Те прашуваат за пленот. Кажи: “Пленот е од Аллах и од пејгамберот. Па, плашете се од Аллах. Средете ги односите еднисодруги. Бидете послушни и на Аллах и на пејгамберот Негов ако сте верници
Да, верници се оние кои, ако се спомене Аллах, треперат срцата нивни, а ако им се кажуваат ајетите Негови им се зголемува иманот и се потпираат врз Господарот свој
И кога Аллах ќе ви вети една од двете дружини дека е ваша вие, навистина, посакувате ненаоружената да биде ваша. Аллах посакува да се овистини вистината со зборовите Негови И да се пресечат корените на неверниците
кога Он ви одреди лесен сон да ве обземе, да ве заштити од Своја страна, и кога ви спушти од небо вода за да ве очисти со неа и да ја отстрани од вас нечистотијата шејтанска и да ги поврзе срцата ваши и да ги зацврсти стапалките
и кога Господарот твој им вдахна на мелеките: “Јас сум, навистина, со вас: бодрете ги, тогаш, оние кои веруваат." Во срцата на оние кои не веруваат ќе фрлам страв. Па, удирајте ги по вратовите и по прстите
Оној кој ќе побегне тогаш, освен оној кој привидно бега за да се врати во борба, или кој се придржува на друга дружина, секако, се враќа со лутината Аллахова и Џехеннемот е - престојувалиштето негово! Е, само колку лошо свратилиште е тоа
И вие не ги убивавте, туку Аллах ги убиваше. И кога фрлаше ти не фрлаше, туку Аллах фрлаше за да ги испроба верниците со искушение убаво. Аллах, навистина, е Слушач и Зналец
Ако баравте да победите па, ете, победата ви дојде. А ако прекинете - та, тоа е подобро за вас. А ако, пак, се вратите и Ние ќе се вратиме. Дружината ваша во ништо не ќе ви користи и без оглед на бројот. Аллах, навистина, е со верниците
Аллах да знаеше дека кај нив има некакво добро Он ќе ги натераше да слушаат. А да ги натераше да слушаат пак ќе ги свртат плеќите зашто тие, секако, рамнодушни се и онака
верници, озвијте се на Аллах и на пејгамберот Негов кога ве повикуваат зашто тоа ќе ве заживее. Знајте дека Аллах, навистина, се вмешува меѓу човекот и срцето негово и дека, секако, кај Него ќе се зберете
И сетете се кога бевте малкумина, кога ве сметаа за слаби, плашејќи се да не ве фатат луЃѓето и кога Он, со помошта Своја, ве поддржа и ве зајакна, И ве снабде со добра за да бидете благодарни
О верници, ако се плашите. од Аллах ќе ве оспособи да просудувате што е добро а штое. зло, и ќе ги занемари злите постапки ваши, И ќе ви прости. Аллах поседува добротија голема
И кога неверниците ти правеа сплетки за да те затворат или да те убијат или да те истераат... НПравеа сплетки а Аллах ги отстрани. Аллах е најдобар во тоа
Казнувањето нивно од Аллах е оправдано зашто оние оддалечуваат други од Месџидил Харам и не се заштитници Негови. Заштитниците негови се богобојазлиИви, НО МНОЗИНСТВОТО ОД нив не знаат
Оние кои не веруваат, навистина, го трошат имотот свој за да одвраќаат од Аллаховиот пат. Та, ќе го потрошат и ќе зажалат и на крај ќе изгубат. Оние кои не веруваат во Џехеннемот ќе се зберат
а Аллах да го оддели доброто од злото и ОН злото нивно да го напласти еднинадруги па да ги натрупа сите и да ги фрли во Џехеннемот! Онаквите се, токму, поразени
Кажи им на оние кои не веруваат дека ако престанат ќе им биде простено она што поминало, а ако, пак, се вратат... та, искуството на одамнешните поколенија е познато
И борете се против нив се додека го снема сплеткарењето И додека верата МАллахова не биде присутна. А ако престанат... та, Аллах го гледа она што го работат
И знајте дека, навистина, од она што ќе го заплените во борба, тогаш, една петина му припаѓа на Аллах и на пејгамберот, и на роднината негова, И на јетимите и на сиромашните, и на патниците доколку верувате во Аллах и во она што е објавено до робот Наш, и во денот во кој се одделија вистината и невистината, во денот во кој се судрија две војски. А Аллах е Кадар за се
Кога вие бевте во падината поблиска, а оние во падината подалечна, а караванот беше многу подолу од вас: а ако се договоревте немаше да се договорете за времето на судирот, но Аллах Ја определи наредбата која стана делотворна: да пропадне оној кој што треба да пропадне за да му биде Јасно, а да остане во живот оној кој што. треба да остане во живот за да. му биде јасно. Аллах, навистина, е Слушач и Гледач
Кога Аллах во сон ти покажа дека се малку, а да ви покажевме дека се многу, ќе изгубевте и ќе се каравте, но Аллах, ете, донесе спас. ОН, навистина, го знае она што е во градите
И бидете послушни и на Аллах и на пејгамберот Негов; не карајте се еднисодруги зашто ќе ослабнете и ќе ви исчезне моќта. Бидете трпеливи! Аллах, навистина, е со трпеливите
И не бидете како оние кои излегоа од домовите свои горделиво, очигледно пред луѓето, а кои, всушност, одвраќаат од Аллаховиот пат. Аллах го опфаќа она што го работат
кога Шејтанот им ги разубави делата нивни, рекоа: “Денес никој меѓу луѓето не може да ве победи зашто јас сум заштитникот ваш!" И бидејќи две чети се сретнаа очи В очи Шејтанот се повлече по стапалките свои, и рече: “Да, јас сум далеку од вас и јас, навистина, го гледам она што вие не го гледате, и да, јас стравувам од Аллак! ФАллах е Силен Казнувач
Кога дволичните И оние во чии срца има болештина зборуваа: “Нив верата нивна ги измами." А оној кој ќе се потпре врз Аллах .. па, Аллах, навистина, е Силен и Мудар
Е, само да видиш кога мелеките на оние кои не веруваа како ќе им ги земаат душите, удирајќи ги по лицата нивни и по плеќите нивни: “Искусете ја казната огнена
Слично на обичајот на фараоновите луѓе и оние кои беа пред нив. Не веруваа во знаменијата на Аллах... па, Аллах ги казни заради гревовите Нивни. Аллах, навистина, е Јак, Силен Казнувач
Бидејќи е така, Аллах, навистина, не го менува благодатот кој го подари на луѓето се додека оние не се изменат самите себеси. Аллах, навистина, е Слушач и Зналец
Слично на обичајот на фараоновите луѓе и оние што беа пред нив. Ги сметаа за лажни знаменијата од Господарот свој, па Ние ги уништивме заради гревовите нивни и го потопивме семејството фараоново. Сите беа зулумќари
Подгответе против нив моќ која можете да ја смогнете, и КОЊИ за војна со што ќе ги заплашите и непријателот на Аллах и непријателот ваш и други освен нив. Вие не ги знаете, а Аллах ги знае. А она што ќе го поделите на Аллаховиот пат ќе ви се надополни и нема да ви се направи зло
пејгамберу, поттикнувај ги верниците кон борба. Ако меѓу вас има дваесет трпеливи ќе победат двесте, а ако, пак, меѓу вас има сто ќе победат илјада од оние кои не веруваат зашто оние се, навистина, луѓе кои не сфаќаат
Е, сега, Аллах ви олесни, И Он знае дека сте, навистина, истоштени. Па, ако меѓу вас има сто трпеливи ќе победат двесте, а ако, пак, меѓу вас има илјада, ќе победат, со одобрението Аллахово, две илјади. А Аллах е со трпеливите
На пејгамбер не му е дозволено да има заробеници се додека не извојува победа на земјата. Вие ги посакувате добрата од овој свет, а Аллах го посакува Ахирет. Аллах е Силен И Мудар
пејгамберу, кажи им на заробениците кои се во рацете твои: “Ако Аллах види во срцата ваши добро Он ќе ви даде добро од она што ви е одземено, и Он ќе ви прости." Аллах е Простувач и Сомилосен
Оние кои веруваа И кои се иселија И кои се бореа на Аллаховиот пат и со имотот свој И СО ЖИВОТОТ свој, И оние Кои згрижуваа и кои помагаа... се заштитници еднинадруги. А на оние кои веруваа а не се иселија ВО ништо не можете да бидете заштитници нивни се додека не помош од вас, во верата, тогаш, должност ви е да им помогнете, но не и против народот меѓу кого и вас има договор. А Аллах го гледа она што го работите
А оние кои веруваа, и кои се иселија, и кои се бореа на Аллаховиот пат, и оние кои згрижуваа и кои помагаа... вистински се верници, навистина! За нив има и прошка и нафака благородна
А оние кои веруваа по тоа, и кои се иселија, и кои се бореа со вас, секако, од вас се! А роднините, според Книгата на Аллах, поголеми заштитници се еднисодруги. Аллах, навистина, знае се