да ме поткупите ли со богатство? Па, она што ми го даде Аллах е подобро од она што вам Ви го даде. Но, вие се радувате на подарокот ваш

Verse 37 — Surah An-Naml 27:37

Врати се кај нив! Па, ќе им дојдеме, тогаш, со војска на која не ќе можат да и се справат и од Сабе, сигурно, ќе ги истераме потчинети и наведнати

Verse 38 — Surah An-Naml 27:38

Сулејман рече: “О големци, кој меѓу вас ќе ми дојде со престолот нејзин пред да ми дојдат потчинети

Verse 39 — Surah An-Naml 27:39

Еден ифрит од џиновите, рече: “Јас ќе ти го донесам пред да се исправиш од местото твое. Јас сум за тоа, навистина, силен и доверлив

Verse 40 — Surah An-Naml 27:40

А оној кај него што беше се стекнал со знаење од Книгата, рече: “Јас ќе ти го донесам пред да трепнеш со окото." И бидејќи го виде како е упорен, рече: “Ова е една од добрините на Господарот мој за да „ме испроба: ќе бидам ли благодарен или нема да бидам благодарен. А оној кој е благодарен, за себеси е благодарен, а оној кој не е благодарен... па, Господарот твој, навистина, е Богат и Благороден

Verse 41 — Surah An-Naml 27:41

И рече: “Изменете го изгледот на престолот нејзин, па ќе видиме дали е упатена или, пак, е од оние кои не упатуваат

Verse 42 — Surah An-Naml 27:42

бидејќи дојде И беше речено:“Ова ли е престолот твој?" Таа рече: “Па, изгледа дека е тој. А знаење ни е дадено и пред него; и ние сме Послушни

Verse 43 — Surah An-Naml 27:43

Ја оддалечија оние кои таа ги обожаваше освен Аллах. Таа беше, навистина, меѓу народот невернички

Verse 44 — Surah An-Naml 27:44

И беше речено: “Влезете во дворецот!" И штом таа го здогледа веднаш помисли дека е вода длабока, и ја подигна доламата нејзина за да не се намокри. Сулејман рече: “Не, ова е дворец поплочен со стакленки!" Таа рече: “Тосподаре мој, јас, навистина, за себеси зло си направив; послушна сум, заедно со Сулејман, на Аллах, Господарот на световите

Verse 45 — Surah An-Naml 27:45

Ние секако го испративме до Семуд братот нивни Салих: “Обожавајте го Аллаха!" - И тие, токму, се поделија во две дружини, еднанадруга спротиставени

Verse 46 — Surah An-Naml 27:46

Салих рече:“ О народе мој, зошто брзате да ви дојде злото пред доброто? Зошто не барате прошка од Аллах? Па, можеби, ќе ви се смилува

Verse 47 — Surah An-Naml 27:47

Рекоа: “Тебе и оние со тебе ве гледаме како лоша птица, предзнак." Салих рече: “Лошата птица ваша, предзнакот, е кај Аллах. Вие сте народ кој се проба

Verse 48 — Surah An-Naml 27:48

Во градот имаше девет луѓе кои правеа безредие на Земјава и не воспоставуваа ред

Verse 49 — Surah An-Naml 27:49

Рекоа, колнејќи се Во Аллах: “Ке го убиеме ноќе, него и семејството негово, сигурно! А потоа на најближниот по сродство ќе му речеме: “Не сме сведоци при убиството на семејството негово; ние, сигурно вистина зборуваме

Verse 50 — Surah An-Naml 27:50

И правеа сплетки а и Ние правевме сплетки, но тоа не го усетуваат

Verse 51 — Surah An-Naml 27:51

Па, погледни каква беше казната заради сплетките нивни; Ние ги уништивме, навистина, сите нив

Verse 52 — Surah An-Naml 27:52

Ете, тоа се куќите нивни опустошени заради зулумот што го направија. Во тоа има, навистина, знамение за луѓето кои знаат

Verse 53 — Surah An-Naml 27:53

Ние ги избавивме оние кои веруваа и кои беа богобојазливи

Verse 54 — Surah An-Naml 27:54

кога Лут му рече на народот свој: “Ке запаѓате ли во срамно дело, а тоа сами го гледате

Verse 55 — Surah An-Naml 27:55

Зарем вие ќе им приоѓате на мажите страствено а не на жените. Па, вие сте луѓе кои не знаете

Verse 56 — Surah An-Naml 27:56

А народот негов само му одговори: “Истерајте го семејството Лутово од градот ваш. Да, тоа се луѓе кои се чистат

Verse 57 — Surah An-Naml 27:57

И тогаш Ние ги избавивме Него и семејството негово, освен жена му за која одредивме да биде од останатите

Verse 58 — Surah An-Naml 27:58

И Ние врз нив спуштивме ДОЖД голем. Е, само колку беше лош тој дожд за опоменатите

Verse 59 — Surah An-Naml 27:59

Кажи:“Благодарение на Аллах и селам на робовите Негови кои Он ги избра." Кој е подобар: Аллах или оние кои Му ги здружуваат

Verse 60 — Surah An-Naml 27:60

Аллах, кој ги создаде небесата и Земјата и кој ви спушти вода од небото, па со неа правиме да “ртат бавчи прекрасни во кои вие не можете да одредите да растат стеблата нивни. Има ли друг бог покрај Аллах? Не, тоа е народ кој претерува

Verse 61 — Surah An-Naml 27:61

Оној кој ја одреди земјата за утврда и кој, низ пробивите нејзини, определи да течат реки, и кој, за неа, определи планини и, меѓу две мориња, ограда. Има ли друг бог освен Аллах? Но, МНОЗИНСТВОТО ОД НИВ не знаат

Verse 62 — Surah An-Naml 27:62

Оној кој ќе му се озвие на притиснатиот кога овој Ќе го повика, кој открива зло и кој ве прави да бидете халифи на земјава? Има ли друг бог освен Аллах? Малкумина се оние кои се сеќаваат

Verse 63 — Surah An-Naml 27:63

Оној кој ве упатува Низ темнините на копно и по море, И кој ви ги испраќа ветровите како радосница, од милоста Своја.. има ли друг бог освен Аллах? Аллах е високо над она што Му го здружуваат

Verse 64 — Surah An-Naml 27:64

Оној кој го започнува создавањето и кој го возобновува, и Оној кој ве снабдува и од небо и од земја... има ли друг бог освен Аллах? Кажи: “Донесете ваш доказ ако сте искрени

Verse 65 — Surah An-Naml 27:65

Кажи: “Тајната што е на небесата и на Земјата ја знае само Аллах. И не знаат кога ќе бидат оживеани

Verse 66 — Surah An-Naml 27:66

Но, не! Знаењето нивно за Ахирет е никакво; оние се сомневаат во него; слепи се во однос на него

Verse 67 — Surah An-Naml 27:67

неверниците зборуваат: “Кога ќе станеме земја ќе бидеме ли ние и предците наши оживеани, навистина

Verse 68 — Surah An-Naml 27:68

Да, со ова нам ни се заканува како што им се закануваше и на предците наши порано: “Ова се само прикаски одамнешни

Verse 69 — Surah An-Naml 27:69

Кажи: “Патувајте по земјата! Па, погледнете каква беше казната за силниците

Verse 70 — Surah An-Naml 27:70

И не жалости се заради нив и нека не ти се стеснува во градите заради сплеткарењето НИВНО

Verse 71 — Surah An-Naml 27:71

зборуваат: “Кога ќе се оствари ветувањето ако сте искрени

Verse 72 — Surah An-Naml 27:72

Кажи: “Можеби дел од она за што го забрзувате ќе ви дојде по стапалките ваши

Verse 73 — Surah An-Naml 27:73

Господарот твој, навистина, е Поседник на добрината за луЃето, НО МНОЗИНСТВОТО ОД НИВ не се заблагодаруваат

Verse 74 — Surah An-Naml 27:74

Господарот твој, секако, го знае и она што го кријат градите НИВНИ и она што го обелоденуваат

Verse 75 — Surah An-Naml 27:75

И никаква тајна нема ни на небесата ни на Земјата, а да не е внесена во Книгата јасна

Verse 76 — Surah An-Naml 27:76

Овој Кур"ан, навистина, им кажува на синовите Израилови за она за што тие, токму, станаа деленици

Verse 77 — Surah An-Naml 27:77

И Кур"анот, секако, е Патоказ и Милост за верниците

Verse 78 — Surah An-Naml 27:78

Да, Господарот твој пресудува меѓу нив со судот Свој. Он е Силен и Зналец

Verse 79 — Surah An-Naml 27:79

Па, потпри се врз Аллах! Ти си, навистина, врз вистината јасна

Verse 80 — Surah An-Naml 27:80

Да, ти не можеш да бидеш сигурен во она што го слушаат умрените а ниту, пак, можеш да ги слушнеш молбите на немите кога ќе се свртат со плеќите

Verse 81 — Surah An-Naml 27:81

Не можеш, исто така, И слепите да ги упатиш Од скршнувањата нивни. Ги слушаш само оние кои веруваат во знаменијата Наши, оние, Послушните

Verse 82 — Surah An-Naml 27:82

кога говорот ќе се случи над нив Ние ќе ти извадиме од земјата животно кое ќе зборува дека луѓето, навистина, не беа уверени во знаменијата Наши

Verse 83 — Surah An-Naml 27:83

Денот во кој Ние ќе збереме од секој народ дружина меѓу оние кои ги сметаа за лажни знаменијата Наши... па, ќе бидат победени

Verse 84 — Surah An-Naml 27:84

мштом таму ќе дојдат, Аллах ќе рече: “Ги сметавте ли за лажни знаменијата Мои без да ги согледате со знаење? Или: Што работевте

Verse 85 — Surah An-Naml 27:85

заради зулумот нивни ќе се случи врз нив Говорот; не ќе можат ни да прозборат

Verse 86 — Surah An-Naml 27:86

Не гледаат ли дека Ние, навистина, ја определивме ноќта за да се одморат во неа, а Денот очигледен? Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои веруваат

Verse 87 — Surah An-Naml 27:87

И Денот во кој ќе се дувне во Сурлата... Па, ќе се испреплашат и оние на небесата и оние на Земјата, освен оние кои Аллах сака. И сите ќе му дојадт, ПОНИЗНИ

Verse 88 — Surah An-Naml 27:88

ги гледаш планините, мислејќи дека се неподвижни. Тие се креваат како што се креваат и облаците. Создавањето е - од Аллах, кој ја усовршува секоја работа. Он, навистина, е Известен за она што го работите

Verse 89 — Surah An-Naml 27:89

Оној кој ќе дојде со добро ќе има нешто уште подобро. Онаквите на Денот тој ќе бидат поштедени од стравот

Verse 90 — Surah An-Naml 27:90

А оние кои ќе дојдат со зло... па, со лицата свои ќе бидат фрлеви во огнот: “Се казнувате за она што го работевте

Verse 91 — Surah An-Naml 27:91

Наредено ми е, навистина, да го обожавам Господарот на овој град кој Он го посвети. И се што е - Негово е! Да, наредено ми е да бидам меѓу Послушните

Verse 92 — Surah An-Naml 27:92

и да го кажувам Куранот. Па, оној кој по патот е упатен, е упатен, секако, за себеси, а оној кој во заблуда скршнал.. па, кажи: “Еден сум, навистина, од опоменувачите

Verse 93 — Surah An-Naml 27:93

И кажи: “Благодарение на Аллак! Он ќе ви ги покаже знаменијата Свои..па, ќе ги препознаете. И Господарот твој не е рамнодушен кон она што го работите