на оние кои веруваат и кои добри дела работат и кои веруваат во она што му е објавено на Мухаммед -а тоа е вистината од Господарот нивни ќе им бидат отстранети злоделата нивни, и ОН ќе ја подобри состојбата нивна
Ете, тоа е, секако, заради тоа што неверниците ја следат невистината, а верниците, пак, вистината од Господарот свој. Ете, така Аллах им ги донесува примерите на луѓето
Па, кога ќе се сретнете со оние кои не веруваат .. та, удрете ги по вратовите се додека не ги совладате, а штом тоа ќе го направите, тогаш, врзете ги. Потоа или нека следи ослободување без надоместок или, пак, побарајте откупнина, додека војната не ги исцрпи тежините свои. Ете, тоа е! Ако Аллах посака, меѓутоа, ОН ќе им се одмазди, но Он посакува само да ги испроба еднисодруги. А оние кои погинаа на Аллаховиот пат... та, никојпат нема да бидат залудни делата нивни
А оние кои, секако, веруваат и кои добри дела работат... Аллах ќе ги воведе во бавчите џеннетски низ кои реки течат. А оние кои не веруваат и кои уживаат и кои јадат како што јаде добитокот... па, огнот е престојувалиштето нивно
Сличен ли е оној во Шеннетот - кој е ветен за богобојазливите - во кој реки течат непрестано, во кој има и реки со млеко, со вкус непроменет, И реки со вино вкусно за оние Што го пијат, и реки со мед исцеден... за нив во Џеннетот има секакви ВИДОВИ овошје И прошка од Господарот нивни... со оној кој е за навек во огнот, И кој пие вода што врие, која цревата ќе им ги попари
Од нив доаѓаат кои те слушаат, и штом ќе излезат од тебе, им зборуваат на оние со даденото им знаење: “Што ли рече оној пред малку?“ "Тоа се оние чии срца Дллах ги запечати и кои ги следат страстите свои
Тогаш знај дека, навистина, нема друг бог освен Него, и барај прошка за гревовите твои: за верниците и за верничките. Аллах ги знае каде се прибежиштата ваши и престојувалиштата ваши
Верниците зборуваат: “Зошто не е објавена сура?" Па, кога ќе им се објави една сура потсилена и кога во неа ќе се спомене борба ќе ги здогледаш оние во чии срца има болештина како во тебе гледаат со опул, како пред смрт соборен. А за нив е подобра
Ете, тоа, секако, е заради она што им го зборуваа на оние кои го презираа она што Аллах го објави: “Ке бидеме послушни кон некои наредби ваши!" Аллах ги знае тајните нивни
Ете, тоа е поради тоа што. го следеа она што ја предизвикува лутината „"Аллахова, И поради тоа што го презираа задоволството Негово. Па, ете пропаднаа делата нивни
А да посакавме Ние сигурно ќе ги понижевме, па ќе ги препознаевте по изгледите нивни, И ќе ги препознаевте, сигурно, по гласот на говорот. А Аллах ги знае делата ваши
Да, оние кои не веруваати кои одвраќаат од Аллаховиот пат, и кои се оддалечуваат од пејгамберот, за нив, по објаснетиот Патоказ.. не ќе му наштетат на Аллах во НИШТОоИ ОН ќе ГИ поништи делата нивни
Животот на овој свет, на вистина, е само игра и забава. Ако верувате и ако сте богобојазливи ќе ви дојде наградата ваша и не ќе бидете прашани за ИМОТОТ ваш
Ете, вие сте тие кои се повикувате да трошите на Аллаховиот пат. А меѓу вас има и кои скржават. А оној кој скржави... та, против себеси скржави. Аллах е Богат а вие сте сиромашни. А ако ги свртите плеќите Он ќе ве замени со друг