н го знае и она Што влегува во земјата И она Што излегува од земјата, И она што се спушта од небо и она што се извишува кон небо. Он е Сомилосен и Простувач
Неверниците зборуваат: “Нема да ни дојде Часот!" Кажи: “Да, се колнам во Господарот мој, дека ќе ви дојде, сигурно!" ОН е Зналец на тајната. Ни на небесата ни на Земјата ништо, ни колку голушка, не може да Му се скрие; ни помало од тоа ни поголемо од тоа, а да не е во Книгата јасна
Оние со даденото им знаење гледаат дека она што ти се објавува од Господарот твој е вистина и дека упатува кон патот на Силниот и за благодарност Достојниот
Фрла ли тој лага врз Аллах? Или, пак, тоа го прават џиновите во него? Да, оние кои не веруваат во Ахирет се во мака и низ скршнување во заблуда далечна
Не го гледаат ли она што е над нив и она што е зад НИВ, ОД небо и од земја? Кога би сакале би ги закопале во земја или би спуштиле врз нив парчиња од небо. Ете, во тоа, навистина, има знамение за секој роб послушен
на Сулејман Ние ветрот му го потчинивме: само за едно утро дуваше колку за еден месец, и само за една вечер дуваше колку за еден месец. И за него Ние одредивме од изворот бакар да тече, И со одобрението на Господарот Негов, ОД џиновите да работаат за него. А оној од нив кој скршнуваше од наредбата Наша Ние ќе одредиме да ја вкуси казната огнена
Оние за него го работеа она што. тој го посакуваше: и храмови, и споменици, и садови како чамци И КОТЛИ неподвижни. - “Работете, о семејство Давудово, за да бидете благодарни." Малкумина од робовите Мои се благодарни
И бидејќи решивме да умре, никој немаше кој да ги извести за смртта негова, освен едно животинче кое лази по земјата и кое го стопи стапот негов. И бидејќи тој падна, на џиновите им стана јасно дека, доколку би ја знаеле тајната, не би ја вкусиле казната срамна
Имаше доказ, секако, Во Себе, во живеалиштата нивни: бавчи и од левата И од десната страна. - “Јадете од “рскот на Господарот ваш и бидете Му благодарни. Е, колку добар предел и Господар Простувач
Па, се спротиставија. И Ние им испративме поплава од преградата која попушти, и бавчите нивни ги заменивме со две други бавчи, со плодови горчливи, со грмушки и со неколку срдовици
Меѓу нив и градовите кои Ние ги благословивме одредивме градови приметливи, а меѓу нив одредивме, исто така, растојание. И патувајте низ нив и ноќе и дење, безбедни
Па, рекоа: “Господаре наш, повлечи растојание меѓу патувањата наши! “ Самите себеси зулум си направија: ги оставивме само во кажувањата и во целост ги расцепивме. Ете,во тоа, навистина, има знаменија за секој кој е трпелив и благодарен
Кажи: “Повикајте ги оние кои, освен Аллах, ги замислувате. Не поседуваат ништо, ни. колку една голушка ситно, ни на. небесата ни на Земјата: во нив. оние не соучествуваат ништоа ниту, пак, ОН од нив очекува. помош некаква
Кај Него не користи пос редувањето, освен за оној за кого Он ќе одобри. И кога од срцата нивни ќе го снема стравот ќе речат: “Што рече Господарот ваш?" Ќе речат: “Вистина!": Он е Вишен и Голем
Неверниците зборуваат: “Никојпат не ќе веруваме во овој Куран ниту во она што му претходеше!" - А кога би видел, кога зулумќарите ќе стојат пред Господарот свој, како еднинадруги ќе разговараат, угнетените ќе им речат на угнетувачите: “Да не бевте вие ќе верувавме, сигурно
Угнетените ќе им речат на угнетувачите: “Не, сплеткаревте и дење и ноќе кога ни наредувавте да не веруваме во Аллах и богови Нему да му припишуваме. И бидејќи ќе ја здогледаат казната, ќе ја скријат тагата. А на вратовите на неверниците синџири ќе им ставиме. Ке бидат казнети само за она што го работеа
Ни имотите ваши, ни децата ваши не се она што ќе ве донесе во близината Наша, освен оние кои веруваат и кои добри дела работат. Наградата нивна ќе биде удвоена, токму, заради она што го работеа. И оние ќе бидат во одаите, безбедни
Кажи: “Господарот мој, навистина, дава “рск кому ОН сака од робовите Свои; Он му одредува. И се она што ќе го поделите Аллах, секако, ќе го надополни. Он меѓу снабдувачите е Најдобриот
Па, денес не ќе можете ни да користите ни да наштетите еднинадруги, а на оние кои правеа зулум ќе им речеме: “Вкусете Ја казната огнена што ја сметавте за лажна
кога им се кажуваат ајетите Наши јасни, зборуваат: “Ова е само човек кој посакува да ве одврати од она што го обожаваа предците ваши" - и зборуваат - “ова е само измислена клевета." А оние кои не веруваат за вистината, бидејќи им дојде, зборуваат: “Ова е само волшебништво јасно
Кажи: “Јас, навистина, ве советувам само со едно: Да стоите на нозете пред Аллах, било по двајца било поединечно, а потоа да размислувате. Другарот ваш не е со џинови. ОН е само опоменувач ваш пред казната тешка
Кажи: “Ако скршнам во заблуда... па, навистина, скршнувам за себеси, а ако по патот вистински се упатам, тогаш, тоа, навистина, е заради она што ми е објавено од Господарот мој. Он, навистина, е КССлушач и Близок
Поставена е пречка меѓу нив и меѓу она кон што тежнеат. Ете, така беше направено порано со дружините ним слични. Оние, навистина, беа во сомнение големо