Back to Languages

Macedonian - Chapter 47 - Muhammad

Translation by Sheikh Hassan Gilo — Permalink

Verse 1 — Surah Muhammad 47:1

Залудни се делата на оние кои не веруваат и кои оддалечуваат од Аллаховиот пат

Verse 2 — Surah Muhammad 47:2

на оние кои веруваат и кои добри дела работат и кои веруваат во она што му е објавено на Мухаммед -а тоа е вистината од Господарот нивни ќе им бидат отстранети злоделата нивни, и ОН ќе ја подобри состојбата нивна

Verse 3 — Surah Muhammad 47:3

Ете, тоа е, секако, заради тоа што неверниците ја следат невистината, а верниците, пак, вистината од Господарот свој. Ете, така Аллах им ги донесува примерите на луѓето

Verse 4 — Surah Muhammad 47:4

Па, кога ќе се сретнете со оние кои не веруваат .. та, удрете ги по вратовите се додека не ги совладате, а штом тоа ќе го направите, тогаш, врзете ги. Потоа или нека следи ослободување без надоместок или, пак, побарајте откупнина, додека војната не ги исцрпи тежините свои. Ете, тоа е! Ако Аллах посака, меѓутоа, ОН ќе им се одмазди, но Он посакува само да ги испроба еднисодруги. А оние кои погинаа на Аллаховиот пат... та, никојпат нема да бидат залудни делата нивни

Verse 5 — Surah Muhammad 47:5

Он ќе ги упати и не ќе им ја подобри состојбата нивна

Verse 6 — Surah Muhammad 47:6

ќе ги воведе во Џеннетот со што, токму, Он ги запозна

Verse 7 — Surah Muhammad 47:7

О верници, ако Аллаха го поддржувате и Он вас Ќе ве поддржува и ќе ги зацврсти стапалките ваши

Verse 8 — Surah Muhammad 47:8

А оние кои не веруваат... та, тоа е пропаст за нив. И залудни се делата нивни

Verse 9 — Surah Muhammad 47:9

Ете, тоа е поради тоа што го презираат она што го објави Аллах... та, ќе пропаднат делата НИВНИ

Verse 10 — Surah Muhammad 47:10

Не патуваат ли по земјата па да видат каква беше казната на оние пред нив. Аллах ги поништи! И за неверниците има таков пример

Verse 11 — Surah Muhammad 47:11

Ете, тоа е поради тоа што Аллах, навистина, е пријател на оние кои веруваат и поради што неверниците, навистина, немаат заштитници

Verse 12 — Surah Muhammad 47:12

А оние кои, секако, веруваат и кои добри дела работат... Аллах ќе ги воведе во бавчите џеннетски низ кои реки течат. А оние кои не веруваат и кои уживаат и кои јадат како што јаде добитокот... па, огнот е престојувалиштето нивно

Verse 13 — Surah Muhammad 47:13

И колку градови - посилни и помоќни од градот твој од кој си прогонет - Ние уништивме; па, немаше никаков поддржник за НИВ

Verse 14 — Surah Muhammad 47:14

Еднаков ли е оној кој има јасна претстава за Господарот свој со оној кому му се разубавува пакоста на делата негови... И кои ги следат страстите свои

Verse 15 — Surah Muhammad 47:15

Сличен ли е оној во Шеннетот - кој е ветен за богобојазливите - во кој реки течат непрестано, во кој има и реки со млеко, со вкус непроменет, И реки со вино вкусно за оние Што го пијат, и реки со мед исцеден... за нив во Џеннетот има секакви ВИДОВИ овошје И прошка од Господарот нивни... со оној кој е за навек во огнот, И кој пие вода што врие, која цревата ќе им ги попари

Verse 16 — Surah Muhammad 47:16

Од нив доаѓаат кои те слушаат, и штом ќе излезат од тебе, им зборуваат на оние со даденото им знаење: “Што ли рече оној пред малку?“ "Тоа се оние чии срца Дллах ги запечати и кои ги следат страстите свои

Verse 17 — Surah Muhammad 47:17

А оние кои се упатуваат... Он им го зголемува Патоказот и им ја сјакнува нивната богобојазливост

Verse 18 — Surah Muhammad 47:18

Очекуваат ли, тогаш, да ИМ дојде Часот одненадеж? Им дојдоа, секако, предзнаците негови. Па, зошто за нив опомена кога веќе тие им дојдоа

Verse 19 — Surah Muhammad 47:19

Тогаш знај дека, навистина, нема друг бог освен Него, и барај прошка за гревовите твои: за верниците и за верничките. Аллах ги знае каде се прибежиштата ваши и престојувалиштата ваши

Verse 20 — Surah Muhammad 47:20

Верниците зборуваат: “Зошто не е објавена сура?" Па, кога ќе им се објави една сура потсилена и кога во неа ќе се спомене борба ќе ги здогледаш оние во чии срца има болештина како во тебе гледаат со опул, како пред смрт соборен. А за нив е подобра

Verse 21 — Surah Muhammad 47:21

послушноста и говорот познат. Па, кога веќе наредбата е донесена за нив ќе биде подобро, навистина, да се искрени кон Аллах

Verse 22 — Surah Muhammad 47:22

Ако вие, според тоа, ја дофатите моќта, нема ли да сеете безредие по земјата и нема ли да ги прекинете роднинските врски ваши

Verse 23 — Surah Muhammad 47:23

Гоа се оние кои Аллах ги проколна, и ги оглувна, и ги онеми и ги ослепи

Verse 24 — Surah Muhammad 47:24

Не размислуваат ли за Куранот или, пак, има катанци врз срцата

Verse 25 — Surah Muhammad 47:25

Оние кои, навистина, ги свртија плеќите свои од Патоказот, што им беше објаснет, Шејтанот ги обезличуваше и ги обезнадуваше

Verse 26 — Surah Muhammad 47:26

Ете, тоа, секако, е заради она што им го зборуваа на оние кои го презираа она што Аллах го објави: “Ке бидеме послушни кон некои наредби ваши!" Аллах ги знае тајните нивни

Verse 27 — Surah Muhammad 47:27

Ца, што ќе биде кога мелеките ќе ги усмртуваат, мавајќи ги по лицата нивни и по плеќите НИВНИ

Verse 28 — Surah Muhammad 47:28

Ете, тоа е поради тоа што. го следеа она што ја предизвикува лутината „"Аллахова, И поради тоа што го презираа задоволството Негово. Па, ете пропаднаа делата нивни

Verse 29 — Surah Muhammad 47:29

Или: мислат ли оние кои имаат болештина во срцата свои дека Аллах никогаш не ќе ги изнесе одвратностите нивни

Verse 30 — Surah Muhammad 47:30

А да посакавме Ние сигурно ќе ги понижевме, па ќе ги препознаевте по изгледите нивни, И ќе ги препознаевте, сигурно, по гласот на говорот. А Аллах ги знае делата ваши

Verse 31 — Surah Muhammad 47:31

е ве испробаме, сигурно, се додека ги препознаеме борците меѓу вас, и трпеливите, и ќе ги провериме вестите за вас

Verse 32 — Surah Muhammad 47:32

Да, оние кои не веруваати кои одвраќаат од Аллаховиот пат, и кои се оддалечуваат од пејгамберот, за нив, по објаснетиот Патоказ.. не ќе му наштетат на Аллах во НИШТОоИ ОН ќе ГИ поништи делата нивни

Verse 33 — Surah Muhammad 47:33

верници, бидете послушни и на Аллах и на пејгамберот Негов и не обезвреднувајте ги делата ваши

Verse 34 — Surah Muhammad 47:34

Да, оние кои не веруваат и кои одвраќаат од Аллаховиот пат а потоа ќе умрат, и уште се неверници... „Аллах никогаш нема да им прости

Verse 35 — Surah Muhammad 47:35

не попуштајте, и кон примирје не повикувајте! Па, вие сте посилни: Аллах е со вас; Он не ќе ви наштети за делата ваши

Verse 36 — Surah Muhammad 47:36

Животот на овој свет, на вистина, е само игра и забава. Ако верувате и ако сте богобојазливи ќе ви дојде наградата ваша и не ќе бидете прашани за ИМОТОТ ваш

Verse 37 — Surah Muhammad 47:37

ако, пак, Он од вас ги бара и ако е кон вас настојчив, ќе станете шкржави и ОН ќе ги изнесе омразите ваши

Verse 38 — Surah Muhammad 47:38

Ете, вие сте тие кои се повикувате да трошите на Аллаховиот пат. А меѓу вас има и кои скржават. А оној кој скржави... та, против себеси скржави. Аллах е Богат а вие сте сиромашни. А ако ги свртите плеќите Он ќе ве замени со друг