Или зборуваат: “Тој го измислува.. Но, не! Тоа е вистина од Господарот твој за да го опомениш народот кому не му е дадена опомена, пред тебе, за да се упатат
Аллах е Оној кој ги создаде и Земјата и небесата и она што е меѓу нив за шест дена, а потоа се утврди на Аршот. Вие, освен Него, немате ни поддржник ни посредник. Па, нема ли да се присетите
И Он управува со се она што е меѓу небесата и Земјата, а потоа, во Денот определен, кон Него ќе се извиши: на Денот кој трае илјада години, според она како што вие броите
кога би ги видел силниците наведнати со главите нивни пред Господарот свој: “Господаре наш, и видовме и слушнавме, врати не повторно назад; ќе работиме добро. Ние сме, секако, уверени
Е, кога би сакале на секоја душа би и го дале упатството нејзино, но зборот вистински е Мој. Џехеннемот, секако, ќе го исполнам и со џинови и со луѓе, заедно
Па, вкусете го Џехеннемот, зашто заборавивте на средбата на овој Ден ваш. И Ние заборавивме на вас, и вкусете ја казната на вечноста за она што, токму, го работевте
А што се однесува, пак, до расипаните...та, огнот е престојувалиштето нивно. Секојпат кога ќе посакаат да излезат од него ќе бидат вратени во него, И ќе им се вели: “Искусете ја казната огнена за која сметавте дека е лажна
кој е поголем зулумќар од оној кој, кога ќе му се споменат знаменијата на Господарот негов - а тој, ете, е рамнодушен. кон нив? Ќе ги казниме, секако, силнипите
Не гледаат ли како Ние ја тераме водата кон сувата земјаи. како со неа вадиме растение со. кое се хранат и добитокот нивни. и тие самите. Не гледаат ли