И, секако, Ние ве создадовме: ви дадовме изглед, потоа им рековме на мелеките: “Паднете му на сеџде на Адем!" Сите паднаа на сеџде, а Иблисот не. Не беше меѓу оние кои паднаа на сеџде
Аллах рече: “Што те спречи па да не паднеш на сеџде кога веќе ти наредив?" Иблис рече: “Јас сум подобар од него. Мене ме создаде од оган а него го создаде од глина
Па Шејтанот им шепна за да им го открие она што еденадруг им беше скриено, нивните срамни места, и рече: “Господарот ваш ви го забрани ова стебло за да не станете мелеки или да не бидете за навек
ги заведе со измамата. Бидејќи вкусија од стеблото им се покажаа нивните срамни места и почнаа да ги покриваат со џеннетско лисје. И Господарот НИВНИ им рече: “Нели ви го забранив стеблото и нели ви реков дека Шејтанот, навистина, е вашиот јасен непријател
синови МАдемови, Ние ви испративме облека, секако, за да ги покриете срамните места ваши, и одела, но облеката на богобојазливоста, всушност, е најдобрата. Ете, тоа е едно од знаменијата Аллахови за да се сеќаваат
синови М„Адемови, Нека Шејтанот не ве заведе онака како што ги изведе од Џеннетот родителите ваши, соблекувајќи ја облеката нивна за да им ги покаже срамните места. Шејтанот и неговата дружба, навистина, ве гледаат отаде од кадешто вие не ги гледате. Ние ги определивме мшејтаните, секако, да бидат заштитници за оние кои не веруваат
кога ќе направат срамно дело, велат: “Ние ги затекнавме родителите наши во тоа и Аллах тоа ни го нареди. Кажи: “Аллах, навистина, не наредува срамно дело. Ќе го зборувате ли за Аллах она што не го знаете
ажи: “Господарот мој ми нареди праведност." И управете ги лицата ваши, при секој намаз, кон Него, повикувајќи Го: чисти во верата Негова; како што започна со вас така и ќе заврши
Едни ги упатуваше а други, со право, во заблуда ги оставаше: овие, навистина, ги земаа шејтаните "место Аллаха за заштитници, мислејќи, секако, дека се упатените
Кажи: “Кој ги забрани накитите Аллахови кои ОН за робовите Свои ги вади, и добрата на “рскот?" Кажи: “Овие се на овој свет за оние кои веруваат, а особено на оној свет." Ете, така Ние ги објаснуваме знаменијата за луѓето кои знаат
Кажи: “Господарот мој, навистина, забрани: “Срамни дела, било да се јавни било да се тајни, И грев, и сила бесправно и да му здружувате на Аллах нешто за што Он не објави доказ, И да го зборувате за Аллах она што не го знаете
синови Адемови, од вас ќе ви дојдат пејгамбери кои ќе ВИ ги кажуваат знаменијата Мои - та, оние кои ќе се плашат и кои ќе се поправат не ќе стравуваат и не ќе тагуваат
Па, кој прави поголем зулум од оној кој фрла лага врз Аллах ИЛИ кој ги смета за лажни ајетите Негови? Онаквите ќе си го постигнат делот НИВНИ што е определен во Книгата. А кога ќе ИМ дојдат пратениците мелеки од Нас да им ја земаат душата, ги прашуваат: “Каде се оние до кои, освен Аллах, се повикувавте?“ Ќе речат: “Ни се изгубија." Да, против самите себеси Ќе сведочат дека, навистина, беа неверници
Аллах ќе рече: “Влезете во огнот заедно со народите кои беа пред вас и кои пропаднаа, И со луѓето и со џиновите. И секојпат кога ќе влезе еден народ ќе го проколнува нему сличниот; и кога ќе се најдат во него заедно потчинетите ќе им речат на властодршците: “Господаре наш, оние не скршнаа во заблуда и дај Им, тогаш, двојна казна огнена. Аллах ќе рече: “За секого имам двојна казна, но, ете, не знаете
Да, на оние кои фрлаа лага врз ајетите Наши и кои дрско се вртеа од нив не ќе им бидат отворени вратите небесни, и не ќе влезат во Џеннетот пред камилата да помине низ иглени уши. Ете, така Ние ќе ги казниме силниците
Ние ја оттргнавме пакоста од градите нивни. Под нив ќе течат реки, и ќе речат: “Благодарение на Аллах кој не упати кон ова. Аллах да не не упатеше не ќе бевме, навистина, упатени." И веќе им доаѓаа пејгамбери со вистина од Господарот наш, и ќе им се рече: “Тоа е Џеннетот ваш кој го наследивте за она што, токму, го работевте
еннетските жители Ќе им довикуваат на мџехеннемските жители: “Го најдовме она што ни го вети Господарот наш, навистина! А дали, пак, го најдовте она што ви го вети Господарот ваш, навистина? Ке речат: “Да!"" Па, гласникот ќе возгласи меѓу нив: “Проклетството Аллахово е врз неверниците
еѓу нив има завеса а на Бедемите ќе има луѓе кои ќе ги познаваат луѓето по изгледот нивни. На жителите џеннетски ќе им возгласат: “Селамун алејкум!" - додека не се влезени а одвај ќе чекаат
жителите на Бедемите Ќе ги повикуваат луѓето кои ги познаваат по изгледот нивни и ќе речат: “Ни вашето собирање НИ вашата надуеност во НИШТО не ќе ви користат
И жителите на огнот ќе им довикуваат на жителите џеннетски: “Посипајте не со вода или со нафаката што ви ја даде Аллах." Ке им речат: “Аллах, навистина, ова го забрани за неверниците
Оние кои ја земаат верата своја за игра и забава и кои ги завел животот на овој свет... па, нив ќе ги заборавиме на Денот онака како што заборавија на Средбата на овој нивни Дени ајетите Наши ги пренебрегнуваа
Што очекуваат освен остварување нејзино? На Денот кога ќе се обелодени Книгата оние кои заборавиле на тоа од порано ќе речат: “Веќе ви доаѓаа пејгамбери од Господарот наш со вистина. Имаме ли, тогаш, посредНИЦИ кои ќе се заземат за нас или, пак, да бидеме вратени па да работиме поинаку од она што го работевме." Секако, себеси си наштетија и се оддалечија од НИВ оние што ги измислуваа
Господарот ваш, навистина, е Аллах кој ги создаде небесата И Земјата за шест дена, а потоа се утврди на Аршот. ОН го покрива денот со НОЌ, а ноќта веднаш го бара денот. И Сонцето и Месечината И звездите... потчинети се на наредбата Негова. Создавањето и Наредбата се - само Негови! Славен нека е Аллах, Господарот на световите
не правете безредие на Земјата по веќе воспоставениот ред. Повикувајте Го бојазливо и стремежливо. Милоста Аллахова, навистина, е блиску до доброчинителите
Он е оној кој го испраќа ветрот како радосница пред да дојде Милоста Негова: кога ќе ГИ понесе тешките облаци Ние ги управуваме кон мртвиот предел па со нив спуштаме вода, со чија помош, тогаш, вадиме плодови секакви. Ете, така Ние ги вадиме мртвите да се сеќавате
бавиот предел ги вади плодовите свои со одобрението од. Господарот свој, а оној што е осквернет сосем малку дава плод. Ете, така Ние ги распоредуваме знаменијата за луѓето кои се заблагодаруваат
Нуха, секако, Ние го испративме до народот негов И рече: “Народе мој, обожавајте го Аллаха. Вие друг бог освен Него немате. Јас за вас, навистина, се плашам од казната на Денот голем
Па, го сметаа за лажен. А него и оние кои беа со него Ние ги спасивме во бродот. А оние кои фрлаа лага врз знаменијата Наши ги потопивме. Беа слепи луѓе, навистина
Или се чудите што ви дојде Спомен од Господарот ваш, преку еден човек од вас, за да ве предупреди. Сетете се кога ОН, по народот Нухов, ве определи за халифи, и кога го зголеми вашиот раст во творештвото. Па, сетете се на благодатите Аллахови за да се спасите
Рекоа: “Ни дојде ли за да го обожаваме Аллаха, само Него, а да го оставиме она што го обожаваа предците наши. Дај ни го она што ни го ветуваш ако си меѓу искрените
Рече: “Паднаа врз вас, секаКО, ОД Господарот ваш И злои гнев. Ќе расправате ли со мене за имињата со кои ги именувавте, вие и предците ваши, оние за кои Аллах не објави никаков доказ? Очекувајте, и јас, навистина, ќе очекувам со вас
И до Семуд Ние го испративме Салиха, братот нивни. Салих рече:“О народе мој, обожавајте го Аллаха; вие друг бог освен Него немате. Секако, ви дојде објаснување од Господарот ваш. Оваа камила е Аллахово знамение за вас. Оставете ја да пасе по земјата Аллахова и не правете А никакво зло зашто ќе ве обземе казна болна
Сетете се кога ОН, по Ад, ве определи за халифи, и кога ве насели на земјата низ чии рамнини подигавте дворови а во ридовите палати. Сетете се на благодатите Аллахови и не ширете по земјата безредие како што шират безредниците
А големците кои се дуваа од народот негов на оние кои веруваа од нив, што ги сметаа слаби, им рекоа: “Знаете ли дека, навистина, Салих е испратен од Господарот негов?“ - Рекоа: “Ние, навистина, веруваме во она со што е испратен
Па, Салих се сврте од ниви рече: “О народе мој, ви го известив само пратението од Господарот мој и ве посоветував. Но, мтеете, вие не ГИ сакате советувачите
до Медјен Ние го испративме Шуајба, братот нивни. Рече: “О народе мој, обожавајте го Аллаха; вие друг бог освен Него немате. МКССекако, ви дојде објаснување од Господарот ваш. Мерете и вагајте праведно и на луѓето не откинувајте им Од стварите нивни; не сејте безредие по земјата, по веќе воспоставениот ред на неа. Ете, тоа е подобро за вас ако сте верници
Не правете стапица на пат, загрозувајќи и од патот Аллахов, одвраќајќи ги оние кои веруваат во Него, а тежнејќи кон кривиот пат. Сетете се кога бевте малкумина, па Он ве размножи. Погледни каква беше казната за безредниците
Ако една дружина меѓу вас верува во она со што сум испратен, а друга не верува - та, стрпете се додека Аллах не пресуди меѓу нас. Он е меѓу судиите Најдобриот
Големците "меѓу народот негов, кои се дуваа, рекоа: “О Шуајб, или ќе те истераме со оние кои веруваат од градов наш или пак, сигурно, ќе те вратиме во верата наша." Шруајб рече: “Зарем и покрај тоа што сме присилени на тоа
Така, врз Аллах ние би фрлале лага ако се вратиме во верата ваша по Аллаховото избавување од неа. Нам не ни доликува да се вратиме кон таа вера зашто Аллах, Господарот наш, не го сака тоа. Господарот наш, со знаењето, ги опфаќа сите нешта. Врз Аллах се потпираме. Господаре наш, меѓу нас и народот наш, пресуди ни праведно зашто Ти си, меѓу судиите, Најдобриот
тој тогаш ги заврти плеќите и рече: “О народе мој, ВИ ги доставив пратенијата од Господарот мој И ве посоветував. Тогаш, зошто да се жалостам заради народот невернички
Потоа Ние несреќата ја заменивме со добро, додека се размножија и рекоа: “И нашите предци ги снаоѓаше штета и несреќа." И, тогаш, Ние ги казнивме одненадеж без да усетат
А жителите на градот да веруваа и да беа богобојазливи Ние ќе им отворевме бериќети и ОД небо и од земја, но лажеа, и за она што го спечалија, Ние ги казнивме
Не ли се упатени кон тоа оние кои ја наследуваат земјата, по оние кои живееја на неа дека, доколку сакаме, Ние ќе ги погодиме со несреќа заради гревовите Нивни и дека Ќе Ги запечатиме срцата нивни, па, оние не слушаат
Ете, тоа се градови за чии случки Ние ти кажуваме. Ним им доаѓаа, секако, пејгамбери со јаснотии, но не веруваа во она што го сметаа за лажно од порано. Ете, така Аллах ги запечатува срцата на неверниците
И по нив, потоа, Ние го испративме Муса со знаменија Наши, до фараонот и големците кои беа со него... па, зулум направија. Тогаш, погледни каква беше казната за безредниците
фараонот им рече: “Ке поверувате ли во тоа пред да ви дозволам? Тоа е едно клопко, навистина, со кое ги сплеткавте во градот за да ги истерате ОД него жителите негови. Е па, ќе узнаете
Ти ни замеруваш заради тоа што поверувавме во знаменијата ОД Господарот наш кои, секако, ни дојдоа. Господаре наш, дај ни трпеливост и овозможи Ни да умреме како Послушни
И големците меѓу народот фараонов, рекоа: “Ке го оставите ли Муса и народот негов да сеат безредие на земјата, и да ве остави тебе и божествата твои?" Рече: “Ке ги испотпеам синовите НИВНИ, а ќе ги оставам во Живот ќерките нивни зашто, навистина, нашата моќ е над нивната
И Муса му рече на народот свој: “Барајте помош од Аллахи бидете трпеливи. Земјата, навистина е - Аллахова! Со посак Свој, од робовите Негови, ја наследуваат: награда е за богобојазливите
Оние рекоа: “Бевме прогонувани и пред да ни дојдеш и по доаѓањето твое. Он рече: “Господарот ваш, можеби, ќе го уништи непријателот ваш и ќе ве постави за халифи на земјата па тогаш ќе види како работите
Па, кога ќе им дојдеше добро, зборуваа: “Ова е за нас, а ако им се случеше зло, даваа знак на Муса и на оние со него. Но, навистина, предзнаците нивни се кај Аллах. Меѓутоа, мнозинството од Нив не знаат
А кога ќе им се случеше казна, зборуваа: “О Муса, повикај го за нас Господарот твој по воспоставениот договор со тебе. А доколку ја отстраниш од нас казната ќе ти веруваме, секако, и ќе ги испратиме со тебе синовите Израилови
на луѓето кои беа веќе истоштени Ние им ги оставивме вО наследство источните И западните делови на земјата: ги благословивме. И се исполни убавиот збор на Господарот твој за децата Израилови, зашто беа трпеливи. И Ние го поравнивме со земја она што го градеше фараонот и народот негов, и она што го зидаа
А синовите Израилови Ние ги поминавме преку море. И така наидоа на луѓе оддадени на киповите нивни. Рекоа: “О Муса, направи ни божество како што е божеството нивно!" Рече: “Вие сте, навистина, луѓе незнаенковците
И кога Ние ве избавивме од семејството фараоново кое постојано ви определуваше казна пакосна, убивајќи ги вашите СИНОВИ, а, оставајќи гиИ Во ЖИВОТ вашите ќерки... во тоа, ете, имавте, од Господарот ваш, бења голема
И Ние му ветивме на Муса триесетноќна средба, и додадовме уште десет, па станаа четириесет за да се исполни часот за средбата определен: со Господарот негов. И Муса му рече на братот Харун: “Биди мој наследник, за народот мој! Воспоставувај ред! И не следи го патот на безредниците
И бидејќи Муса дојде во часот Наш определен, во кој Господарот зборуваше со него, рече: “О Господаре мој, покажи ми се да Те видам!" Рече: “Никогаш нема да Ме видиш! Но, погледни го ридот. Ако остане тука каде што е -ќе Ме видиш. И бидејќи Господарот негов му се предочи на ридот и ОН го здроби ридот а Муса се онесвести. И штом дојде при свест, рече: “Славен биди, покајувањето Тебе Ги го упатувам и јас сум прв меѓу верниците
Аллах рече: “О Муса, Јас, навистина, те одликував над луѓето и со пратенијата Моии со Зборот Мој. Па, прифати го она Што ти го дадов и биди меѓу благодарните
И Ние на плочите му напишавме ука за се и потенко објаснување за се. Прифати го, тогаш, со волја И наредувај му на народот твој, така што ќе ги прифати на најдобар начин; и ќе им го покажам Домот на расипаните
Ќе ги одвратам од знаменијата Мои оние кои бесправно се дуваат по земјата. И секое знамение да го видат во него не ќе веруваат. Ако го видат патот ВИСТИНСКИ не ќе го прифатат. А ако, пак, го видат патот лош го прифаќаат. Ете, тоа заради што ги сметаа за лажни знаменијата Наши и што ги занемаруваа
Оние кои ги сметаа за лажни знаменијата Наши и Средбата на Денот ахиретски... ќе пропаднат делата нивни. Ќе бидат ли наградени поинаку отколку што работеа
И народот на Муса по него ОД накитот негов направи теле отелотворено кое рикаше. Не гледаат ли дека тоа, навистина, не им зборува и дека не ги упатува по Патот? Прифатија теле и беа неверници
И бидејќи се покајаа и видоа дека скршнаа во заблуда, рекоа: “Да не ни се смилуваше Господарот наш и да не ни простеше ќе бевме меѓу поразените, секако
И бидејќи Муса се врати кај народот свој, лут и ожалостен, рече: “Е, колку лошо ме наследивте во отсаството мое! Нели побрзавте со наредбата од Господарот ваш?“ Ги расфрла плочите и го фати за коса брата си, тегнејќи го кон себе. И му рече: “Сине од мајка ми, народот ме сметаше слаб и само што не ме убија. Не понижувај ме заедно со непријателите и не изедначувај ме со народот невернички
На оние кои го прифатија телето ќе ги стигне лутината од Господарот и понижување во животот на овој свет. Ете, така Ние ги казнуваме оние кои лаги измислуваат
И Муса одбра од својот народ седумдесет луѓе за состанокот со Нас. И бидејќи ги шибна земјотрес, тој рече: “О Господаре мој, да посакаше ќе ги уништеше од порано. И мене, исто така. Зарем ќе не казниш за она што го направија од нас оние кои се безумници? Тоа, секако,е искушение од Тебе, со кое скршнуваш од патот вистински кого сакаш и упатуваш по патот вистински кого сакаш. Ти си наш Заштитник; прости нии смилувај ни се! Меѓу простувачите Ги си Најдобриот
И впиши за нас на овој свет добро а добро и на Ахирет. Ние, секако, бевме упатени кон Тебе." А Он рече: “Казната Моја го снајдува оној кого Јас сакам, а милоста Моја ги опфаќа сите нешта. Тоа ќе им го впишам на оние кои се богобојазливи, И кои зеќат даваат и кои во ајетите Наши веруваат
оние кои го следат гласникот пејгамбер, кој не знае да пишува и да чита, кого го наоѓаат заведен кај НИВ - И Во Теврат и во Инџил - и кој им наредува добро и кој им забранува зло, и кој им ги дозволува добрите јадења, а им ги забранува нечистите, И кој ги ослободува од товарот свој И ОД прангите кои се врз нив; И оние кои му веруваат, И кои го поддржуваат, и кои го помагаат, и кои го следат него и објавената му светлина... токму, спасените се
Кажи: “О луѓе, јас сум, навистина, пејгамбер ваш - за сите; власта и на небесата и на Земјата е - Аллахова! Нема друг бог освен Него. Он оживува и Он усмртува! Верувајте и во Аллах и во гласникот пејгамбер Негов, кој не знае ни да чита ни да пишува, кој верува и во Аллах и во Зборот Негови следете го за да бидете упатени
Ние ги раздробивме во дванаесет племиња и дружини, и на Муса му вдахнавме кога народот негов побара од него да се напие вода: “Удри со стапот твој на карпата!" И тогаш од неа потекоа дванаесет извори. Секоја дружина го знаеше поилото свое. И Ние од облак врз нив сенки соборувавме и препелици и мани им испраќавме. Јадете од добрата со кои ве снабдевме.И. нам зулум не ни направија туку самите себеси зулум си направија
И кога им беше речено: “Станувајте во оваа населба и јадете во неа од каде сакате,и кажете: “Прошка!" - и низ вратата влезете ничкум: ќе ви ги простам гревовите ваши, а на доброчинителите Ќе им ги зголемиме делата
И прашај ги за населбата која беше сместена крај море, кога за сабота грешеа. Тој ден кога празнуваа им доаѓаа рибите НИВНИ, очигледно, а тој ден кога не празнуваа, не им доѓаа. Ете, така Ние ги испробавме затоа што расипнички се однесуваа
И кога една заедница меѓу нив рече: “Зошто советувате народ кого ќе го уништи Аллах ИЛИ кого ќе го казни со силна казна?“ Рекоа: “За да имаме оправдување кај Господарот ваш и да бидат богобојазливи
И бидејќи го заборавија она со што беа опоменувани оние кои забрануваа зло Ние ги избавивме, а ги казнивме оние кои зулум правеа со силна казна затоа што расипнички се однесуваа
кога Господарот твој возгласи дека до Денот суден ќе им испрати, сосем сигурно, некого кој ќе ги мачи со казна најтешка. Господарот твој, навистина, е брз Казнувач и ОН, секако, е Простувач и Сомилосен
По нив, тогаш, се редеа поколенија кои ја наследија Книгата собирајќи ги безвредните работи на овој свет и говорејќи: “Ќе ни биде простено." И ако им дојдат нешта што се на нив слични ќе ги земаат. Не е ли прифатен од нив Договорот од Книгата, за Аллах да зборуваат само вистина и да го проучуваат она што е во неа? Куќата ахиретска е подобра за богобојазливите. Нема ли да се вразумите
кога Ние над нив подигнавме планина како да е облак, И кога помислија дека ќе се сруши врз нив: “Прифатете го одлучно она што ви го дадовме и сетете се на она што е во него за да бидете богобојазливи
И кога Господарот твој од синовите Адемови го изведе ПОТОМСТВОТО НИВНО - ОД плеќите НИВНИ - и кога побара од нив да посведочат против себе: “Нели сум јас Господарот ваш?" Рекоа: “Како да не, сведочиме!" - за да не речат на Денот суден: “Ние за ова, навистина, не бевме во тек
Или да не речете: “Предците наши, пред нас, здруженик му припишуваа на Аллах, а ние сме само поколение нивно, навистина! Ке не упропастиш ли за она што го работеа лашковците
И да сакавме Ние со знаменијата ќе го извишевме, но тој се прикова за земјата и ја следеше страста. Примерот негов е како пример на куче. Ако го истераш ќе го исплази јазикот, а ако го оставиш и тогаш ќе го исплази јазикот. Ете, таков е примерот на оние кои ги сметаа за лажни знаменијата Наши. Кажувај ги кажувањата за да размислуваат
Ние создадовме и џинови многу и луѓе многу за Џехеннемот: имаат срца, но со нив не разбираат, имаат очи, но со НИВ не гледаат, имаат уши, но со Нив не слушаат, - како добиток се, дури и уште полоши. Секако, рамнодушни се
Најубавите имиња се - Аллаховите! И со нив молете Му се! Оставете ги оние што ги пренебрегнуваат имињата Негови. Ке бидат казнети за она што го работеа
Не гледаш ли во Земјатаи во небесата и во она што го има создадено Аллах дека можеби им се приближува крајот нивни? Тогаш. во кој говор по него веруваат
Ге прашуваат за Часот: “Кога ќе се случи?" Кажи: “Знаењето за тоа, навистина, е кај Господарот мој. „Само ОН времето негово ќе го обелодени. Тежок ќе биде тој за Земјата и за небесата. Ќе ви дојде одненадеж." Те прашуваат за него како ти да го криеш знаењето за тоа. Кажи: “Знаењето за тоа, навистина, е кај Аллах, Но мнозинството на луѓето не знаат
Кажи: “Не сум моќен за себе ни да си наштетам ни да си користам, освен она што Аллах го сака. Кога би ја знаел тајната би ги зголемил добрата и не би ме нашло зло. Јас сум само радосник и опоменувач за луѓето кои веруваат
Он е Оној кој ве создаде од еден човек и од него, исто така, создаде сопруга за да тој најде смирна тво неа. НБидејќи ја прегрна понесе лесен товар, и го носеше, и бидејќи му олесни, Му се помолија на Аллах, Господарот нивни: “Ако ни дадеш добро ќе бидеме потомок меѓу благодарните, навистина
Имаат ли нозе со кои одат? Или раце со кои фаќаат? Или ОЧИ со кои гледаат? Или уши со кои слушаат? Кажи: “Повикајте ги здружениците ваши кои му ги здружувате на Аллах, и лукаво поставете се против мене, но немојте да не очекувате
А ако не им донесеш ајет, зборуваат: “Зошто ти не го измислуваш?" Кажи: “Јас го следам само она што ми се објавува од Господарот мој. Ова се очигледности од Господарот ваш, и Патоказ и Милост за луѓето кои веруваат