И фрли го стапот твој!" И бидејќи го погледна, тој почна да лази како змија, се сврти со плеќите и не се врати повеќе. “О Муса, не плаши се! Пејгамберите од Мене, навистина, не се плашат
Стави ја раката твоја во џебот твој И ете - ќе ја извадиш бела, без да биде оштетена. Тоа е едно од деветте знаменија на фараонот и народот негов. Тие се, навистина, народ расипнички
кога стигнаа до долината на мравките, една мравка рече: “О мравки, влезете во живеалиштата ваши бидејќи ќе ве прегазат Сулејман и војската негова, незнаејќи
Па се насмевна со зборовите негови, гласно, велејќи: “Господаре мој, пробуди ја желбата моја за да бидам благодарен на благодатот Твој со кој ме благослови, мене и родителите мои, и да работам добри дела со кои ќе бидеш Ти задоволен. И со милоста Твоја воведи ме меѓу робовите Твои добри
а видов неа и народот нејзин како паѓаат на сеџде на Сонцето, а не на Аллах и Шејтанот им ги разубавува делата нивни и ете, така, ги одвраќа од патот и - неупатените се
И бидејќи пратеникот дојде кај Сулејман, овој рече: “Да ме поткупите ли со богатство? Па, она што ми го даде Аллах е подобро од она што вам Ви го даде. Но, вие се радувате на подарокот ваш
А оној кај него што беше се стекнал со знаење од Книгата, рече: “Јас ќе ти го донесам пред да трепнеш со окото." И бидејќи го виде како е упорен, рече: “Ова е една од добрините на Господарот мој за да „ме испроба: ќе бидам ли благодарен или нема да бидам благодарен. А оној кој е благодарен, за себеси е благодарен, а оној кој не е благодарен... па, Господарот твој, навистина, е Богат и Благороден
И беше речено: “Влезете во дворецот!" И штом таа го здогледа веднаш помисли дека е вода длабока, и ја подигна доламата нејзина за да не се намокри. Сулејман рече: “Не, ова е дворец поплочен со стакленки!" Таа рече: “Тосподаре мој, јас, навистина, за себеси зло си направив; послушна сум, заедно со Сулејман, на Аллах, Господарот на световите
Рекоа, колнејќи се Во Аллах: “Ке го убиеме ноќе, него и семејството негово, сигурно! А потоа на најближниот по сродство ќе му речеме: “Не сме сведоци при убиството на семејството негово; ние, сигурно вистина зборуваме
Аллах, кој ги создаде небесата и Земјата и кој ви спушти вода од небото, па со неа правиме да “ртат бавчи прекрасни во кои вие не можете да одредите да растат стеблата нивни. Има ли друг бог покрај Аллах? Не, тоа е народ кој претерува
Оној кој ја одреди земјата за утврда и кој, низ пробивите нејзини, определи да течат реки, и кој, за неа, определи планини и, меѓу две мориња, ограда. Има ли друг бог освен Аллах? Но, МНОЗИНСТВОТО ОД НИВ не знаат
Оној кој ќе му се озвие на притиснатиот кога овој Ќе го повика, кој открива зло и кој ве прави да бидете халифи на земјава? Има ли друг бог освен Аллах? Малкумина се оние кои се сеќаваат
Оној кој ве упатува Низ темнините на копно и по море, И кој ви ги испраќа ветровите како радосница, од милоста Своја.. има ли друг бог освен Аллах? Аллах е високо над она што Му го здружуваат
Оној кој го започнува создавањето и кој го возобновува, и Оној кој ве снабдува и од небо и од земја... има ли друг бог освен Аллах? Кажи: “Донесете ваш доказ ако сте искрени
Не гледаат ли дека Ние, навистина, ја определивме ноќта за да се одморат во неа, а Денот очигледен? Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои веруваат
И Денот во кој ќе се дувне во Сурлата... Па, ќе се испреплашат и оние на небесата и оние на Земјата, освен оние кои Аллах сака. И сите ќе му дојадт, ПОНИЗНИ
ги гледаш планините, мислејќи дека се неподвижни. Тие се креваат како што се креваат и облаците. Создавањето е - од Аллах, кој ја усовршува секоја работа. Он, навистина, е Известен за она што го работите
и да го кажувам Куранот. Па, оној кој по патот е упатен, е упатен, секако, за себеси, а оној кој во заблуда скршнал.. па, кажи: “Еден сум, навистина, од опоменувачите