Back to Languages

Macedonian - Chapter 8 - Al-Anfal

Translation by Sheikh Hassan Gilo — Permalink

Verse 1 — Surah Al-Anfal 8:1

Те прашуваат за пленот. Кажи: “Пленот е од Аллах и од пејгамберот. Па, плашете се од Аллах. Средете ги односите еднисодруги. Бидете послушни и на Аллах и на пејгамберот Негов ако сте верници

Verse 2 — Surah Al-Anfal 8:2

Да, верници се оние кои, ако се спомене Аллах, треперат срцата нивни, а ако им се кажуваат ајетите Негови им се зголемува иманот и се потпираат врз Господарот свој

Verse 3 — Surah Al-Anfal 8:3

оние кои намаз извршуваат И кои од нафаката Наша делат

Verse 4 — Surah Al-Anfal 8:4

Верници се тие ВИСТИНСКИ. За нив има степени кај Господарот, и прошка и нафака благородна

Verse 5 — Surah Al-Anfal 8:5

Како што те изведе Господарот твој од домот твој исправно. И една дружина меѓу верниците тоа го презираше

Verse 6 — Surah Al-Anfal 8:6

Расправаа со тебе за Вистината по очигледноста нејзина ете, како да се туркаат во смрт очигледна, а, токму, гледаат

Verse 7 — Surah Al-Anfal 8:7

И кога Аллах ќе ви вети една од двете дружини дека е ваша вие, навистина, посакувате ненаоружената да биде ваша. Аллах посакува да се овистини вистината со зборовите Негови И да се пресечат корените на неверниците

Verse 8 — Surah Al-Anfal 8:8

да ја овистини вистината а да ја уништи невистината, па макар тоа го мразеле силниците

Verse 9 — Surah Al-Anfal 8:9

Кога баравте помош од Господарот ваш, ОН ви се озва. Јас, навистина, ве поддржав со илјада мелеки кои доаѓаа еднизадруги

Verse 10 — Surah Al-Anfal 8:10

Аллах тоа го направи само да ве зарадува и во тоа да ги смирете срцата ваши. Помошта е само кај Аллах. Аллах, навистина, е Силен и Мудар

Verse 11 — Surah Al-Anfal 8:11

кога Он ви одреди лесен сон да ве обземе, да ве заштити од Своја страна, и кога ви спушти од небо вода за да ве очисти со неа и да ја отстрани од вас нечистотијата шејтанска и да ги поврзе срцата ваши и да ги зацврсти стапалките

Verse 12 — Surah Al-Anfal 8:12

и кога Господарот твој им вдахна на мелеките: “Јас сум, навистина, со вас: бодрете ги, тогаш, оние кои веруваат." Во срцата на оние кои не веруваат ќе фрлам страв. Па, удирајте ги по вратовите и по прстите

Verse 13 — Surah Al-Anfal 8:13

Заради противењето НИВНО и на Аллах и на пејгамберот Негов. А оној кој се противи на Аллах и на пејгамберот Негов та, Аллах е Силен Казнувач

Verse 14 — Surah Al-Anfal 8:14

Ете, така ви е. Искусете ја казната, а за неверниците, навистина, има казна огнена

Verse 15 — Surah Al-Anfal 8:15

О верници, кога ќе се справите со оние кои не веруваат, кои доаѓаат во редови,тогаш, не вртете ги плеќите

Verse 16 — Surah Al-Anfal 8:16

Оној кој ќе побегне тогаш, освен оној кој привидно бега за да се врати во борба, или кој се придржува на друга дружина, секако, се враќа со лутината Аллахова и Џехеннемот е - престојувалиштето негово! Е, само колку лошо свратилиште е тоа

Verse 17 — Surah Al-Anfal 8:17

И вие не ги убивавте, туку Аллах ги убиваше. И кога фрлаше ти не фрлаше, туку Аллах фрлаше за да ги испроба верниците со искушение убаво. Аллах, навистина, е Слушач и Зналец

Verse 18 — Surah Al-Anfal 8:18

Ете, така ви е. Аллах, навистина, чини да венат сплетките на неверниците

Verse 19 — Surah Al-Anfal 8:19

Ако баравте да победите па, ете, победата ви дојде. А ако прекинете - та, тоа е подобро за вас. А ако, пак, се вратите и Ние ќе се вратиме. Дружината ваша во ништо не ќе ви користи и без оглед на бројот. Аллах, навистина, е со верниците

Verse 20 — Surah Al-Anfal 8:20

О верници, бидете послушни и на Аллах и на пејгамберот Негов. И не вртете Му ги плеќите. Вие, токму, слушате

Verse 21 — Surah Al-Anfal 8:21

не бидете како оние кои зборуваа: “Слушаме," а, всушност, не слушаат

Verse 22 — Surah Al-Anfal 8:22

зашто најлоши битија кај Аллах, навистина, се оние кои се глувонеми, оние кои ништо не сфаќаат

Verse 23 — Surah Al-Anfal 8:23

Аллах да знаеше дека кај нив има некакво добро Он ќе ги натераше да слушаат. А да ги натераше да слушаат пак ќе ги свртат плеќите зашто тие, секако, рамнодушни се и онака

Verse 24 — Surah Al-Anfal 8:24

верници, озвијте се на Аллах и на пејгамберот Негов кога ве повикуваат зашто тоа ќе ве заживее. Знајте дека Аллах, навистина, се вмешува меѓу човекот и срцето негово и дека, секако, кај Него ќе се зберете

Verse 25 — Surah Al-Anfal 8:25

И чувајте се од сплетки кои ќе ги погодат само оние меѓу вас кои зулум направија. И знајте дека Аллах, навистина, е Силен Казнувач

Verse 26 — Surah Al-Anfal 8:26

И сетете се кога бевте малкумина, кога ве сметаа за слаби, плашејќи се да не ве фатат луЃѓето и кога Он, со помошта Своја, ве поддржа и ве зајакна, И ве снабде со добра за да бидете благодарни

Verse 27 — Surah Al-Anfal 8:27

О верници, не изневерувајте Го Аллаха и пејгамберот Негов, и аманетот ваш еднисодруги не изневерувајте го. Вие, секако, знаете

Verse 28 — Surah Al-Anfal 8:28

Знајте дека, навистина, ИМотот ваш и децата ваши се искушение и дека, секако, кај Аллах има награда голема

Verse 29 — Surah Al-Anfal 8:29

О верници, ако се плашите. од Аллах ќе ве оспособи да просудувате што е добро а штое. зло, и ќе ги занемари злите постапки ваши, И ќе ви прости. Аллах поседува добротија голема

Verse 30 — Surah Al-Anfal 8:30

И кога неверниците ти правеа сплетки за да те затворат или да те убијат или да те истераат... НПравеа сплетки а Аллах ги отстрани. Аллах е најдобар во тоа

Verse 31 — Surah Al-Anfal 8:31

кога им се кажувани ајетите Наши, рекоа: “Слушнавме веќе и, да посакаме, ќе кажуваме слично на тоа; ова се само прикаски на поколенијата одамнешни

Verse 32 — Surah Al-Anfal 8:32

кога рекоа: “Господаре, ако е ова вистина од Тебе, спушти ни, тогаш, камења од небо место дожд или дај ни казна болна

Verse 33 — Surah Al-Anfal 8:33

Аллах не ги казнува во присуство твое. Аллах не е казнувач нивни - оние, всушност, бараат прошка

Verse 34 — Surah Al-Anfal 8:34

Казнувањето нивно од Аллах е оправдано зашто оние оддалечуваат други од Месџидил Харам и не се заштитници Негови. Заштитниците негови се богобојазлиИви, НО МНОЗИНСТВОТО ОД нив не знаат

Verse 35 — Surah Al-Anfal 8:35

Намазот нивни во Месџидул Харам е само дрдорење и плескање. Пробајте ја, тогаш, казната затоа што не верувавте

Verse 36 — Surah Al-Anfal 8:36

Оние кои не веруваат, навистина, го трошат имотот свој за да одвраќаат од Аллаховиот пат. Та, ќе го потрошат и ќе зажалат и на крај ќе изгубат. Оние кои не веруваат во Џехеннемот ќе се зберат

Verse 37 — Surah Al-Anfal 8:37

а Аллах да го оддели доброто од злото и ОН злото нивно да го напласти еднинадруги па да ги натрупа сите и да ги фрли во Џехеннемот! Онаквите се, токму, поразени

Verse 38 — Surah Al-Anfal 8:38

Кажи им на оние кои не веруваат дека ако престанат ќе им биде простено она што поминало, а ако, пак, се вратат... та, искуството на одамнешните поколенија е познато

Verse 39 — Surah Al-Anfal 8:39

И борете се против нив се додека го снема сплеткарењето И додека верата МАллахова не биде присутна. А ако престанат... та, Аллах го гледа она што го работат

Verse 40 — Surah Al-Anfal 8:40

а ако ги свртат плеќите, знајте дека Аллах, навистина, е Заштитник ваш. Е, само колку добар Заштитник е Он и само колку добар Поддржник е Он

Verse 41 — Surah Al-Anfal 8:41

И знајте дека, навистина, од она што ќе го заплените во борба, тогаш, една петина му припаѓа на Аллах и на пејгамберот, и на роднината негова, И на јетимите и на сиромашните, и на патниците доколку верувате во Аллах и во она што е објавено до робот Наш, и во денот во кој се одделија вистината и невистината, во денот во кој се судрија две војски. А Аллах е Кадар за се

Verse 42 — Surah Al-Anfal 8:42

Кога вие бевте во падината поблиска, а оние во падината подалечна, а караванот беше многу подолу од вас: а ако се договоревте немаше да се договорете за времето на судирот, но Аллах Ја определи наредбата која стана делотворна: да пропадне оној кој што треба да пропадне за да му биде Јасно, а да остане во живот оној кој што. треба да остане во живот за да. му биде јасно. Аллах, навистина, е Слушач и Гледач

Verse 43 — Surah Al-Anfal 8:43

Кога Аллах во сон ти покажа дека се малку, а да ви покажевме дека се многу, ќе изгубевте и ќе се каравте, но Аллах, ете, донесе спас. ОН, навистина, го знае она што е во градите

Verse 44 — Surah Al-Anfal 8:44

И кога се соочивте ОН во очите ваши, смалувајќи ги, ги прикажа малку за Аллах да ја определи наредбата која се изврши. Кон Аллах работите се враќаат

Verse 45 — Surah Al-Anfal 8:45

О верници, кога ќе се судрите со некоја чета, бидете цврсти и споменувајте Го Аллаха многу за да се спасите

Verse 46 — Surah Al-Anfal 8:46

И бидете послушни и на Аллах и на пејгамберот Негов; не карајте се еднисодруги зашто ќе ослабнете и ќе ви исчезне моќта. Бидете трпеливи! Аллах, навистина, е со трпеливите

Verse 47 — Surah Al-Anfal 8:47

И не бидете како оние кои излегоа од домовите свои горделиво, очигледно пред луѓето, а кои, всушност, одвраќаат од Аллаховиот пат. Аллах го опфаќа она што го работат

Verse 48 — Surah Al-Anfal 8:48

кога Шејтанот им ги разубави делата нивни, рекоа: “Денес никој меѓу луѓето не може да ве победи зашто јас сум заштитникот ваш!" И бидејќи две чети се сретнаа очи В очи Шејтанот се повлече по стапалките свои, и рече: “Да, јас сум далеку од вас и јас, навистина, го гледам она што вие не го гледате, и да, јас стравувам од Аллак! ФАллах е Силен Казнувач

Verse 49 — Surah Al-Anfal 8:49

Кога дволичните И оние во чии срца има болештина зборуваа: “Нив верата нивна ги измами." А оној кој ќе се потпре врз Аллах .. па, Аллах, навистина, е Силен и Мудар

Verse 50 — Surah Al-Anfal 8:50

Е, само да видиш кога мелеките на оние кои не веруваа како ќе им ги земаат душите, удирајќи ги по лицата нивни и по плеќите нивни: “Искусете ја казната огнена

Verse 51 — Surah Al-Anfal 8:51

Ете, тоа е заради она што го направија рацете ваши. А Аллах, навистина, не е зулумќар кон робовите

Verse 52 — Surah Al-Anfal 8:52

Слично на обичајот на фараоновите луѓе и оние кои беа пред нив. Не веруваа во знаменијата на Аллах... па, Аллах ги казни заради гревовите Нивни. Аллах, навистина, е Јак, Силен Казнувач

Verse 53 — Surah Al-Anfal 8:53

Бидејќи е така, Аллах, навистина, не го менува благодатот кој го подари на луѓето се додека оние не се изменат самите себеси. Аллах, навистина, е Слушач и Зналец

Verse 54 — Surah Al-Anfal 8:54

Слично на обичајот на фараоновите луѓе и оние што беа пред нив. Ги сметаа за лажни знаменијата од Господарот свој, па Ние ги уништивме заради гревовите нивни и го потопивме семејството фараоново. Сите беа зулумќари

Verse 55 — Surah Al-Anfal 8:55

Најлошите суштества кај Аллах се оние кои пренебрегнуваат, тогаш, оние кои не веруваат

Verse 56 — Surah Al-Anfal 8:56

оние СО КОИ ТИ СКЛУЧИ ДОГОвор па, потоа, го кршат договорот свој секојпат, оние не се богобојазливи

Verse 57 — Surah Al-Anfal 8:57

А ако се судриш со НИВ ВО борба, тогаш, истерај ги за да се сетат оние по нив

Verse 58 — Surah Al-Anfal 8:58

А ако, пак, се плашиш да не те издаде народот, тогаш, возврати им на ист начин. Аллах, навистина, не ги њуби предавниците

Verse 59 — Surah Al-Anfal 8:59

Нека неверниците, секако, не сметаат дека ќе ја избегнат казната. Оние, навистина, не можат да ја избегнат казната Негова

Verse 60 — Surah Al-Anfal 8:60

Подгответе против нив моќ која можете да ја смогнете, и КОЊИ за војна со што ќе ги заплашите и непријателот на Аллах и непријателот ваш и други освен нив. Вие не ги знаете, а Аллах ги знае. А она што ќе го поделите на Аллаховиот пат ќе ви се надополни и нема да ви се направи зло

Verse 61 — Surah Al-Anfal 8:61

А ако се наклонети кон мир па, и ти биди наклонет кон мир, И потпри се врз Аллах. ОН, навистина, е Слушач и Зналец

Verse 62 — Surah Al-Anfal 8:62

А ако посакуваат да те измамат... па, за тебе доволен е Аллах. Он те крепи со помошта Своја а и со верниците

Verse 63 — Surah Al-Anfal 8:63

И Он ги спои срцата нивни. И се што е на земјата да го потрошиш не би ги споил срцата НИВНИ, но Аллах нив ги спои. ОН, навистина, е Силен и Мудар

Verse 64 — Surah Al-Anfal 8:64

О пејгамберу, Аллах ти е Доволен и верниците кои те следат

Verse 65 — Surah Al-Anfal 8:65

пејгамберу, поттикнувај ги верниците кон борба. Ако меѓу вас има дваесет трпеливи ќе победат двесте, а ако, пак, меѓу вас има сто ќе победат илјада од оние кои не веруваат зашто оние се, навистина, луѓе кои не сфаќаат

Verse 66 — Surah Al-Anfal 8:66

Е, сега, Аллах ви олесни, И Он знае дека сте, навистина, истоштени. Па, ако меѓу вас има сто трпеливи ќе победат двесте, а ако, пак, меѓу вас има илјада, ќе победат, со одобрението Аллахово, две илјади. А Аллах е со трпеливите

Verse 67 — Surah Al-Anfal 8:67

На пејгамбер не му е дозволено да има заробеници се додека не извојува победа на земјата. Вие ги посакувате добрата од овој свет, а Аллах го посакува Ахирет. Аллах е Силен И Мудар

Verse 68 — Surah Al-Anfal 8:68

Кога не би била Одлуката на Аллах од порано во она што го земавте ќе ве погодеше казна голема, сигурно

Verse 69 — Surah Al-Anfal 8:69

Па, јадете го она што го запленивте, што е халал убава храна. И плашете се од Аллах. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен

Verse 70 — Surah Al-Anfal 8:70

пејгамберу, кажи им на заробениците кои се во рацете твои: “Ако Аллах види во срцата ваши добро Он ќе ви даде добро од она што ви е одземено, и Он ќе ви прости." Аллах е Простувач и Сомилосен

Verse 71 — Surah Al-Anfal 8:71

А ако, пак, посакаат да те изневерат па, оние и пред тоа го изневеруваа Аллаха: тогаш, Он најде начин против нив. Аллах е Зналец и Мудар

Verse 72 — Surah Al-Anfal 8:72

Оние кои веруваа И кои се иселија И кои се бореа на Аллаховиот пат и со имотот свој И СО ЖИВОТОТ свој, И оние Кои згрижуваа и кои помагаа... се заштитници еднинадруги. А на оние кои веруваа а не се иселија ВО ништо не можете да бидете заштитници нивни се додека не помош од вас, во верата, тогаш, должност ви е да им помогнете, но не и против народот меѓу кого и вас има договор. А Аллах го гледа она што го работите

Verse 73 — Surah Al-Anfal 8:73

а оние кои не веруваат заштитници се еднинадруги. Ако вие не постапите така на земјата ќе има и сплетка и безредие големо

Verse 74 — Surah Al-Anfal 8:74

А оние кои веруваа, и кои се иселија, и кои се бореа на Аллаховиот пат, и оние кои згрижуваа и кои помагаа... вистински се верници, навистина! За нив има и прошка и нафака благородна

Verse 75 — Surah Al-Anfal 8:75

А оние кои веруваа по тоа, и кои се иселија, и кои се бореа со вас, секако, од вас се! А роднините, според Книгата на Аллах, поголеми заштитници се еднисодруги. Аллах, навистина, знае се