Аллах на ниеден човек не му даде две срца во градите негови. И не ви ги одреди жените ваши од кои со зихар се разделувате да бидат мајки ваши, а ниту, пак, посинетите, да бидат синови ваши. Тоа се само зборови со устите ваши. Аллах ја зборува вистината и Он упатува по патот вистински
Викајте ги по бабовците нивни; тоа е поисправно кај Аллах. Но, ако вие Не ги познавате бабовците нивни... па, тоа се браќа ваши по вера и заштитници ваши. А ако во тоа, пак, некако згрешите, немате грев. Но, грев е она што го намераваат срцата ваши. Аллах е Простувач и Сомилосен
Пејгамберот, за верниците, е поблиску од нив самите; а жените негови се мајки нивни. А сродниците, според Книгата Аллахова, се поблиску еднисодруги и од верниците и од мухаџирите, освен ако не им направите некакво добро на заштитниците ваши што, секако, е наведено во Книгата
И кога Ние го прифативме договорот од пејгамберите нивНИ, И од тебе, и од Нух, и од Ибрахим, и од Муса, и од Иса, синот на МВерјем..од нив прифативме договор цврст
О мверници, сетете се на благодатот Аллахов кон вас: кога ви дојдоа војски, па против нив испративме ветар и војски кои не ги видовте. Аллах го гледа она што го работите
И кога една дружина од нив рече: “О жители на Јасриб, тука немате опстанок. Вратете се!" И една заедница меѓу нив побара одобрение од пејгамберот, зборувајќи: “Домовите наши се незаштитени" - а не беа незаштитени. Посакаа само да се дадат во бегство
Кажи:“Кој е тој кој ќе ве сочува од Аллах? Ако Он посака да ви нанесе зло ИЛИ ако ОН посака да ви подари милост." Оние, освен Аллах, немаат ни заштитник ни поддржник
шкржави во помошта кон вас. А кога ќе настапи стравот ги гледаш како гледаат во тебе, играјќи со очите свои како да се во пресрет на смртта. А кога стравот ќе помине ве вознемируваат со јазиците остри, шкржави да направат некакво добро. Таквите не веруваат па, Аллах, ќе ги упропасти делата НИВНИ. Тоа за Аллах, секако, е лесно
Сметаат дека сојузниците не отидоа. Или ако сојузниците се вратат оние би сакале повеќе | да бидат со бедуините в пустина, и да се распрашуваат за вестите за вас. А да беа, пак, меѓу вас, само малкумина ќе се бореа
бидејќи верниците ги здогледаа сојузниците, рекоа: “Ова е она што ни го ветија и Аллах и пејгамберот Негов." И Аллах и пејгамберот Негов вистината ја зборуваа; и иманот и послушноста само им се зголемуваа
Меѓу верниците има луѓе кои го исполнија ветувањето што му го дадоа на Аллах. Едни ОД Нив го положија животот, а други, пак, тоа го очекуваат; не направија никаква промена, во НИШТО
а Он да ги награди искрените, заради искреноста нивна, и за да ги казни лицемерните. Ако, пак, посака, ОН ќе им прости. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен
Он ги изведе Следбениците на Книгата од тврдините НИВНИ кои ги помагаа и им влеа страв во срцата нивни: една дружина од нив Ја отепавте а една, пак, ја заробивте
пејгамберу, кажи им на жените твои: “Ако го сакате животот на овој свет и украсот негов..па, дојдете, ќе Ви го дадам доброто и ќе се разведам на добар начин
А на таа од вас, која е оддадена на Аллах и на пејгамберот Негов, и која работи добро дело, Ние ќе И ја дадеме наградата нејзина во два наврата, и ќе и подготвиме "рск | благороден
О жени пејгамберови, вие не сте како другите жени. Ако сте богобојазливи... па, немојте да го дигате гласот зашто, тогаш, може да се предизвика желбата на оној во чие срце има болештина, и зборувајте убави зборови
останете во домовите ваши; и не покажувајте ја убавината онака како што се покажуваше убавината во џахилиетот одамнешен. И намаз извршувајте и зекат давајте, и на Аллах и на пејгамберот Негов бидете послушни. Аллах, навитина, посакува да го отстрани срамното дело од вас,о Ехлул Бејт, за да ве очисти, потПОЛНО
И за послушните мажи и за послушните жени, и за верниците и за мпверничките, и за потчинетите мажи и за потчинетите жени, и за искрените мажи и за искрените жени, и за трпеливите мажи и за трпеливите жени, и за понизните мажи и за понизните жени, и за мажите кои даваат милосрдие и за жените кои даваат милосрдие, и за мажите кои постат и за жените кои постат, и за мажите кои ги чуваат срамните места и за жените кои ги чуваат срамните места, и за мажите кои го споменуваат Аллаха многу, и за жените кои го споменуваат Аллаха многу... за сите нив Аллах подготви и прошка и награда голема, навистина
Не е на верникот и на верничката, кога Аллах Ќе одреди нешто а и пејгамберот Негов, да донесат избор за работите нивни. А оној кој е непослушен и кон Аллахи кон пејгамберот Негов... тој веќе скршнал во заблуда очигледна
И кога му рече на оној кого Аллах го благослови и кого ти го благослови: “Задржи ја за себе жената твоја, И плаши се од Аллах; во душата твоја го криеш она што ќе го обелодени Аллах, и од луѓето се плашиш. А Аллах има право повеќе да се плашиш од Него. И бидејќи Зејд реши да се разведе од неа, Ние те оженивме со неа за да нема тешкотија за верниците при женењето со жените на посинетите кога овие ќе решат да се разведат од нив. Наредбата Аллахова, секако, е делотворна
И за пејгамберот не е тешко да го работи она што Аллах му го наредува: таква беше одредбата Аллахова и кон оние порано; а наредбата Аллахова, секако, е премногу моќна
за оние кои ги доставуваат посланијата Аллахови и Кои од Него стравуваат, и кои од никого, освен од Аллах, не стравуваа... а Аллах е Доволен за полагање сметка
верници, кога ќе ги венчате верничките со кои, пред да ги допрете, ќе се разделите, тие немаат обврска да го чекаат рокот определен, чии денови, токму, ги броите. Па, дајте им подарок венчани и убаво разделете се
пејгамберу, Ние, навистина, ти ги дозволивме жените твои на кои им ги даде венчаните подароци, и оние кои се во посед твој, кои Аллах ти ги даде со пленот, и ќерките на миџовците твои, и ќерките на халите твои, и ќерките на дајџовците твои, и ќерките на тезите твои кои се иселија со тебе; и жената нверничка ако самата ќе му се подари на пејгамберот, а тој ќе посака да ја венча: ова се однесува само на тебе, а не и на верниците останати. Ние го знаеме, секако, она со што ги задолживме во врска со жените нивни, и со оние кои се во посед НИВНИ за да немаш никаква тешкотија. Аллах е Простувач и Сомилосен
Некои од нив со посак Твој ги оддалечуваш, а некои, пак, со посак Твој ги повикуваш. А ако ја посакаш некоја меѓу оние кои ги оддалечи немаш грев. Ете, тоа е најлесно со радост да се исполнат очите нивни, И да не тагуваат, и да се задоволат со она што им го даде. Аллах го знае она што е во срцата ваши. Аллах е Зналец и Благ
По ова не ти се дозволени жени, ниту тоа нив да ги заменуваш со други жени, паи покрај тоа што те вчудоневидува убавината нивна, освен оние кои се во посед Твој. Аллах, навистина, бдее врз секоја работа
верници, не влегувајте во собите на пејгамберот, освен ако ви се дозволи заради храна. Но, не да чекате додека се зготви. Па, кога ќе бидете повикани, мнвлезете! И кога ќе јадете, растурете се, без да се впуштате во разговор. Тоа, секако, го вознемирува пејгамберот, а тој се срами вам да ви рече, а Аллах, пак, не се срами од вистината! А кога ќе барате од жените нешто, барајте од НИВ, тогаш, зад завеса. Тоа е почисто и за срцата ваши и за срцата нивни. Не ви е дозволено да го мпвознемирувате пејгамберот, а ниту пак, по него, да ги венчавате жените негови. Ете, тоа кај Аллах од вас, навистина, не е мала работа
За нив нема грев да бидат откриени што се однесува до бабовците нивни, и синовите НИВНИ, и браќата нивни, И синовите од браќата нивни, и синовите од сестрите нивни, И жените НИВНИ И оние кои се во посед нивни. И плашете се од Аллах. Аллах, навистина, е Сведок за се
пејгамберу, кажи им на жените твои и ќерките твои,И на жените од верниците да ги спуштат облеките. НКЕте, тоа е најлесно да се препознаат и да не се вознемируваат. А Аллах е Простувач и Сомилосен
Ако дволичните, и оние во чии срца има болештина, и оние кои низ Медина лаги шират не престанат... сигурно Ние ќе ти ја дадеме власта врз нив, и само за кратко време ќе останат соседи ТВОИ
Он ќе ви ги поправи делата ваши и Он ќе ви ги прости гревовите ваши. А оној које послушен и на Аллах ина пејгамберот Негов... тој ќе однесе, секако, победа голема
Ние, навистина, го изнесовме аманетот и пред небесата и пред Земјата, и пред планините... и одбија да го понесат, плашејќи се од него, но ете, го понесе човекот. Човекот, навистина, е зулумќар и незнајко
За Аллах да ги казни мажите ДВОЛИЧНИ И жените двоЛиЧНИ, И многубошците и многубошките, и Аллах да им прости на верниците и на верничките. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен