Back to Languages

Macedonian - Chapter 9 - At-Tawbah

Translation by Sheikh Hassan Gilo — Permalink

Verse 1 — Surah At-Tawbah 9:1

Опомена од страна на Аллах и од пејгамберот Негов до многубошците со кои договор склучивте

Verse 2 — Surah At-Tawbah 9:2

“Ца, патувајте по земјата четири месеци и знајте дека сте, навистина, немоќни пред Аллах. А Аллах, навистина, ќе ја открие страмотата на неверниците! “

Verse 3 — Surah At-Tawbah 9:3

Повикот од Аллах И од пејгамберот Негов до луѓето на Денот од големиот хаџџ: Аллах, навистина, е далеку од многубошците, а и пејгамберот Негов. Та, ако се покаете тоа е подобро за вас а ако, пак, ги свртете плеќите, знајте дека сте вие, навистина, немоќни, и зарадувај ги оние кои не веруваат со казна болна

Verse 4 — Surah At-Tawbah 9:4

Изземајќи ги многубошците со кои склучивте договор а кои, По тоа, со ништо не го прекршија кон вас, а ниту пак некого помогнаа против вас; па, Исполнете го договорот кон НИВ до денот за тоа определен. Аллах, навистина, ги њуби богобојазливите

Verse 5 — Surah At-Tawbah 9:5

Па, кога светите месеци ќе поминат борете се против многубошците, каде било да ги најдете, заробувајте ги, опколувајте ги, чекајте ги во заседа од секој вид! Па, ако се покајат, И ако намаз извршуваат, и ако зекат даваат, пуштете го патот НИВНИ. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен

Verse 6 — Surah At-Tawbah 9:6

А ако некој меѓу многубошците побара од тебе засолниште, тогаш, згрижи го се додека не го слушне Аллаховиот збор, а потоа одведи го до безбедно место. Ете, тоа е заради тоа што се луѓе кои, навистина, не знаат

Verse 7 — Surah At-Tawbah 9:7

Како да има договор меѓу многубошците и Аллах и пејгамберот Негов, освен оние кои склучија договор при Месџидул Харам. Според тоа, ако се придржуваат кон договорот со вас придржувајте се и вие кон договорот со нив. Аллах, навистина, ги њуби богобојазливите

Verse 8 — Surah At-Tawbah 9:8

Како? Ако ве победат не го почитуваат, кога сте вие во прашање, ни договорот ни пропишаната вера. Ви се умилуваат со устите свои, а одбиваат со срцата свои. А мнозинството меѓу нив се расипани

Verse 9 — Surah At-Tawbah 9:9

Ги заменија ајетите Аллахови за нешто што малку вреди И уште одвраќаат од Аллаховиот пат. Е, само колку е Лошо она што го работат

Verse 10 — Surah At-Tawbah 9:10

Оние не ја почитуваат, во врска со верникот, ни зиммијата ни роднината - токму, претеруваат

Verse 11 — Surah At-Tawbah 9:11

Па, ако се покајат, И ако намаз извршуваат, и ако зекат даваат, тогаш, браќа се ваши по вера. Ние ајетите потенко ги објаснуваме за луѓето кои знаат

Verse 12 — Surah At-Tawbah 9:12

А ако по договорот свој ги прекршат заклетвите свои, И ако ја нападнат верата ваша, тогаш, борете се против водачите на неверството. Тие немаат заклетви за да престанат

Verse 13 — Surah At-Tawbah 9:13

Не ќе се борите ли кон луѓето кои ги прекршија заклетвите нивни и кои сакаа да го истераат пејгамберот? Оние, всушност, први ве нападнаа. Се плашите ли од нив? Па, Аллах има повеќе право, ако сте верници, да се плашите од Него

Verse 14 — Surah At-Tawbah 9:14

Борете се против нив а Аллах ќе ги казни со рацете ваши, и ќе ги понизи, а вам ќе ви помогне против нив, и Он ќе ги излечи градите на народот верНИЧКИ

Verse 15 — Surah At-Tawbah 9:15

И грижата од срцата нивни ќе ја снема. Аллах простува кому сака. Аллах е Зналец и Мудар

Verse 16 — Surah At-Tawbah 9:16

Или, пак, сметате ли дека ќе бидете оставени и дека Аллах не ги знае меѓу вас оние кои се бореа и кои, освен Аллах и пејгамберот Негов и верниците, не земаа други заштитници. А Аллах е Известен за она што го работите

Verse 17 — Surah At-Tawbah 9:17

Не им доликува на многубошците да градат Аллахови џамии кога оние со неверувањето сведочат против себеси? Делата нивни пропаднаа и оние во огнот за навек ќе останат

Verse 18 — Surah At-Tawbah 9:18

Џамиите Аллахови, навистина, ги градат оние кои веруваат и во Аллах и во Денот суден, и кои намаз извршуваат, И кои зекат даваат, И КОИ само од Аллах стравуваат. Па, тоа се, токму, упатените

Verse 19 — Surah At-Tawbah 9:19

Сметате ли дека поителот на хаџијата, и оној кој се грижи за Месџидул Харам е како оној кој верува во Аллах и во Денот ахиретски и кој се бори на Аллаховиот пат? Не се еднакви кај Аллах. А Аллах нема да го упати народот зулумќарски

Verse 20 — Surah At-Tawbah 9:20

Оние кои веруваа, кои се иселија и кои се бореа на АллаХОВИОТ пат со имотот свој И со животите свои кај Аллах се на повисок степен. Оние, токму, се победниците

Verse 21 — Surah At-Tawbah 9:21

Господарот нивни им донесува радосница: милост од Него и задоволство и бавчи со благодати постојани

Verse 22 — Surah At-Tawbah 9:22

во нив за навек ќе останат. Кај Аллах, навистина, има награда голема

Verse 23 — Surah At-Tawbah 9:23

верници, не земајте ги заштитници ни бабовците ваши ни браќата ваши ако, секако, повеќе го сакаат неверувањето ОД верувањето. Оние кои ќе ги свртат плеќите од вас - па, зулумќари се

Verse 24 — Surah At-Tawbah 9:24

Кажи: “Ако ви се бабовците ваши, и децата ваши, и браќата ваши, и жените ваши, и родот ваш, и имотот ваш кој го спечаливте, и трговијата за која се плашите дека ќе пропадне, и местата ваши со кои сте заДОВОЛНИ... ПОМИЛИ ОД Аллах и од пејгамберот Негов и од борбата на Аллаховиот пат, тогаш, причекајте додека не дојде наредбата Аллахова! Аллах не го упатува народот расипнички

Verse 25 — Surah At-Tawbah 9:25

Аллах, секако, ВИ помогна на многу места и на денот на Хунејн кога се зачудивте со тоа што бевте мнозинство, И Тоа ништо не ви користеше а земјава ви стана претесна и покрај широчината нејзина, па се свртивте, бегајќи

Verse 26 — Surah At-Tawbah 9:26

Потоа Аллах по пејгамберот Свој ви спушти смирна, И на верниците; Он ви спушти и војска која не ја видовте, а ги казни оние кои не веруваа. Ете, тоа е казна за неверниците

Verse 27 — Surah At-Tawbah 9:27

По сето тоа Он прости кому. сака. Аллах е Простувач и Со-. милосен

Verse 28 — Surah At-Tawbah 9:28

верници, многубошците, навистина, се нечист. Па, нека не се приближуваат кон Месџидул Харам по оваа година нивна. А ако се плашите од немаштија па, ако Аллах сака ќе ве снабде со добротијата Своја. Аллах, навистина, е Зналец и Мудар

Verse 29 — Surah At-Tawbah 9:29

Борете се против оние кои не веруваат во Аллах и во Денот ахиретски и кои не го забрануваат она што го забранија Аллах и пејгамберот Негов, и кои не ја застапуваат вистинската вера на оние на кои им е дадена Книгата се додека не дадат џизија со рацете, потчинето

Verse 30 — Surah At-Tawbah 9:30

Евреите зборуваат: “Узеир е син на Аллах", а христијаните зборуваат: “Месих е син на Аллах". Ете, тоа се зборовите нивни на устите нивни: ги кажуваат сличните зборови на оние кои не веруваа пред нив. Аллах нека ги отепа! Каде кинисуваат, навистина

Verse 31 — Surah At-Tawbah 9:31

Ги земаат нивните свештеници и нивните калуѓери за господари покрај Аллах, аи на Иса, синот на Мерјем. Им беше наредено да обожаваат само еден Бог. Нема друг бог освен Него! Славен нека е Он, над она што му го здружуваат

Verse 32 — Surah At-Tawbah 9:32

оние посакуваат да ја угаснат светлината Аллахова со устите свои. А Аллах само Ја надополнува светлината Своја и покрај тоа што многубошците го мразат тоа

Verse 33 — Surah At-Tawbah 9:33

Он е Оној кој го испрати пејгамбереот Свој со Патокази со вера вистинска за да ја обелодени повеќе од сите други вери и покрај тоа што многубошците го мразат тоа

Verse 34 — Surah At-Tawbah 9:34

О верници, голем број меѓу свештениците и калуѓерите неисправно го трошат имотот на луѓето и одвраќаат од Аллаховиот пат. А на оние кои натрупуваат злато и сребро и кои не делат на Аллаховиот пат, тогаш, зарадувај ги со казна болна

Verse 35 — Surah At-Tawbah 9:35

на Денот кога тоа во огнот ќе се вжари па со него ќе се жигосаат и челата НИВНИ И слабините нивни, И плеќите нивни. “Ова е она што за себе го направивте - та, вкусете го она што го натрупувавте

Verse 36 — Surah At-Tawbah 9:36

Да, бројот на месеците кај Аллах е дванаесет, сметан по Книгата Аллахова од денот кога ги создаде небесата и Земјата. Четири месеци од нив се посветени. Ете, тоа е вера постојана! Па, во тие четири месеци не нанесувајте си зло самите себеси. Борете се против многубошците заедно онака како што многубошците се борат заедно против вас. Знајте дека Аллах, навистина, е со богобојазливите

Verse 37 — Surah At-Tawbah 9:37

Со преместувањето на месеците, навистина, се зголемува неверувањето. Со тоа оние кои не веруваат во заблуда скршнуваат: една година го сметаат дозволено, а друга година го сметаат забрането за да го надополнат бројот на она што го забрани Аллах па да го дозволат она што го забрани Аллах. Ним им се разубавуваат постапките НИВНИ. А Аллах не го упатува народот невернички

Verse 38 — Surah At-Tawbah 9:38

верници, што ви беше кога ви беше речено: “Појдете во борба на Аллаховиот пат" како да сте на земјата заковани? Повеќе ли сте задоволни со животот на овој свет ОД ЖИВОТОТ на Ахирет? Па, уживањето во животот на овој свет е НИШТО Во однос на уживањето на Ахирет

Verse 39 — Surah At-Tawbah 9:39

Ако не појдете во борба Он ќе ве казни со казна болна и ќе ве замени со друг народ, а вие во ништо не ќе Му наштетите. Аллах е Кадар за са

Verse 40 — Surah At-Tawbah 9:40

Ако го помогнете пејгамберот... па, Аллах нему му помогна кога го истераа оние кои не веруваа, кога двајцата беа во пештера, кога му рече на неговиот другар: “Не плаши се! Аллах е со нас, навистина!" И Аллах спушти смирна Своја и го поддржа со војска која не ја видовте, и го направи зборот на оние кои не веруваа да биде долу, а Зборот на Аллах, токму, горе. Аллах е Силен и Мудар

Verse 41 — Surah At-Tawbah 9:41

Појдете во борба, било да сте слаби или јаки, и борете се на патот Аллахов и со имотите ваши и со животите ваши. Ете, тоа ви е подобро само да знаете

Verse 42 — Surah At-Tawbah 9:42

кога пленот би бил блиску а одењето во војна со таа цел - оние ќе те следеа, сигурно! Но, патот ним им изгледа тежок. Ке се колнат во Аллах: “Да беше во наша моќ ќе излезевме со вас - самите себеси упропастувајќи се. Аллах знае дека тие, навистина, лажат

Verse 43 — Surah At-Tawbah 9:43

Аллах ти прости! Зошто им ДОЗВОЛИ да отсаствуваат додека не ти стана јасно дека она што го зборуваат е невистина и додека не ти стана јасно дека се лашковци

Verse 44 — Surah At-Tawbah 9:44

Оние кои веруваат во Аллах и во Денот ахиретски не бараат од тебе дозвола да се борат И со ИМОТОТ свој И со животот свој. А Аллах ги знае богобојазливите

Verse 45 — Surah At-Tawbah 9:45

Да, ќе бараат дозвола оние кои не веруваат ни во Аллах ни во Денот ахиретски, и чии срца се сомневаат и оние се во сомневањето нивно, двоумејќи се

Verse 46 — Surah At-Tawbah 9:46

А да сакаа да одат ќе подготвеа подготовка, но Аллах го презре будењето нивно па ги задржа и им беше речено: “ОСтанете со оние кои остануваат

Verse 47 — Surah At-Tawbah 9:47

Да излезеа со вас постојано ќе ви пречеа и меѓу вас ќе внесеа збрка сакајќи само сплетка, и, меѓу вас, секако, има доушници. Аллах ги знае зулумќарите

Verse 48 — Surah At-Tawbah 9:48

Посакуваа, секако, сплетки И од порано, и ги испревртуваа работите твои се додека не дојде. работите твои се додека не дојде вистината и се додека не се обелодени наредбата Аллахова, а оние тоа го мразеа

Verse 49 — Surah At-Tawbah 9:49

Меѓу нив има кои зборуваат: “Дозволи нии не фрлај не во искушение!" И не паднаа ли токму во искушение? Џехеннемот, навистина, ќе ги опфати неверниците

Verse 50 — Surah At-Tawbah 9:50

Ако те снајде добро, тоа ги разочарува, а ако те снајде зло, зборуваат: “И од порано работата беше во рацете ваши," и ги вртеа плеќите, радувајќи се

Verse 51 — Surah At-Tawbah 9:51

Кажи: “Ќе не снајде само она што го запиша Аллах за нас. ОН е Заштитник наш." Па, врз Аллах се потпираат верниците

Verse 52 — Surah At-Tawbah 9:52

Кажи: “Очекувате ли од нас само едно од две добра. Ние очекуваме од вас да ве снајде казна од Аллах или од рацете наши. Па, очекувајте и ние заедно со вас ќе очекуваме

Verse 53 — Surah At-Tawbah 9:53

Кажи: “Било да трошите доброволно или, пак, присилно, нема да ви се прими." Вие бевте, навистина, народ расипнички

Verse 54 — Surah At-Tawbah 9:54

Садаките нивни не им беа примени зашто оние, навистина, не веруваа ни во Аллах ни во пејгамберот Негов, а кога кон намаз пристапуваа беа мрзливи И делеа само со презир

Verse 55 — Surah At-Tawbah 9:55

Тогаш нека богатствата нивни не те чудат а ниту децата НИВНИ! Аллах посакува, навистина, да ги казни во животот на овој свет и душите Нивни да излезат како невернички

Verse 56 — Surah At-Tawbah 9:56

Да, оние се колнат во Аллах дека се со вас, но, всушност, не се со вас, туку се народ разединувачки

Verse 57 — Surah At-Tawbah 9:57

Кога би имале некакво засолниште или пештера или јама би се свртиле кон тоа, брзајќи да појдат

Verse 58 — Surah At-Tawbah 9:58

Меѓу нив има и такви кои те грдат за садаката: па, ако ти дадеш, задоволни се, а ако не им дадеш, ете ги, се лутат

Verse 59 — Surah At-Tawbah 9:59

Кога оние би биле задоволни, навистина, со она што им го даде Аллах и пејгамберот Негов и да речеа: “Аллах ни е доста. Он ќе ни даде од добрината Своја и пејгамберот Негов. Ние, навистина, кон МААллах стремиме

Verse 60 — Surah At-Tawbah 9:60

Да, садаките им припаѓаат на сиромашните и на јетимите и на оние кои ги собираат, на оние чии срца треба да се придобијат, и за откуп на робови, И на должниците, и на Аллаховиот пат, и на патниците. Ова е обврска од Аллах. Аллах е Зналец И Мудар

Verse 61 — Surah At-Tawbah 9:61

Меѓу нив има и такви кои го вознемируваат пејгамберот и кои зборуваат: “Тој само слуша." Кажи: “Она што го слуша е подобро за вас; верува во Аллах, и има доверба во верниците и тој е милостив кон оние меѓу вас кои веруваат." А оние кои го вознемируваат пејгамберот Аллахов ќе имаат казна болна

Verse 62 — Surah At-Tawbah 9:62

Ви се колнат во Аллах дека ќе ве задоволат, но МАллахи пејгамберот Негов имаат повеќе право, ако се верници, да бидат Задоволни

Verse 63 — Surah At-Tawbah 9:63

Не знаат ли дека за оние кои се спротиставуваат на Аллах и на пејгамберите Негови има оган џехеннемски во кој за навек ќе останат. Ете, тоа е казна голема

Verse 64 — Surah At-Tawbah 9:64

Дволичните се плашат да не им се објави суре кое ќе ги извести за она што е во срцата НИВНИ. Кажи: “Исмевајте се, но знајте дека Аллах, навистина, ќе го изнесе на виделина она од што се плашите

Verse 65 — Surah At-Tawbah 9:65

А кога, пак, би ги прашал сигурно би ти рекле: “Да, ние само разговараме и се играме." Кажи: “Со Аллах ли се исмевате И со ајетите Негови и со пејгамберот

Verse 66 — Surah At-Tawbah 9:66

Не оправдувајте се! По верувањето ваше не верувавте. Ако И простиме на една ваша дружина, друга дружина Ние ќе казниме затоа што се овие, навистина, силници

Verse 67 — Surah At-Tawbah 9:67

Мажите дволични И жените ДВОЛИЧНИ, еднисодруги се: наредуваат зло и одвраќаат од добро, а рацете им се стегнати. Забораваат на Аллах па и Он заборава на нив. Дволичните, навистина, се расипани

Verse 68 — Surah At-Tawbah 9:68

За жените Ддволични И за мажите дволични и за неверниците Аллах има ветено оган џехеннемски во кој за навек ќе останат. Тоа за нив е Доволно. Аллах нив ги проколни и за нив има казна постојана

Verse 69 — Surah At-Tawbah 9:69

Како што беше со оние пред вас кои поседуваа поголема моќ, и кои имаа повеќе Имот, И КОИ имаа повеќе сИНнови. Поса- | куваа, тогаш, уживање во делот |. свој, па и вие посакувате да | уживате во делот ваш како што посакуваа да уживаат во делот свој оние кои беа пред вас. Вие се спуштате во расправија онака како што се спуштаа и оние. Делата нивни ќе пропаднат и на овој свет и на Ахирет. Оние, токму, се поразените

Verse 70 — Surah At-Tawbah 9:70

Нели им дојде кажување за оние пред нив - за народот на Нух, за Ад, за Семуд, за народот на Ибрахим и за жителите на Медјен и за оние од населбите испревртени? Им доаѓаа пејгамберите нивни со јаснотии. Аллах никаков зулум не им направи, туку оние самите себеси зулум си направија

Verse 71 — Surah At-Tawbah 9:71

Верниците и верничките се заштитници еднисодруги: наредуваат добро и одвраќаат од зло, клањаат намаз и даваат зекат И послушни се и на Аллах и на пејгамберот Негов. Аллах ним ќе им се смилува. Аллах, навистина, е Силен и Мудар

Verse 72 — Surah At-Tawbah 9:72

Аллах им вети на верниците и на верничките бавчи низ кои реки течат и во нив за навек ќе останат, и станови убави во бавчата на МАдДдн И задоволство големо од Аллах. Ете, тоа е, токму, победа голема

Verse 73 — Surah At-Tawbah 9:73

О пејгамберу, бори се против неверниците и дволичните, и биди строг кон нив! Џехеннемот е престојувалиште нивно. Е, само колку лошо свратилиште е тоа

Verse 74 — Surah At-Tawbah 9:74

Се колнат во Аллах дека не зборуваа. Но, веќе зборуваа не- | вернички говор и не веруваа по верувањето нивно И тежнееја за она што не го постигнаа; ги мразеа верниците затоа што Аллах ги опсипа со изобилиеаи пејгамберот Негов од добрината Негова. Па, ако се покајат тоа ќе биде подобро за нив, а ако, пак, ги свртат плеќите, Аллах ќе ги казни со казна болна и на овој свет и на Ахирет. За нив на земјава нема ни заштитник ни поддржник

Verse 75 — Surah At-Tawbah 9:75

Некои од нив дадоа завет на Аллах: “Ако ни дојде од добрината Негова ќе делеме садаки И, мнвсушност, ќе бидеме меѓу добрите луѓе

Verse 76 — Surah At-Tawbah 9:76

И бидејќи им даде од добрината Своја, шкртареа, ги свртија плеќите; оние, секако, се рамнодушните

Verse 77 — Surah At-Tawbah 9:77

Па, Он им надоврза врз срцата НИВНИ ДВОЛИЧНОСТ се до Денот во кој оние ќе Го сретнат зашто не се придржуваат кон она што му го ветија на Аллахи затоа што лажеа

Verse 78 — Surah At-Tawbah 9:78

Не знаат ли дека Аллах, навистина, ги знае тајните нивни И шепотењето нивно, и дека Аллах, навистина, е :Зналец на тајните

Verse 79 — Surah At-Tawbah 9:79

На оние кои ги одзборуваат послушните "меѓу верниците заради садаките, и на оние кои ги даваат само врз трудот нивни па, Аллах, ќе ГИ ПОТЧИНИ. Аллах е Оној кој потчинува и за нив има казна болна

Verse 80 — Surah At-Tawbah 9:80

Ќе бараш ли прошка за нив или нема да бараш, па дури и да бараш прошка за нив и седумдесет пати па, Аллах, никогаш не ќе им прости. Ете, тоа е заради неверувањето нивно Во Аллах и во пејгамберот Негов. Аллах не го упатува народот расипнички

Verse 81 — Surah At-Tawbah 9:81

Оние кои остана во Домовите свои, зад пејгамберот Аллахов, и кои презираа да се борат на патот од Аллах и со Имотот свој и со животите свои, И кои зборуваа: “Не одете во борба на оваа вруќина!“ Кажи: “Огнот џехеннемски е пожежок!" Е, само кога би сфатиле

Verse 82 — Surah At-Tawbah 9:82

Па, малку нека се смеат, а многу нека плачат: награда ќе им биде за она што го спечалија

Verse 83 — Surah At-Tawbah 9:83

Па, ако Аллах те врати до една дружина меѓу нив и ако бараат од тебе дозвола да излезеш во борба па, кажи: “Никогаш нема да излезете во борба со мене и никогаш нема да се борите со мене против непријателот зашто вие, секако, бевте задоволни што останавте првиот пат. Останете, тогаш, со оние кои и онака се останати

Verse 84 — Surah At-Tawbah 9:84

И никогаш никому ОД НИВ не клањајте џеназе и не присаствувајте никогаш на погребот негов. Оние, навистина, не веруваа ни во Аллах ни во пејгамберот Негов и умреа, секако, како расипани

Verse 85 — Surah At-Tawbah 9:85

И нека не те чуди НИ ИМОТОТ НИВНИ ни децата нивни. Аллах, навистина, посакува да ги казни со тоа на овој свет и самите себеси да си злодогрдат. Оние се, токму, неверници

Verse 86 — Surah At-Tawbah 9:86

И кога ќе им се објави суре за ова: “Верувајте во Аллах и борете се со пејгамберот Негов", - најимашливите меѓу нив ќе побараат од тебе дозвола и ќе речат: “Остави не да бидеме со оние кои остануваат

Verse 87 — Surah At-Tawbah 9:87

Задоволни беа што останаа со оние кои не одат во борба, и беа запечатени срцата нивни, И оние не сфаќаат

Verse 88 — Surah At-Tawbah 9:88

Но, пејгамберот и оние кои веруваа, борејќи се со него и со ИМОТОТ свој И со животот свој, всушност, ќе имаат благодати и ќе бидат, токму, спасените

Verse 89 — Surah At-Tawbah 9:89

За нив Аллах подготви бавЧИ низ кои реки течат, И ВО НИВ за навек ќе останат. Ете, тоа е награда голема

Verse 90 — Surah At-Tawbah 9:90

Некои од бедуините доаѓаа да се извинат и да побараат дозвола да не одат во борба: останаа оние кои лажеа за Аллахи за пејгамберот Негов. На оние меѓу нив кои не веруваа ќе ги снајде казна болна

Verse 91 — Surah At-Tawbah 9:91

Гоа не е обврска ни за слабите ни за болните, ни за оние кои немаат средства да излезат во борба доколку се, секако, искрени и кон Аллах и кон пејгамберот Негов. Нема начин на кој може да им се приговори на доброчинителите. Аллах е Простувач и Сомилосен

Verse 92 — Surah At-Tawbah 9:92

Ниту против оние кои, кога ти дојдоа да им дадеш Животни за јавање, и кога им рече: “Не можам да најдам животни за јавање за вас", и ги свртеа плеќите, а очите, ронејќи им солзи, тажни заради тоа што не можеа да се снабдат со тоа

Verse 93 — Surah At-Tawbah 9:93

Да, има начин против оние кои бараа од тебе дозвола а беа, секако, богати И задоволни затоа што останаа со оние кои не отидоа во борба. Аллах ги запечати срцата нивни И оние, токму, не знаат

Verse 94 — Surah At-Tawbah 9:94

Оние ќе ви се правдаат кога ќе се вратите кај нив. Кажи: “Не оправдувајте се, никогаш нема да ви веруваме, бидејќи Аллах не извести за вас, навистина! Аллах ќе ги види делата ваши, а И пејгамберот Негов. Потоа ќе се вратите кај Зналецот на тајНОТО И видливото, па ќе ве извести за она што го работевте

Verse 95 — Surah At-Tawbah 9:95

Ќе ви се колнат во Аллах кога ќе им се вратите за да ги избегнете. Избегнувајте ги! Да, оние се нечист а престојувалиштето нивно, како награда, е Џехеннемот,токму, заради она што го спечалија

Verse 96 — Surah At-Tawbah 9:96

Оние ви се колнат за да бидете задоволни од нив. Епа, ако бидете задоволни ОД Нив, па, Аллах, навистина, нема да биде задоволен од народот расипничКИ

Verse 97 — Surah At-Tawbah 9:97

Бедуините се најцврсти во неверувањето и во дволичноста и најсвојствено им е да не ги знаат границите на она што го објави Аллах на пејгамберот Свој. Аллах е Зналец и Мудар

Verse 98 — Surah At-Tawbah 9:98

Меѓу бедуините има и такви кои го прифаќаат она што го делат како нешто пропаднато, И одвај очекуваат да ве погодат несреќи! Несреќата на злото нив нека ги погоди! Аллах е Слушач и Зналец

Verse 99 — Surah At-Tawbah 9:99

Меѓу бедуините има и такви кои веруваат И во Аллах и во Ахирет и го прифаќаат она што го делат како средство да се биде во близината на Аллах и заради благословите на пејгамберите. Па, за нив тоа, навистина, е приближување. Аллах ќе ги воведе во милоста Своја. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен

Verse 100 — Surah At-Tawbah 9:100

Со претходниците првенци меѓу мухаџирите и меѓу енсариите и оние кои ги следеа Во доброчинство... Аллах е задоволен со нив, а и тие се задоволни со Него. За нив ОН подготви бавчи низ кои реки течат и во НИВ за навек ќе останат. Ете, тоа е победа голема

Verse 101 — Surah At-Tawbah 9:101

А меѓу бедуините кои се околу вас има И ДВолиИчНнИ,аи меѓу жителите на Медина: истрајни во дволичноста. Ти не ги знаеш, а Ние ги знаеме. Ке ги казниме во два наврата, а потоа пак ќе бидат вратени во казната голема

Verse 102 — Surah At-Tawbah 9:102

И други, пак, кои ги признаваа гревовите свои, мешајќи ги добрите дела со други, лоши дела. Ним Аллах, можеби, ќе им прости. НААллах, навистина, е Простувач и Сомилосен

Verse 103 — Surah At-Tawbah 9:103

Земај од имотите нивни садака за да ГИ очистиш со тоа и да ги облагородиш, и помоли се за нив. Молбата твоја, навистина, ќе ги смири! Аллах е Слушачи Зналец

Verse 104 — Surah At-Tawbah 9:104

Не знаат ли дека Аллах, навистина, е Оној кој прима покајание од робовите Свои; ОН ги прима и садаките. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен

Verse 105 — Surah At-Tawbah 9:105

И кажи: “Работете! Па, Аллах ќе го види работењето ваше, а и пејгамберот Негов и верниците; и ќе бидете вратени кон Зналецот на тајното И ВИДЛИВОто па ќе ве извести за она што го работевте

Verse 106 — Surah At-Tawbah 9:106

Има и други кои останаа во исчекување на наредбата на Аллах: ОН или ќе ги казни или ќе им прости. Аллах е Зналеци Мудар

Verse 107 — Surah At-Tawbah 9:107

И оние кои изградија МесЏџИд само да направат штета и да поттикнат неверство, да ги одвојат верниците, подготвувајќи го за оној кој војува против Аллах и пејгамберот Негов од порано, кој сигурно се колни: “Ние само добро посакуваме." А Аллах сведочи дека тие, навистина, се лашковци

Verse 108 — Surah At-Tawbah 9:108

И никогаш не здружувајте се во него. Месџидот, кој е подигнат уште од првиот ден заради богобојазливост, заслужува повеќе да се задржи во него. Во него се луѓето кои сакаат да се очистат, а Аллах ги њуби чистите

Verse 109 — Surah At-Tawbah 9:109

Кој е подобар? Оној кој ја темели градбата заради богобојазливост И задоволство или оној кој ја темели градбата на работ од подлокан брег, кој е наведнат, па само што не се сруШИ во него, во огнот џехеннемСскИ? А Аллах не го упатува народот зулумќарски

Verse 110 — Surah At-Tawbah 9:110

Градбата што ја подигнале потајно, ќе биде сомневање во срцата нивни се додека срцата НИВНИ не се разделат. Аллах е Зналец и Мудар

Verse 111 — Surah At-Tawbah 9:111

Да, Аллах ги купи од верниците и животите НИВНИ И Имотот Нивни: за нив има Џеннет; се борат на Аллаховиот пат, убиваат на него и бидуваат убивани. Ова е вистинското ветување Негово и во Теврат и во Инџил и во Куран. И кој го исполнува ветувањето негово како што тоа го прави Аллах? Зарадувајте се со трговијата ваша со која, всушност, работете. Ете, тоа е победа голема

Verse 112 — Surah At-Tawbah 9:112

Онаквите се кајат, и обожаваат, се заблагодаруваат, и патуваат и на руку" и на сеџде паѓаат, И наредуваат добро и одвраќаат ОД зло, и ги чуваат границите Аллахови. И зарадувај ги верниците

Verse 113 — Surah At-Tawbah 9:113

И пејгамберот и верниците немаат да бараат прошка за многубошците, па било да се работи и за роднини блиски, од кога им беше објасането дека оние, навистина, се жители џехеннемски

Verse 114 — Surah At-Tawbah 9:114

Немаше право ни Ибрахим да бара прошка за својот бабо. Но, тука се работеше за ветувањето што само тој му го беше дал. И бидејќи му стана јасно дека тој, навистина, е непријател на Аллах, се откажа. Да, Ибрахим беше милостив и благ

Verse 115 — Surah At-Tawbah 9:115

И Аллах не го скршнуваше во заблуда еден народ по упатувањето негово се додека не му беше јасно од што треба да се чува. Аллах, навистина, знае се

Verse 116 — Surah At-Tawbah 9:116

Власта и на небесата и на Земјата, навистина, е - Аллахова! Он оживува и ОН усмртува. Вие, освен Аллах, немате ни заштитник ни поддржник

Verse 117 — Surah At-Tawbah 9:117

Да, Аллах му прости на пејгамберот и на мухаџирите и на енсариите кои го следеа во тешкиот миг, - кога срцата на една дружина меѓу нив само што не се поколебаа; потоа ОН им прости. ОН, навистина, кон нив е Сочувствителен и Сомилосен

Verse 118 — Surah At-Tawbah 9:118

И на тројцата кои изостанаа од војната: тогаш кога земјата, И покрај широчината нејзина, ИМ изгледаше тесна, и кога душите НИВНИ Им се стеснаа, и кога помислија дека, освен Аллах, нема друго засолниште. Потоа Он им прости само за да се покајат. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен

Verse 119 — Surah At-Tawbah 9:119

верници, плашете се од Аллах и бидете меѓу искрените

Verse 120 — Surah At-Tawbah 9:120

Жителите на Медина и бедуините околу нив не требаше да останат зад пејгамберот Аллахов, и да му дадат предност на ЖИВОТОТ НИВНИ над ЖИВОТОТ негов. Ете, затоа на Аллаховиот пат нема да им се случи ни жед, ни замор, ни глад, а ниту пак ќе заземат некое место што ќе ги разгневи неверниците, а ниту пак ќе претрпат ни малку неволја од непријателот, а тоа да не им биде впишано како добро дело. Аллах, навистина, не прави да пропадне наградата за доброчинителите

Verse 121 — Surah At-Tawbah 9:121

и не ќе поделат милосрдие НИ мало ни големо, И не ќе преминат долина а да не им биде запишано; и Аллах, секако, ќе ги награди подобро од она што го работеа

Verse 122 — Surah At-Tawbah 9:122

Сите верници не треба да одат во борба. ОД секоја дружина меѓу нив, тогаш, нека се најдат неколкумина кои ќе го толкуваат законот на верата, и кои ќе го опоменуваат народот свој кога ќе им се вратат. Можеби оние ќе бидат претпазливи

Verse 123 — Surah At-Tawbah 9:123

верници, борете се против неверниците кои се околу вас, и нека при вас најдат тврдост. И знајте дека Аллах, навистина, е со богобојазливите

Verse 124 — Surah At-Tawbah 9:124

кога ќе се објави едно суре.. па, меѓу нив има кои зборуваат: "Кому меѓу вас ова го зголеми иманот?7 А што се однесува, пак, до оние кои веруваа ИМ го зголеми иманот и оние, токму, се радуваат

Verse 125 — Surah At-Tawbah 9:125

А што се однесува, пак, до оние во чии срца има болештина... та, Он им го зголеми срамНОТО дело над срамните дела НИВНИ и, токму, умреа како неверници

Verse 126 — Surah At-Tawbah 9:126

Не гледаат ли дека, навистина, секоја година еднаш или двапати паѓаат во искушение? Потоа не се кајат, а ниту се сеќаваат

Verse 127 — Surah At-Tawbah 9:127

И кога ќе им се објави суре, гледаат едниводруги: “Ве гледа ли некој?" Потоа ќе се разотидат. Па, нека Аллах ги разедини срцата нивни, зашто, навистина, се народ кој не сфаќа

Verse 128 — Surah At-Tawbah 9:128

Да, ви дојде пејгамбер, еден меѓу вас, кому му е тешко за тешкотијата на која ќе наидете, И кој е стремежлив кон вас, а кон верниците сочувствителен и сомилосен

Verse 129 — Surah At-Tawbah 9:129

Па, ако ги свртат плеќите, тогаш, кажи: “Аллах ми е Доволен. Нема друг бог освен Него. Врз Него се потпирам и Он е Господарот на Аршот голем! раното